Има голема нескладност помеѓу PCR лабораториите во Македонија, вели д-р Кунгуловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
w_56102301

Биоинженерот д-р Горан Кунгуловски забележува недоследности во резултатите од тестирањата за корона вирус на водечките македонски лаборатории.

— реклама —

„Што се случува со PCR лабораториите во Македонија?

— реклама —

Ако се анализираат јавно достапните податоци од ИЈЗ и се направи анализа на PCR позитивни резултати од вкупен број на тестови во текот на најсилните бранови на пандемијата, излегува дека има силна неконзистентност и нескладност помеѓу PCR лабораториите во Македонија.

— реклама —

Aко ги земеме последните 9 дена кога букна омикрон сојот во Македонија ќе утврдиме дека една група на лаборатории меѓу кои и референтната ИЈЗ-Вирусологија имаат стапка на позитивни PCR тестови од ~22-35%, додека некои други лаборатории имаат стапка на позитивни PCR тестови од 0.5-3.5%.

Што можат да бидат причините за нескладност од 10-44 пати помеѓу лабораториите?

Едната група на лаборатории имаат далеку посензитивни тестови од другата група на лаборатории?

Едната група на лаборатории не зема соодветно материјал за анализа, при што се јавуваат лажно негативни резултати.

Eдна група на лаборатории тестира исклучиво симптоматски пациенти или пациенти коишто имале контакти со потврдени позитивни случаи, а додека пак другата група тестира пациенти коишто патуваат (тековно кај произволна популација PCR позитивитет треба да биде некаде меѓу 2-5%).

Се случува нешто што не би сакал ни да го помислам.

*Во анализите не се вклучени сите лаборатории што извршуваат PCR тестови. Тоа оставам на истражувачки новинари или овластени институции.

**Позитивните од Жан Митрев Струмица се пријавуваат преку Жан Митрев Клиник во МојТермин.

***Додатни анализи треба да се направат и за претходните бранови, но има слични трендови“, вели тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања