Имер Селмани, поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје на следните локални избори, објавуваат медиуми, особено оние на албански јазик, објави faktor.mk.
Селмани во последен период во своите гостувања во медиумите ги поддржува ставовите и политиките на премиерот Зоран Заев, а претходно беше дел од изборната кампања на претседателот Стево Пендаровски.
Изненадувањето кое што го најави лидерот на ДУИ, Алу Ахмети, за во сабота, е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје. Заев за ова „изненадување“ рече дека „ќе биде добро за државата“.
извор: faktor.mk.