„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Иџет Мемети од Советот на обвинители призна вина и се спогоди да не лежи затвор за случајот со митото и врховниот судија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
idzet-memeti-1

Иџет Мемети, кој е член на Советот на јавни обвинител, признал дека сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание, во случајот каде обвинет е и врховниот судија, Наќе Георгиев. Мемети се спогодил со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со предлог до Кривичен суд да му се одреди условна осуда и забрана за вршење на дејност во наредните три години. Мемети беше осомничен во случајот за земање 10.000 евра со цел, да му ја олесни положбата на градоначалникот Боро Стојчев (Боро Малборо), против кого беше покрената кривична постапка.

— реклама —

„По спроведената постапка, а пред поднесување на обвинителен предлог, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Предлог – спогодба со осомничениот И.М. за кој постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од 1 до 5 години. Претходно, со поднесената иницијатива за спогодување, осомничениот И.М до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави и поднесена неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители која ја доставил до Собранието на РСМ. Странките се согласија на осомничениот И.М. за стореното кривично дело да му биде изречена казна алтернативна мерка – условна осуда со утврдена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку осомничениот во рок од три години не стори ново кривично дело, како и судот да му изрече и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од 3 (три) години, бидејќи истиот ја злоупотребил својата професија, дејност или должност заради извршувањето на кривичното дело и врз основа на природата на извршеното дело и околностите под кои е сторено, може да се очекува дека таквата дејност ќе ја злоупотреби за повторно вршење кривично дело.

— реклама —

Соочен со прибраните докази, осомничениот И.М. со самото потпишување на предлог – спогодбата ја призна вината, односно не го спори кривичното дело што му се става на товар и е согласен со предложената кривична санкција. Според описот содржан во диспозитивот на предлог – спогодбата тој, по претходен договор со првоосомничениот Н.Г. го искористил своето реално влијание, службена положба и углед како заменик претседател и член на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија и на неутврден датум, во текот на месец април и мај 2024 година, преку Н.Г. му пренел на сведокот дека наводно интервенирал да не се изврши службено дејствие што би морало да се изврши – поднесување на обвинителен акт во врска кривична постапка против таткото на сведокот осомничен за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичен законик. За кривичниот предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против таткото на сведокот, И.М бил претходно запознаен од страна на Н.Г. При неколкукратна меѓусебна комуникација преку интернет апликацијата Ватсап Н.Г. во присуство на сведокот разговарал со И.М кој не знаел дека разговорите ги слушал и сведокот. Во еден од тие разговори, сведокот дознал дека наводно од страна на И.М. бил даден налог за спогодување со таткото на сведокот и дека ќе биде одобрено барањето за склучување на предлог спогодба со осомничениот – татко на сведокот. Притоа на сведокот од страна на осомничениот Н.Г. му било предочено дека при утврдување на видот и висината на казната ќе биде предложена и утврдена казна затвор од 5 (пет) години, како минимална казна за предметното кривично дело, која како таква подоцна ќе биде и одобрена и дека истата е резултат на нивната интервенција.

Осомничениот И.М. во присуство на неговиот бранител свесно и доброволно ја прифати Предлог – спогодбата и последиците што произлегуваат од неа и се откажа од правото на жалба доколку се донесе Пресуда со која се прифаќа предлог- спогодбата.

Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.

Предлог – спогодбата како институт се користи при постоење на признание за вина, па тогаш правилата на постапката се поедноставени, не се изведуваат докази поврзани за фактичката состојба и постапката е едноставна, брза и ефикасна бидејќи судот треба само да ја изрече санкцијата. Една од причините за прифаќање на спогодувањето за кривичната санкција е настојувањето да се скрати траењето на кривичната постапка во случаите кога фактичката состојба е неспорна за обете странки, кога обвинителството располага со доволно докази во однос на кривично-правниот настан, при што и без изведување на прибавените докази судијата ќе може да донесе основана, законита и правична пресуда.“, соопштија од ОЈО ГОКК.

Делото за кое се гони Мемети предвидува казна од една до пет години, а тој со спогодбата добива под законскиот минимум. „Скопје1“ дознава дека тој депонирал и оставка до Собранието на Македонија, од каде е избран да биде дел на Советот на јавни обвинители.

Судијата Наќе Георгиев кој е во притвор и Мемети се осомничени дека му ветувале на синот на осудениот ексградоначалник Боро Стојчев дека за 10.000 евра ќе му помогнат на татко му во друга истрага што исто така се води во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Синот видел дека го лажеле двајцата, па ги пријавил во МВР, каде му дале обележани банкноти. Кога му ги дал бележаните пари на рака на Георгиев, се појавила полицијата и го фатиле Георгиев на дело.

„Скопје1“ објави кој е поточно Иџет Мемети - кој беше и омбудсман..

Screenshot-2024-05-21-at-18.33.07

Кој е Иџет Мемети, член на СЈО, осомничен за мито, омбудсман кој наместо да ги штити молчеше за бруталност врз новинари и пратеници

Второосомничен за мито во случајот со Боро Малборо, екс градоначалник на Ново Село, кој се сомничи за шверц со марихуана е Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. Тоа д органот кој одлучува за изборот и разрешување на јавни обвинители.Мемети има богата политичка и правна кариера а важи за човек близок до ДУИ.Мемети бил државен советник во Влада, член на Комисија за избирачки списоци, 2001 година е избран за министер за правда како експерт, а потоа кратко и уставен судија. Оваа престижна функција ја напушта за да се врати повторно какоминистер за правда.По една година ја одбра функцијата Народен правобранител каде беше два мандати или цели 16 години.Вториот избор беше на крвавиот понеделник а човекот чија задача беше да ги штити граѓаните, нивните слободи и права од институциите, молчеше додека насилно од собраниската сала и галеријата беа исфрлани новинари и пратеници. Чекаше само да се изгласа буџетот а тој да добие уште 8 години мандат како омбудсман за да продолжи да ги „штити граѓаните”.По завршување на мандатот го сместуваат во Советот на јавни обвинители.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања