Имам во Шведска повика на тепање на жени – владата со остри реакции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library0sb7nc5jef933jSW7ab

Проповед во џамија во Кристијанштад, јужна Шведска, во која имамот Салех Абуеленен говорел дека „непослушните жени“ треба да се дисциплинираат со удари, предизвика жестока реакција во јавноста и во политиката.

— реклама —

Во говорот од јули, за кој јавноста дозна дури откако весникот Expressen го објави во понеделник, Абуеленен пред преполна џамија изјавил дека мажот има право да ја „опомене, избегнува во кревет и на крај да ја удри“ својата сопруга ако таа е „бунтовна“ и не го слуша. Тој нагласил дека удирањето не треба да биде со „прекумерна сила“, туку како знак дека се прекршени граници.

— реклама —

Имамот дополнително истакнал дека овие правила важат за муслиманските жени, „одгледани според Божјата книга“, и дека жените се виновни за повеќето брачни проблеми. „Мажот има право да ја дисциплинира својата жена, но таа нема право да го опоменува него“, рекол Абуеленен.

— реклама —

Изјавите предизвикаа осуда од други верски лица. Имамот Шабан Абу Зур, кој исто така проповеда во Кристијанштад, посочи дека постојат повеќе толкувања и дека самиот Пророк никогаш не удрил жена.

По објавата, следуваше брза политичка реакција. Министерот за социјални работи Јакоб Форсмед ја нарече проповедта „ужасна и целосно неприфатлива“ и најави итна проверка дали џамијата добива државна поддршка. Министерот за миграција Јохан Форсел зборуваше за „одвратна култура на чест“ и побара построги правила за државјанство.

Шефицата на дипломатијата Марија Малмер Стенергард оцени дека ставовите на Абуеленен „припаѓаат на средниот век“, а министерката за интеграција Симона Мохамсон му порача дека е најдобро да ја напушти Шведска „ако не разбира дека тука постои нулта толеранција за семејно насилство“.

Абуеленен подоцна изјави дека бил „погрешно разбран“ и дека зборовите биле „извадени од контекст“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања