Промени тема
Контакт

Ибрахимовиќ за дуелот Франција – Парагвај: Ако јас играв, некого ќе испратев во болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
0_AC-Milan-v-Cagliari-Calcio-Serie-A

Победата на Франција од 1:0 над Парагвај во осминафиналето на Светското првенство и понатаму предизвикува реакции во фудбалската јавност, а свој коментар за натпреварот даде и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

Натпреварот беше обележан со бројни остри стартови, прекини и тензична атмосфера, поради што францускиот табор изрази незадоволство од критериумот на главниот судија. Парагвајците направија 13 прекршоци без да добијат жолт картон, додека Франција за 11 прекршоци заработи три жолти картони.

— реклама —

Ибрахимовиќ, во свој препознатлив стил, призна дека тешко би останал смирен доколку бил дел од ваков натпревар.

„Ова беше поинаков тест за Франција. Најважно беше да не дозволат да бидат испровоцирани и да не наседнат на триковите на противникот. Да бев јас на теренот, сигурно ќе добиев четири црвени картони, а можеби и некого ќе испратев во болница. Но, тоа е само шега, секако“, изјави поранешниот шведски репрезентативец.

— реклама —

Тој додаде дека не го поддржува ваквиот стил на игра и смета дека намерните провокации не треба да бидат дел од фудбалот.

— реклама —

„Сакам да гледам вистински фудбал. Не ми се допаѓа кога некој намерно провоцира, затоа што тоа не треба да биде дел од играта. Французите останаа смирени, не влегоа во непотребни конфликти и го направија она што беше најважно – постигнаа гол, победија и заедно со своите навивачи ја прославија победата. Тоа е најдобриот одговор што може да се даде“, порача Ибрахимовиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ibra-780x470-1

(ВИДЕО) Златан Ибрахимовиќ направи хаос на концерт на популарна група, публиката падна во транс

Магазин | пред 3 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања