„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Политичарите за се воздржат од недолични коментари пред изборите! Реакција на обвинителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
DSC_0104

Здружението на јавните обвинители најостро реагира на недоличните и неаргументирани изјави на одредени политичари со кои директно се загрозува интегритетот и самостојноста на Јавното обвинителство и на правосудните институции воопшто.

— реклама —

Апелираме особено политичарите во предизборната реторика да се воздржат од неосновани напади со кои ја поткопуваат довербата во правосудните институции и го нарушуваат угледот на јавните обвинители.

Јавното обвинителство е самостојна институција чија работа се темели исклучиво врз основа на Уставот, законите и материјалните докази. Ниту еден предмет не може и не смее да се води врз основа на политички притисоци или јавни прозивки, туку само врз основа на аргументирани факти и во рамките на законски пропишаните процедури.

— реклама —

Потсетуваме дека секој што смета дека постојат елементи за кривично гонење, има право да поднесе соодветна пријава до надлежното обвинителство. Пријавата ќе биде внимателно разгледана и процесуирана во согласност со доказите и законската рамка.

Јавните обвинители ја извршуваат својата функција професионално, совесно и самостојно, и токму затоа е од особена важност да се обезбеди простор тие да ја вршат својата работа без притисоци, навреди или мешање од страна на политички или други центри на моќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ina-mnogu-fina

Ина Многуфина: „Кога исчезнува човек, се појавуваат монструми со тастатури - жртвите не заслужуваат второ убивање со коментари“

Коментари | пред 4 месеци

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

“Ме сликате, ме следите, ми се заканувате”, Славјанка смета дека трпи притисоци оти ја сликале со кучето

Македонија | пред 1 година

E-ybczGX0AYQ2CN

„Преку 60 мртви во пожари и ниту еден одговор, Пошта ја запалија и никому ништо - се е промашено во државава“, коментира Мицковски

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања