Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети не сакаше да го коментира случајот каде тој е осомничен. Посочи дека го знае врховниот судија Наке Георгиев кој е осомничен за земање на 10.000 евра за противзаконито влиајние, но тврди дека за предмети со него не разговарале.
„Не сакам друго да зборувам. Од интерес на јавност аи моја е што побрзо да се заврши оваа работа. Ова секако како човек ме погодува, но јас и вчера кажав, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се тера по судски пат. Многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека нема ништо“, рече Мемети
Мемети е пријавен од синот на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, за земање на пари со цел противзаконито влијание.
Иџет Меџити од Советот на обвинители остана без пасош
Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, остана без пасош и треба да се јавува во суд. Овие мерки му гиодреди судија на претходна постапка, откако тој доби статус на осомничен во случајот со примање на награда за противзаконито влијание каде осомничен е и врховниот судија Наке Георгиев фатен со 10.000 евра.„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување
Македонија | пред 2 години