Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЦЕНИ

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата може нагло да пораснат

Цените на нафтата би можеле нагло да пораснат уште при следното отворање на берзите, откако Иран повторно го затвори или значително го ограничи сообраќајот низ Ормускиот теснец, предупредуваат аналитичарите.Според пазарните податоци, во петокот цената на нафтата падна за околу 10 отсто, откако Техеран најави дека ќе овозможи поминување на трговски бродови низ овој клучен поморски правец за извоз на нафта. Сепак, ситуацијата брзо се промени, бидејќи протокот повторно беше ограничен.Пазарниот стратег од консултантската компанија Primary Vision, Осама Ризви, оценува дека цените на нафтата наскоро повторно ќе се вратат на повисоки нивоа. Според него, пазарот реагира на нестабилноста и на неизвесноста околу снабдувањето.Иако Ормускиот теснец не е целосно затворен и Иран сè уште пропушта одреден број бродови, прометот е значително намален. Количините на нафта кои минуваат низ овој премин паднаа од околу 20 милиони барели дневно во 2025 година на само три до четири милиони барели дневно.Таквиот пад веќе предизвикува недостиг, особено на азиските пазари, што дополнително ги нарушува глобалните енергетски текови. Аналитичарите посочуваат дека токму овие недостизи и нестабилност имаат влијание и врз тековните преговори меѓу Иран и САД.

Свет | пред 3 дена

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Горивата поевтинуваат од следната недела

Цените на горивата од следната недела би требало да се намалат, според неофицијални информации објавени од HRT. Се очекува цената на еуросупер да се намали за еден цент, додека еуродизелот и плавиот дизел би поевтиниле за пет центи.Владата во понеделник треба да одржи седница на која официјално ќе бидат објавени новите, пониски цени на горивата.Премиерот Андреј Пленковиќ уште претходно најави дека ќе дојде до поевтинување, оценувајќи дека тоа е позитивен сигнал за економијата и инфлацијата. Тој посочи дека намалувањето на цените е поврзано со состојбата на светските берзи и можноста за отворање на Ормускиот теснец, што би влијаело на стабилизација и пад на цените на нафтата и нафтените деривати.

Свет | пред 4 дена

ZELENCUK-MARKET

Цените пораснале за 0,4%, најмногу кај зеленчукот и јајцата, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека направената анализа на цени во четири малопродажни ланци покажува минимално просечно зголемување од околу 0,4% кај 55 производи.„Анализиравме четири ланци на маркети и цени на 55 производи и врз основа на таа споредба која ја направивме дојдовме до заклучок дека зголемувањето на цените е отприлика 0,4%. Од оваа анализа имаме некакви индикатори за одредени производи коишто ги зголемиле своите цени за неколку проценти, односно за двоцифрен број проценти, да бидам по-прецизен, тоа значи над 10%.А кога станува збор за профитните маржи, можам да кажам дека тие се намалени споредено со 1 февруари на 1 април. Ако на 1 февруари просечните профитни маржи биле нешто над 15% според нашите калкулации, според дистрибутерите и ланците не е таа бројка, но според нашата бројка зборувам, сега се под 15%, мислам дека се некаде околу 14,7%, повторно ќе кажам според нашата математика. Така што во моментот размислуваме како да дојдеме до поевтини цени за граѓаните, за одредена група на производи каде што имаме двоцифрен број проценти зголемување. И наскоро ќе излеземе со таков став, инаку имаме и производи кои се поефтинети, ги споредувавме 4 маркети, но не би кажувал сега детално за цените во тие маркети, мислам на ЗУР, Кипер, КАМ и ВЕРО.Зголемување на цените има кај зеленчукот, најчесто тоа е забележано кај доматите, краставиците и јајцата“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари под 96 долари по барел, откако инвеститорите беа смирени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД.На лондонскиот пазар барелот се тргуваше по цена пониска за 3,67 долари во однос на вчерашното затворање, односно 95,69 долари, додека на американскиот пазар цената изнесуваше 93,19 долари.Претходно, пазарите беа вознемирени поради најавата за американска поморска блокада на Ормускиот теснец, што ги зголеми стравувањата од нарушување на снабдувањето.Во меѓувреме, сигналите дека преговарачките тимови би можеле повторно да се состанат во Исламабад придонесоа за смирување на ситуацијата, иако тензиите во регионот сè уште остануваат високи.Податоците покажуваат и дека дел од танкерите продолжиле да пловат низ Ормускиот теснец, што дополнително влијае на стабилизацијата на пазарот, додека ОПЕК објави и раст на цената на својата нафтена кошничка.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvguapqev9fdccvz15S9

Нови мерки за намалување на цените ќе има, но пред тоа следува разгледување на анализата што и колку е поскапено, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува нови мерки по растот на цените, предизвикан од војната на Блискиот Исток, но нагласи дека тие ќе следуваат по детална анализа.„Јас прво денеска очекувам да добијам извештај и да ги анализираме овие денови, и откако ќе го анализираме многу внимателно, тогаш сигурно ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме тие да бидат овој пат микротаргетирани“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека според владините пресметки, цените на горивата треба да бидат пониски од сегашните.„Бензините 95 и 98 треба да бидат за 1,5 денари пониски, односно да бидат околу 82 до 84 денари, а дизелот да биде околу 95,5 денари“, рече премиерот.Дополнително, најави дека се очекуваат и попусти од ОКТА, односно 2 денари по литар за бензин и 3 денари за дизел, што би значело најниски цени на горивата во регионот.Мицкоски истакна дека Владата веќе презела мерки за намалување на цените, потсетувајќи дека е намален ДДВ-то за одредени производи, и додаде дека ќе се реагира повторно доколку анализите покажат потреба.„Одговорот на вашето прашање е – да“, рече Мицкоски, потврдувајќи дека нови мерки се очекуваат.

Македонија | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел

Цените на нафтата на меѓународните пазари денес пораснаа и се приближија до 102 долари за барел, поради загриженоста на инвеститорите дека американската поморска блокада на Иран ќе го намали снабдувањето од регионот околу Персискиот Залив.На лондонскиот пазар, со нафта се тргуваше по цена повисока за 6,65 долари во однос на затворањето од минатата недела, при што пазарите беа потресени од најавите за американските мерки против иранската нафта.Американскиот претседател Доналд Трамп ја најави поморската блокада по неуспешните преговори во Исламабад, што дополнително ги зголеми стравувањата од ескалација на конфликтот и нарушување на глобалните енергетски текови.Во извештаите се наведува дека американските поморски сили би можеле да воспостават контрола во Оманскиот Залив и Арапското Море, со што би бил ограничен поморскиот сообраќај поврзан со Иран.Техеран ја оцени ваквата блокада како „пиратство“ и предупреди дека ќе одговори доколку неговите пристаништа бидат загрозени, што дополнително ги зголемува тензиите во регионот.Според податоците од пазарните анализи, испораките на иранска нафта продолжуваат, но инвеститорите стравуваат дека новите мерки би можеле значително да ја нарушат глобалната понуда.

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Глобалните цени може да скокнат до 20% поради енергетската криза

Глобалните цени би можеле да пораснат во просек за 15 до 20 проценти во првата половина од годината, доколку продолжи енергетската криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, предупредува нова анализа објавена во списанието „Макроекономски анализи и трендови“.Според извештајот, речиси е прекинат сообраќајот низ Ормускиот теснец, низ кој обично се транспортира околу 20 отсто од глобалната трговија со нафта и гас, што предизвикало силни флуктуации на светските берзи.Аналитичарите истакнуваат дека цените на енергенсите директно влијаат врз инфлацијата преку зголемување на трошоците за гориво, транспорт, електрична енергија и греење, што дополнително го намалува расположливиот доход на домаќинствата.Цената на нафтата од типот „Brent“ достигна 118 долари по барел кон крајот на март, по што падна на околу 94 долари по најави за привремено смирување на конфликтот, додека пред кризата се движеше околу 70 долари.Во извештајот се наведува дека тековните ценовни движења се под силно влијание на геополитичката неизвесност, нападите врз енергетската инфраструктура и очекувањата за идни случувања, што дополнително ја зголемува нестабилноста на пазарите.Во исто време, цената на гасот бележи делумно намалување во април по претходниот рекорден раст, но европските складишта се полни само околу 28 отсто, што ја зголемува загриженоста за стабилноста на снабдувањето.

Свет | пред 1 седмица

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цената на нафтата повторно расте поради сомневања во американско-иранското примирје

Цените на нафтата денес повторно ја надминаа границата од 97 долари по барел, поттикнати од сомнежите на инвеститорите во одржливоста на примирјето меѓу САД и Иран. Ситуацијата дополнително ја усложнува фактот што Ормускиот теснец останува во голема мера затворен, што ја зголемува неизвесноста на глобалните пазари, пренесува Euronews.Барелот нафта од типот Брент, кој служи како меѓународна референтна вредност, поскапе за 2,4 проценти и достигна 97,02 долари. Американската референтна нафта порасна за 3,3 проценти, на 97,50 долари по барел.Ова претставува нагол пресврт откако цените претходно неделава кратко паднаа под 92 долари по објавата за двонеделно примирје меѓу Вашингтон и Техеран. Сепак, продолжената блокада на Ормускиот теснец, низ кој поминува околу една петтина од светската нафта, ја засилува загриженоста дека договорот е нестабилен.Дополнителен притисок врз пазарите создаваат и новите напади на Израел врз Либан, што ги зголемува стравувањата од поширока ескалација во регионот.На азиските берзи преовладуваше негативно расположение, при што водечките индекси забележаа пад. Наспроти тоа, на Волстрит претходно беше забележан силен раст по веста за примирје.Во меѓувреме, најавени се мировни преговори кои би можеле да започнат веќе во петок во Пакистан, но останува неизвесно дали примирјето ќе се одржи до нивното започнување.

Свет | пред 1 седмица

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Високи и нестабилни цени на природниот гас во светот

Цените на природниот гас во светот се високи и нестабилни, особено на европскиот и азиско-пацифичкиот пазар.Според последните податоци за април 2026 година, цената на течниот природен гас во Азија изнесува околу 18,45 долари за милион британски термални единици, додека во Европа е околу 17,92 долари за милион британски термални единици.Американскиот индекс Хенри Хаб е значително понизок, со цена околу 3,24 долари за милион британски термални единици.Разликите се резултат на увозните трошоци, транспортот и регионалните капацитети, а аналитичарите предупредуваат на можност за краткорочни колебања поради глобалните пазарни и геополитички фактори.

Свет | пред 2 седмици

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата повторно растат по заканите на Трамп

Цените на нафтата денеска повторно се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека целата цивилизација на Иран може да исчезне ако до вечерва, до рокот од 20 часот, не се отвори повторно Ормускиот теснец. Нафтата Брент достигна околу 110 долари по барел, додека американската сурова нафта WTI (Вест Тексас Интермедијат) се движеше околу 116 долари по барел, пренесе „Трејдинг економикс“.Зголемувањето на цените следува по ноќните американски удари на воени цели на островот Харг, кој е главно иранско јазло за извоз на нафта. Иако официјални лица изјавија дека енергетската инфраструктура не била директно цел, воената акција го зголеми стравот од пореметување на глобалната понуда.Меѓутоа, извештаите укажуваат дека Иран го прекинал преговарачкиот процес со Соединетите Американски Држави. Додека поморскиот сообраќај преку Ормускиот теснец благо се зголеми на осум бродови во понеделник, тековниот проток изнесува само дел од 20 милиони барели дневно кои транзитирале во 2025 година.Пазарите сега веќе пресметуваат поголема веројатност за целосна промена на режимот на снабдување, што создава сериозни ризици на глобалните енергетски пазари.

Свет | пред 2 седмици

market

Нов бран поскапувања: Житарките, маслата и шеќерот во раст

Светските цени на храната во март пораснале втор месец по ред, достигнувајќи највисоко ниво од септември 2025 година, а поскапувања се забележани во сите категории, соопшти денеска Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации.FAO индексот на цените на храната (FFPI), кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, пораснал на 128,5 поени, што е за 2,4 отсто повеќе отколку во февруари.Индексот на цените на житарките пораснал за 1,5 отсто во однос на февруари, на 110,4 поени, бидејќи пченицата поскапела за 4,3 отсто, а пораснале и цените на пченката, јачменот и сиркот, додека цените на оризот паднале за три отсто поради послаба побарувачка и поголеми залихи.Покрај тоа, вредноста на индексот на растителни масла пораснала за 5,1 отсто и достигнала 183,1 поен, што е највисоко ниво од средината на 2022 година, а поскапување е забележано кај палминото, соиното, сончогледовото масло, како и маслото од репка.Цените на месото пораснале за еден отсто на 127,7 поени, пред сè поради значителниот раст на цените на свинското месо во Европската унија поради сезонската побарувачка, а поскапело и говедското месо, особено од Бразил, додека цените на живинското и овчото месо забележале пад.Вредноста на индексот на млечни производи пораснала за 1,2 отсто на 120,9 поени, што е прв раст од јули 2025 година.Поскапувања се забележани кај млекото во прав и путерот, додека цените на сирењето продолжиле да паѓаат, особено во Европа, поради зголемено производство и послаба извозна побарувачка.Најголем скок е забележан кај шеќерот, чии цени пораснале за 7,2 отсто на 92,4 поени и достигнале највисоко ниво од ноември 2025 година.Растот е поврзан со повисоките цени на нафтата и очекувањата дека Бразил ќе пренасочи повеќе шеќерна трска кон производство на етанол.Вредноста на FFPI е повисока за еден отсто во однос на март 2025 година, но пониска за 19,8 отсто во однос на рекордните вредности забележани во март 2022 година, се додава во извештајот објавен на веб-страницата на FAO.

Свет | пред 2 седмици

media-library09o1eklg7bkm3q1oVO8

Нагло пораснаа светските цени на шеќерот и растителните масла

Глобалните цени на храната повторно пораснаа во март, а најголем раст е забележан кај шеќерот и растителните масла, покажуваат најновите податоци на Организацијата на ОН за храна и земјоделство (FAO).Според FAO, индексот на светските цени на храната достигнал 128,5 поени, што претставува раст од 2,4 проценти во однос на февруари и втор последователен месец на зголемување.Најмногу поскапел шеќерот – за 7,2 проценти, бидејќи се очекува Бразил, најголемиот извозник во светот, да насочи поголем дел од шеќерната трска кон производство на етанол, поради растот на цените на нафтата.Цените на растителните масла исто така нагло пораснале – за околу 5,1 процент, поради зголемената побарувачка за биогорива и поскапувањето на енергенсите. Посебно поскапеле палминото, сончогледовото и репичиното масло.Покрај тоа, умерен раст е забележан и кај житарките, месото и млечните производи, додека растот на цените делумно бил ублажен од стабилната понуда на некои земјоделски производи на светските пазари.Експертите предупредуваат дека растот на цените е поврзан со геополитичките тензии на Блискиот Исток и поскапувањето на енергенсите и ѓубривата, што може дополнително да го зголеми притисокот врз глобалните пазари на храна.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Нафтената криза ги погоди летовите: Авиоиндустријата повторно во сериозни проблеми

Затворањето на Ормускиот теснец поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран предизвика сериозен потрес на глобалниот пазар на нафта, што директно ја погоди авиоиндустријата и доведе до драматичен раст на цените на горивото и авионските билети.Цената на авионското гориво во февруари изнесувала околу 96 долари по барел, а до 20 март се искачила на 197 долари, што е повеќе од двојно зголемување за само еден месец. Овој скок веднаш се одразил врз трошоците на авиокомпаниите – полнењето на авион како „Боинг 737-800“ поскапело од околу 17.000 на над 27.000 долари за краток период.Според Business Insider, дваесетте најголеми авиокомпании изгубиле околу 53 милијарди долари пазарна вредност од почетокот на конфликтот, иако пред тоа индустријата очекувала рекордни профити од 41 милијарда долари оваа година. Извршниот директор на United Airlines, Скот Кирби, веќе најави укинување на околу пет проценти од планираните летови.Аналитичарите предупредуваат дека авиокомпаниите се соочуваат со сериозен парадокс – повисоките цени на билетите ја намалуваат побарувачката, токму во момент кога им е најпотребна за да ги покријат зголемените трошоци. Експертот Ригас Доганис оценува дека станува збор за „егзистенцијален предизвик“, додека Deutsche Bank предупредува дека без брзо олеснување, можно е приземјување на илјадници авиони и прекин на работата кај послабите превозници.Покрај високите цени, проблем претставува и недостигот на гориво. Извршниот директор на TotalEnergies, Патрик Пујане, предупреди дека кризата веќе се шири од Азија кон Европа и може да има сериозни последици за потрошувачите.За европските патници, летувањето оваа година станува сè понеизвесно. Директорот на EasyJet, Кентон Џарвис, изјави дека компанијата може да гарантира летови само за неколку недели однапред.Податоците на Official Airline Guide покажуваат дека цените на билетите во првите два месеци од 2026 година веќе се зголемени за 24 проценти, а на популарните туристички линии се очекува дополнителен раст од 10 до 20 проценти.Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека земјите кои не се приклучуваат кон политиката на Вашингтон кон Иран „нема да можат да добијат авионско гориво“, што дополнително ја зголемува неизвесноста на пазарот.Во меѓувреме, Европската комисија разгледува мерки за справување со енергетската криза, вклучително и ограничување на цените и намалување на даноците, додека енергетскиот комесар Дан Јоргенсен предложи граѓаните да патуваат помалку за да се заштеди гориво.Авиоиндустријата и претходно се соочувала со кризи, но оваа, според експертите, се издвојува по својата сложеност – нарушени рути, недостиг на гориво и огромни финансиски загуби. За патниците, пораката е јасна: билетите ќе бидат поскапи, летовите поретки, а неизвесноста ќе продолжи.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryak65dshvd2eq8YGYCaM

Цената на нафтата скокна по пораката на Трамп кон Европа

Цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, откако изјавите од Вашингтон ја зголемија неизвесноста околу снабдувањето со енергенси, особено преку Ормутскиот теснец.На лондонскиот пазар барел нафта се тргуваше по цена од 119,10 долари, што е зголемување од 6,32 долари во однос на претходното затворање, додека на американскиот пазар цената порасна за 1,93 долари и достигна 104,81 долари. Разликата во растот на цените се поврзува со пораките од САД и ризиците за транспортот на нафта преку Персискиот Залив.Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на европските земји дека треба сами да обезбедат снабдување со енергенси, вклучително и преку директно дејствување во Ормутскиот теснец.„САД повеќе нема да ви помагаат, како што ни вие не ни помогнавте нам“, напиша Трамп.Пораките од Вашингтон доаѓаат во услови кога Иран воспостави контрола врз Ормутскиот теснец, ограничувајќи го транзитот за бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници, додека останатите земји мораат да координираат со иранската морнарица.Во меѓувреме, дел од европските земји воведоа ограничувања за американската воена логистика. Шпанија забрани прелети на американски воени авиони, а слични потези повлекоа и Франција и Италија. И Обединетото Кралство беше мета на критики од Трамп поради, како што наведе, недоволна поддршка.Европската комисија ги предупреди земјите членки да се подготват за долготрајни нарушувања во снабдувањето, особено со авионско гориво и дизел, што дополнително влијаеше врз растот на цените на нафтата и дериватите.Паралелно, Европската Унија воведе санкции за увоз на руска нафта, со исклучок за одредени земји членки.Иран, пак, најавува дополнително заострување на контролата врз Ормутскиот теснец. Според информации од иранските власти, парламентот усвоил предлог за воведување безбедносни и финансиски правила за пловидба, вклучително и наплата на надоместоци во иранска валута.„Транзитот ќе биде забранет за бродови поврзани со САД и Израел, а за земјите кои воведоа санкции се предвидуваат ограничувања“, изјави Мојтаба Зареи.Аналитичарите предупредуваат дека ваквите мерки ќе го задржат таканаречениот „ризичен додаток“ во цената на нафтата, бидејќи секое ограничување на пловидбата низ теснецот директно влијае врз глобалното снабдување и трошоците за транспорт.Дополнителни пресметки на Организација на земји извознички на нафта покажуваат дека цената на нафтената кошничка на земјите членки изнесувала 117,12 долари по барел, што укажува на континуиран притисок врз пазарите.

Свет | пред 3 седмици

mkd-393567

Цените на нафтата пораснаа над 111 долари

Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари над 111 долари за барел, под влијание на сомнежите кај инвеститорите дека САД и Иран би можеле наскоро да го решат конфликтот преку преговори.На лондонскиот пазар, попладне барелот се тргуваше по цена повисока за 3,46 долари во споредба со вчерашното затворање, достигнувајќи 111,47 долари, додека на американскиот пазар цената беше повисока за 4,08 долари, на 98,56 долари. Пазарите го игнорираа повтореното одлагање на рокот за отворање на Ормускиот теснец од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп во четврток повторно го одложи рокот што го постави за Иран за отворање на теснецот, овојпат за 10 дена. Ако теснецот не биде отворен, САД од 6 април би ја нападнале иранската енергетска инфраструктура. Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц истакна дека нападите врз Иран нема да запрат.Иран, по американско-израелскиот напад крајот на февруари, ја презеде контролата над Ормускиот теснец, забранувајќи транзит на бродови поврзани со Израел, САД и нивните сојузници. Техеран инсистира дека теснецот не е затворен и дека транзитот е дозволен за бродови од „пријателски земји“ во координација со иранската морнарица.Израел и САД повторно ноќта нападнаа цели во Иран, а иранската армија возврати со лансирање проектили и дронови врз Израел и американски бази во земјите покрај Персискиот Залив.Аналитичарите предупредуваат дека геополитичкиот ризик нема значително да се намали, бидејќи блокадата на Ормускиот теснец веќе го исфрли од пазарот околу осум милиони барели нафта дневно, а во опасност е и многу поголема количина, истакнуваат Ева Мантеј и Ворен Патерсон од ING.Русија, пак, попладне сигнализираше дека може да забрани извоз на бензин од 1 април за сите учесници на пазарот, како што изјавија извори за агенцијата Интерфакс. Министерот за енергетика Александар Новак истакна дека владата треба брзо да преземе мерки за да се спречи поскапување на горивата и да се обезбеди стабилност на домашниот пазар во услови на светска енергетска криза.Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот од нејзината кошничка нафтени производи во четврток се зголемила за 5,20 долари, достигнувајќи 122,16 долари.

Свет | пред 3 седмици

nafta

Цените на нафтата се во пад

Цените на нафтата на меѓународните пазари за момент паднаа под 99 долари по барел, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи нападот врз иранската електроенергетска инфраструктура, отстранувајќи ја заканата од ирански одговор во земјите покрај Ормускиот теснец.На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше поевтина за 13,47 долари во споредба со затворањето минатата недела, достигнувајќи 98,72 долари, додека на американскиот пазар падна за 11,31 долар и изнесуваше 86,92 долари.Инвеститорите со внимание го следеа рокот што Трамп му го постави на Иран за отворање на Ормускиот теснец. Претседателот порача дека Техеран мора целосно да го отвори теснецот во рок од 48 часа, заканувајќи се со напад на ирански електрани. Иран претходно најави дека ќе одговори со напади на енергетската инфраструктура во земјите покрај Ормускиот теснец.Неколку часа пред истекот на рокот, Трамп објави дека го одложува рокот за пет дена, нагласувајќи „плодни разговори“ со Техеран. „Давам упатства до Министерството за одбрана сите воени удари на ирански електрани и енергетска инфраструктура да се одложат за пет дена, зависно од успехот на актуелните средби“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.Иран ги негираше разговорите со Вашингтон, а министерот за надворешни работи Абас Аракчи ги обвини САД за нарушувањата во сообраќајот, според извештајот на иранската новинска агенција Mehr.По американско-израелскиот напад кон крајот на февруари, Иран ја презеде контролата над теснецот, забрани транзит на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници, а иранската армија возврати со лансирање проектили кон Израел и американските бази во регионот. Осигурителите повлекоа покривање за бродовите, а танкерите заглавија во Персискиот Залив и јужно од Ормускиот теснец.Преку Ормускиот теснец поминува петтина од светската нафта, а земјите членки на Меѓународната агенција за енергија (IEA) пласираа 400 милиони барели од резервите за да ја обезбедат испораката и да го сопрат растот на цените. Шефот на IEA, Фатих Бирол, најави дека може да ослободат дополнителни резерви, но предупреди дека единствено решение за енергетската криза е отворањето на теснецот.Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот од кошницата на нејзините членки во петок беше поевтин за 3,19 долари и изнесуваше 142,86 долари.

Свет | пред 4 седмици

germanija-zname

Цените на горивата во Германија значително пораснаа – се разгледува воведување специјален данок

Германската министерка за економија, Катарина Рише, повика на внимателност при воведувањето нови мерки за помош поради растот на цените на горивата, поттикнат од војната што ја водат САД и Израел против Иран. Цените на бензинските станици нагло пораснале бидејќи глобалните залихи се под притисок поради иранската контрола на Ормускиот теснец, нападите врз иранската нафтена инфраструктура и иранските контранапади во Заливот, пишува DW.Од крајот на февруари, непосредно пред почетокот на војната во Иран, цените на горивата во Германија бележат нагло зголемување. Според податоците на Општата германска автомобилска асоцијација (ADAC), дизелот поскапел за 42 евроценти по литар, а бензинот E10 за околу 27 центи. Сепак, темпото на поскапување неодамна се забавило. Во средата, просечната национална цена за литар безоловен бензин E10 изнесувала 2,044 евра, а литар дизел 2,167 евра. Цените на нафтата повторно скокнале во четвртокот откако Катар пријавил големи оштетувања на постројка за втечен природен гас предизвикани од иранските напади.Во обраќањето пред Бундестагот, министерката Рише истакнала дека Германија „20 дена по почетокот на војната“ не треба „активизам“, нагласувајќи дека владата постапува внимателно. Се разгледуваат повици за ограничување на цените на горивата, попусти или воведување данок на неочекувана добивка, но сите опции мора внимателно да се оценат со оглед на трошоците и придобивките.Владината коалиција веќе вовела пакет мерки кој обврзува бензинските станици да ги покачуваат цените само еднаш дневно, напладне, додека пониските цени се дозволени во било кое време. Пакетот вклучува и построги правила за заштита на пазарната конкуренција. Бундестагот се подготвува да го усвои пакетот по итна постапка, а гласањето е планирано за следната недела, со можност дискусијата во Горниот дом, Бундесратот, да се одржи веќе следниот петок. Сепак, останува нејасно дали мерката навистина ќе ја ублажи цената на горивата.Потпретседателот на клубот на социјалдемократски пратеници (SPD), Арманд Зорн, изјавил дека владата ќе се „прилагоди“ ако кризата продолжи. Тој додал дека се разгледува воведување данок на неочекувана добивка, бидејќи профитирањето во време на војна е „непристојно“. Извор од Министерството за финансии потврдил дека министерот Ларс Клингбаил размислува за воведување специјален данок „за одземање на прекумерната кризна добивка“.Пратеникот на конзервативните христијански демократи (CDU), Сеп Мулер, исто така најавил дополнителни акции доколку ситуацијата не се смири, обвинувајќи ги нафтените компании за покачување на цените. Опозициските партии ја критикувале владата дека не презема доволно активности.Претседателката на Страната на левицата, Инес Швертнер, изјавила дека граѓаните се оставени на цедило. Зелените, со поддршка на SPD и Левицата, се залагаат за воведување данок на неочекувана добивка, а Левицата дополнително бара и поефтин јавен превоз.

Свет | пред 1 месец

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп: Очекував поголем скок на цените на нафтата, економскиот удар е помал од предвиденото

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека очекувал значително поголем раст на цените на нафтата по американските напади врз Иран, оценувајќи дека економското влијание засега е помало од предвиденото, пренесува Си-Ен-Ен.Говорејќи во Овалната соба за време на средба со јапонската премиерка Санае Такаичи, Трамп посочи дека очекувал посилен ценовен шок и поголемо негативно влијание врз економијата.„Мислев дека ќе биде полошо, многу полошо. Но не е лошо и наскоро сè ќе заврши“, изјави Трамп.На прашањето дали ќе ги укине санкциите за иранската нафта, тој рече дека ќе направи „сè што е потребно“ за да помогне во стабилизирање на цените.Изјавите доаѓаат во момент кога глобалните енергетски пазари реагираат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Цената на нафтата „Брент“ во четвртокот порасна на околу 115 долари за барел, откако израелските напади предизвикаа ирански одговор насочен кон клучна енергетска инфраструктура.

Свет | пред 1 месец

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Пад на цените на нафтата и гасот, но тие и натаму се над нивото пред војната

Цените на нафтата и природниот гас денеска бележат значителен пад на светските пазари, но и покрај тоа остануваат значително повисоки во споредба со нивото пред почетокот на воениот конфликт на Блискиот Исток.Падот на цените следува по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во понеделникот изјави дека војната со Иран е „речиси завршена“, што кај инвеститорите создаде надеж дека конфликтот нема да прерасне во долготрајна криза.Цената на нафтата од типот „брент“ во моментов се движи околу 88 долари за барел, значително под нивото од околу 119 долари за барел што беше достигнато во понеделникот.Сепак, и покрај падот во последните 24 часа, нафтата и натаму е значително поскапа отколку пред почетокот на војната, кога цената се движеше околу 72 долари за барел.Сличен тренд е забележан и кај природниот гас. На британскиот пазар цената за испорака во следниот месец се намали на околу 126 пенси по термална единица, што е значителен пад во однос на вчерашниот врв од 171 пенс.Пониските цени на енергенсите позитивно се одразија и на берзите. Лондонскиот индекс ФТСЕ 100 порасна за 1,8 проценти, додека американските берзански индекси, по слаб почеток на тргувањето, исто така забележаа раст, при што индексот Си-Ен-Пи 500 е повисок за околу 0,4 проценти.И покрај привременото смирување на пазарите, неизвесноста и понатаму останува висока. Првичниот раст на цените на енергенсите беше предизвикан од стравувањата дека конфликтот може да предизвика долготрајни прекини во снабдувањето со енергија преку Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која вообичаено поминува околу една петтина од светските испораки на нафта.Откако започна војната пред повеќе од една недела, поморскиот сообраќај низ теснецот речиси целосно е запрен. Во вторникот и извршниот директор на саудиската компанија „Арамко“, најголемиот извозник на нафта во светот, предупреди дека би можеле да настанат „катастрофални последици“ доколку оваа поморска рута остане блокирана.

Свет | пред 1 месец

gasovod

Енергетската криза продолжува: природниот гас и натаму значително поскап

Цените на природниот гас и натаму остануваат значително зголемени откако започна воениот конфликт на Блискиот Исток, и покрај тоа што по врвот достигнат во понеделникот се забележува благ пад.На британскиот пазар цената на гасот се намали од највисокото ниво достигнато на почетокот на неделата, но и натаму се движи малку над 120 пенси по термална единица.Пред почетокот на конфликтот, цените на природниот гас на истиот пазар се движеа во опсег од 70 до 90 пенси по термална единица.Аналитичарите оценуваат дека зголемувањето на цените е директно поврзано со геополитичката нестабилност и стравувањата за прекин на снабдувањето со енергенси, особено поради ризиците околу Ормускиот теснец и пошироката енергетска инфраструктура на Блискиот Исток.Иако дел од пазарите се стабилизираа во последните часови, неизвесноста околу развојот на конфликтот и натаму создава притисок врз енергетските пазари.

Свет | пред 1 месец

media-library8rof3atjtn8neZmpcCS

Пазарите се смируваат: Нафтата падна под 90 долари по барел, берзите се стабилизираат

Цените на нафтата, кои за време на викендот достигнаа врв на светските пазари, во последните часови бележат значителен пад, додека финансиските пазари се стабилизираат по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран би можела наскоро да заврши.Во телефонско интервју за телевизијата Си-Би-Ес њуз, Трамп изјави дека конфликтот е „практично завршен“ и дека воената операција напредува многу побрзо од првичниот план, кој предвидувал траење од четири до пет недели.„Мислам дека војната е речиси завршена“, изјави американскиот претседател, додавајќи дека иранската воена инфраструктура е сериозно ослабена. „Немаат морнарица, немаат комуникации, немаат ни воздухопловни сили“, рече Трамп.Паралелно со овие изјави, нафтените пазари забележаа значителни поместувања. Откако за време на викендот цената на нафтата накратко надмина 118 долари за барел, во последните часови таа падна за повеќе од 10 долари и се спушти под границата од 90 долари.Падот доаѓа во момент кога најголемите светски економии размислуваат за координирани мерки за обезбедување итни енергетски резерви, а изјавите на Трамп дополнително ги поттикнаа очекувањата дека конфликтот би можел да се приближува кон крај.По неговите изјави, американските берзи ги надоместија претходните загуби. Индексот Си-Ен-Пи 500 порасна за околу еден процент, додека цените на нафтата и приносите на американските државни обврзници се намалија.Сепак, и покрај смирувањето на финансиските пазари, ситуацијата околу Ормускиот теснец останува неизвесна. Овој стратешки морски премин, низ кој поминува значителен дел од глобалната трговија со нафта, и натаму е речиси затворен, а сè уште нема договор како ќе се обезбеди безбеден премин на бродовите.Трамп изјави дека поморскиот сообраќај низ теснецот постепено се зголемува и дека неговата администрација размислува за можноста да преземе контрола над тој поморски пат, без да прецизира какви конкретни мерки би можеле да бидат преземени.Во меѓувреме, американскиот претседател разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Иран и за војната во Украина, пренесе руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на советникот на Путин, Јуриј Ушаков.Конфликтот доаѓа во период кога Трамп се соочува со силни политички притисоци во САД поради инфлацијата во пресрет на изборите на средина од мандатот. Војната дополнително ги зголеми цените на горивата во земјата.Трамп претходно изјави дека цена на нафта од 100 долари за барел е „мала цена што треба да се плати“, додавајќи дека трошоците ќе се намалат кога, како што рече, ќе заврши уништувањето на иранската нуклеарна закана.Поради речиси целосното затворање на Ормускиот теснец, Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, беше принудена да го намали производството, а слични потези презедоа и Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак.Министрите за финансии на земјите од групата Г7 во меѓувреме порачаа дека се подготвени да преземат сите неопходни мерки за стабилизација на глобалното снабдување со енергија, вклучително и можно пуштање на стратешките резерви на нафта, иако конечна одлука за тоа сè уште не е донесена.

Свет | пред 1 месец

873x400-1-16

Нафтата „експлодира“ поради војната на Блискиот Исток: најсилен неделен раст од 1983, се споменува и сценарио од 150 долари

Цените на нафтата забележаа драматичен пресврт, откако ескалацијата на војната на Блискиот Исток ги засили стравувањата од долготраен конфликт и тешки пореметувања во глобалната испорака на горива. Според објавените податоци, американската лесна нафта WTI оствари најголем неделен раст откако во 1983 година започна тргувањето со фјучерси.Во петокот, фјучерсите за WTI пораснаа за 12,21% (9,89 долари) и затворија на 90,90 долари за барел. Брент, глобалниот репер, се зголеми за 8,52% (7,28 долари) и се стабилизираше на 92,69 долари за барел. На неделно ниво, WTI скокна за 35,63%, додека Брент порасна за околу 28%.Притисокот врз пазарот се засили и по политичките пораки од Вашингтон. Во текстот се наведува дека по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, со која побара „безусловнo предавање“ од Иран, дополнително се зголемиле стравувањата дека конфликтот би можел да предизвика хаос на светските пазари на нафта и гас.Клучна точка на загриженост е Ормускиот Теснец, витална поморска рута за енергетските испораки. Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Кааби предупреди дека цената на суровата нафта може да достигне 150 долари за барел во наредните недели доколку нафтените танкери не можат да минуваат низ теснецот.„Такво сценарио би можело да ги урне светските економии“, предупреди ал-Кааби.Покрај стравувањата, пазарот реагира и на конкретни оперативни проблеми. Според наведени изјави, Ирак прекинал производство од 1,5 милиони барели дневно, а Кувајт почнал да го намалува производството поради недостиг од складишен простор. Во меѓувреме, и покрај најавениот програм за танкери во Персискиот Залив, неизвесноста не се намали значително.Порастот на суровата нафта веќе се прелева и кон потрошувачите. Во САД, просечната цена на галон обичен бензин се зголемила за речиси 27 центи во седмицата до четврток, достигнувајќи 3,25 долари.Аналитичарите предупредуваат дека ако блокадите и прекините продолжат, ценовниот притисок може да стане уште посилен, со ризик од нов удар врз инфлацијата и трошоците за транспорт и индустрија ширум светот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryafoptkjj5er13JfmFms

Владата најавува засилена борба против сивата економија и мониторинг на цените

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека борбата против неформалната економија е прашање на праведност, доверба во системот и еднакви правила за сите, оценувајќи дека станува збор за процес кој мора да биде системски, а не само инспекциски.Говорејќи на конференција посветена на формализирањето на економијата, тој истакна дека сивата економија претставува изгубен приход за државата, но и изгубена можност за повисоки плати, подобро здравство, поквалитетно образование и посигурни пензии. Според него, неформалните текови создаваат нелојална конкуренција и ја рушат довербата во институциите, додека чесните даночни обврзници се ставаат во нерамноправна положба.„Нашата цел е формалната економија да стане попривлечна од неформалната. Да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално“, нагласи Мицкоски.Тој упати благодарност до министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриевска за, како што рече, дисциплинираното управување со јавните финансии во услови на глобални економски притисоци и растечки трошоци. Премиерот ја истакна и улогата на Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Финансиската полиција во засилените активности за сузбивање на даночните измами и финансискиот криминал.Во рамки на стратегијата за намалување на неформалната економија, Владата најавува дигитализација на процесите преку електронско фактурирање и поврзување на базите на податоци, намалување на административните бариери за регистрација на бизнис, стимулативни мерки за формално вработување и поддршка на микро и мали претпријатија, како и зголемена транспарентност и размена на податоци меѓу институциите.Паралелно со ова, премиерот се осврна и на цените во маркетите, оценувајќи дека глобалните движења и енергетските шокови не смеат да бидат алиби за неоправдани маржи и прекумерни профити.Владата најавува засилен мониторинг на цените на основните прехранбени производи, анализа на трговските маржи, координација со надлежните институции за спречување на евентуални злоупотреби и дијалог со трговците и производителите за стабилизирање на пазарот.„Немаме право да дозволиме нечесноста да биде попрофитабилна од чесноста. Немаме право граѓаните да плаќаат повеќе поради нечии шпекулативни практики“, истакна Мицкоски, додавајќи дека формализирањето на економијата е дел од европскиот пат и модернизацијата на државата.Тој нагласи дека борбата против сивата економија е долгорочен процес, а контролата на цените, според него, претставува заштита на граѓаните, а не популизам. Владата, како што рече, ќе остане цврста кон оние што избегнуваат обврски и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризи, со цел воспоставување економија со ред и пазар со јасни правила.

Македонија | пред 2 месеци

nafta-696x465-1

Цената на нафтата се искачи над 68 долари

Ценaте на нафтата на меѓународните пазари се искачи над 68 долари, одразувајќи ја загриженоста на инвеститорите пред новиот круг американско-ирански нуклеарни преговори што започнува во вторник во Женева. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по 68,41 долари, што е за 66 центи повеќе во однос на цената на затворање минатата недела, додека на американскиот пазар цената се зголеми за 65 центи и достигна 63,54 долари.Преговорите во Женева се фокусирани на иранскиот нуклеарен програм, при што Техеран најавува подготвеност за компромис доколку САД ги укинат санкциите. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ќе се сретне со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, со посредство на Оман. Замениот директор за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи, Хамид Ганбари, истакна дека договорот би требало да донесе економски бенефит за двете страни, вклучувајќи заеднички интереси во гасните и нафтените полиња, инвестиции во рударството и набавка на авиони.Иранската морнарица одржа во понеделник воена вежба во Теснецот Ормус, преку кој поминуваат околу 20 милиони барели нафта дневно, со цел да ја провери подготвеноста за „можни безбедносни и воени закани“, објави новинската агенција Тасним.САД веќе испратија уште еден носач на авиони, USS Ford, кој би требало да пристигне на Блискиот Исток најрано кон крајот на неделата. Индија, од почетокот на месецот, заплени три танкери поврзани со Иран и го зајакна надзорот во поморската зона за да ја спречи незаконската трговија. Целта е да се спречи пренесување на нафта од брод на брод за прикривање на нејзиното потекло.Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот на нафта од кошницата на нејзините членки во петокот беше поевтин за 1,44 долари и чинеше 66,62 долари.

Свет | пред 2 месеци

272449545_1112693226155907_5380449899506032670_n

Угостителите за една година ги покачиле цените за 3,4%, алкохолот поскап за 9,1%

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2% во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3,4%, објави Државниот завод за статистика.Според овие податоци во во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, угостителите ги зголемиле цените на храната за 0,3 %, а на алкохолните пијалаци за 0,2 %. Цената на безалкохолните пијалаци и ноќевањата останале исти како и во декември лани.На годишна основа (јануари 2026 – јануари 2025 година) цените на угостителските услуги најмногу поскапеле кај алкохолните пијалаци  за 9,1%, потоа кај  храната пораснале за 7,8%, и кај безалкохолните пијалаци за 5,3%.За една година угостителите ги намалиле цените на ноќевањата за 12,3%.Во 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 %.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања