Промени тема
Контакт

Идентитетот е една од најважните обележја на човекот, без идентитет сме безимени, посочи професор Марковиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Markovik-21.02.2022

На денешната трибина по повод Денот на мајчиниот јазик во организација на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше и проф.д-р Михајло Марковиќ од катедрата за македонски јазик при филолошкиот факултет во Тетово. Тој додаде дека јазикот освен што служи за комуникација, служи и за пренесување на разни преданија и етнокултурни елементи на идните генерации.

- Преку јазикот, ние во суштина си ја сочуваме својата традиција и својот идентитет. Токму и тема на моето говорење е јазикот како идентитет на индивидуата и на колективот пред сѐ. Темелите на нашата писменост, ги поставуваат Светите браќа Кирил и Методиј. Од тука секој човек, особено Македонец треба добро да се запознае со историјата на нашиот јазик, она што денес некој се обидува да го избрише. Бидејќи во суштина најубаво се пишува, најубаво се твори, најубаво се сака на својот мајчин јазик, за разлика од она што лингвистиката како наука во постариот период го проучува, модерната лингвистика со јазикот се занимава на поинаков начин. Односно, тој функционира како жив организам и се состои како мрежа на односи помеѓу знаците, односно јазичните единици кои ги имаме. Бидејќи темата е идентитет, за идентитетот можеме да кажеме дека во суштина потекнува од латинскиот збор identiteti и се користи за изведување на множество карактеристики и елементи кои првично дефинираат но и диференцираат група на индивидуи од останатите човечки групирања. Културниот идентитет се карактеризира со тоа што е под силно влијание на околината, од сите нас кои што сме овде првично и во општеството каде што работи индивидуата поради што мора да се знае неговиот историски и културен развој. Најважен сегмент во овој елемент претставува самиот јазик. – кажа професорот Марковиќ.

— реклама —

Тој додаде дека јазикот се пренесува од генерација на генерација и овозможува да се изгради линк во социо-културниот аспект или рамка на сите заедници. Од тука, заедно со елементите на јазикот од културата и идентитетот се оформува и самата фигура на индивидуата, односно нејзината култура која се оформува преку јазикот.

- Идентитетот е една од најважните обележја на човекот. Без идентитет сме безимени. Губењето на тој идентитет кој што го имаме денес, ние како Македонци носи низа последици, односно отвора повеќе хомогени простори, празен простор кој во иднина може да се исполни со нешто кое не е својствено со самата индивидуа. Таквата последица во суштина најмногу нѐ интересира нас лингвистите, можноста да се изгуби јазикот кој што претставува столб и чувар на македонскиот идентитет. Ќе повторам дека, многу е важна историјата. Како што е важна историјата на културата, така и историјата на јазикот е важна за нас. – додаде професор Марковиќ.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања