Ина Многуфина: Наместо услови за дигитални номади, нудиме ракија, плескавици и даночни бариери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
ina-mnogu-fina

Инфлуенсерката Ина Многуфина саркастично ја коментира македонската „понуда“ за дигитални номади, споредувајќи ја со успешната стратегија на Португалија и критикувајќи ги условите што ги нуди земјата за младите и креативните професионалци.

— реклама —

Јас посмешно нешто одамна немам прочитано. Во време на пандемија Португалија направи сериозна кампања за привлекување на дигитални номади и привлече една многу сериозна група млади, амбициозни и успешни луѓе. Лани кога бев запознав некои од нив, дознав дека не само што не си одат туку испоотвориле и фирми и веќе купуваат недвижности и не им се мрда од таму.

Живеачката е евтина, Лисабон нуди активности 24/7, имаат блиску плажа и недвижностите околу плажата се прифатливи. Тоа беше во време кога ние се бавевме со купување тоалет хартија и му аплаудираа на Венко за вакцините од Србија.

— реклама —

Македонија не е интересна дестинација за таква група на номади бидејќи ние сме супер дестинација за недела две експлоринг и толку.

Имаме најбрз интернет на Балкан, тоа е точно, но немаме ни активности ни атракции за тие млади групи. Ракија и плескавици не е се што треба да понудиме, младите сакаат забава. И добар дел од нив здрава храна. Македонските дигитални номади, од друга страна, далеку од тоа дека не одат никаде. Зошто би биле номади?

Нив ги закачивме на праг за ДДВ од 2 милиони денари и не им овозможивме да имаат некаков поврат на средства, да речеме сметка за телекомуникациски услуги бидејќи ниедна дигитална работа не се прави со чукање на две камчиња, а со самото тоа им натоваривме трошок за сметководство. Така да со овие "одлични услови за дигиталци" намалете малце, видете нешто друго таму за фалење, ова не е.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања