Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Илон Маск најави филмска адаптација на „Одисеја“ создадена со вештачка интелигенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
ilon-mask-1

Милијардерот Илон Маск објави дека неговата платформа за вештачка интелигенција „Грок Имеџин“ (Grok Imagine) до крајот на годината ќе создаде долгометражна филмска адаптација на Хомеровата „Одисеја“, за која тврди дека ќе биде историски верна и лојална на оригиналното дело.

— реклама —

На социјалната мрежа „Икс“, Маск објави дека филмот ќе биде целосно создаден со помош на вештачка интелигенција. Тој сподели и триминутно видео, за кое тврди дека е генерирано со „Грок Имеџин“, а во кое е прикажана средбата меѓу Одисеј и нимфата Калипсо, пренесува „Гардијан“.

Најавата доаѓа само неколку дена по успехот на филмот „Одисеја“ во режија на Кристофер Нолан, кој минатиот петок почна да се прикажува во кината. Во филмот главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон како Одисеј и Ен Хатавеј како Пенелопа, а остварувањето доби претежно позитивни критики и постигна голем комерцијален успех.

— реклама —

Маск во изминатите месеци јавно ги критикуваше одлуките на Нолан за изборот на дел од актерската екипа. Тој особено реагираше на улогите што ги добија Лупита Њонго и трансродовиот актер Елиот Пејџ, оценувајќи дека режисерот ги донел тие одлуки за да освои филмски награди и дека со тоа „го изгубил својот интегритет“.

— реклама —

И покрај критиките, филмот на Нолан заработи 264 милиони долари на светските бокс-офиси во премиерниот викенд, а на „Ротен томатос“ доби 97 проценти позитивни оценки.

На критиките претходно одговори и Лупита Њонго, која изјави дека актерската екипа го одразува реалниот свет и дека не гледа причина да ги оправдува своите улоги. Нолан, пак, оцени дека расправите за филмот пред публиката да го погледне се бесмислени, бидејќи никој не може да го оценува без да го види.

— реклама —

Режисерот се осврна и на сè поголемата употреба на вештачката интелигенција во филмската индустрија, нагласувајќи дека таа не може да ја замени човечката креативност и дека, и покрај силната поддршка од технолошките компании и инвеститорите, публиката и натаму во голема мера ја отфрла таквата идеја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Mask1

SpaceX на Илон Маск ќе стане четврти мобилен оператор во САД

Свет | пред 1 месец

— реклама —
ilon-mask

Маск планира купување чипови за 40 милијарди долари од „Енвидија“

Технологија | пред 1 месец

Mask1

Акциите на Tesla и SpaceX го вратија Маск меѓу трилионерите

Технологија | пред 1 месец

twitter

Шамар за Маск од судот: X најверојатно ги изгуби „твитот“ и познатата сина птица

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања