Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

НАФТА

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Цените на нафтата денеска надминаа 101 долар, поттикнати од продолжената американска поморска блокада на Иран и иранското пресретнување на бродови во Ормускиот теснец, што доведе до очекувања дека испораките на енергенси од регионот на Персискиот Залив нема брзо да се вратат на светските пазари.На лондонскиот пазар, барел нафта попладнево се тргуваше по цена повисока за 2,87 долари во однос на вчерашното затворање, односно 101,35 долари. На американскиот пазар цената беше повисока за 3,46 долари и изнесуваше 93,13 долари.Пазарите денеска реагираа слабо на американското продолжување на примирјето со Иран. Претседателот Доналд Трамп не постави временско ограничување за прекин на конфликтот, но ја задржа поморската блокада на иранските пристаништа.Иран, поради американско-израелските напади, ја презел контролата врз теснецот и забранил транзит на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.САД, пак, по неуспешниот прв круг преговори во Исламабад, воведоа поморска блокада на иранските пристаништа во Оманскиот Залив и Арапското Море, предупредувајќи дека Техеран со тоа го крши примирјето.Во текот на ноќта американската војска интервенирала на ирански контејнерски брод во Оманскиот Залив, додека Иран возвратил со заплена на два брода во Ормускиот теснец, кои биле задржани поради наводни прекршувања на поморските прописи.Американскиот министер за финансии Скот Бесент соопштил дека санкциите за руската и иранската нафта се суспендирани на уште 30 дена, на барање на земји кои се соочуваат со ризик од недостиг на нафта поради затворањето на Ормускиот теснец.Податоците на ОПЕК покажуваат дека цената на нафтената кошничка на земјите членки вчера паднала за 1,43 долари и изнесувала 96,31 долари по барел.

Свет | пред 8 часа

media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Казахстанската нафта се пренасочува – што значи тоа за Германија?

Заменик-претседателот на руската влада, Александар Новак, најави дека ќе биде променет правецот на испорака на казахстанската нафта преку нафтоводот „Дружба“ кон Германија поради технички проблеми, почнувајќи од 1 мај.Новак изјави дека казахстанската нафта ќе биде пренасочена кон други, подостапни логистички рути поради тековните технички можности, пренесе ТАСС.Тој додаде дека со прашањето за пренасочување на нафтените текови се занимаваат руското Министерство за енергетика и руската нафтена компанија „Трансњефт“.Министерот за енергетика на Казахстан, Ерлан Акенженов, претходно изјави дека Казахстан добил неофицијални информации за неможност за транспорт на гориво преку нафтоводот „Дружба“, најверојатно поради неодамнешните напади врз руската инфраструктура.Казахстанскиот национален оператор „Казтрансојл“ обезбедува транзит на нафта преку Русија преку системот на нафтоводи на „Трансњефт“.Казахстанската нафта потоа се транспортира преку Белорусија, преку системот „Гомелтрансњефт Дружба“, до точката за испорака „Адамова застава“, од каде понатаму се доставува до рафинерија во Германија.Овој транзит се одвива согласно релевантниот меѓувладин договор меѓу Казахстан и Русија од 7 јуни 2002 година.Во 2025 година, Казахстан ѝ испорача на Германија 2,1 милион тони нафта преку нафтоводот „Дружба“, а за оваа година беше планирано зголемување на 2,5 милиони тони.Германското Министерство за економија денеска соопшти дека е информирано оти од мај повеќе нема да пристигнува казахстанска сурова нафта во рафинеријата ПЦК во Шведт, една од најголемите во североисточниот дел на Германија.Според индустриски извори, Русија би можела да го запре транзитот на казахстанската нафта преку нафтоводот „Дружба“ од 1 мај, што директно би влијаело врз снабдувањето на рафинеријата, која делумно го снабдува и Берлин, пренесе Ројтерс.Надлежното министерство, кое го надгледува работењето на рафинеријата, наведе дека мнозинскиот сопственик „Росњефт“ информирал за можен прекин.Од германското министерство посочија дека „Росњефт“ ја проценува состојбата и ќе го прилагоди работењето за да ги исполни обврските кон регионот и да обезбеди континуитет во снабдувањето.

Свет | пред 8 часа

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Русија ќе го запре извозот на казахстанска нафта за Германија преку нафтоводот „Дружба“ од 1 мај, повикувајќи се на извори запознаени со одлуката.Според три извори кои зборувале под услов на анонимност, новиот прилагоден распоред за извоз веќе им бил доставен на Казахстан и Германија. Потегот доаѓа во период на влошени политички и економски односи меѓу Москва и Берлин поради војната во Украина, која Германија ја поддржува.Руското Министерство за енергетика не одговорило на барањата за коментар.Германија во 2022 година ги стави локалните подружници на најголемиот руски нафтен производител „Роснефт“ под државен надзор, со што значително ги промени долгогодишните енергетски врски со Русија.Во 2025 година, извозот на казахстанска нафта за Германија преку „Дружба“ изнесувал околу 2,146 милиони метрички тони, односно приближно 43 илјади барели дневно, што претставува зголемување од 44 отсто во споредба со 2024 година.Казахстан ја снабдува Германија преку северниот крак на нафтоводот што поминува низ Полска, но испораките во повеќе наврати биле прекинувани поради напади со беспилотни летала врз делови од инфраструктурата на руска територија.Рафинеријата PCK во германскиот град Шведт, една од најголемите во земјата, делумно се снабдува со казахстанска сурова нафта преку овој систем, откако испораките на руска нафта беа прекинати по почетокот на конфликтот меѓу Москва и Киев во 2022 година.

Свет | пред 1 ден

media-library501psbrodl0n1HEvCWN

САД ја одобри продажбата на руска нафта: Уште еден месец

Американската влада ја продолжи дозволата за купување санкционирана руска нафта натоварена на танкери за уште еден месец, според документ објавен на страницата на Министерството за финансии.Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при американското Министерство за финансии во петокот издаде нова дозвола со која руската нафта и нафтените деривати натоварени на танкери до 17 април може да се купуваат до 16 мај, се наведува во документот.Од дозволата се изземени трансакции со Иран, Куба и Северна Кореја.Вашингтон по третпат од почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран ги суспендира санкциите за руската нафта и нафтените деривати, настојувајќи да го ублажи растот на цените на светските пазари.Првата 30-дневна дозвола за купување руска нафта OFAC ја издаде за Индија на 5 март. Една недела подоцна, дозволата беше проширена и на остатокот од светот, исто така за 30 дена, со рок за завршување на купувањето до 11 април.Новата дозвола е издадена под притисок на азиските држави, пренесува Ројтерс, кои поради нарушувања во снабдувањето од Блискиот Исток побарале од Вашингтон да овозможи набавка од други извори.„Преговорите (со Иран) се забрзуваат, а Министерството за финансии истовремено води сметка нафтата да биде достапна за оние на кои им е потребна“, изјавил портпарол на министерството за Ројтерс.Само два дена претходно, министерот за финансии Скот Бесент изјавил дека Вашингтон нема да ја обнови дозволата за купување руска нафта, ниту да издаде нова дозвола за иранска нафта, која истече во неделата, потсетува Ројтерс.Продолжувањето на дозволата ќе опфати дополнителни 100 милиони барели руска нафта, според наводите на специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, со што ќе се удвои количината на нафта што се тргува со американска дозвола.Во март, купувачите ширум светот примиле 4,4 милиони барели руска нафта дневно, наведува Меѓународната агенција за енергетика (IEA) во својот месечен извештај, што значи вкупно околу 132 милиони барели.Индија увезувала околу два милиони барели дневно, а Кина 1,8 милиони барели дневно, според извештајот за април. Така, на азиските пазари во март пристигнале околу 60 милиони барели во Индија и 54 милиони барели во Кина.Од танкерите, во март на индиско тло биле истоварени околу 22 милиони барели руска нафта, а во Кина околу 14 милиони барели, со што практично биле исчистени залихите што се натрупувале на море од октомври минатата година.

Свет | пред 2 дена

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата може нагло да пораснат

Цените на нафтата би можеле нагло да пораснат уште при следното отворање на берзите, откако Иран повторно го затвори или значително го ограничи сообраќајот низ Ормускиот теснец, предупредуваат аналитичарите.Според пазарните податоци, во петокот цената на нафтата падна за околу 10 отсто, откако Техеран најави дека ќе овозможи поминување на трговски бродови низ овој клучен поморски правец за извоз на нафта. Сепак, ситуацијата брзо се промени, бидејќи протокот повторно беше ограничен.Пазарниот стратег од консултантската компанија Primary Vision, Осама Ризви, оценува дека цените на нафтата наскоро повторно ќе се вратат на повисоки нивоа. Според него, пазарот реагира на нестабилноста и на неизвесноста околу снабдувањето.Иако Ормускиот теснец не е целосно затворен и Иран сè уште пропушта одреден број бродови, прометот е значително намален. Количините на нафта кои минуваат низ овој премин паднаа од околу 20 милиони барели дневно во 2025 година на само три до четири милиони барели дневно.Таквиот пад веќе предизвикува недостиг, особено на азиските пазари, што дополнително ги нарушува глобалните енергетски текови. Аналитичарите посочуваат дека токму овие недостизи и нестабилност имаат влијание и врз тековните преговори меѓу Иран и САД.

Свет | пред 3 дена

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Иран го отвори Ормускиот теснец: нафтата падна на 88 долари

Светските енергетски пазари денеска нотираа дека цената на суровата нафта од типот „Брент“ падна на 88 долари за барел. Ова е значително намалување од речиси 12% во текот на денот.Ова следува откако Иран објави дека Ормускиот теснец повторно е отворен за комерцијален поморски сообраќај. Овој клучен енергетски коридор, низ кој поминува околу една петтина од глобалната трговија со нафта, изминатите денови беше под закана, што ја одржуваше цената на високo ниво.Ормускиот Теснец е појас што го поврзува Заливот со Арапското Море, преку кој обично се транспортира една петтина од светската нафта и течен природен гас.По објавата, како што пишува Би-би-си, глобалните пазари, исто така, се зголемија, при што главните американски берзански индекси пораснаа во раното тргување.Европските акции, пораснаа по објавување на веста.Овој вртоглав пад на цената е одличен сигнал за домашната економија. Доколку трендот се задржи до понеделник, кога Регулаторната комисија за енергетика прави нови пресметки, може да очекуваме значително поевтинување на горивата во Македонија.

Свет | пред 5 дена

benzinska-benzin-nafta-

Продолжена нафтената криза поради нестабилност на глобалниот пазар

Собранието на Република Македонија ја продолжи кризната состојба до 20 јули 2026 година, поради глобалните ризици во снабдувањето со нафта и енергетската нестабилност предизвикана од кризата на Блискиот Исток.Одлуката е донесена на денешната пленарна седница, а претходно беше поддржана и од Комисијата за одбрана и безбедност. Таа предвидува продолжување на кризната состојба на целата територија на државата, со примена што започнува на 21 април 2024 година, веднаш по објавувањето во „Службен весник“.Во образложението се наведува дека мерката е резултат на влошената меѓународна безбедносна и енергетска состојба, како и на нарушувањата во транспортот на сурова нафта, особено преку Ормускиот теснец.Со цел ублажување на последиците од кризата, Владата досега спроведе повеќе мерки, меѓу кои намалување на данокот на додадена вредност за енергентите и намалување на акцизите за дизел горивото и безоловниот бензин. Според надлежните, овие мерки се насочени кон зачувување на животниот стандард на граѓаните и обезбедување стабилно снабдување.Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека во моментов во земјата нема застој во снабдувањето со гориво и дека цените се меѓу најниските во регионот.Тој истакна дека скопскиот и охридскиот аеродром редовно функционираат, а приштинскиот аеродром исто така се снабдува со гориво преку македонски добавувачи.„Успеавме кризата да ја амортизираме во рамките на можностите“, изјави Николоски, додавајќи дека има зголемена потрошувачка на керозин на двата домашни аеродроми.Тој информираше дека државата располага со резерви на керозин за 90 дена, над законски предвидените 60 дена, и дека резервите постојано се надополнуваат. Според него, нема откажани летови од скопскиот и охридскиот аеродром.Николоски овие информации ги изнесе пред средба со стопанственици од Пелагонискиот регион.

Македонија | пред 6 дена

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пред пратениците одлука за нафтената криза во државата

Пратениците денеска треба да одлучуваат за продолжување на кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати, која според предлогот ќе трае до 20 јули.Одлуката, предложена од Владата и усвоена на последната владина седница, е единствена точка на дневниот ред на 99. собраниска седница закажана за 12 часот. Како причина се наведува ризикот од пореметувања во снабдувањето, што може да има влијание врз енергетската и економската стабилност на државата.Доколку биде изгласана, одлуката ќе стапи во сила од 21 април, по објавувањето во „Службен весник“.

Македонија | пред 6 дена

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари под 96 долари по барел, откако инвеститорите беа смирени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД.На лондонскиот пазар барелот се тргуваше по цена пониска за 3,67 долари во однос на вчерашното затворање, односно 95,69 долари, додека на американскиот пазар цената изнесуваше 93,19 долари.Претходно, пазарите беа вознемирени поради најавата за американска поморска блокада на Ормускиот теснец, што ги зголеми стравувањата од нарушување на снабдувањето.Во меѓувреме, сигналите дека преговарачките тимови би можеле повторно да се состанат во Исламабад придонесоа за смирување на ситуацијата, иако тензиите во регионот сè уште остануваат високи.Податоците покажуваат и дека дел од танкерите продолжиле да пловат низ Ормускиот теснец, што дополнително влијае на стабилизацијата на пазарот, додека ОПЕК објави и раст на цената на својата нафтена кошничка.

Свет | пред 1 седмица

nafta-696x465-1

Пад на цената на нафтата по надежи за мировни разговори

Цената на нафтата бележи благ пад и повторно се спушти под 100 долари за барел, во услови на зголемени очекувања за обновување на мировните преговори меѓу САД и Иран.Според податоците на меѓународните пазари, барел сурова нафта тип „Брент“ моментално се тргува околу 98,50 долари, откако претходно достигна над 103 долари поради најавите за американска блокада на клучната рута низ Ормушкиот теснец.Во текот на ноќта цената накратко падна и на 96,60 долари, што аналитичарите го поврзуваат со обновените надежи за дипломатско приближување и можен напредок во преговорите. Дополнителен фактор е и привременото одржување на двонеделното примирје.И покрај падот, цените на нафтата остануваат значително повисоки во однос на периодот пред ескалацијата на конфликтот, кога барел „Брент“ се движеше околу 72 долари, што и понатаму создава притисок врз трошоците за живот на глобално ниво.

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел

Цените на нафтата на меѓународните пазари денес пораснаа и се приближија до 102 долари за барел, поради загриженоста на инвеститорите дека американската поморска блокада на Иран ќе го намали снабдувањето од регионот околу Персискиот Залив.На лондонскиот пазар, со нафта се тргуваше по цена повисока за 6,65 долари во однос на затворањето од минатата недела, при што пазарите беа потресени од најавите за американските мерки против иранската нафта.Американскиот претседател Доналд Трамп ја најави поморската блокада по неуспешните преговори во Исламабад, што дополнително ги зголеми стравувањата од ескалација на конфликтот и нарушување на глобалните енергетски текови.Во извештаите се наведува дека американските поморски сили би можеле да воспостават контрола во Оманскиот Залив и Арапското Море, со што би бил ограничен поморскиот сообраќај поврзан со Иран.Техеран ја оцени ваквата блокада како „пиратство“ и предупреди дека ќе одговори доколку неговите пристаништа бидат загрозени, што дополнително ги зголемува тензиите во регионот.Според податоците од пазарните анализи, испораките на иранска нафта продолжуваат, но инвеститорите стравуваат дека новите мерки би можеле значително да ја нарушат глобалната понуда.

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Глобалните цени може да скокнат до 20% поради енергетската криза

Глобалните цени би можеле да пораснат во просек за 15 до 20 проценти во првата половина од годината, доколку продолжи енергетската криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, предупредува нова анализа објавена во списанието „Макроекономски анализи и трендови“.Според извештајот, речиси е прекинат сообраќајот низ Ормускиот теснец, низ кој обично се транспортира околу 20 отсто од глобалната трговија со нафта и гас, што предизвикало силни флуктуации на светските берзи.Аналитичарите истакнуваат дека цените на енергенсите директно влијаат врз инфлацијата преку зголемување на трошоците за гориво, транспорт, електрична енергија и греење, што дополнително го намалува расположливиот доход на домаќинствата.Цената на нафтата од типот „Brent“ достигна 118 долари по барел кон крајот на март, по што падна на околу 94 долари по најави за привремено смирување на конфликтот, додека пред кризата се движеше околу 70 долари.Во извештајот се наведува дека тековните ценовни движења се под силно влијание на геополитичката неизвесност, нападите врз енергетската инфраструктура и очекувањата за идни случувања, што дополнително ја зголемува нестабилноста на пазарите.Во исто време, цената на гасот бележи делумно намалување во април по претходниот рекорден раст, но европските складишта се полни само околу 28 отсто, што ја зголемува загриженоста за стабилноста на снабдувањето.

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Русија ќе ги удвои приходите од нафта

Русија во април ќе ги удвои приходите од најважниот данок на нафта на девет милијарди долари поради глобалната енергетска криза предизвикана од војната на Блискиот Исток и затворањето на клучниот Ормуски теснец, покажува денес објавена анализа на Ројтерс.Оваа прогноза претставува една од првите конкретни проценки за финансиската корист за Русија, вториот најголем светски извозник на нафта, од почетокот на конфликтот во Иран кон крајот на февруари, кој ја предизвика најтешката енергетска криза во поновата историја.Просечната цена на руската сурова нафта „Урал“ порасна на околу 77 долари по барел во март, значително над буџетските проекции на властите во Москва, што директно ги зголемува и даночните приходи.Буџетското правило на Русија поставува праг на цена на нафтата кој моментално изнесува 59 долари по барел, пренесува Блумберг. Доколку цената падне под 59 долари, Русија користи средства од фондот за да го надомести буџетскиот дефицит, а ако е повисока, се полни Националниот фонд за благосостојба и државата не мора да троши од него.Пред војната на Блискиот Исток, руската нафта се продаваше по значително пониски цени поради западните санкции и попустите што Кремљ мораше да ги нуди.Владата разгледуваше намалување на прагот на цената во буџетското правило поради загриженост за исцрпување на Националниот фонд за благосостојба, кој веќе е повеќе од половина искористен за финансирање на војната во Украина.Растот на цените на енергенсите и нарушувањата во транспортот низ Ормускиот теснец поради конфликтот на Блискиот Исток предизвикаа нагол скок на цените на нафтата, што ја одложи одлуката за промена на прагот и дополнително ја зголеми неизвесноста.Експертите предупредуваат дека одлуката за буџетското правило не треба долго да се одложува и дека би било подобро да се игнорираат привремените шокови на цените предизвикани од војната во Иран, бидејќи пазарот може брзо да се стабилизира.Досегашните искуства покажуваат дека цените на нафтата можат брзо да паднат под нивото пред шокот, што значи дека привремениот раст не гарантира долгорочна стабилност.

Свет | пред 1 седмица

media-library9c27aj24lk3jfdD9rIX

Инвестициската банка Голдман Сакс ја намали прогнозата за цените на нафта и гас по примирјето САД–Иран

Инвестициската банка Голдман Сакс ја ревидираше прогнозата за цените на нафтата за вториот квартал од 2026 година, по договореното двонеделно примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.Според новите проценки, цената на Brent crude ќе изнесува околу 90 долари по барел, додека американската WTI crude се очекува да достигне 87 долари. Претходните проекции предвидуваа повисоки цени – 99 долари за Brent и 91 долар за WTI. Како причина за ревизијата банката наведува намален геополитички ризик и постепено нормализирање на протокот на нафта низ Ормутскиот теснец.Во текот на неделата, цената на Brent падна за над 11 проценти, но веќе следниот ден забележа раст поради неизвесноста околу примирјето и ограничениот проток на нафта.За третиот и четвртиот квартал од 2026 година, прогнозите на банката остануваат непроменети: Brent се очекува да се движи околу 82, односно 80 долари по барел, додека WTI ќе изнесува 77, односно 75 долари по барел.Аналитичарите предупредуваат дека ризикот од нов раст на цените останува значителен. Во сценарио на подолготрајни нарушувања на снабдувањето, особено на Блискиот Исток, Brent би можел да достигне и 115 долари по барел во последниот квартал од годината.Паралелно, Голдман Сакс ја намали прогнозата за цената на природниот гас во Европа за вториот квартал – од 70 на 50 евра по мегават-час, поради очекувањата дека испораките преку Ормутскиот теснец постепено ќе се стабилизираат од средината на април. Сепак, дополнителни доцнења или оштетувања на инфраструктурата би можеле повторно да ја покачат цената над 75 евра по мегават-час.

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цената на нафтата повторно расте поради сомневања во американско-иранското примирје

Цените на нафтата денес повторно ја надминаа границата од 97 долари по барел, поттикнати од сомнежите на инвеститорите во одржливоста на примирјето меѓу САД и Иран. Ситуацијата дополнително ја усложнува фактот што Ормускиот теснец останува во голема мера затворен, што ја зголемува неизвесноста на глобалните пазари, пренесува Euronews.Барелот нафта од типот Брент, кој служи како меѓународна референтна вредност, поскапе за 2,4 проценти и достигна 97,02 долари. Американската референтна нафта порасна за 3,3 проценти, на 97,50 долари по барел.Ова претставува нагол пресврт откако цените претходно неделава кратко паднаа под 92 долари по објавата за двонеделно примирје меѓу Вашингтон и Техеран. Сепак, продолжената блокада на Ормускиот теснец, низ кој поминува околу една петтина од светската нафта, ја засилува загриженоста дека договорот е нестабилен.Дополнителен притисок врз пазарите создаваат и новите напади на Израел врз Либан, што ги зголемува стравувањата од поширока ескалација во регионот.На азиските берзи преовладуваше негативно расположение, при што водечките индекси забележаа пад. Наспроти тоа, на Волстрит претходно беше забележан силен раст по веста за примирје.Во меѓувреме, најавени се мировни преговори кои би можеле да започнат веќе во петок во Пакистан, но останува неизвесно дали примирјето ќе се одржи до нивното започнување.

Свет | пред 1 седмица

media-library2ueaoi64o0t6fkVpV6J

Пазарите здивнаа: Примирјето меѓу САД и Иран ја турна нафтата надолу

Цените на нафтата значително паднаа на светските пазари и се движат околу 95 долари за барел, како директна реакција на најавеното примирје меѓу САД и Иран, како и сигналите за делумна нормализација на транспортот низ Ормутски теснец.На лондонскиот пазар, цената на Брент нафтата падна за 14,71 долари и изнесува околу 94,56 долари за барел, додека на американскиот пазар е забележан уште поголем пад – од 17,32 долари, со цена од 95,63 долари.Пазарите првично беа во неизвесност поради најавите за можна воена ескалација, но пресврт донесе одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за двонеделно примирје, при што иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи најави дека пловидбата ќе се одвива во координација со иранската војска.Според проценките, во Персискиот Залив во моментов се задржани меѓу 10 и 13 милиони барели нафта дневно, кои постепено треба да почнат да се движат низ теснецот. Пред конфликтот, преку Ормутскиот теснец минувале околу 20 милиони барели дневно, што го прави еден од најкритичните енергетски коридори во светот.Падот на цените се пренесе и на европскиот пазар на дизел, каде цената на тон падна за повеќе од 300 долари во однос на претходниот ден.Сепак, и покрај моменталното олеснување, аналитичарите предупредуваат дека двонеделното примирје е премногу кратко за целосно враќање на довербата на пазарите, а неизвесноста околу правилата за транзит низ теснецот останува клучен ризик за понатамошните движења на цените.

Свет | пред 2 седмици

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Нафтата поевтини, но останува поскапа од пред војната

Цените на нафтата бележат значителен пад, но и понатаму остануваат повисоки во однос на периодот пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.Цената на Брент нафтата падна за речиси 15 проценти и се движи околу 94 долари за барел, што е сериозно намалување во споредба со нивото близу 120 долари, регистрирано во екот на ескалацијата, кога ракетни напади го потресуваа регионот на Персискиот Залив.Пазарите реагираа и на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој испраќаше променливи сигнали – од најави за можен излез од кризата, до закани за силни напади врз Иран, што дополнително ја зголеми неизвесноста.Дополнителен притисок врз цените создаде и затворањето на Ормутски теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта, што сериозно ја наруши глобалната понуда.Иако падот на цените се смета за позитивен сигнал за пазарите, нафтата и натаму е околу 30 проценти поскапа во споредба со периодот пред почетокот на војната на 28 февруари, што укажува дека последиците од кризата сè уште се чувствуваат.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Русија од војната добива неочекуван профит од историски размери

Наглото зголемување на цените на суровините по затворањето на Ормускиот теснец ѝ носи на Русија милијарди повеќе од очекуваното, предупреди во вторникот Германско-руска трговска комора.Според нивните податоци, приходите на Русија од извоз на нафта, гас и ѓубрива надминуваат 10 милијарди евра месечно.„Русија е голем добитник од новата војна на Блискиот Исток“, изјави претседателот на Комората, Матијас Шеп.Москва профитира од глобалниот раст на цените на суровините, користејќи алтернативни извозни рути. Според Шеп, тоа може да ѝ донесе „неочекуван профит од историски размери“.Со стабилна цена на нафтата од околу 100 долари по барел, Русија може да оствари дополнителни 71,8 милијарди долари годишно повеќе од планираното во буџетот.Рускиот буџет во голема мера зависи од продажбата на нафта и гас, при што е проектиран врз основа на цена од 59 долари по барел. Пред новиот конфликт, буџетот бил во дефицит поради пониските цени.„Со сегашните цени, Москва може да заработи околу 50 милијарди долари дополнителни приходи годишно само од нафта и гас“, наведува Комората.Во Москва веќе се шпекулира и за можна цена на нафтата од 200 долари по барел. Според проценките, тоа би ѝ донело приходи од 350,4 милијарди долари, односно 247 милијарди повеќе од планираното.

Свет | пред 2 седмици

SeKXr-

Нафтата повторно тече од Венецуела: стотици илјади барели дневно со танкери стигнуваат во САД

По повеќемесечен застој и ограничувања, венецуелската сирова нафта повторно се пренесува во поголеми количества на американскиот пазар. Голем танкер закотвен на пристаниште во заливот на Мисисипи донесе товар од околу 400.000 барели – испорака која, според контекстот во последните месеци, претходно била практично невозможна поради санкцискиот режим и геополитичките превирања.Венецуела располага со меѓу најголемите докажани резерви на нафта во светот, но извозот со години беше поткопан од недостиг на инвестиции и ограничен пристап до пазарите. Потоа следуваа американски мерки што го намалија увозот од оваа латиноамериканска земја, со што венецуелската сурова нафта стана маргинална во синџирите на снабдување за американските рафинерии.Сликата сега се менува: во март месечниот извоз на сурова нафта од Венецуела надминал еден милион барели дневно – првпат од септември. Во исто време, во услови на зголемени тензии и турбуленции на енергетските пазари, американскиот енергетски сектор покажува засилен интерес за венецуелската нафта, особено за т.н. „тешки“ сорти што најлесно се преработуваат во дел од капацитетите на брегот на Мексиканскиот залив.Во фокусот е „Шеврон“, единствената голема американска нафтена компанија што во овој момент има оперативно присуство во Венецуела. Според проценките што ги пренесува текстот, компанијата во моментов увезува во просек околу 250.000 барели дневно венецуелска сирова нафта, со амбиција количините да се зголемат за уште околу 50% – на ниво од 350.000 до 400.000 барели дневно. Паралелно, и други компании, преку купување од домашни производители, учествуваат во ре-активирањето на трговските текови.Клучната предност за купувачите е цената: венецуелската сурова нафта често е поевтина затоа што е тешка за преработка – погуста, потемна и со повисоко присуство на сулфур. Но токму вакви сорти се важни за дел од американскиот рафинериски систем: во САД работат 132 рафинерии што користат мешавини од различни видови сурова нафта, а околу 70% од рафинериските капацитети најефикасно функционираат со потешки сорти.Сепак, и покрај поголемата понуда, ефектот врз цените на горивата не е веднаш видлив. Во регионот на Мисисипи, каде што вообичаено цените се под националниот просек, горивата сè уште поскапуваат, а според локалните споредби, пред актуелните геополитички случувања цената била пониска за речиси еден долар по галон. Пораката е јасна: дури и кога суровината е „поблиску“, конечната цена силно зависи од глобалното формирање на цените и нервозата на светските пазари.Во индустријата, сепак, останува очекувањето дека кога ќе се стабилизираат геополитичките и пазарните притисоци, дополнителните количества од Венецуела би можеле попрво да се претворат во конкретна олеснителна мерка за потрошувачите – преку постепено спуштање на цените на бензинот и дизелот.

Свет | пред 2 седмици

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата повторно растат по заканите на Трамп

Цените на нафтата денеска повторно се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека целата цивилизација на Иран може да исчезне ако до вечерва, до рокот од 20 часот, не се отвори повторно Ормускиот теснец. Нафтата Брент достигна околу 110 долари по барел, додека американската сурова нафта WTI (Вест Тексас Интермедијат) се движеше околу 116 долари по барел, пренесе „Трејдинг економикс“.Зголемувањето на цените следува по ноќните американски удари на воени цели на островот Харг, кој е главно иранско јазло за извоз на нафта. Иако официјални лица изјавија дека енергетската инфраструктура не била директно цел, воената акција го зголеми стравот од пореметување на глобалната понуда.Меѓутоа, извештаите укажуваат дека Иран го прекинал преговарачкиот процес со Соединетите Американски Држави. Додека поморскиот сообраќај преку Ормускиот теснец благо се зголеми на осум бродови во понеделник, тековниот проток изнесува само дел од 20 милиони барели дневно кои транзитирале во 2025 година.Пазарите сега веќе пресметуваат поголема веројатност за целосна промена на режимот на снабдување, што создава сериозни ризици на глобалните енергетски пазари.

Свет | пред 2 седмици

nafta

Главниот директор на Меѓународната агенција за енергија предупредува: Светот се соочува со троен енергетски шок

Светот се соочува со тројна криза – нафтена, гасна и прехранбена, предупредува главниот директор на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, во интервју за Le Figaro. Единствено вистинско решение, според него, е повторно отворање на Ормускиот теснец.Бирол додава дека ќе биде потребно време земјите од Заливот да го обноват производството и повторно да ја заземат клучната улога на глобалниот енергетски пазар. Тој истакнува дека оваа криза може да го забрза развојот на обновливи извори на енергија, нуклеарна енергија и пошироката употреба на електрични возила.„Овој конфликт блокира една од клучните артерии на светската економија. Не станува збор само за нафта и гас, туку и за ѓубрива, петрохемиски производи, хелиум и други критични суровини. Земјите во развој ќе бидат најпогодени поради високите цени и забрзаната инфлација“, вели Бирол.Земјите членки на Меѓународната агенција за енергија веќе почнаа постепено да ослободуваат стратешки резерви, особено во азиско-пацифичкиот регион, додека Европа и Северна Америка ќе следат во наредните недели.„Единствено вистинско решение е повторно отворање на Ормускиот теснец. Додека остане затворен, светската економија ќе се соочува со сериозни проблеми“, предупредува Бирол.Најпогодени се земјите кои зависат од увоз на енергенси, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Јапонија, Индонезија, Филипини, Виетнам, Пакистан и Бангладеш, како и африканските земји. Ситуацијата е особено тешка за земјите каде приходите од нафта и гас поддржуваат државни плати и пензии, како во Ирак, каде што економијата е близу до парализа.Бирол истакнува дека краткорочно е потребна рационална употреба на енергија, штедење и зголемување на ефикасноста, како и поддршка на растот на обновливите извори и диверзификација на увозот. Тој додава дека кризата ќе ја промени глобалната енергетска геополитика, ќе го забрза развојот на соларната и ветерната енергија, ќе ги продолжи работните векови на постојните нуклеарни електрани и ќе ја стимулира трансформацијата на автомобилската индустрија кон електрични возила.

Свет | пред 2 седмици

mkd-393567

Иран го вклучи Ирак меѓу „пријателските“ земји и му дозволи премин низ Ормускиот теснец

Ирачката државна компанија за трговија со нафта SOMO ги извести производителите на нафта дека сите товарни терминали функционираат без прекин и дека испораките на нафта може да се одвиваат непречено, откако Иран официјално го ослободи Ирак од ограничувањата за премин низ Ормускиот теснец.Според изјавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, Ирак е ставен на листата на „пријателски“ земји, заедно со Кина, Русија, Индија и Пакистан, чии бродови можат слободно да минуваат низ теснецот. На листата се додадени и неколку земји од Југоисточна Азија, меѓу кои Малезија, Тајланд и Филипини.По оваа одлука, SOMO побара од производителите во рок од 24 часа да достават распоред за товарење, со цел да се обезбеди континуитет и стабилност на извозот. Во документот се наведува дека сите терминали, вклучително и нафтениот терминал во Басра, се целосно оперативни.Иран ја презеде контролата врз Ормускиот теснец по американско-израелските напади, ограничувајќи го преминот за бродови поврзани со САД и Израел и нивните сојузници. Сепак, властите во Техеран нагласуваат дека теснецот не е целосно затворен, туку дека ограничувањата важат само за „непријателски“ пловила.Ирак, како втор најголем производител во ОПЕК, пред почетокот на конфликтот извезувал околу 3,4 милиони барели дневно, но производството неодамна падна на околу 800 илјади барели. Очекувањата се дека со нормализирањето на транспортот, извозот ќе закрепне.Во меѓувреме, низ теснецот веќе поминале неколку танкери, меѓу кои и малезиски брод со околу еден милион барели ирачка нафта, како и турски танкер. И покрај тоа, бројот на пловила е сè уште значително под вообичаеното ниво, а неизвесноста останува поради тековниот конфликт.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Затворањето на Ормускиот теснец ја крена цената на нафтата: рекордни премии за американската WTI

Затворањето на Ормускиот теснец предизвика силен потрес на светските пазари на нафта, а највидливиот сигнал е наглиот скок на премиите за американската сурова нафта WTI на спот-пазарот. Трговците јавуваат дека премиите за WTI достигнале рекордни нивоа – до 40 долари по барел над клучните регионални цени кои се земаат за репер – додека азиските и европските купувачи забрзано бараат алтернативни испораки.Според достапните информации, WTI Midland за испорака во јули во Северна Азија се нуди со премии од 30 до 40 долари по барел, зависно од тоа дали споредбата се прави со референтната цена „Дубаи“ или со ICE Brent. За испораки во август, на пазарот веќе се појавиле и понуди што одат до 40 долари премија над Brent, што е јасна потврда дека купувачите плаќаат значително повеќе за сигурна и навремена испорака.Премијата, во вакви услови, станува цена на сигурноста – дополнителен износ што се плаќа над основната или референтната цена кога суровината е потешко достапна. Со оглед на тоа што значаен дел од снабдувањето од Блискиот Исток е прекинато, конкуренцијата за барели од други извори се засили, а американската нафта излезе како еден од најбараните „планови Б“ за рафинериите и трговците.Паралелно со ова, пазарот доби уште еден необичен знак: фјучерсите на WTI минатата недела ги надминале фјучерсите на Brent. Вообичаено, WTI се продава со попуст во однос на Brent, делумно и поради различните транспортни и логистички трошоци, но актуелната криза ги нарушува „нормалните“ ценовни сигнали и ги пренасочува физичките текови на нафта.Аналитичарите очекуваат дека движењата на премиите и односот WTI–Brent ќе останат исклучително чувствителни на вестите за траењето на затворањето, на состојбата со резервите кај големите увозници и на можните замени во транспортните рути. Во меѓувреме, рафинериите и трговците влегуваат во фаза на скапо „обезбедување“ барели, што може да се прелее и во поширок пораст на трошоците за горива и енергенси, особено во региони што најдиректно зависат од увозот.

Свет | пред 2 седмици

nafta

ОПЕК+ симболично го зголемува производството на нафта

Земјите од ОПЕК+ постигнаа договор за зголемување на квотите за производство на нафта за 206.000 барели дневно од мај оваа година.ОПЕК+ предупреди дека штетата врз енергетските ресурси на Блискиот Исток ќе има долгорочно влијание врз залихите на нафта дури и по завршувањето на војната со Иран.Според информациите, зголемувањето ќе има мал непосреден ефект врз снабдувањето, но ќе сигнализира подготвеност за зголемување на производството штом Ормутскиот теснец биде повторно отворен за бродови.Во меѓувреме, цените повторно пораснаа, а суровата нафта „брент“ повторно се искачи над 110 долари до 7 часот наутро. Пазарот претходно покажа знаци на стабилизација, бидејќи САД, Иран и регионалните посредници разговараа за условите за потенцијална 45-дневна пауза што би можела да доведе до конечно завршување на војната.На 26 март, Трамп му даде на Иран рок од 10 дена за повторно отворање на Ормутскиот теснец. Рокот истекува вечерва.

Свет | пред 2 седмици

SeKXr-

Ирачки танкер помина низ Ормускиот теснец

Нафтен танкер со ирачка сурова нафта помина низ Ормускиот теснец покрај иранскиот брег, покажуваат податоците за следење на бродови. Танкерот Ocean Thunder превезувал околу еден милион барели нафта од типот Basrah Heavy, а товарот треба да се истовари во малезиското пристаниште Пенгеранг. Според податоците од платформата VesselFinder, бродот пловел по рута близу иранскиот брег, што се совпаѓа со претходните информации за контролираниот премин низ теснецот.Преминот на танкерот следува откако Иран објави дека Ирак има исклучок и може да го користи Ормускиот теснец и покрај ограничувањата воведени по почетокот на војната.Ормускиот теснец е клучна поморска рута низ која минува голем дел од светската трговија со нафта, а сообраќајот значително се намали во последните недели поради војната во регионот.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања