Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВЛАДА

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски од Виена упати повик до македонската дијаспора да размисли за враќање во земјата, инвестирање и активно вклучување во нејзиниот развој.На средбата со иселениците, како што соопшти, се разговарало за предизвиците, но и за можностите што ги има државата, при што бил потенциран значајот на дијаспората како „нераскинлив дел од Македонија“.Мицкоски ја истакна и потребата од продлабочување на односите со Австрија, нагласувајќи дека блискоста меѓу двете земји треба да се преточи во поголема економска соработка и нови инвестиции.„Како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри ваквите чекори“, порача Мицкоски.Тој оцени дека ваквите средби се важни за градење доверба и заедништво, додавајќи дека економскиот развој и подобриот живот за граѓаните може да се постигнат со заеднички ангажман на државата, дијаспората и меѓународните партнери.

Македонија | пред 20 часа

media-librarynk0ojngs8lnf6UXKozz

Мицкоски тврди дека градоначалникот на СДСМ е против референдум за рудникот Луке, а СДСМ бара да се спроведе

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека барањето на СДСМ за одржување референдум за рудникот со антимон во кривопаланечкото село Луке е легитимно и уставно загарантирано право, но посочи дека постојат различни ставови и во самата опозициска партија.„Правото да побара секој референдум е уставно загарантирано и ние не можеме да спориме, она што мене ме зачудува е фактот дека градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски од СДСМ има спротивно мислење од овој став на раководството на СДСМ. Јас и денес комуницирав со него, неговиот став е сосема спротивен“, рече Мицкоски.Тој нагласи дека проектот е дел од стратешко партнерство со САД и дека ќе ги исполни сите неопходни стандарди.„Овој проект е дел од стратешкото партнерство со САД, финансиран делумно од САД, мора да ги исполнува условите и за тоа лично гарантирам, а гарантираат и инвеститорите. Градоначалникот мисли дека овој проект е стратешки за државата и локалното население, посебно имајќи го предвид економскиот бенефит за тој крај кој е типично рударски“, изјави премиерот.Претходно, СДСМ побара одржување локален референдум, оценувајќи дека станува збор за прашање од јавен интерес што директно се однесува на здравјето на граѓаните и иднината на локалната заедница. Од партијата предупредуваат на потенцијални еколошки ризици и бараат целосна транспарентност, јавни расправи и исполнување на повеќе услови, меѓу кои решавање на постојните еколошки жаришта, независен мониторинг и финансиски гаранции од инвеститорот.СДСМ нагласува дека без исполнување на овие услови не треба да се реализира проектот, додека Владата уверува дека ќе бидат запазени сите стандарди и дека станува збор за инвестиција од стратешко значење.

Настани | пред 3 дена

tripunovski-vlada

(Видео) „Немаат кредибилитет да бараат оставки“, премиерот го брани министерот за земјоделие од интерпелацијата на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека интерпелацијата поднесена од СДСМ за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски е неоснована и безпредметна, посочувајќи дека аргументите на опозицијата не држат.„Сметам дека интерпелацијата не е основана имајќи ги предвид наводите кои се таму изнесени. Имајќи ги предвид политиките на СДСМ кон земјоделците, неисплатените плати во Национални шуми, неисплатените субвенции, долгови, тие имаат најмалку право да зборуваат за оставка или интерпелација“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека интерпелацијата е легитимен демократски инструмент, но изрази уверување дека министерот Трипуновски ќе ги презентира своите аргументи и ќе одговори на обвинувањата.„Во демократијата има и такви инструменти, уверен сум дека министерот ќе ги презентира своите аргументи, ама мојот став е дека апсолутно е безпредметна оваа интерпелација“, рече премиерот.Претходно, СДСМ поднесе интерпелација за работата на министерот Трипуновски, обвинувајќи го за, како што наведуваат, „системска корупција, злоупотреба на службената положба и катастрофални политики“ кои, според нив, го довеле земјоделството до колапс.Од партијата посочуваат дека се крателе субвенции, се укинале програми и биле суспендирани европски фондови, при што илјадници земјоделци останале без поддршка. Дополнително, наведуваат и случаи на корупција кај најблиските соработници на министерот, како и сериозни проблеми со функционирањето на институциите во ресорот.Интерпелацијата е поднесена во Собранието и се очекува да биде предмет на расправа во наредниот период.

Настани | пред 3 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

(Видео) Мицкоски одговори на тврдењата од СДСМ дека странски разузнавачи ги следат и им фабрикуваат афери

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата ангажирала странска приватна разузнавачка компанија за следење на опозицијата и фабрикување афери, оценувајќи дека станува збор за неосновани тврдења.„Што се однесува до некакви компании за да го следат раководството на СДСМ, мислам дека таков тип на однесување од наша страна не постои, ниту е дел од мојот карактер, ниту имам намера да се занимавам со такви естрадни политики. Јас сум фокусиран на развојот на државата и подобри услови за живот на граѓаните, имајќи ги предвид тешките времиња во кои живееме“, изјави Мицкоски.Претходно, СДСМ обвини дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ ангажирале израелска приватна разузнавачка компанија „Блек кјуб“, која, според партијата, била користена за следење на опозицијата и собирање информации со цел дискредитација.Од СДСМ тврдат дека претставници на компанијата веќе биле во Скопје и одржале состаноци со лица блиски до власта, како и со бизнисмен кој, според нив, требало да го финансира ангажманот. Партијата оценува дека ваквите активности претставуваат дел од, како што велат, „автократски модел“ на владеење.Од Владата, пак, негираат вакви активности и порачуваат дека нивниот фокус останува на економските политики и справувањето со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryj8c1n0851nh07sd0Tya

(Видео) Мицкоски до Беџети: Невиноста се докажува во суд, не во политика

Премиерот Христијан Мицкоски одби да ги коментира обвинувањата на Блерим Беџети, откако против него беше поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, посочувајќи дека вистината треба да се утврди во судска постапка.„Не би ги коментирал неговите наводи, има место каде може тој да ја докаже својата невиност. И се надевам дека ќе ја докаже неговата невиност, не би сакал ние да бидеме во право, а тој да не биде во право. Бидејќи секој има право на пресумпција на невиност додека не биде осуден. Невиноста се докажува во судска процедура“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека за него успех е да има помалку кривични пријави, особено кога станува збор за политичари, нагласувајќи дека правдата треба да се води низ институциите.На прашањето дали очекува проширување на постапките и кон други поранешни функционери, Мицкоски посочи дека не треба да се водат од „чувства“, туку од принципи.„Мислам дека премногу чувствителни станавме периодов, да се фокусираме на бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и напорна работа за македонските граѓани“, рече премиерот.Реакцијата на Мицкоски доаѓа откако Беџети оцени дека станува збор за политички притисок, тврдејќи дека институциите постапуваат по најави од политиката и дека целта е замолчување на неговиот политички ангажман.

Настани | пред 3 дена

media-library826d9qin8ibj2zFEK4l

(Видео) Благо сум разочаран што само 250 македонски Бугари, ќе гласаат на тамошните избори, кога Радев вели дека има повеќе од 200.000 лица

Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочараност од нискиот одзив на македонските Бугари на парламентарните избори во Бугарија, посочувајќи дека интересот за гласање е значително помал од очекуваниот.„Благо разочаран сум поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учествуваат на овие избори, од оние, според Радев, повеќе од 200.000. Очекував излезеноста да биде поголема“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека очекува граѓаните на Бугарија да изберат влада со јасна европска ориентација и добрососедски пристап.„Очекувам граѓаните на Бугарија да изберат премиер кој е европски ориентиран, односно претседател на Владата кој ќе е добрососедски ориентиран и наместо билатералните прашања ќе се посвети на промотор на копенхашките критериуми“, рече премиерот.Изјавата доаѓа во период кога Македонија е блокирана во процесот на пристапување во Европската Унија поради спорот со Бугарија, која бара внесување на Бугарите во Уставот. Македонската Влада изразува сомнеж дека ваквите услови би можеле да претставуваат основа за нови блокади во иднина, па без гаранции одбива уставни измени.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryaksmc5s1ni1deK69TK1

(Видео) Премиерот најави ново намалување: Бензин и дизел поевтинуваат од утре

Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на цените на горивата за од утре, посочувајќи дека според владините пресметки се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука со која бензините и дизелот ќе поевтинат за околу денар и половина.Тој нагласи дека на сила останува и договорениот попуст со компанијата ОКТА, според кој дизелот е поевтин за два денара по литар, а бензините за три денари, оценувајќи дека Македонија има најниски цени на горивата во регионот.„Очигледно е дека мерките на Владата придонесоа да сме трета земја во Европа според обемот на мерки кои се имплементирани за да се амортизира енергетската криза и да бидеме држава со најниска цена на горива. Ова го кажува Меѓународниот монетарен фонд“, изјави Мицкоски.Премиерот истакна дека Владата навремено реагирала на енергетските предизвици и дека мерките се приспособуваат на глобалните движења на цените преку инструментите како ДДВ и акцизите.Воедно, тој ја обвини опозициската СДСМ дека ширела невистини во јавноста.„СДСМ лажеше за мигранти, лажеше дека ќе сме банкротирале, лажеше дека нема да има за пензии, па така излажа и за мерките кои ги применивме. Подготвени ја пречекавме енергетската криза која зависи од геополитичките случувања. Според Меѓународниот монетарен фонд ние сме на третото место во Европа“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 дена

media-librarykqepb3kk5l0g6v4wpb3

(Видео) Предност за студенти од топ 100 универзитетите, повеќе пари но и отченост - Законот за високо образование оди во Собрание

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека македонското образование со години било предмет на „експерименти“, кои оставиле сериозни последици врз квалитетот, особено во високото образование.„Долго време се правеа експерименти со образованието, а тоа е фундаментот врз кој се гради секое општество. Кога се прават погрешни чекори, последиците ги чувствуваат генерации“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека законските решенија од 2018 година довеле до намалени критериуми, помала научна продукција и пад на квалитетот.Тој нагласи дека, според Владата, не била спроведена ниту соодветна евалуација на состојбите, ниту биле детектирани слабостите, поради што најави поинаков пристап во реформите.„Како Влада нема да дозволиме уште една изгубена деценија зад нас. Напредокот се гради со партнерство, а не со наметнување“, рече премиерот.Мицкоски најави дека новиот закон за високо образование ќе донесе конкретни новини, меѓу кои и предност при вработување на државните универзитети за студентите кои студирале на некој од најдобрите 100 универзитети во светот со државни стипендии.Дополнително, се воведува нов модел на финансирање на високообразовните институции, со зголемени вложувања, но и со засилена отчетност.Паралелно, Владата најавува и поддршка за научната дејност, со цел универзитетите повторно да се позиционираат како центри на иновации.Според премиерот, измените на законот биле подготвувани преку широка дебата, а целта е создавање систем кој ќе ги задржи младите во земјата и ќе го подобри квалитетот на образованието.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryvguapqev9fdccvz15S9

Нови мерки за намалување на цените ќе има, но пред тоа следува разгледување на анализата што и колку е поскапено, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува нови мерки по растот на цените, предизвикан од војната на Блискиот Исток, но нагласи дека тие ќе следуваат по детална анализа.„Јас прво денеска очекувам да добијам извештај и да ги анализираме овие денови, и откако ќе го анализираме многу внимателно, тогаш сигурно ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме тие да бидат овој пат микротаргетирани“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека според владините пресметки, цените на горивата треба да бидат пониски од сегашните.„Бензините 95 и 98 треба да бидат за 1,5 денари пониски, односно да бидат околу 82 до 84 денари, а дизелот да биде околу 95,5 денари“, рече премиерот.Дополнително, најави дека се очекуваат и попусти од ОКТА, односно 2 денари по литар за бензин и 3 денари за дизел, што би значело најниски цени на горивата во регионот.Мицкоски истакна дека Владата веќе презела мерки за намалување на цените, потсетувајќи дека е намален ДДВ-то за одредени производи, и додаде дека ќе се реагира повторно доколку анализите покажат потреба.„Одговорот на вашето прашање е – да“, рече Мицкоски, потврдувајќи дека нови мерки се очекуваат.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya76oesjhap8q1dqPkA2

Договорот за кредитот меѓу Македонија и Унгарија не може да се менува

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека договорот за кредитот од Унгарија не може да се менува, без разлика на политичките промени во таа земја и падот на владата на Виктор Орбан.„Еднострано променa е невозможна. Кредитот е со Ексим банката. Тука влада со Ексим банка, различна влада и влада со Ексим банка“, рече Мицкоски.Тој нагласи дека не очекува никакви промени во договореното, додавајќи дека обврските мора да се почитуваат.„Јас не очекувам апсолутно никакви промени, бидејќи договор е договор и договор треба да се почитува“, истакна премиерот.Во однос на политичките реакции, Мицкоски ја критикуваше опозицијата, конкретно СДСМ, оценувајќи дека наместо на домашните прашања, вниманието го насочува кон случувањата во странство.Тој додаде дека Владата ќе продолжи да ги почитува сите претходно склучени договори, нагласувајќи дека тоа е принцип на правна сигурност и континуитет на државата.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys8hcoo42lrekbFNjTlw

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови, имаме план како да се справиме со ситуацијата

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде  се осврна на владините мерки за цените на горивата, за што истакна дека кога станува збор за криза со енергенси, неопходно е да се води сметка за целокупната стабилност. Митева напомена дека е горда на Владата, затоа што, како што вели таа, навистина покажала повисоко ниво на одговорност и справување со кризата.„Владата уште пред две недели имаше вондредна владина седница, на која што тогаш ја донесе онаа првична мерка за намалување на ДДВ од 18% на 10%. Секојдневно неколку пати во денот се одржуваа и состаноци и координации по однос на оваа тема, се со цел да ги следиме активно состојбите, за да дојдеме до конкретни мерки коишто директно ќе помогнат на граѓаните“, вели Митева.Како што вели таа, Владата превенирала дополнителни ценовни шокови, што и покрај непредвидливоста на ситуацијата, има јасен план за справување со кризата.„Така беше и оваа недела, по истекување на тие две недели, повторно на владина седница се донесоа нови мерки, со кои што се продолжи онаа прва мерка за намалување на ДДВ и воедно се донесе и намалување на акцизата, со што ние превениравме дополнителни ценовни шокови, односно поскапување на горивата со оваа одлука која што денеска ја имаше Регулаторната комисија за енергетика. Состојбата е навистина непредидлива, се менува од ден за ден, ги следиме цените на берзите, но сме Влада која што навистина има план како да се справи со оваа ситуација“, рече Митева.

Македонија | пред 2 седмици

mickoski-sednica-2

Итна седница за цените на горивата пред ново поскапување

Владата денеска во 11 часот ќе одржи вонредна седница на која ќе се разгледува состојбата со цените на горивата, во пресрет на можен нов раст поради турбуленциите на светските нафтени берзи, дознава „Скопје1“.По седницата, во 11:45 часот, прес-конференција ќе одржи премиерот Христијан Мицкоски.Претходно, Мицкоски најави дека Владата ќе донесе одлука за намалување на акцизите, со цел да се ублажи ценовниот притисок и да се спречи ново поскапување.„Според овие калкулации, дизелот требаше да поскапи околу 7 денари, а бензините околу денар и пол до два. Со владината седница исполнети се условите да ги намалиме акцизите – за дизелот за 4 денари по литар, а за бензините за 2 денари по литар“, изјави Мицкоски.Според најавите, цената на дизелот се очекува да стагнира, додека бензините би можеле да поевтинат за околу половина денар, зависно од тоа дали ќе продолжат попустите од компанијата ОКТА.Конечната одлука за цените, како и досега, ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика во понеделник.Премиерот нагласи дека мерките ќе имаат фискални последици, но Владата ќе продолжи со интервенции.„Тоа ќе се одрази врз буџетот, но ќе продолжиме и со мерката 10% ДДВ уште две недели, по што ќе ја следиме состојбата и ќе реагираме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

mickoski-sednica-2

Мицкоски со порака за 2 Април: Свеста мора да прерасне во акција

Премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 Април – Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, порача дека вистинската сила на една држава не се мери само преку институциите, туку преку односот кон различностите и грижата за најранливите категории граѓани.Тој истакна дека лицата со аутизам не треба да се перцепираат како „различни“, туку како составен дел од општеството.„Тие се наши деца, наши соседи, наши пријатели. Тие се огледало на нашата совест“, порача Мицкоски.Според него, обврска на институциите е да создадат систем во кој секое дете ќе има еднаква шанса за развој, а различноста ќе се препознава како вредност, а не како пречка.Премиерот нагласи дека овој ден не треба да остане само на симболика, туку да биде поттик за конкретни чекори.„Не зборуваме само за свест, туку за акција – подобро образование, достапни услуги и достоинствен живот. Да бидеме гласот на оние што често остануваат нечуени“, истакна тој.Пораката завршува со повик за поголема општествена одговорност и солидарност, нагласувајќи дека силата на една држава се огледа во тоа колку се грижи за своите најранливи граѓани.

Македонија | пред 2 седмици

media-library826d9qin8ibj2zFEK4l

Додека не бидат гарантирани правата на Македонците во Бугарија, нема да мрднеме ни милиметар, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше на обвинувањата од опозицијата за евроинтеграциите, оценувајќи дека станува збор за веќе позната реторика и политики што, според него, го загрозуваат македонскиот идентитет.„Тоа е позната реторика. Сега што да коментирам кога веќе сум ја коментирал многу пати во минатото? Начинот на којшто СДСМ ги гледа евроинтегративните процеси, а тоа е исклучиво распродавање на македонскиот национален идентитет, удар врз ткивото“, изјави Мицкоски.Тој ја критикуваше политиката на опозицијата, нарекувајќи ја штетна за државните интереси.„Тоа се, би рекол, мекотелни политики. Тие се мекото ткиво на македонскиот идентитет и на тој начин ја загрозуваат целата онаа стратегија којашто ние како влада ја градиме“, изјави Мицкоски.Премиерот додаде дека ваквите ставови се поздравувани надвор од земјата, особено од, како што рече, политички кругови во Бугарија.„За жал, следбениците на 'живковизмот' во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија коишто сè уште се активни како луѓето од опозицијата СДСМ“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека Владата нема да прави отстапки без јасни гаранции.„Сите во светот треба да знаат, и македонските граѓани, дека таа работа без ВМРО-ДПМНЕ не иде. И таа работа без ВМРО-ДПМНЕ не бива. А ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во било каква авантура сè додека нема јасен крај и сè додека не бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед“, изјави Мицкоски.Премиерот потенцираше дека позицијата на Владата останува непроменета.„Нема да се поместиме нити милиметар. Ќе чекаме. Ако не, ние ќе го пренесеме тоа на тие коишто нас ќе нè следат. Ако и тие не успеат, и тие што нив ќе ги следат“, изјави Мицкоски.Во заклучок, тој испрати порака дека, според него, сегашната опозиција нема политичка иднина.„Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван, а овие мекотелни политичари коишто се дел од мекото ткиво на македонскиот идентитет, јас сум убеден дека после следните парламентарни избори ќе заминат во историја и никогаш повеќе нема да ни се повторат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

271289484_328534862479115_2180121967131250034_n

Нови правила за граѓански спорови: помали казни, побрзи постапки

Министерство за правда на Македонија соопшти дека Влада на Македонија на денешната седница го утврдила Предлог-законот за парнична постапка, оценувајќи го како значајно реформско решение за унапредување на правосудниот систем.Со новото законско решение се воведува задолжително застапување од адвокат, додека истовремено се прецизираат клучни процесни прашања како вештачењето, доставата и споровите од мала вредност. Предвидено е и намалување на паричните казни за учесниците во постапката.Значаен дел од реформата е насочен кон дигитализација, со унапредување на електронското работење и овозможување на одржување на судски рочишта по електронски пат.За првпат се воведуваат и претставнички тужби, со што се отвора можност за заштита на колективните интереси на потрошувачите, што досега беше ограничено во домашната правна рамка.Од Министерството посочуваат дека законот е резултат на двегодишна работа на експертска група во која биле вклучени претставници од судството, академската заедница, стопанството и граѓанскиот сектор, проследена со широка јавна дебата.Очекувањата се дека со неговото донесување ќе се подобрат ефикасноста, транспарентноста и функционалноста на парничната постапка, во согласност со современите европски стандарди и реформските приоритети на државата.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија.Во рамки на посетата, предвидена е средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка, како и за актуелни регионални и европски прашања.Премиерот Мицкоски ќе се обрати и на бизнис форумот „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“, каде се очекува воспоставување нови контакти и разгледување на можностите за продлабочување на економската соработка меѓу компаниите од двете земји.Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации Даниела Димовска.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го засегаат македонскиот идентитет без јасна предвидливост и конечен исход на процесот.Говорејќи за позициите на Европска Унија, која инсистира на вметнување на Бугарите во Уставот како услов за напредок, Мицкоски истакна дека нема намера „по било која цена“ да влезе во таква, како што ја нарече, политичка авантура.„Ако тоа е единствениот услов, а во сè друго да бидеме најдобри – жалам, нема тука добар соговорник без да бидат исполнети и другите детали“, изјави премиерот.Тој додаде дека процесот не може да продолжи без јасни гаранции за правата на македонската заедница во Бугарија, како и без конкретни заклучоци од Европскиот совет кои би ја дефинирале крајната цел.Во своето обраќање, Мицкоски направи и историска паралела, посочувајќи дека за одредени политики во регионот се чекало со децении, нагласувајќи дека Македонија е подготвена да чека доколку условите не се јасни и праведни.„Нема да влегуваме во процес кој ќе нè одведе во ново политичко мочуриште“, рече тој, додавајќи дека приоритет остануваат реформите и исполнувањето на обврските кон Унијата.Според него, целта е државата да остане меѓу водечките кандидати во евроинтегративниот процес, но без компромиси кои би ја загрозиле националната позиција.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3lkuf0r6iacm9m9jZuI

Владата со остра реакција за односот на новинар кој министерката Јаневска: Слободата не е изговор за некултура

Во насока на зачувување на достоинството на јавниот дискурс, унапредување на демократските вредности и заштита на интегритетот на институционалната комуникација, Владата чувствува обврска јавно да реагира на неодамнешниот настан кој отвори сериозни дилеми за почитувањето на основните принципи на професионално и етичко однесување во медиумскиот простор.„Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања од јавен интерес, без никакви ограничувања или притисоци се наша обврска, но истовремено, нагласуваме дека ова право подразбира и обврска за професионално, достоинствено и етичко однесување. Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и институционалниот интегритет.Во таа насока, изразуваме сериозна загриженост и остра реакција на неодамнешниот настан на јавен медиумски настан, при кој новинарот Невриј Адеми, со очигледно несоодветен тон, непримерна реторика и недолично формулирано прашање се обрати кон Министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Особено не загрижува фактот што ваквиот непримерен однос не претставува изолиран инцидент, туку повторување на веќе забележано однесување кон истата носителка на јавна функција. Ова отвора сериозни прашања за почитувањето на основните професионални стандарди, етички норми и принципи на комуникација во јавниот простор.Воедно, Владата јасно им укажува на сите носители на јавни функции, дека од нив се очекува највисоко ниво на почит и коректност кон медиумите и новинарите. Но, исто така, со еднаква сериозност очекуваме и новинарите да возвратат со ист степен на професионализам, почит и одговорност. Почитта е, и мора да остане, двонасочна вредност во секое демократско општество.Оттука, апелираме до Советот за етика во медиумите, Здружението на новинарите и Самостојниот синдикатот на новинари и медиумски работници, како релевантни организации, јавно и недвосмислено да го осудат ваквиот чин на однесување. Очекуваме нивна активна улога во зајакнување на професионалните стандарди, како и упатување на јасен повик до сите медиумски работници за доследно почитување на етичките принципи, достоинството на личноста и културата на јавен дијалог. Ваквите ситуации, кога јавната комуникација се одвива надвор од рамките на пристојноста и меѓусебната почит не смеат да останат без соодветна институционална реакција, имајќи ја предвид нивната поширока импликација врз квалитетот на јавниот дијалог и довербата во институциите.Како Влада изразуваме и искрена благодарност до сите новинари и медиуми кои со своите јавни реакции веќе јасно, принципиелно и недвосмислено го осудија ваквиот чин, демонстрирајќи високо ниво на професионална зрелост и посветеност кон етичките стандарди. Само преку заемна почит, одговорност и придржување кон високите професионални стандарди може да се гради здрав, демократски и кредибилен медиумски амбиент, кој ќе биде во служба на јавниот интерес“, велат од Владата.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryb50468lm6jhn6SRLNQg

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во мај или јуни ќе се знае дали и кој министер ќе биде разрешен или ќе премине во друго министерство, како дел од планираната реконструкција на Владата.„Имаме принципелен договор како коалициски партнери, вклучувајќи ја коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди – Влен“ и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција во Владата и многу прашања ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме за нив“ – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање за министерот Фатмир Лимани.Премиерот истакна дека коалицијата има исклучително коректна соработка и дека во моментот не гледа простор за нови коалициски договори со други политички субјекти.„Како коалиција имаме исклучително коректна соработка и не гледам во моментот простор за коалициони договори и преговори со други политички субјекти, затоа што, ќе повторам, образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш. Образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш“ – посочи Мицкоски.

Македонија | пред 4 седмици

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов Владата не гледа причина да го ограничи користењето на домашните ресурси од страна на соседните земји, но не ја исклучи можноста за интервенција доколку се појават предизвици.„Не гледаме причина да го ограничиме користењето на нашите ресурси за соседните земји. Од Македонија која коленичеше за донација, сега рефлектира стабилност и за граѓаните од соседните земји“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека Владата внимателно ја следи состојбата и е подготвена да реагира доколку дојде до притисок врз домашните ресурси.„Доколку дојде до таков предизвик, ќе донесеме одлука за износот и консензусот“, порача премиерот.Изјавата доаѓа во услови на зголемена побарувачка и регионални притисоци поврзани со цените на горивата и снабдувањето, при што дел од земјите веќе воведуваат рестриктивни мерки.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryt2gp9lgku0ik2GMnYFG

(Видео) Филипче: Мерките за горивата се задоцнети и нема да донесат реално поевтинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше најавената мерка на Владата за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, оценувајќи ја како задоцнета и недоволна за да има реален ефект врз цените.Тој посочи дека граѓаните веќе подолго време се соочуваат со значителни поскапувања, а владината реакција доаѓа предоцна.„Оваа мерка е многу задоцнета и далеку од доволна. Цените на горивата веќе три недели растат, дизелот поскапе за вкупно 21 денар, а се очекува и ново зголемување“, изјави Филипче .Според него, намалувањето на ДДВ нема да се почувствува од страна на граѓаните, бидејќи новите поскапувања ќе го неутрализираат ефектот.Филипче оцени дека Владата со недели не презела мерки, дозволувајќи растот на цените на горивата да предизвика поскапувања и на основните прехранбени производи.„Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм. Еднаш зголемените цени повеќе не се враќаат назад“, нагласи тој .Лидерот на СДСМ обвини дека Владата избегнува суштински економски мерки и работи во интерес на бизнис-структури блиски до власта.„Ова не е економска политика, туку заштита на одредени бизнис-интереси на сметка на граѓаните“, рече Филипче .Тој побара итно усвојување на мерки предложени од СДСМ, меѓу кои намалување на ДДВ за горивата на 5 проценти, намалување на акцизите, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на цените на патарините.Според Филипче, само ваков пакет мерки може да донесе вистинско намалување на цените и да го заштити животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на прехранбените производи и нема да дозволи неетичко однесување од страна на трговците и снабдувачите.Тој истакна дека Државниот пазарен инспекторат веќе е на терен и врши контроли, откако се забележани зголемувања на цените кај одредени производи.„Ако видиме неетично однесување од снабдувачите и маркетите, како Влада ќе ги преземеме сите мерки. ДПИ е на терен“, изјави Мицкоски.Според него, во моментов највидливо е поскапувањето кај маслото за јадење и јајцата, додека кај останатите производи нема значителни отстапувања.„Имаме поскапување кај маслото и јајцата, кое е значајно и видливо. Кај останатите производи цените не отстапуваат од претходно“, рече премиерот.Мицкоски додаде дека трговците зголемувањата ги оправдуваат со растот на цените на светските берзи, но нагласи дека Владата прави сопствени анализи и пресметки.„Ние го следиме, калкулираме и нема да дозволиме осцилации кои ќе влијаат на стандардот на граѓаните“, потенцираше тој.Премиерот уверува дека постои план за справување со евентуални ценовни шокови и дека институциите ќе реагираат навремено.„Имаме план, реагираме. Ризици има и ќе ги решаваме. Многу работи не зависат од нас, но тоа што зависи – ќе повлекуваме потези“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp3kq607u3bfg5oFns32

(Видео) Странци доаѓаат и точат горива кај нас, се троши 10% од вкупната потрошувачка, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата свесно не се потпира само на законските механизми за намалување на акцизите, туку директно интервенира од буџетот за да спречи поголем раст на цените на горивата.Тој појасни дека според законската методологија, намалувањето на акцизата би значело минимално намалување – од еден до два денари по литар, зависно од цените на берзите, што, како што рече, не би било доволно за реална заштита на стандардот на граѓаните.„Наместо тоа, одлучивме директно да интервенираме и да ги намалиме цените за околу 6,5 до 7 денари по литар, што е значително повеќе од она што го дозволува законот“, истакна Мицкоски.Тој додаде дека и натаму внимателно се следат светските берзи, залихите и безбедносната состојба, особено во контекст на случувањата на Блискиот Исток, со цел навремена реакција.„Имаме повеќе алатки на располагање – акцизи, маржи, државни интервенции. Но, суштината е дека реагираме навреме за да не дозволиме шокови како во минатото“, нагласи премиерот.Мицкоски посочи и дека дополнителен притисок врз домашниот пазар создава зголемената потрошувачка од странски државјани, која достигнува до 150.000 литри дневно, односно околу 9 до 10 проценти од вкупната потрошувачка.Според него, енергетската состојба во моментов е стабилна, но Владата останува во постојана готовност да интервенира доколку се појават нови ценовни шокови.„Не сме реактивни, туку проактивни. Ги предвидуваме ризиците и преземаме мерки навреме“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

(Видео) Македонија ќе има најниски цени на горива во регионот, уверува Мицкоски кој направи споредба со пазарите

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените.Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.„Цената на бензините ќе се движи од 1,37 до 1,44 евра за литар, а дизелот од 1,52 до 1,55 евра за литар, што е убедливо најниска цена во регионот“, истакна Мицкоски.Тој направи споредба со соседните земји, посочувајќи дека во Србија бензинот достигнува до 1,83 евра по литар, дизелот околу 1,8 евра, во Хрватска до 2 евра, додека во Грција и Албанија цените се околу 1,9 евра по литар.Според премиерот, токму поради пониските цени во Македонија, забележан е зголемен притисок од граѓани од соседните земји кои доаѓаат да точат гориво, што ја зголемило потрошувачката за околу 9 проценти, односно дополнителни 150.000 литри дневно.Најголем притисок, како што рече, има во пограничните општини како Дебар, Струга и Охрид на западната граница, како и Битола и Гевгелија на југ и Куманово на север.Мицкоски нагласи дека Владата очекува стабилизација на цените, при што не се предвидува зголемување на бензините, а евентуалните корекции кај дизелот ќе бидат минимални.„Со овие мерки директно од буџетот учествуваме во подобрување на стандардот на граѓаните“, изјави премиерот.Тој додаде дека мерките ќе важат во наредните две недели, почнувајќи од понеделник, со можност да бидат продолжени доколку има потреба.

Настани | пред 1 месец

media-librarymklnk6e5t2kjcrdLr63

(Видео) Наместо +10 денари, дизелот ќе поскапи до 3,5 денари - се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе преземе конкретни мерки за ублажување на најавеното поскапување на горивата, по анализите кои укажуваат на значителен раст на цените.Според неговите изјави, врз основа на движењата на светските берзи, се очекува бензините од 95 и 98 октани да поскапат за околу 6,5 денари по литар, додека дизелот би можел да достигне зголемување од 10,5 денари по литар.„Очекуваме цената на бензините од 86,5 и 88,5 денари да се зголеми на 93 и 95 денари, а дизелот од 92 на 102,5 денари по литар“, посочи Мицкоски.Како одговор на ова, Владата донела одлука за намалување на данокот на додадена вредност за бензините и дизелот од 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните.„Со оваа мерка очекуваме цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари“, истакна премиерот.Дополнително, Владата води разговори со компанијата ОКТА за зголемување на попустот кој го дава кон трговците, што би можело да влијае на дополнително намалување на цените.„Доколку се постигне договор, очекуваме цените да бидат и до 3 денари пониски од максималните утврдени од Регулаторната комисија“, рече Мицкоски.Тој нагласи дека со овие мерки граѓаните би заштедиле околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно, имајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво во земјата.„Ова е одлука со која директно го штитиме стандардот на граѓаните во услови на глобална енергетска криза“, додаде премиерот.Според него, Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања