Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија.

— реклама —

Во рамки на посетата, предвидена е средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка, како и за актуелни регионални и европски прашања.

— реклама —

Премиерот Мицкоски ќе се обрати и на бизнис форумот „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“, каде се очекува воспоставување нови контакти и разгледување на можностите за продлабочување на економската соработка меѓу компаниите од двете земји.

— реклама —

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации Даниела Димовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Македонија | пред 1 ден

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp3kq607u3bfg5oFns32

(Видео) Странци доаѓаат и точат горива кај нас, се троши 10% од вкупната потрошувачка, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања