Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Има сведоци за уцените на Јанева упатени кон Мицковски, вели Арсовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
katica-janeva-mickovski

„Рекетарите од власта се уште молчат и се обидуваат да ги заташкаат народски кажано најважните факти кои што треба да дадат одговор.

— реклама —

Катица Јанева заедно со нејзиниот син Лазар Јанев и Боки 13 рекетирале, уценувале и вршеле притисоци врз бизнисмени и политичари. Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Мицкоски беа предмет на уцени и притисок од самата Катица Јанева. За тоа како што рековме има и сведок кој може да посведочи доколку биде повикан претседателот во Обвинителството.

Боки 13 заедно со врвот на власта, со врвот на СДСМ преку најблиските соработници на Зоран Заев кои ја уживаат доверба на Зоран Заев и безрезервна поддршка во се како што има и самиот Заев кажувано за своите соработници во интервјуата, се стекнале со изнуден рекет во вредност од десетици милиони. Засега, СДСМ и Заев по цена на штета на сите граѓани, ги кријат и се обидуваат да ги заташкаат раководните луѓе од врвот на СДСМ што рекетирале преку СЈО или таканаречените Кики и Фрики кои што се уште им го кријат идентитетот. Дали затоа што и Зоран Заев знаел и затоа тој самиот ги штити бидејќи со негова дозвола рекетирале?

— реклама —

Каде е Катица Јанева и дали е направен распит на нејзе и на нејзиниот син? Што се е откриено во телефонот на Катица Јанева и дали навистина другиот телефон го фрлила низ прозор при запленувањето на првиот. Доколку не е фрлен низ прозор и е изгубен или оставен во Белград како што тврди нејзиниот син и што се имало во него, под претпоставка дека може да е најден од органи на друга држава и зошто Катица Јанева не го пријавила истото во моментот кога го изгубила телефонот? Зошто Катица Јанева и син и кои се дел од рекетирањето се уште не се во притвор за да не може да влијаат врз сведоци во постапката?

Зошто не се соопштува колку прислушувани и снимани разговори таканаречени бомби се најдени кај рекетарите наменети за приватни цели и дали истите тие во моментот се уште кружат и се пуштени во промет за да може и други луѓе да ги рекетираат истите луѓе кои што биле предмет на уцена?

Ниедна глума на Заев не може да го испере од криминалот во кој е вмешан до гуша. Заев е главата на овој рекетарски октопод и антипод на борец против криминалот и корупцијата.“, изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања