Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Инцидент во општина Струга – се заканил дека ќе го убие градоначалникот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
opstina-struga

Граѓанин на Струга влегол во просториите на Општина Струга и се заканил дека ќе ги убие градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и уште еден општински функционер, објави expres.mk.

— реклама —

Очевидци за expres.mk тврдат дека атмосферата била застрашувачка, затоа што не се знаело дали лицето е вооружено и во кој правец може да се развијат заканите.

Порталот уште пишува дека граѓанинот бил незадоволен од одлука на Струшката Локална Власт.

— реклама —

Инаку СВР Охрид, во својот денешен билтен бележи настан во општинската зграда во Струга. Еве ја информацијата на СВР Охрид:

На 17.07.2019 година во 20.00 часот, вработен во локалната самоуправа во Струга, во полициската станица во Струга, пријави вербални закани упатени од жител од селото Велешта кон повеќе вработени во општината. По целосно документирање на настанот, полициската станица ќе поднесе соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

За потсетување градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, денеска го информирал премиерот Зоран Заев дека со намера спроведување на законите, сите надлежности на Општината на Струга за урбанистичко планирање, градежни дозволи и издавање на концесии, како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО, му ги предава на Владата.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања