Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-library06n17o41rd039MbAVnX
unsplash

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари под 96 долари по барел, откако инвеститорите беа смирени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД.

На лондонскиот пазар барелот се тргуваше по цена пониска за 3,67 долари во однос на вчерашното затворање, односно 95,69 долари, додека на американскиот пазар цената изнесуваше 93,19 долари.

— реклама —

Претходно, пазарите беа вознемирени поради најавата за американска поморска блокада на Ормускиот теснец, што ги зголеми стравувањата од нарушување на снабдувањето.

Во меѓувреме, сигналите дека преговарачките тимови би можеле повторно да се состанат во Исламабад придонесоа за смирување на ситуацијата, иако тензиите во регионот сè уште остануваат високи.

— реклама —

Податоците покажуваат и дека дел од танкерите продолжиле да пловат низ Ормускиот теснец, што дополнително влијае на стабилизацијата на пазарот, додека ОПЕК објави и раст на цената на својата нафтена кошничка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Казахстанската нафта се пренасочува – што значи тоа за Германија?

Свет | пред 8 часа

— реклама —
benzinska-benzin-nafta-

Продолжена нафтената криза поради нестабилност на глобалниот пазар

Македонија | пред 6 дена

nafta-696x465-1

Пад на цената на нафтата по надежи за мировни разговори

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања