Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најнови вести

58 мин.
media-library7t4ei6f5o89f4J67bLC

(Видео) Најчевска: Иванов беше фикус, Сиљановска е дифенбахија, функцијата станува опасна во рацете на некој кој очекуваме дека знае и умее

Професорката Мирјана Најчевска во ,,Претрес со Ландов” говореше зошто претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја нарекла ,,дифенбахија”.„Дифенбахијата е отровна и не се препорачува во домашни услови. Иванов беше фикус, дефинитивно беше некој којшто не можеше да нанесе толку штета затоа што го нема тој интелектуален капацитет. Гордана Сиљановска е интелигентна, има мозок и доколку некој кој има знаење и мозок и којшто има интелектуален капацитет да направи нешто на соодветна фукнција, не го прави тоа тогаш тој нанесува штета, исто како дифенбахијата. Таа го прочистува воздухот, но доколку се пипне или касне може да биде отровна. Во одеден момент функцијата претседател станува опасна во рацете на некој кој очекуваме дека знае, умее и има интелектуален капацитет”, рече Најчевска.За себе вели дека е кактус.Таа открива дека гласала за Сиљановска за претседателка.„Ја знам одамна, беше многу паметна жена, со цврти, јасни, разумни ставови, но нешто се случи, во моментот кога беше избрана за претседателка одеднаш како да се претвори во својата спротивност. Јас едно време имав став дека луѓето кога ќе дојдат на власт како да им прават лоботомија, како да им вадат дел од мозокот, а потоа кога ќе излезат од власт повторно им го враќаат и стануваат нешто сосема поинаку“, вели Најчевска.Најчевска вели дека и замерува на Сиљановска што не ја вратила суштината на институцијата претседател.„Претседателот во македонскиот Устав и правна структура е замислен како некој вид на последна одбрана од незаконитоста. Јас заради тоа го критикував Пендаровски кој дозволи да поминат измените на Кривичниот законик и покрај тоа што мислам дека Пендаровски беше релативно добар претседател. Таа како правник е свесна дека е лошо за развојот на демократијата да не најде сила да се спротивстави на ништо“, вели Најчевска.

Студио | пред 58 минути

2 час.
media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

(Видео) Најчевска: Бугарија не е наш најголем непријател, сами се доведовме во оваа ситуација

Професорката Мирјана Најчевска во ,,Претрес со Ландов” говореше дека одговорноста за актуелната состојба во евроинтеграцискиот процес не лежи исклучиво кај Бугарија, туку и кај домашните пропусти и самата Европска Унија. Таа вели дека Бугарија не е најголем непријател на Македонија.„Не мислам дека Бугарија е најголем непријател. Сами се доведовме во оваа ситуација со тоа што закаснивме со евроинтеграцискиот процес и дојдовме во позиција една Бугарија да влијае на натамошниот развој на Македонија.Проблемот е во ЕУ, која мора многу побрзо да реагира на ваков вид внатрешни деформации и да изнајде начини да се спротивстави на членки кои можат да ја злоупотребат својата положба. Многу порано требало да се најде начин да се избегне ветото во ЕУ, уште во моментот кога биле примени држави кои фактички не ги исполнувале сите вредносни параметри – тоа се Бугарија, Романија и Унгарија. Тоа се држави кои имаат геостратешка позиција. Бугарија е важна за ЕУ затоа што е на Црното Море, кое граничи со Русија. Однапред се знаело дека тие држави не се до крај подготвени, а корупцијата, недемократското однесување, несоодветните закони и невладеењето на правото тоа го покажуваат“, вели Најчевска.Најчевска додава дека во Македонија Бугарите не се доживуваат како најголем непријател.„Во Македонија Бугарите не се доживуваат како најголем непријател. Има нешто пострашно, а тоа е што сè уште постои пежоративен однос кон Бугарија, уште од времето кога беше дел од советската структура и привезок на Советскиот Сојуз. Мислам дека од тогаш постои омаловажувачко однесување кон Бугарите.Сметам дека воопшто не смее ни да се постави прашањето дали ќе ги внесеме или не во Уставот. Ние одамна направивме грешка уште при структуирањето на првиот Устав, со тоа што не го поставивме на граѓанска основа, туку како некаков хибрид меѓу новата граѓанска демократија и заштитата на колективните права од социјалистичка Македонија и социјалистичка Југославија.Јас лично не сум за внесување, туку сум прашањето за внесување да се постави пред Собранието. Ако има гласови – да се внесат, ако нема – да не се внесат и да се истапи пред ЕУ дека сме го направиле своето, а граѓаните се спротивставиле“, вели Најчевска.Како потсетување, Никола Димитров предупреди дека прашањето со Бугарија сè уште не е решено и дека последиците од актуелните политики се веќе видливи. Тој изјави дека Бугарија на сите анкети во Македонија е најголем непријател.

Студио | пред 2 часа

2 час.
media-libraryv99820f27oh9b8CSgkI

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Од професорката Мирјана Најчевска вечерва во „Претрес“ ќе бараме одговори за навредите кои често ги има во нејзините статуси како „глупи“, „недоквакани“, „трулеж“, како и дали истите се замена за аргументите во една дебата.Прашуваме зошто не и успеа да стане ниту градоначалник во 2009 година, а потоа ниту пратеник во 2024 година кога доби 1.223 гласови...а нема пофалено никого на кого тоа му успеа.Скопје го нарече „болна фантазија на психопати“, кои се тие? Ќе се потсетиме на времињата кога носеше маица „хулиганка“ и беше дел од Шарена револуција. Што се смени тогаш, чувствува ли грижа на совест за доаѓањето на Заев?Нејзиниот сопруг беше именуван за амбасадор од Бујар Османи во 2021 година. По две години во Прага, ја изгуби функцијата - како? Што велат документите, а што Најчевска? Нејзината ќерка живее во Велика Британија, се кае ли што не се преселила и таа?За нападите кон верниците и религијата, за ставовите за уличните кучиња... и други теми..Следете во живо:

Студио | пред 2 часа

3 час.
media-libraryeldb2i2oo7iv6dPy0OT

Митовски по соопштението од матичната СДСМ: Ова е мој дом, ќе ја заштитам Крива Паланка

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, со емотивна порака се огласи по повикот од СДСМ за распишување референдум за евентуално отворање рудник за антимон во регионот.„Кога ќе заврши сè, кога ќе се изгаснат камерите и ќе замолчат нападите, јас пак ќе бидам тука. Затоа што јас немам друг дом. Освен Крива Паланка. Мојата фамилија живее тука. Моите деца растат тука. И имам само една должност – да ја заштитам Крива Паланка. Затоа што ова не е туѓ град. Ова е мој дом. И никој не го сака повеќе од мене!“, порача Митовски.Претходно, СДСМ преку соопштение побара од Митовски да распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали сакаат отворање рудник за антимон.Од партијата наведоа дека ваквите проекти носат сериозни здравствени ризици и потсетија на негативни искуства од рударски активности, оценувајќи дека одлуката не смее да се носи без директно изјаснување на граѓаните.„Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум. Градоначалникот не може да одлучува сам“, порачаа од СДСМ, додавајќи дека копањето антимон претставува ризик за здравјето и животната средина.Дебатата за рудникот ја отвори нова политичка пресметка, при што од СДСМ упатија и низа обвинувања кон Владата, додека Митовски возврати со порака дека ќе остане на страната на својот град.

Македонија | пред 3 часа

3 час.
MFA_8353

Бугарија е перципирана како најголем непријател – дали тоа го сакате?, вели ексминистерот Димитров

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров упати остра порака до Бугарија од Делфи форумот, оценувајќи дека стратегијата на Софија довела до „најлоши односи меѓу двете земји што некогаш сме ги имале“.Реагирајќи на провокација од бугарски претставник од публиката дека Македонија нема друг избор освен да го прифати компромисот од 2022 година, Димитров возврати дека „нема компромис, туку пакет кој не донесе решение“.„Прашањето не е решено. Бугарија на сите анкети кај нас е најголем непријател. Дали навистина тоа го сакате? Знаете што рекол Черчил – колку и да мислите дека ви е добра стратегијата, не е лошо одвреме-навреме да си ги погледнете резултатите. А резултатите од вашата стратегија се тажни“, изјави Димитров.Тој нагласи дека вистински компромис подразбира незадоволство кај двете страни, а не ситуација во која „едната страна е еуфорична и слави“.Дебатата се отвори откако грчката професорка Марилена Копа повика Грција поактивно да се вклучи како медијатор во надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека Атина не прави доволно за поддршка на Македонија на европскиот пат.Ова предизвика реакција од бугарски претставник, кој тврдеше дека прашањето е затворено и дека Македонија треба да ги исполни преземените обврски.Димитров, говорејќи на панелот за безбедноста во источното соседство на Европа, оцени дека процесот на проширување на Европската Унија има сериозен проблем со кредибилитетот.„Ние сме кандидат од 2005 година, а денес не сме поблиску од тогаш. Процесот беше маргинализиран, а сега повторно е актуелен поради Украина и безбедносниот контекст“, рече тој.Тој додаде дека Европа има интерес да ја интегрира Украина, но прашањето е дали ќе успее да ги исполни очекувањата, нагласувајќи дека земјите од регионот можат да придонесат со своето искуство во управување со долгиот и неизвесен процес.Делфи форумот важи за една од најголемите меѓународни конференции во Европа, со учество на илјадници претставници од политиката, бизнисот, академската заедница и медиумите.

Македонија | пред 3 часа

3 час.
media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Донбас станува „Дониленд“?; Зеленски: „Само да не биде Путинленд“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека е клучно Донецката и Луганската област да останат во состав на Украина, коментирајќи медиумски наводи за предлог дел од Донбас да се преименува во „Дониленд“ во чест на американскиот лидер Доналд Трамп.Коментарот следуваше откако „Њујорк тајмс“ објави дека украински претставници за време на неодамнешните мировни преговори изнеле идеја за преименување на дел од регионот со цел да го придобијат Трамп и да го поттикнат на поостар став кон руските територијални претензии, пишува „Киев индипендент“.„Најважно е Донецката и Луганската област да останат дел од Украина, само да не биде Путинленд. Тоа е најважно“, изјави Зеленски пред новинарите, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.Според „Њујорк тајмс“, идејата за преименување била изнесена делумно на шега, но и како дипломатски гест. Предложеното име „Дониленд“, кованица од Донецк, Доналд и Дизниленд, би се однесувало на околу 5.000 квадратни километри во северозападниот дел од Донецката област.Зеленски нагласи дека во преговорите користи исклучиво термини како Донецка област, Луганска област, Донбас и територија на Украина, без други називи.Иако деталите од планот не се јасни, наводно било предложено комитет за мир поврзан со Трамп да учествува во управувањето со тој дел, но идејата не е дел од официјални документи.Преговорите со посредство на САД во последните месеци се фокусирани на иднината на Донбас – регион во источна Украина што ги опфаќа делумно окупираните Донецка и Луганска област. Клучното прашање е територијалната контрола, додека Москва врши притисок Украина да се повлече од преостанатите територии.Трамп, кој за време на кампањата ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа, повеќе од една година се обидува да постигне договор преку преговори, што предизвикува фрустрации во Киев.По средбата на Трамп и Путин на Алјаска во август 2025 година, американската администрација сигнализираше подготвеност за можен договор што би вклучувал повлекување на Украина од Донецката област.Русија во меѓувреме го промовира т.н. „Договор од Енкориџ“, според кој Донбас би бил предаден на нив.Украина сè уште контролира околу една четвртина од Донецката област и одбива повлекување, предлагајќи прекин на огнот долж постојните линии на фронтот.

Свет | пред 3 часа

3 час.
56

Франција мора да заштеди четири милијарди евра поради војната на Блискиот Исток

Премиерот на Франција Себастиен Лекорну упати барање до министрите да спроведат дополнителни мерки за штедење во вкупен износ од четири милијарди евра, со цел да се ублажат економските последици од војната на Блискиот Исток.Во писмо во кое увид имал портал BFM TV, Лекорну навел дека вкупните трошоци од кризата би можеле да достигнат околу шест милијарди евра, поради што е неопходно да се ограничи јавната потрошувачка во рамки на ресорните буџети.Тој исто така предупреди дека економскиот раст на Франција ќе биде понизок од претходно очекуваниот, со намалување на прогнозата за 0,1 процентен поен, што би значело раст од 0,9 проценти за оваа година.Францускиот министер за економија и финансии изјави дека вкупното потенцијално влијание на војната врз француската економија се проценува на меѓу четири и шест милијарди евра. Тој посочи дека значителен дел од трошоците доаѓа од зголемените трошоци за долг, кои растат поради повисоките каматни стапки.Планирано е да се одржи состанок со пратениците за да се идентификуваат области каде што е можно да се спроведат заштеди и да се ограничи фискалниот притисок предизвикан од кризата.

Свет | пред 3 часа

3 час.
zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова реагираше на изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека неговите споредби на Иран со нацистичките злосторства се „неосновани и историски искривени“.Нетанјаху претходно изјави дека Иран наводно планира „нуклеарен холокауст“ против Израел, предупредувајќи дека, без израелска акција, иранските нуклеарни објекти како Натанц, Фордо и Бушехр би можеле да станат синоним за логори на смрт како Аушвиц, Мајданек и Собибор.Захарова ги доведе во прашање овие тврдења, потсетувајќи дека Иран уште во 1943 година, за време на владеењето на Мохамад Реза Пахлави, објавил војна на нацистичка Германија. Според неа, историските факти јасно покажуваат кој е одговорен за Холокаустот – нацистичка Германија, фашистичка Италија и нивните сојузници, вклучувајќи колаборационистички режими низ Европа.Таа дополнително го критикуваше Израел поради, како што тврди, изостанок на осуда на украинските власти од 2014 година, наведувајќи дека одредени личности поврзани со историски злосторства врз Евреите биле прогласени за национални херои. Меѓу нив ги спомена Симон Петљура и Јарослав Стецко.Захарова исто така изнесе тврдење дека Банката на Англија била меѓу финансиерите на нацистичката партија, додавајќи дека истите структури денес ги поддржуваат властите во Киев, кои ги обвини за водење политика заснована на етнички и јазични поделби.Говорејќи за израелските изјави, таа нагласи дека користењето поими како Аушвиц, Мајданек и Собибор во современ политички контекст претставува навреда за жртвите од Втората светска војна и Холокаустот, како и за војниците кои ги ослободиле нацистичките логори.Посебно истакна дека нуклеарната електрана Бушехр е цивилен објект, што, како што наведе, повеќепати го потврдила Меѓународната агенција за атомска енергија.Захарова потсети и на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој порача дека решението за иранското нуклеарно прашање треба да се бара преку дипломатија и обновување на договорот од 2015 година (JCPOA).„Би било значајно достигнување ако актуелните преговори меѓу Иран и САД доведат до резултат сличен на оној од 2015 година“, заклучи Лавров.

Свет | пред 3 часа

3 час.
media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Претседателот на САД Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social соопшти добри вести, кои се однесуваат на помилување на девојки чие погубување наводно го подготвувал Иран.„Добри вести! Штотуку бев известен дека осум жени демонстрантки, кои требало да бидат погубени вечерва во Иран, нема да бидат убиени. Четири ќе бидат веднаш пуштени на слобода, а четири ќе бидат осудени на еден месец затвор“, напиша Трамп и додаде:„Многу ценам што Иран и неговите лидери го почитуваа моето барање, како претседател на САД, и го запреа планираното погубување. Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање“.Инаку, Трамп претходно упати барање до Иран да ги ослободи осумте девојки за кои наводно се подготвувало погубување.„До иранските лидери, кои наскоро ќе преговараат со моите претставници – многу би го ценел ослободувањето на овие жени. Сигурен сум дека ќе го почитувате фактот дека сте го направиле тоа. Ве молам, немојте да им наштетите! Тоа би бил одличен почеток на нашите преговори! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање“, напиша Трамп на Truth Social.

Свет | пред 3 часа

4 час.
media-libraryi7l2buin9kl12RVx8cD

Канадскиот премиер: САД не ни диктираат услови во трговските преговори

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Вашингтон не поставува услови во тековните трговски преговори, отфрлајќи ги тврдењата дека Канада мора да прави отстапки за да обезбеди место на преговарачката маса. Карни нагласи дека двете страни работат на решавање на „трговските тензии“ пред обновените преговори за договорот меѓу Канада, САД и Мексико (CUSMA), пишува Anadolu.„Не станува збор за тоа САД да ни диктираат услови“, изјави Карни пред новинарите во Отава. „Пред нас се преговори и можеме да постигнеме заемно корисен исход. Тоа ќе потрае, и ќе си земеме онолку време колку што е потребно“, додаде тој.Карни наведе дека двете земји ги утврдиле спорните точки пред очекуваните разговори за CUSMA, истакнувајќи дека такви прашања постојат и од двете страни.„Јасно ни е што Американците сметаат за спорни точки. И ние имаме свои. Добро сме подготвени“, рече тој.Тој истакна и дека Канада веќе доставила „одредени контрапредлози“ со кои американската страна е запознаена.„Доаѓа време кога навистина ќе треба да се зафатиме со работа“, порача Карни.Од друга страна, канадските медиуми наведуваат дека администрацијата на Доналд Трамп бара низа отстапки од Отава уште пред да започнат формалните преговори. Поранешниот премиер на Квебек, Жан Шаре изјави дека Трамп сака „повеќе отстапки уште пред да седнеме на преговарачка маса“.Канадски извори тврдат дека Отава веќе двапати понудила отстапки на Вашингтон, без да добие ништо за возврат.

Свет | пред 4 часа

4 час.
media-library0c0jije43dr64qqlTr2

Блејк Лајвли бара одштета од 250 милиони долари во спорот со Балдони

Актерката Блејк Лајвли тврди дека поради наводна кампања за оцрнување која против неа ја воделе колегата Џастин Балдони и продукциската куќа „Wayfarer Studios“, претрпела огромна финансиска штета и загуби поголеми од 290 милиони долари.Во судските документи, Лајвли наведува дека изгубила повеќе од 290 милиони долари (околу 250 милиони евра) приходи и идни деловни можности, бидејќи во јавноста била претставена како „злобна девојка“.Во новите поднесоци од 17 април, таа тврди дека директната финансиска штета од постапките на Балдони изнесува меѓу 36,5 и 40,5 милиони долари. Таа наведува дека била опишувана со термини како „неемпатична“, „насилник“ и „злобна девојка“.Повикувајќи се на експерт за комуникации, Лајвли исто така тврди дека изјавите на адвокатот на Балдони ѝ донеле дополнителна штета од 24,3 милиони долари, врз основа на проценка на нивното влијание на интернет.Нејзините експерти проценуваат дека поради изгубени проекти во периодот од август 2024 до август 2029 година, може да изгуби меѓу 34,3 и 87,8 милиони долари приходи од филмски и телевизиски ангажмани.Дополнително, се наведува дека нејзините компании претрпеле пад на профит од 39,6 до 143,5 милиони долари. Таа бара и надомест од 250.000 до 400.000 долари за душевна болка, физичко страдање и понижување.Адвокатите на Балдони ги отфрлаат овие тврдења, наведувајќи дека ваквите описи за нејзиниот карактер постоеле и пред нивната соработка и не го влошиле нејзиниот углед.Случајот е дел од поширок правен спор со меѓусебни тужби, вклучувајќи обвинувања за сексуално вознемирување, клевета и противтужби, од кои дел веќе се одбиени од судот.

Магазин | пред 4 часа

4 час.
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Портпаролот на иранската влада потврди „целосна подготвеност“ на машката фудбалска репрезентација за учество на претстојното Светско првенство во САД, јавува иранската државна телевизија.Иранскиот министер за спорт, Ахмад Донијамали, претходно изјави дека репрезентацијата ќе патува на турнирот под услов да ѝ биде гарантирана безбедноста. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, исто така порача дека Иран „сигурно“ ќе настапи.Во групната фаза Иран треба да игра против Белгија, Египет и Нов Зеланд.Претходно, ирански претставници изразуваа сомнеж околу учеството, бидејќи сите натпревари од групата треба да се играат во САД. Предлогот дел од натпреварите да се преместат во Мексико бил одбиен.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранските фудбалери се добредојдени, но додаде дека присуството на навивачи можеби не е соодветно „поради нивната сопствена безбедност“.

Спорт | пред 4 часа

4 час.
media-librarykcqfcq7kqg526mASkTx

И официјално крај: Се гаси познатата железара по 130 години

Во Новата Железара Зеница денес е најавен прекин на интегралното производство на челик, а раководството е принудено на ваков чекор поради немање на конкретни мерки за заштита на домашното производство и неконкурентност на пазарот.Со гасењето на погоните во оваа фабрика се доведуваат во прашање околу 11.000 работни места.Претседателот на Синдикатот во Новата Железара Зеница, Рашид Фетиќ, изјави дека ваквиот развој бил очекуван, но дека се уште постои надеж дека може да се спаси дел од производството.Тој наведе дека работниците се загрижени за својата иднина, предупредувајќи дека затворањето ќе има сериозни последици и врз економијата и врз пензискиот систем. Според него, без над 1.000 работни места дневно, ударот врз буџетот би бил значаен.Фетиќ додаде дека синдикатот со месеци барал мерки за заштита на домашната индустрија, но тие не биле усвоени на ниво на надлежните институции. Како што рече, новите сопственици не покажуваат интерес за продолжување на работењето, поради што се очекува притисок врз владата за изнаоѓање решение.И покрај тешката состојба, синдикатот најавува дека ќе продолжи со обиди за спас на фабриката и дека сè уште постои „трепет надеж“ за промена на одлуката.

Свет | пред 4 часа

4 час.
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да одобри дополнителни три до пет дена за продолжување на примирјето со Иран, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата.Според изворите, Трамп не прецизирал точен временски рок, но нагласил дека прекинот на огнот нема да биде на неопределено време. Ова доаѓа во период на засилени дипломатски напори и обиди да се постигне заеднички предлог меѓу Вашингтон и Техеран.Во исто време, се наведува дека нова рунда преговори меѓу САД и Иран би можела да се одржи веќе во петок, со посредство на пакистански дипломати. Според информациите, постојат „позитивни сигнали“ во контактите со Иран, што отвора можност за брзо продолжување на мировните разговори во наредните денови.Трамп претходно порача дека е отворен за дијалог, но дека американската војска ќе остане во состојба на готовност сè додека Иран не понуди „единствен и конкретен предлог“.

Свет | пред 4 часа

4 час.
media-libraryktpvufdvpuc04X7d5nH

Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните

Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на актуелната тема за укинување на техничката влада. Според него, оваа техничка влада е резултат на политички договори и не треба повеќе да постои, бидејќи ја нарушува демократијата. Тој смета дека власта треба да произлегува директно од волјата на граѓаните, а не од политички договори.,,Предлогот за измени и дополнување за Законот за влада со којшто се врши соугласување со дел од новиот Закон за организација на државната управа и најважното, се укинува она што се нарекува пржинска влада или техничка влада, кое што беше договорено и е дел на политички договор влезе денеска во Собрание“, вели Лефков.Лефков кажа дека потребно е да се стави крај на политичките пазари и преговори.,,Тн. пржинска влада е дел на политички договор, а политиката редно време е да и користи на државата и државните инсититуции, а не да биде обратно. Волјата на граѓаните преку Собранието се рефелктира во Владата и таа влада е одговорна и кон граѓаните и одговорна за своите постаки“.Според него, оваа техничка влада е дивоградба во самиот систем, каде политички преговори или ставови на политички партии и меѓусебни договори овозможуваат некој да заземе место и како што вели тој, на овој начин се искривува она што значи демократија и демократски процеси.,,Гледаме сега и во јавноста и во медиумите, дека опозицијата, односно СДС се противи, се спротиставува лицемерно на ова решение, иако гласаа за потребата за овој предлог закон во Собрание“, рече Лефков и додаде:,,Зошто е непотребната драма не знаеме, меѓутоа гледаме дека навистина им  е тешко да се разделат со пржинската влада, иако немаат никаков основ. Ова Предлог законско решение за изменување на Законот за влада е предложено на начин на којшто се предвидува техничката влада, да функционира и за следните избори без разлика дали се редовни или предвремени“.Лефков смета дека време е политиката да застане во улога на институциите и во улога на државата.,, Постомонитогрингот за Македонија се укина, со што практично е признаена Македонија и македонската демократија како држава со стабилни институции и стабилна демократија и навистина е бесмислено да имаме еден ваков закон во кој политката се става над демократијата. Нивните ставови во овој момент се во насока на рушење или спротивствавувње на основните принципи на демократијата. Самото градење на ваква техничка, значи дека некој којшто не е избран од народот, не го претставува народот, не доаѓа од народот ќе седне во одредено министерско столче, и тој ќе може да гради одредени политики“, заклучи Лефков.

Македонија | пред 4 часа

4 час.
pari-1

Просечната бруто и нето плата зголемени за над 7% во февруари 2026

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2026 година изнесувала 69.371 денар, додека нето-платата достигнала 46.159 денари, покажуваат најновите податоци. Во споредба со истиот месец минатата година, бруто-платата е зголемена за 7,3%, а нето-платата за 7,2%.Растот на платите најмногу се поврзува со зголемувањата во секторите административни и помошни услужни дејности, рударство и вадење камен, како и во дејностите поврзани со снабдување со вода, отпадни води и управување со отпад.Од друга страна, во однос на претходниот месец е забележано намалување на платите во земјоделството, шумарството и рибарството, другите услужни дејности, како и во секторот уметност, забава и рекреација.

Македонија | пред 4 часа

5 час.
media-library14bbfpkomlka27LlBsr

10 тони отпад собрани во еколошка акција на Шар Планина

На 19.04.2026 година беше реализирана втората еколошка акција за расчистување на отпадот на локалниот пат с. Лешок – с. Варвара, во која беа собрани околу 10 тони отпад.„Акцијата беше реализирана во координација со мештаните од село Варвара и со учество на претставници од ЈУНП Шар Планина, при што беа собрани околу 10 тони отпад, кој беше предаден на лиценцираната комунална компанија „Ekopark NB“.Здружението на пчелари „Полошки Мед“, во соработка со ЈУНП Шар Планина, ги спроведе активностите за расчистување на патеката со цел истата во иднина да прерасне во едукативна пешачка патека, уредена со едукативни табли, мини парк – пријател на пчелите и клупи, каде најмладите љубители на природата ќе имаат можност да се запознаат со биодиверзитетот на Шар Планина.Оваа активност е дел од проектот „Малите херои на природата“, финансиран од Европската Унија преку проектот „Зелена младина, зелен раст“.Денес, на Денот на Земјата, ја потсетуваме јавноста дека ваквите акции не се само еднодневни настани, туку долгорочна обврска за заштита на нашата природа. Со секоја расчистена патека, со секое подигнато парче отпад, правиме чекор поблиску до почиста и поодржлива Шар Планина за идните генерации“, стои во објавата.

Македонија | пред 5 часа

5 час.
pazaren-inspektorat-1200x1200

Пзарна изрече 124 казни за една недела - најмногу прекршоци во трговијата и финансиската дисциплина

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 13.04.2026 до 19.04.2026 година спровел вкупно 509 инспекциски надзори на територијата на целата држава, при што се изречени 124 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 3.589.801 денари.Надзори и санкции се реализирани по повеќе закони, меѓу кои Законот за трговија, Законот за заштита од пушење, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита на потрошувачи, Законот за занаетчиство, Законот за финансиска дисциплина, како и други релевантни законски прописи.Најголем број надзори се спроведени согласно Законот за трговија (166 надзори), по што следуваат Законот за финансиска дисциплина (107 надзори) и Законот за угостителска дејност (49 надзори). Најголем број прекршочни платни налози се изречени токму по Законот за трговија и Законот за финансиска дисциплина.Дополнително, изречени се 43 опомени, за кои во наредниот период ќе се спроведат контролни надзори.Од Инспекторатот информираат дека постапуваат континуирано, како по сопствени планови, така и по пријави од граѓани и институции, со цел доследна примена на законската регулатива.Граѓаните неправилности можат да пријават на телефон 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk

Македонија | пред 5 часа

5 час.
toni-deskoski

Дескоски: Просветниот инспекторат понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски во објава на социјалните мрежи реагира на постапувањето на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), поврзано со наводни неправилности на Филозофскиот факултет. Тој наведува дека инспекцијата констатирала состојба која претходно веќе била утврдена од самата институција, отворајќи прашања за начинот на постапување и толкувањето на законските одредби во високото образование.„Просветната инспекција го видела она што претходно го откриле на Факултетот!По серијата дезинформации конечно излезе на виделина што точно се случило на Филозофскиот факултет. Всушност, испадна дека Факултетот го утврдил пропустот, па по неговo барање ДПИ постапувал и го видел она што веќе и на Факултетот го виделе.А можело да биде и поинаку.Кога минатата година поднесов пријава до ДПИ за неправилен состав на една комисија за оценка и одбрана на докторат (немаше тројца од областа на меѓународното јавно право, од која област беше тезата), инспекторката ме убедуваше дека “од соодветната научна област” било множина а не еднина. И дека Законот всушност предвидувал дека мнозинството во комисијата за докторат треба да е од “од соодветните научни области”, ама јас тоа не сум го разбирал. Згора на се, зошто не сум приговарал дека менторот е од Историја на право, а не од меѓународно јавно право од каде е темата.Плус, ми рече и дека било глупаво да се поништува докторат за такво нешто.И така, ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат“, вели Дескоски.

Коментари | пред 5 часа

5 час.
media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Цените на нафтата денеска надминаа 101 долар, поттикнати од продолжената американска поморска блокада на Иран и иранското пресретнување на бродови во Ормускиот теснец, што доведе до очекувања дека испораките на енергенси од регионот на Персискиот Залив нема брзо да се вратат на светските пазари.На лондонскиот пазар, барел нафта попладнево се тргуваше по цена повисока за 2,87 долари во однос на вчерашното затворање, односно 101,35 долари. На американскиот пазар цената беше повисока за 3,46 долари и изнесуваше 93,13 долари.Пазарите денеска реагираа слабо на американското продолжување на примирјето со Иран. Претседателот Доналд Трамп не постави временско ограничување за прекин на конфликтот, но ја задржа поморската блокада на иранските пристаништа.Иран, поради американско-израелските напади, ја презел контролата врз теснецот и забранил транзит на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.САД, пак, по неуспешниот прв круг преговори во Исламабад, воведоа поморска блокада на иранските пристаништа во Оманскиот Залив и Арапското Море, предупредувајќи дека Техеран со тоа го крши примирјето.Во текот на ноќта американската војска интервенирала на ирански контејнерски брод во Оманскиот Залив, додека Иран возвратил со заплена на два брода во Ормускиот теснец, кои биле задржани поради наводни прекршувања на поморските прописи.Американскиот министер за финансии Скот Бесент соопштил дека санкциите за руската и иранската нафта се суспендирани на уште 30 дена, на барање на земји кои се соочуваат со ризик од недостиг на нафта поради затворањето на Ормускиот теснец.Податоците на ОПЕК покажуваат дека цената на нафтената кошничка на земјите членки вчера паднала за 1,43 долари и изнесувала 96,31 долари по барел.

Свет | пред 5 часа

5 час.
britanski-brod-crno-more

Иран запре брод со црногорски морнари: „Во тек се преговори“

Иранската национална гарда денеска во Ормускиот теснец запрела трговски брод „MSC Francesca“ на кој пловат четворица црногорски морнари. Ова го потврди црногорскиот министер за поморство Филип Радуловиќ, јавува Anadolu.Во објава на социјалната мрежа X, министерот навел дека од бродот е потврдено оти црногорските морнари, како и останатите членови на екипажот, се во добро здравје и безбедни.Радуловиќ изјавил и дека во тек се преговори меѓу бродската компанија и иранската страна, како и дека надлежните државни органи се во постојан контакт со екипажот.„На нашите морнари и нивните семејства им даваме целосна поддршка. Ќе направиме сè што е во наша моќ за позитивен исход на оваа ситуација и за безбедноста на нашите морнари“, порача Радуловиќ.Според достапните информации, иранските сили и претходно запленувале бродови во Ормускиот теснец. Во еден случај биле задржани два контејнерски брода само неколку часа по продолжувањето на примирјето од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Иранската револуционерна гарда тогаш соопштила дека бродовите биле задржани поради наводно кршење на правилата за пловидба и загрозување на поморската безбедност.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-libraryoj7709emep6k7ztT6O4

ChatGPT „саветувал“ луѓе за измислена болест: Сè изгледало како вистинска дијагноза

Шведската истражувачка Алмира Османовиќ Тунстром спровела експеримент во кој измислената болест „биксoманија“ станала дел од одговорите на AI алатки како ChatGPT и Gemini.Болка, чешање во очите и благо црвенило на очните капаци навеле некои корисници во последните 18 месеци да прашуваат чет-ботови како ChatGPT и Gemini за можни дијагнози. Еден од одговорите што ги добивале била „биксoманија“, наводна болест предизвикана од синото светло од екраните.Сепак, таква болест не постои во медицинската литература. Таа всушност е дел од експеримент осмислен од шведски научници предводени од Алмира Османовиќ Тунстром од Универзитетот во Гетеборг.Таа објаснила дека експериментот започнал како начин да им се покаже на студентите како се градат големите јазични модели (LLM) и како може да се манипулира со нив, како и да се тестира безбедноста на системите.Според списанието Nature, „биксoманија“ првпат се појавила на 15 март 2024 година на платформата Medium, а потоа и во април и мај истата година во академски објави на SciProfiles, иако тие трудови не поминале рецензија.Набргу потоа, AI моделите почнале да ја прикажуваат како вистинска состојба. Така, Gemini во април 2024 година ја опишувал биксoманијата како пореметување предизвикано од сино светло, додека Perplexity наведувал и проценки за зачестеност, а и ChatGPT давал одговори за ова „заболување“.Тунстром истакнува дека AI системите не се дизајнирани за критичко размислување, и предупредува дека проблемот настанува кога извори со низок квалитет се третираат како веродостојни, што може да доведе до ширење на неточни информации.Во експериментот биле користени и целосно измислени автори и институции, кои сепак биле цитирани во некои научни публикации.Таа заклучува дека ова покажува колку луѓето се потпираат на автоматизација без доволна човечка проверка, и порачува: „Секогаш проверувајте ги изворите и читајте ги оригиналните трудови.“

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-librarydq4mdd2v9mfmbIg6uKp

Трагедија на Тара: Превртени кајаци, загина австриски турист

Австриски државјанин (65) загинал во несреќа што се случила во понеделникот за време на возење со кајак на реката Тара кај Фоча.Трагедијата во локалитетот Борoви се случила кога неколку кајаци со туристи се превртеле, но останатите членови на групата успеале да се спасат од надојдената река.Како што за „Аваз“ потврдил шефот на спасувачката служба „Вулф“ од Фоча, Ненад Икониќ, телото на туристот било пронајдено вчера на локацијата Милутинов камен, околу два километри низводно од Шќепан Поле.Икониќ истакнал дека Тара е убава, но брза и моќна река, особено во денови со интензивни врнежи и зголемен водостој.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Руски водител одби да ѝ се извини на Џорџа: „Фашистка“

Рускиот новинар и телевизиски водител Владимир Соловјов денес одби да се извини за навредите што ги упати на сметка на италијанската премиерка Џорџа Мелони, туку ја обвини за „поддршка на фашистички идеи и симпатии кон Украина“.Соловјов, како што пренесува телевизијата Вести, изјави дека Мелони со „споделување идеи“ на поранешниот фашистички лидер на Италија, Бенито Мусолини, „учествува во злосторствата на фашистичка Италија“.Тој, како што пишува АНСА, додаде дека италијанската премиерка покажува симпатии кон тие злосторства „поддржувајќи ја нацистичката украинска држава, која спроведува терористички напади во Русија и не ги крие плановите за атентати, вклучително и врз него“.Соловјов во емисија изјавил и низа навреди, нарекувајќи ја Мелони „фашистка“, „идиот“, „лоша жена“ и „срам за човештвото“.Мелони претходно одговори дека „пропагандист на режим не може да држи лекции за слобода“, истакнувајќи дека Италија „нема господари“ и дека нејзин единствен водич е интересот на државата.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Нова унгарска влада: Ќе ги отвориме архивите на тајната полиција од комунизмот

Новата унгарска влада ќе ги отвори историските архиви на тајната полиција од комунистичкиот период, откри лице кое ќе го води кабинетот на Петер Маѓар, победник на парламентарните избори овој месец, кој се очекува да стане премиер на 9 мај.Унгарската партија „Тиса“ победи на 12 април над Фидес на искусниот лидер Виктор Орбан, меѓу другото и благодарение на ветувањата дека ќе ја врати Унгарија на проевропскиот пат, ќе го оживее ослабеното стопанство и ќе обезбеди одблокирање на милијарди евра средства од Европската унија, кои досега беа замрзнати.Балинт Руф, кого Маѓар денес го потврди како кандидат за шеф на кабинетот на премиерот, за порталот Valasz Online изјави дека отворањето на архивите на тајната полиција ќе биде негов „приоритет број еден“.„Ова е задача за историчарите. Но, јас ќе обезбедам следната влада да создаде рамка за таа работа, односно да овозможи истражување без политички притисок“, изјави Руф, адвокат и политички советник.За разлика од Полска или Чешка, Унгарија никогаш официјално не ги откри имињата на соработниците на тајната полиција од комунистичкиот период, иако низ годините некои имиња се појавуваа во медиумите.Поединци можат да имаат пристап до сопствените досиеја, но не и до материјали за други лица, вклучително и за поранешни доушници.Историчарот Криштијан Унгвари, гласен поддржувач на целосна транспарентност, на предавање во 2023 година изјави дека, иако „минатото на јавните личности не е јавно, тие постојано ќе бидат изложени на уцени од оние кои имаат пристап до информации за нивното минато“.Руф истакна дека неговата цел е да формира канцеларија за враќање на милијарди форинти изгубени поради корупција, како и да ги надгледува прашањата поврзани со Европската унија, со цел Маѓар внимателно да го следи процесот на одблокирање на европските средства.

Свет | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања