Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„75% од граѓаните мислат дека Македонија оди во погрешна насока“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski06052022

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање кое се однесуваше на жестоките реакции на Ковачевски за најавената активна блокада од страна на опозицијата, рече дека во целото интервју на Ковачевски кое го гледал, покажува фрустрација и нервоза, а она што не го очекувал да го забележи било гневот што го има кон Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски додаде дека не знае од каде му е тој гнев лично кон него бидејќи не се познаваат лично иако Ковачевски тврди дека имале комуникација. Ја демантираше неговата изјава и го советуваше да не се служи со невистини како неговиот претходник.

— реклама —

- Јас навистина сум зачуден од тоа што го кажа вчера, бидејќи се повикува на единство во рамките на Европа, а токму тој е факторот кој што создава неединство бидејќи јас лично и ВМРО-ДПМНЕ многу пати во минатото подадовме рака, го повикавме на дијалог, сакавме дијалог во овие кризни времиња според него и според многу други членови на неговиот кабинет од Владата, самите тие констатираа дека се кризни времињата и неколку пати апелиравме да се седне, да се разговара, па ајде чекавме 100 дена да поминат и повторно апелиравме, но некако отсуството на мудрост и државнички капацитет во владата која Ковачевски ја води а и кај него самиот, доведе да веднаш таа подадена рака ја одбие. Ние сме свесни дека сето тоа води кон поларизација и дополнително фрустрирање на граѓаните, но едно знам, дека граѓаните три четвртини од нив или 75% мислат дека оди во погрешна насока и дека оваа влада треба да си оди. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и како таква мора да мисли на граѓаните, ние сме партија на народот и така се однесуваме. И бидејќи така се однесуваме, јас можам уште еднаш да подадам рака бидејќи до десетти има уште околу четири дена, да се вразуми и уште еднаш да размисли, да седнеме да зборуваме – додаде Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски понуди и четири тима за Македонија од дента кога ќе седнат до датумот кога ќе договорат предвремени избори излезе што помалку оштетена од овие кризи кои за жал оваа влада, која е полна со криминал и корупција, неспособна е и не може да ги реши.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 15 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања