ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Има ли закана во извиците „ќе одговараш“ упатени кон Кацарска - одговара адвокатот Пешевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
387834682_871567654340175_411361387599155798_n

Адвокатот Драган Пешевски, смета дека лицето уапсено поради извици „ќе одговараш“, кон уставната судијка Добрила Кацарска, не може да одговара за кривично дело загрозување на сигурноста, бидејќи не е исполнето битието. Според него, Кацарска треба да си направи рекапитолација на својата работа доколку, како што вели, си ја има мувата на капата.

— реклама —

„На Кацарска и била загрозена сигурноста затоа што некој и рекол "ке одговараш, сериозно ке одговараш", па после тоа следел цел циркус, апсења, пријави и слично... Прво кривичното дело "загрозување на сигурноста" по член 144 став 1 подразбира да некој сериозно се закани по "телото или животот" на некое лице... Второ таа закана треба да биде сватена сериозно и да постои страв од нејзино исполнување...

Е сега во зборовите "ке одговараш, сериозно ке одговараш" не се споменува животот и телото, а и доколку заканата се исполни единствено може да и биде загрозена слободата (ќорќа). Верувам дека Optimus Prime правникот во државава тоа го знае и знае дека постапка за утврдување на кривична одговорност за вакво дело се поведува со приватна кривична тужба па "лапсусот" кривична пријава нема да го земеме за зло..

— реклама —

Е сега ако си ја има мувата на капата од искажаните зборови нека си направи рекапитулација на својата работа и делување а не безвезе да пројавува и затвара луѓе затоа што она "ќе одговараш, сериозно ке одговараш" баш ради тоа и и е плеснато, онака јавно и ќефлиски...“, вели Пешевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска против покачување на пензиите, а бара зголемување на сопствената плата

Македонија | пред 1 месец

kacarska

Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата, служеше како судски портпарол на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

387834682_871567654340175_411361387599155798_n

Кацарска се жали: Нема недела да помине без закана, зачести, имав и физички напад

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.03.14

Кацарска: Го надминавме секој тест на непристрасност, не потклекнавме, новиот претседател може да биде комотен

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања