Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.
Според нив, член на Кумановската група го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.
Официјално сè уште нема потврда за оваа информација.