Промени тема
Контакт

И Заев го помина во забеганоста, Ковачевски ќе казнувал со закон негативно мислење за да СДСМ и ДУИ крадат а народот молчи, коментира опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski-zaev-234

„Заевизмот освен што го ограничуваше правото на протест на граѓаните, па им кажуваше кај треба да протестираат, сега го ограничува и правото на размислување, па им забранува на граѓаните да критикуваат“, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат:

— реклама —

„Барањето на власта за навреда да одговара секој кој што ќе искаже негативно мислење е уште еден доказ дека Македонија е заробена држава, а владата на пиунот Ковачевски е продолжување на авторитарното владеење на Заев.

Во услови кога граѓаните се соочуваат со невидена здравствена, економска и енергетска криза, власта сака да им забрани да ги критикуваат. Па кого ќе критикува народот ако не власта , која е најодговорна за тоталното тонење кое се случува во државата.

— реклама —

Ова е одраз на тоталното лудило и одлепеност од реалноста кое владее во Владата на пиунот Ковачевски.

— реклама —

Заевизмот се обидува да наметне целосна цензура, за на тој начин да ја покрие својата неспособност, криминал и корупција“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања