Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Свет
media-library4md44j2raa565nJ5iCE
Foto: Trading Economics

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради ескалации околу Иран: американска поморска блокада и иранско пресретнување/заплена на бродови во Ормускиот теснец, што ги засили стравувањата дека испораките од Персискиот Залив нема брзо да се нормализираат. Во Лондон барелот достигна 101,35 долари (+2,87), а во САД 93,13 долари (+3,46). И покрај продолженото примирје без рок, САД ја задржаа блокадата, а Иран забрани транзит за бродови поврзани со САД/Израел. САД интервенираа на ирански брод, Иран заплени два брода; санкциите за руската и иранската нафта се суспендирани уште 30 дена. ОПЕК-кошничката падна на 96,31 долар.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Цените на нафтата денеска надминаа 101 долар, поттикнати од продолжената американска поморска блокада на Иран и иранското пресретнување на бродови во Ормускиот теснец, што доведе до очекувања дека испораките на енергенси од регионот на Персискиот Залив нема брзо да се вратат на светските пазари.

На лондонскиот пазар, барел нафта попладнево се тргуваше по цена повисока за 2,87 долари во однос на вчерашното затворање, односно 101,35 долари. На американскиот пазар цената беше повисока за 3,46 долари и изнесуваше 93,13 долари.

— реклама —

Пазарите денеска реагираа слабо на американското продолжување на примирјето со Иран. Претседателот Доналд Трамп не постави временско ограничување за прекин на конфликтот, но ја задржа поморската блокада на иранските пристаништа.

Иран, поради американско-израелските напади, ја презел контролата врз теснецот и забранил транзит на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.

— реклама —

САД, пак, по неуспешниот прв круг преговори во Исламабад, воведоа поморска блокада на иранските пристаништа во Оманскиот Залив и Арапското Море, предупредувајќи дека Техеран со тоа го крши примирјето.

Во текот на ноќта американската војска интервенирала на ирански контејнерски брод во Оманскиот Залив, додека Иран возвратил со заплена на два брода во Ормускиот теснец, кои биле задржани поради наводни прекршувања на поморските прописи.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент соопштил дека санкциите за руската и иранската нафта се суспендирани на уште 30 дена, на барање на земји кои се соочуваат со ризик од недостиг на нафта поради затворањето на Ормускиот теснец.

Податоците на ОПЕК покажуваат дека цената на нафтената кошничка на земјите членки вчера паднала за 1,43 долари и изнесувала 96,31 долари по барел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 5 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 6 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 6 часа

britanski-brod-crno-more

Иран запре брод со црногорски морнари: „Во тек се преговори“

Свет | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања