Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Иако имаат обврска и надлежност врз топлинската енергија, Арсовска и Град Скопје не преземаат ништо за надминување на енергетската криза, регира Попов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

„Данела Арсовска градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ покажува неспособност да ги решава проблемите на скопјани и елементарно непознавање на нејзините ингеренции. Наместо конкретни мерки за помош на скопјани во време на глобална енергетската криза и криза со топлинска енергија во Град Скопје, Арсовска не презема ништо, дури нема предвидено ниту денар во Буџетот за помош на граѓаните. Затоа Арсовска постојано се иззема и бара разни оправдувања за нејзината неспособност и незнаење“, вели Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје.

— реклама —

Тој додава:

„Арсовска, односно Град Скопје има обврска пред скопјани но има и законски обврски и надлежности во делот на енергетиката.

— реклама —

Член 151 став 1 од Законот за енергетика јасно вели дека „Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности:

1) производство на топлинска енергија;

2) дистрибуција на топлинска енергија и

3) снабдување со топлинска енергија.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија скопјани среде криза.

Во Буџетот за 2022 година за шест пати се намалени средствата за субвенции за набавка на инвертори, а нема ниту еден денар издвоено за справување со енергетската криза.

Ова е неодговорен, нечесен однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кон Град Скопје и неговите граѓани.

После три месеци од мандатот, Арсовска конечно нека ги научи надлежностите на градоначалникот и Советот на Град Скопје и нека се зафати со работа или нека остапи“, додава Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања