Во моментите кога јавноста е вознемирена од исчезнување на лице, особено кога станува збор за млади, социјалните мрежи честопати стануваат простор за дезинформации, осуди и штетни коментари. Ина Многуфина реагираше со остар став на оваа појава, предупредувајќи на опасноста од ширење непроверени гласини и дополнителна виктимизација на семејствата кои веќе се соочуваат со тешка траума.
Имам приметено, штом некој исчезне и почне потрага секогаш се појавува некоја бедотија мизерна и проста која ќе тргне да раскажува глупости за семејството по интернет. Веројатно за внимание бидејќи таа потреба им е поголема од емпатијата и не размислуваат дека на семејството кое во тој момент поминува низ траума не им треба екстра траума од околината.
Тие луѓе, генерално непрегледани, привлекуваат иста таква проста маса во коментари за да осудуваат врз основа на никогаш легитимните информации од изворот претставен како фамилија или сосед. Па така имаме изјави од закарани членови на семејства и соседи кои прават дополнителна виктимизација на жртвите за момент внимание на интернет кое е многу побитно од све. И имаме приказни од типот:
* отишла со кумот, се швалерисувале 2 години, не и е гајле сега се негде на плажа си го прчат
* мајка и има швалер на девојчето го има тој грабнато дека се имаат скарано нешто, не е секој за мајка
* да се провери таткото дали го крие детето во подрум он е чуден вака во продавница
Сите овие три случаи завршија трагично, ништо од тоа не беше вистина. А и да има некој некакво инфо тоа во полиција се дава не се пишува во коментари. Семејството потоа продолжува да живее со траумата од загубата и измислените глупости на некоја болна будала распрскани ко трачеви под вестите со апелот за исчезнатото лице.