Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нови мерки за намалување на цените ќе има, но пред тоа следува разгледување на анализата што и колку е поскапено, рече Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryvguapqev9fdccvz15S9

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува нови мерки по растот на цените, предизвикан од војната на Блискиот Исток, но нагласи дека тие ќе следуваат по детална анализа.

„Јас прво денеска очекувам да добијам извештај и да ги анализираме овие денови, и откако ќе го анализираме многу внимателно, тогаш сигурно ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме тие да бидат овој пат микротаргетирани“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека според владините пресметки, цените на горивата треба да бидат пониски од сегашните.

„Бензините 95 и 98 треба да бидат за 1,5 денари пониски, односно да бидат околу 82 до 84 денари, а дизелот да биде околу 95,5 денари“, рече премиерот.

— реклама —

Дополнително, најави дека се очекуваат и попусти од ОКТА, односно 2 денари по литар за бензин и 3 денари за дизел, што би значело најниски цени на горивата во регионот.

Мицкоски истакна дека Владата веќе презела мерки за намалување на цените, потсетувајќи дека е намален ДДВ-то за одредени производи, и додаде дека ќе се реагира повторно доколку анализите покажат потреба.

„Одговорот на вашето прашање е – да“, рече Мицкоски, потврдувајќи дека нови мерки се очекуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања