„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Им пријавив запален оџак во Противпожарна-Штип, не реагираа оти не е мој, исходот е две повредени жени, сведочи штипјанка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Коментари
odzak-zapalen

Штипјанката Милка Докузова јавно реагираше наведувајќи дека навреме пријавила пожар кој го забележала од својот балкон, но дека надлежните служби не излегле на терен. Според нејзиното сведочење, таа се јавила на итниот број 112, од каде што била префрлена во Територијална противпожарна единица Штип. Таму, како што вели, ѝ било соопштено дека не можат да интервенираат бидејќи не бил запален нејзиниот оџак, туку соседен, и дека пријавата треба да ја направат сопствениците. „Ова подолу е исходот“, напиша Докузова, алудирајќи на последиците што следеле неколку часа подоцна.

— реклама —
media-library7bdcp0scspdm5dbhm9d

Рано изутрина, околу 6 часот, во стан на улицата „9 Мај“ во Штип избувнал пожар на оџак во објект сопственост на С.А. (41). Поради вдишување чад, неговата мајка Д.А. (65) и сестра С.Д. (39) се здобиле со повреди и биле пренесени на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Огнот зафатил и соседен стан во сопственост на 61-годишен жител на Штип, а пожарот бил локализиран од екипи на противпожарната единица. За настанот бил известен јавен обвинител и бил извршен увид.

Неколку часа подоцна, околу 18:30 часот, бил пријавен уште еден пожар на оџак во станбена зграда на булеварот „ЈНА“ во Штип, кој се проширил низ становите од првиот до петтиот кат. Во овој случај немало повредени лица, а пожарот бил целосно изгаснат од противпожарната служба. И за овој инцидент увид извршила увидна екипа на СВР Штип.

— реклама —

Двата настани во еден ден повторно ја отворија дилемата за процедурите и критериумите за итна интервенција при пожари на оџаци, особено кога опасноста е пријавена од граѓани кои не се директни сопственици на објектите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања