Илија Димовски: Размислувам дали да дадам поддршка на СЈО, а бегството на Груевски не е добро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ilija-dimovski

— реклама —

Ако се направи систем којшто ќе значи гаранција на човековите права и на владеење на правото, јас би размислил да дадам поддршка на понатамошно постоење на СЈО, вели пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето, дека членството во НАТО може да зависи и од поддршката на Законот за СЈО, па дали тој ќе го поддржи Законот за СЈО, имајќи предвид дека е обвинет во еден од случаите на СЈО, пратеникот тврди дека членството во НАТО не зависи од тоа, процесот на ратификација на протоколот за членство во НАТО на Република Македонија оди со забрзано темпо.

— реклама —

– Мислам дека може да се успее да бидеме можеби рекордер, ако не би биле некаде во рамки на досегашниот рекорд од девет месеци и тоа е добро и треба да се поддржи и со моето учество во тој процес давам пример. Во поглед на Специјалното јавно обвинителство мислам дека е генерален услов за владеење на правото во Република Македонија виз-а-ви процесот на почнување проговори со ЕУ. Јас посебно поради тоа што сум дел од обработката на СЈО, се обидувам да диференцирам став, којшто ќе значи и поддршка, ако е потребно, на понатамошно постоење и функционирање на СЈО. Како и во Парламентот и во судството, како и во образованието, така и во СЈО, мислам дека има и квалитетни и неквалитетни луѓе има и квалитетни и неквалитетни постапки. И ние носиме и добри и лоши закони, дел од предметите на СЈО се базирани на некои сериозни докази, дел се политички – изјави Димовски.

Тој вели дека и покрај тоа што како шеф на делегацијата патува по парламенти од разни земји на ратификација на договорот за членството на Северна Македонија во НАТО, не го сменил мислењето за Договорот од Преспа.

– Јас мојот став неколкупати сум го соопштил од аспект на штетноста на содржината на договорот. Никогаш не сум ја спорел целта на договорот и тука сакам да направам јасна разлика. Целта на договорот, како што ја разбираме, е членство на Македонија во НАТО пактот и ЕУ, што е став на ВМРО-ДПМНЕ, како прва политичка партија со таков став, уште од самото формирање на парламентарната демократија во Република Македонија. Но, тоа не значи дека содржината на договорот е прифатлива и оправдлива од аспект на македонските национални интереси. Мене ми смета еуфоричноста која власта ја покажува со Договорот од Преспа, од аспект на тоа дека ова е најпатриотски чин, од аспект на тоа дека ова е најдоброто нешто што можело да се направи. Не. Треба да бидеме искрени со граѓаните, ова е болно и тешко постапување на државата и не треба да го криеме тоа, треба да го кажуваме, но секако треба да разбереме дека Република Македонија може да обезбеди многу подобра перспектива и многу подобра иднина како членка на НАТО и на ЕУ.

На прашањето, дали има контакт со Никола Груевски, Димовски рече дека многу долго време пред да замине од Македонија, не контактирал со Груевски. Во врска со неговото бегство во Унгарија, Димовски кратко одговори: Не е добро, не е добро!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања