Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВЛАДА

IMG_5515

Владата ги отфрла обвинувањата од родителите на жртвите од Кочани: „Злоупотребата на болката не носи правда“

По јавното обраќање на родителите на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од Владата реагираа со соопштение во кое ги отфрлаат како неточни наводите дека средбата со премиерот била понижувачка и нечовечна.„Во моментот се прави злонамерно дефокусирање и злоупотреба на трагичната судбина. Владата е тука за семејствата, за сè што им е потребно и секогаш ќе биде со нив, дури и кога ќе има различни мислења“, велат од таму.Во соопштението се нагласува дека средбата од 7 јули не била прва, ниту последна, и дека премиерот Христијан Мицкоски лично им изразил сочувство на сите присутни, со серија приватни гестови и разговори кои, според Владата, не сакаат да бидат предмет на јавна дискусија од етички причини.„Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ не ја одразува вистинската дискусија и е навредливо. Намерите и постапките на Владата не се нечовечки – тоа е неточно“, се додава во реакцијата.Од Владата нагласуваат дека болката од трагедијата не е само на семејствата, туку и на целата држава, и уверуваат дека остануваат посветени на поддршката и грижата за родителите.„Ќе се бориме за правда и ќе останеме потпора на семејствата, со конкретни дела. Апелираме трагедијата да не се користи за сензационализам или за донесување осуди врз основа на гнев“, порачуваат од Влада.

Македонија | пред 8 месеци

putin-5190

Путин подаде рака на Талибанците, Русија е првата земја што ја признава Владата на Авганистан

Русија постепено гради односи со Талибанците, за кои претседателот Владимир Путин минатата година рече дека сега се сојузник во борбата против тероризмот.Официјална Москва, вчера објави дека ги прифатила акредитивите на новиот амбасадор на Авганистан, со што стана првата земја што ја признала талибанската влада во земјата.Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва гледа добри перспективи за развој на врските и ќе продолжи да го поддржува Кабул во безбедноста, борбата против тероризмот и криминалот поврзан со дрога. Тој, исто така, гледа значајни трговски и економски можности, особено во енергетиката, транспортот, земјоделството и инфраструктурата.„Веруваме дека чинот на официјално признавање на владата на Исламскиот емират на Авганистан ќе даде поттик за развој на продуктивна билатерална соработка меѓу нашите земји во различни области“, соопшти министерството.Авганистанскиот министер за надворешни работи, Амир Кан Мутаки, во соопштението изјави: „Го цениме овој смел чекор на Русија и, ако даде Бог, тој ќе им служи како пример на другите“.Ниту една друга земја формално не ја признала владата на Талибанците, која ја презеде власта во август 2021 година по хаотичното повлекување на САД од Авганистан по 20 години војна. Сепак, Кина, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Пакистан назначија амбасадори во Кабул, што е чекор кон признавање.Рускиот потег претставува важна пресвртница за администрацијата на Талибанците, која се стреми да ја ублажи својата меѓународна изолација.Вашингтон веројатно внимателно ќе го следи потегот. САД замрзнаа милијарди средства на авганистанската централна банка и воведоа санкции врз некои високи лидери на талибанците, што придонесе во голема мера за исклучување на авганистанскиот банкарски сектор од меѓународниот финансиски систем.Од друга страна пак, Русија гледа потреба од соработка со Кабул бидејќи се соочува со голема безбедносна закана од исламистички милитантни групи со седиште во низа земји од Авганистан до Блискиот Исток, а Талибанците тврдат дека работат на искоренување на присуството на Исламска држава во Авганистан.Западните дипломати велат дека патот на Талибанците кон пошироко меѓународно признавање е блокиран сè додека не ги променат своите политики за правата на жените. Талибанците ги затворија средните училишта и универзитетите за девојчиња и жени и воведоа ограничувања за нивното движење без машки старател. Тие тврдат дека ги почитуваат правата на жените во согласност со нивното строго толкување на исламскиот закон.

Свет | пред 8 месеци

unnamed-6

Средба на премиерот Мицкоски со еврокомесарката за проширување, Марта Кос

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан.На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции.Премиерот Мицкоски ја истакна цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација.Еврокомесарката Кос ја поздрави реформската агенда на Владата и ја потврди поддршката на Европската комисија за напредокот на Регионот на европскиот пат.Премиерот нагласи дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани.

Македонија | пред 9 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски: По долги години стагнација, Македонија се издигнува кон врвот со економскиот раст во првиот квартал

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со економскиот раст на државата во првиот квартал, изјави:„Што се однесува околу проекциите за економскиот раст, ние и со Министерството за финансии сме на истиот став на она на коешто е предвидено, работиме силно на таа тема. Добри се резултатите во рамките на Адрија-регионот, конечно, после години стагнација и цврсто заковани на дното, сега сме први. За многу кратко време се консолидираат работите. Позади нас се Хрватска со 2,9%, Босна и Херцеговина, Црна Гора па сè до Словенија, којашто има минусно салдо на растот од-0,7%. Се надевам дека и во вториот квартал така ќе продолжи, барем првите индикатори од април и делумно од мај се во таа насока. Така што, тоа би претставувало еден добар тренд, и тоа значи дека конечно се консолидираме. Конечно, од тврдо заковани на дното последниве седум години, одиме кон врвот.“

Македонија | пред 9 месеци

unnamed-4

Мицкоски: По 7 години застој градиме интерконектор за гас со Грција, заедно со другите проекти од увозно зависна земја, ќе станеме земја која извезува електрична енергија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека конечно по 7 години застој се работи на интерконекторот за гас со Грција и стануваме земја низ која ќе транзитира гас, што заедно со другите проекти во енергетиката од увозно зависна земја, ќе нè направат земја која извезува електрична енергија што ќе влијае позитивно во финансиските биланси.Во однос на изградбата на интерконекторот за гас со Грција, премиерот Мицкоски појасни дека на минатата влада и бил оставен завршен проект со потпишани договори, обезбедено финансирање, проектирање, но по 7 години тие ништо не направиле освен тендер со основ за корупција кој го довел во прашање финансирањето на истиот.„Заемодавателите рекоа дека не го финансираат затоа што во тендерската документација има делови кои укажуваат на корупција и рекоа дека се повлекуваат или да се коригира тендерската документација да почне од почеток. Имајќи предвид дека овој интерконектор е многу значаен за иднината на државата, затоа што со него и интерконекторот во соседна Србија и крак до соседно Косово, ние стануваме многу значаен играч во делот на транзитот на енергенси, затоа што капацитетот на овој интерконектор околу е 3 милијарди метри кубни, со оние кои доаѓаат од исток ќе дојдеме до 4 или 4,5 милијарди метри кубни, а ние како држава трошиме половина милијарда, значи 4 милијарди ќе транзитираат. Прв пат стануваме земја која ќе биде на мапата транзит држави на ваков тип на енергенси и замислете тие си играат 7 години и тендерот паѓа затоа што имало основ за корупција. Ние ја коригиравме тендерската документација, ја објавивме, избравме изведувачи, пративме до заемодавателите и тие дадоа зелено светло“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека фирмата од пред еден месец е воведена во работа, теренските активности се завршуваат и се оди со исклучително брза динамика и околу 10 јули се планира официјално да им се претстави на македонските граѓани дека се гради втор интерконектор.„Досега имавме еден со Бугарија, но еднонасочен, овој е двонасочен. И тој кој планираме да го градиме со Србија за да бидеме земја низ која ќе транзитира гас. Очекувам крајот 2026 година или почетокот на 2027 година, овој да биде функционален и поврзан со националниот гасовод на Македонија. Тоа е сериозна работа, бидејќи ќе може да се донесат нови количини за новите гасни централи кои ги планираме во Скопје, но и низ државата. Енергетската независност не е само со овој интерконектор, туку продолжуваме да ја градиме бидејќи тоа е архитектура за иднината на државата“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека се почнува и со многу значаен проект, а тоа е ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш кој годишно со максимален капацитет ќе произведува 1 терават час електрична енергија, тоа е околу 20% од денешно планирано производство на АД ЕСМ и за прав пат оваа година се очекува да заврши годината со резултат еднаков на нула, односно ќе произведеме онолку колку ќе потрошиме.„Се разбира ќе има периоди од годината кога ќе увезуваме, тоа е најчесто зимно, ќе има и кога ќе извезуваме, но на крајот на годината за прв па ќе бидеме нула, нема да бидеме увозно зависна, а потоа откако ќе бидат пуштени првите количини ќе бидеме извозник, што е историски показател, ќе имаме вишок на електрична енергија и тоа ќе влијае и во финансиските биланси и во БДП“, изјави премиерот Мицкоски.Воедно, премиерот Мицкоски додаде дека со Косово обезбедуваме околу милион тони јаглен кој понатаму ќе се плати со струја, а не како порано со тендери, високи цени, броење кеш, сега е поразлично и прашање е зошто порано се плаќал јагленот поскапо од сега и каде одела таа разлика.

Македонија | пред 9 месеци

market-ovosje

„Купувај домашно“ – Владината кампања со цел зголемување на земјоделското производство и потрошувачка

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја стартуваа кампањата „Купувај домашни земјоделски производи“, со цел да се стимулира растот на домашната економија и да се поттикне зголемена потрошувачка на македонски земјоделски производи.„Со оваа кампања не само што ја поттикнуваме побарувачката на пазарот, туку создаваме услови за земјоделците да се вратат на нивите и да го зголемат производството. Македонија треба да стане земјоделски независна држава“, порачуваат од Владата.Секој производ во маркетите ќе биде јасно обележан – дали е од домашно производство или е увезен, а целта е граѓаните свесно да избираат домашни производи и со тоа да дадат поддршка на локалните производители.„Една година Влада значи целосна посветеност на реални проекти. Земјоделците се во фокусот на нашите политики, и ќе продолжиме со мерки што директно влијаат врз развојот на економијата и растот на БДП“, велат од Владата.

Македонија | пред 9 месеци

272657594_468285018113800_489941184548056827_n

Етно-комплексот „Македонско село“ по седум години повторно отворен

Скопје доби уште едно туристичко место, со убав поглед и преубави соби и апртмани.По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“.,,За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен Македонско село.Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтернативно и би рекол, ултра квалитетно место, каде што може да се ужива во преубав поглед, во преубави соби, апартмани, би рекол и сигурен сум во превкусна храна. Така што јас би им посакал многу среќа во работата, се разбира“, рече премиерот Христијан Мицкоски.Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша владината Служба за општи и заеднички работи.Инаку комплексот никогаш и не заживеа за да биде исплатлив, а потоа беше ставен под клуч.Комплексот се состоеше од 12 автентични куќи од македонските краеви, простории каде се претставени македонските занаети, а дел и се продаваа. Имаше и хотелски соби и ресторански дел.

Македонија | пред 9 месеци

vlada

Ќе им се тресе имотот на тајкуните? Владата со нова стратегија за финансиски истраги

На денешната 84-та седница, Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акциски план за нејзина примена.Како што соопштија од Владата, документот е дел од заложбата за „системски пристап во борбата против организираниот криминал и корупцијата“, со фокус на откривање, одземање и управување со нелегално стекнат имот.Во обид за засилување на институционалниот притисок, покрај веќе постојната Национална комисија, ќе биде формиран и нов Национален совет за финансиски истраги и конфискација.И покрај заложбите на хартија, останува клучното прашање – дали ова ќе донесе конкретни резултати или ќе остане уште еден документ без вистинска примена?

Македонија | пред 9 месеци

mickoski-3

Мицкоски до Радев: Нашите стари рекле – помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, кој тврдеше дека Бугарија никогаш не ставила вето за македонската евроинтеграција.„Нашите стари рекле – помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат. Еве им шанса да го докажат тоа – на 24 јуни нека ги повлечат амандманите во Европскиот парламент со кои се условува македонскиот јазик“, изјави Мицкоски од Битола.Тој најави дека очекува средба со бугарска страна на Самитот на НАТО во Хаг, каде ќе се разговара и за Коридорот 8.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Самитот во Тирана порача дека соседите ја блокираат Македонија со вето и идентитетски услови, што води кон „балканизација на ЕУ“.Радев ѝ возврати дека нема блокада од Софија и дека Бугарија е подготвена да подаде рака, но бара исполнување на постојните договори, преговарачката рамка и уставните измени.Сиљановска најави дека на Самитот на НАТО во Хаг ќе разговара и со бугарскиот премиер Жељазков, откако беше потврдено дека Радев нема да присуствува.

Македонија | пред 9 месеци

vlada-2024-mickoski

Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

„Како резултат на заложбите на Владата и МОН за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември“, велат од Владата.Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари.Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки.Дополнително, потврда за тоа дека со оваа мерка како Влада ја развиваме соработката со реалниот сектор е вклучување на 550 компании кои директно ќе ја спроведуваат практичната обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки.Како Влада правиме конкретни чекори за унапредување на образованието и создаваме кадри кои ќе добијат можност, доколку не го продолжат својот образовен процес на повисоко ниво, по завршување на средното училиште да се вработат во некои од компаниите.Преку ова ја намалуваме невработеноста, но и ги стимулираме младите да ги усовршат практичните вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.Образованието е најважниот столб на развојот на Македонија.Преку квалитетно и реформирано образование, младите ќе останат да ја градат сопствената иднина во Македонија.Нашата заложба е да обезбедиме иднина за сите и да ја вратиме надежта кај младите.Државата е на патот на промените!

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-13-at-08.39.22

Магистралниот пат Охрид-Св.Наум од денес е пуштен во употреба

„Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри“, велат од Владата и додаваат:Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра.Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија.Како Влада ветивме дека ќе ја трансформираме Македонија напред. Тоа и го правиме.Државата е на патот на промените.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-12-at-10.36.40

Премиерот предупредува: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении

Во изјава, по повод учеството на бугарската делегација на Самитот во Хаг, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека потегот на официјална Софија да го испрати премиерот, наместо претседателот, претставува необична политичка егзибиција и сигнал за посебен начин на функционирање на бугарската политичка сцена. Тој нагласи дека ваквите потези отвораат простор за иницијативи на високо политичко ниво, но и потреба од македонска проактивност во справување со длабоко вкоренетите регионални политики и стратегии.„Таму гледаме една егзибиција, можеби е таков начинот на функционирање на бугарската политичка сцена, во Вашингтон, на Самитот, присутен беше премиерот. Логично е да ротираат претседателот и премиерот. Затоа годинава е претседателот таму. И логично беше од страна на Бугарија да го испратат претседателот. Тие го испратија премиерот. Ако има иницијатива, на ниво на премиер со претседател сметам дека треба да го прифатиме. Убеден сум дека тоа ќе биде став и на претседателката. Мора да бидеме проактивни и да покажеме дека не е тоа тоа што се зборува, дека не е проблемот стотината граѓани кои за себе велат дека бугарскиот им е мајчин јазик, туку има поголем проблем. Политика која е стара децении, стратегии кои внимателно се создавале“, рече премиерот Христијан Мицкоски

Македонија | пред 9 месеци

nacev-mickoski

Мицкоски за осомничениот Нацев: Бил дел од Владата во 2016 година, тоа е последно што го знам

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Александар Нацев, кој е осомничен во предметот за пожарот во „Пулс“, бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016–2017 година, но нагласи дека нема понови информации за неговата улога или активност. Тој ја охрабри Јавната обвинителска служба да продолжи со истрагата и порача дека, доколку има основи за вина, институциите ќе добијат целосна поддршка од Владата за да постапуваат согласно законите.„Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016-2017 година и тогаш обавувал некаква функција. Тоа е последното нешто што го познавам за Александар Нацев. И го охрабрувам Обвинителството и натаму да работи и ако има било кој вина, да дејствува, ние ќе им помогнеме“, рече премиерот Христијан Мицкоски.Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна проценка и без план за евакуација.Во текот на критичната вечер, екипата не спречила влез на малолетни лица, преполнетост на објектот, ниту внес на пиротехнички средства, со што е предизвикан пожарот. Трагично, настрадаа 62 лица, 157 се со тешки, а 54 со телесни повреди.МакедонијаГаздата на обезбедувањето, Нацев, зад решетки: одреден му е притвор од 30 дена во предметот за пожарот во „Пулс“AvatarОдСкопје1.мкОбјавено на 10/06/2025Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Тој е осомничен со проширување на истрагата за трагедијата во Кочани за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Притворот го изрече Судот во Кочани, потврдуваат оттаму за „Скопје1“.Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна проценка и без план за евакуација.Во текот на критичната вечер, екипата не спречила влез на малолетни лица, преполнетост на објектот, ниту внес на пиротехнички средства, со што е предизвикан пожарот. Трагично, настрадаа 62 лица, 157 се со тешки, а 54 со телесни повреди.По судска наредба, извршени се претреси на неколку локации и запленета е релевантна документација.Нацев на 16 март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата„Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени“, напиша Нацев.

Македонија | пред 9 месеци

vlada-2024-mickoski

Тим од лекари оди на Пониква за да се грижи за повредените од Кочани кои ќе одат на рехабилитација

Владата на вчерашната седница донесе одлука и го задолжи Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква кое има 27 соби и 56 легна на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои имаат потреба од дополнителна медицинска услуга во период од 10 јуни до 20 август.„Дополнително, тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на пациентите.Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита.Доколку медицинските тимови и здравствени работници одлучат дека е потребно продолжување на временскиот период за лекување и рехабилитација на пациентите, Владата ќе ја продолжи одлуката.Пациентите нема да платат ниту денар, се е на трошок на Министерството за внатрешни работи и Владата кои ќе обезбедат сместување и оброк на пациентите, како и оброк за медицинскиот кадар.Приоритет се и ќе останат граѓаните.Нашата политика е да работиме одговорно и посветено, а не да влегуваме во дневно политичките обвинувања со одредени опозициски партии кои за жал од трагедијата сакаат да соберат некој поен.Од првиот ден кажавме дека фокусот ни се граѓаните, нивните потреби и нивните барања.Продолжуваме да ја менуваме Македонија“, велат од Владата.

Македонија | пред 9 месеци

angelov

Владата му ја покачи платата на директорот Стојанче Ангелов

Владата го измени коефициентот за пресметка на платата, за директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), сега да има покачување. Измената доаѓа по смената на директорот, односно откако со ДЗС почна да раководи Стојанче Ангелов.Неговата плата, се зголемува за околу 12 илјади денари, односно за 13,8 отсто. Па така, платата која досега била 92.375 денари, од идниот месец ќе биде 105.159 денари.Ангелов пред повеќе од година во „Претрес“ кажа дека тој е редовно вработен во М-НАВ, работно место кое му е во мирување поради директорската функција.?t=6769„Утре ако ме смени Владата, ќе се вратам на моето работно место во Македонска навигација. Да кажам дека се добри платите. Но платата не била пресудна“, рече Ангелов.Инаку, Ангелов беше директор на Центарот за управување со кризи. Владата го назначи во ДЗС на местото од Џеват Селмани кој е во куќен притвор како осомничен за пожарот во „Пулс“. 

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-08.46.39

Денеска избор за министер: Азир Алиу од „Вреди“ се очекува да го преземе здравството

На денешната седница на Собранието, пратениците ќе одлучуваат за изборот на нов министер за здравство – Азир Алиу, кадар на движењето „Вреди“. За Алиу ова ќе биде втор министерски мандат, но прв во сферата на здравството – сектор во кој досега нема професионално искуство.Алиу е професор по информатички науки и претходно беше министер за информатичко општество и администрација во владата на Димитар Ковачевски, како дел од Алијансата за Албанците. По расколот со Арбен Таравари, реши да ја напушти партијата и остана во новото парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.И покрај тоа што неговата стручност е надвор од областа на здравството, власта го гледа тоа како предност – очекуваат од него системска реорганизација и подобро менаџирање на секторот кој, според критиките, е во лоша состојба.Од СДСМ не го коментираат директно Алиу, но потсетуваат дека здравството е едно од најзапоставените министерства под оваа власт.Алиу веќе еднаш, во почетокот на 2024 година, се раздели со тогашната коалиција на Алијансата, заедно со Таравари и Села, по што беше разрешен од министерската функција. Подоцна се врати во игра преку крилото што остана во „Вреди“, добивајќи влијателна улога во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за новата влада.Покрај него, денеска треба да се избере и нов заменик-министер за земјоделие – Албрим Хоџа. Тој е поранешен новинар, но има и искуство со ИПАРД проекти и аграрни политики. Ова место исто така претходно му припаѓаше на кадар на Алијанса за Албанците.Според собранискиот деловник, расправата за секој предлог-министер може да трае најмногу еден час, а гласањето мора да се одржи најдоцна до полноќ.

Македонија | пред 9 месеци

nikoloski3-2

Вистината излегува од европските институции, Македонија не е случајна и не е вештачки насадена, вели Николоски

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски работи кои остануваат непроменети. Тоа е голем историски чекор, нашата позиција станува афирмирана и призната и тоа е нешто за поздравување иако имаме голем и долг пат пред себе, вели вицепремиерот Александар Николоски во однос на Предлог-извештајот за Македонија кој треба да биде усвоен во Европскиот Парламент.“Од вистината не се бега, прашање на време е само кога ќе излезе, а во европските институции полека излегува. Извешатој е коректен, нема ништо што е надвор од вистината или што не соодејствува на реалноста и само го потврдува она што сите го знаеме, а тоа е дека Македонија и македонските гарѓани не се случајни, не се вештачки насадени на Балканот туку имаат долга и вековна традиција која што на сите ние е позната. Одредени други сакаат да ја негираат и да речат дека тоа не е така, но и оваа вистина излезе. Годините на претходната Влада, тоа беа години на национално понижување, години кој што никој не смее да ги заборави затоа што тие години треба да се потсетник и предупредување за да не ни се случат истите работи за годините пред нас, за да не ни се појават анационални ликови кои би имале клучни позици или би не воделе. Сега има Влада која е патриотски насочена и која ги брани националаните интереси”-истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 9 месеци

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Македонскиот идентитет не е „сегашен“, Европа има шанса да исправи историска неправда, вели Мицкоски

Работната верзија од извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е – важна и значајна, бидејќи првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историската неправда и истакна дека „ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик“, но дека европратениците имаат поинакви ставови.„За жал, од страна на некои негови колеги – пратеници кои доаѓаат од, за жал, нашата сестринска партија ГЕРБ – се предлага пред македонскиот идентитет да стои зборчето ‘сегашен’“, изјави Мицкоски.„Имав интензивни разговори со неколку влијателни луѓе во Европскиот парламент и во Брисел, и денеска ќе продолжам со истото. Ќе кажам дека, доколку тоа се случи, само уште еднаш ќе се потврди она за кое зборуваме цело време – а тоа е дека не станува збор за неколку стотини наши сограѓани кои се идентификуваат како дел од бугарската заедница во Македонија, туку за обид за создавање нова, вештачка, ‘сегашна’ македонска нација која почива на корените на бугарската нација. Тоа е суштината. Јас тоа нема да го прифатам. Ќе го отфрлам и никогаш нема да го прифатам, затоа што тоа нема никаква врска ниту со европските, ниту со какви било вредности“, рече премиерот Мицкоски.Во нацрт-верзијата на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава првпат се споменува „посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик“. Извештајот ќе се гласа в среда, а 4 јуни.

Македонија | пред 9 месеци

224994218_4577315625652604_6519891985805782571_n

Мицкоски за проблемот со градежната прашина: Треба да се зголеми дисциплината на оние кои што ја создаваат

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа во Собранието за аерозагадувањето, одговарајќи на прашање за тоа како Владата планира да се справи со инертната и градежната прашина истакна дека за решавање на овој проблем единствен начин е да се зголеми дисциплината на оние коишто ја создаваат, а од друга страна граѓаните да пријавуваат доколку забележат вакво девијантно однесување со цел Градежниот инспекторат да излезе на лице место и да го констатира истото.„Тука единствен начин е да се зголеми дисциплината на тие коишто ја создаваат таа прашина. Тоа се најчесто компаниите коишто вршат градежни активности и мислам дека дисциплината не е на високо ниво.“, истакна Мицкоски.Тој исто така ги охрабри граѓаните да пријауваат доколку забележат девијантно однесување од ваква природа со цел овој проблем да биде надминат.„Јас ги охрабрувам и граѓаните ако има такви случаи на девијантно однесување да ги пријавуваат и Градежниот инспекторат да излегува на лице место и тоа да го констатира и се разбира, на таков начин да може да се спречи таквата појава. Но од друга страна со зазеленување на тие површини, така што ова се двата начини со коишто можеме ние да се бориме. Не постои трет начин, а ниту во праксата е познат трет начин. Така што се надевам дека многу скоро оваа дисциплина ќе биде подобрена.“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

mickoski-3

Мицкоски: За да се реши проблемот со загадувањето на воздухот потребно е да се изградат когенеративните гасни централи

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека оваа тема секоја зима е актуелна, посочувајќи дека не е само воздухот проблем во квалитетот на животот на граѓаните, туку и околината и животната средина.„Што се однесува како Влада можам да се согласам со најголемиот дел од тезите кои што ги кажавте и можам да се согласам со тоа дека изминатите децении многу малку или речиси ништо не е направено во делот на борбата за почист воздух. Но, исто така и во делот на средување на животната средина во која што живеат граѓаните, тука пред се мислам на организирано одлагање на отпад. Но, не само тоа, тука мислам на прочистување на отпадните води, тука мислам на обезбедување на питка вода за пиење за населението, организирани системи за одведување на отпадни води и кога целосно би се организирала државата тогаш можеме да заклучиме дека станува збор за навистина акутен проблем кој што е децении стар и преку ноќ не може да се реши.“Премиерот Мицкоски посочи дека како Влада се преземаат драстични мерки за почиста животна средина.„Како Влада преземаме драстични мерки во таа насока, посебно тука би сакал да го споменам проектот кој се однесува на финансирање и реалокација на средства од централниот буџет кон општините за финансирање на проекти кои што би значеле токму ваков начин на обезбедување на поздрава животна средина, меѓу кои и обезбедување на вода за пиење преку водоснабдителни системи, посебно од руралните населени места, ретко каде имаме обезбедена вода за пиење, а речиси и никаде немаме организиран систем за одведување на отпадните води, а да не зборам за нивен третман.“, вели тој и додаде:„Така што тоа претставува исто така акутен проблем кога станува збор за обезбедување на поквалитетна животна средина. Исто така и организирани системи за одлагање на смет, тие се многу важни и многу значајни, бидејќи во државата би рекол имаме стотици или илјадници диви депонии кои за жал на несовесен начин се одлага сметот, наместо да имаме еден организиран или неколку организирани системи кои што ќе ги користиме за да го одлагаме тој смет.“Во однос на загадениот воздух Мицкоски истакна дека најголем причинител за таквата состојба е системот на затоплување на домаќинствата, јавните и индустриски објекти.„Кога станува збор за воздухот и квалитетот на воздухот, најголем причинител е јас би се согласил со вас, е токму тоа што вие го кажавте, системот на затоплување на домови. Но, и на индустриски објекти, јавни објекти. Имаме многу јавни објекти кои што се уште користат фосилни горива за затоплување на самите тие објекти.“, истакна Мицкоски.За решавање на овој проблем премиерот Мицкоски смета дека е потребно да се изградат таканаречени когенеративни гасни централи кои што можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина.„Така што кога сето ова би се сумирало, можам да кажам дека ова е еден од главните приоритети и ќе продолжиме во таа насока да се бориме, посебно во делот на обезбедување на централизиран систем за затоплување на домовите, јавните објекти и дел од индустриските капацитети. И како тоа ќе го правиме најчесто тоа може да се реши со изведба на таканаречени когенеративни гасни централи кои што можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина. Но, за сето тоа да се случи потребна е и подземна инсталација за да може таа топла вода да дојде до домаќинствата, до јавните објекти и до индустриските објекти.“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

loson-mickoski

Бидете спокојни, бегалски кампови ќе нема, темата е затворена, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека граѓаните треба да се спокојни, бегалски кампови во Македонија нема да има. Тој одново го повтори ставот дека стратешкиот договор со Обединетото кралство, вакви кампови не предвидува, а темата е затворена.„Апсолутно нема таква работа, а тоа се наметна откако во Албанија беше потпишан помеѓу тамошниот премиер и премиер на земја од Европската Унија за изградба на кампови, каде Албанија ќе прими десетици илјади мигранти. Таа тема е затворена. И аналогно на тоа таа тема се пренесе тука. Но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердови и да го оцрнат стратешкиот договор“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-11.36.08

Од филозофирање и гола реторика, народот нема фајдер, рече Мицкоски за потезите на Арсовска па и порача да постапува ако има дивоградби

За потезите на градоначалничката во заминување, Данела Арсовска, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ако е точно дека има дивоградби, таа треба да постапува. Според него, од филозофирање - нема фајде.„Па таа има ингеренции, ако навистина мисли дека е така тогаш треба да постапува. Бидејќи од филозофирање и гола реторика, народот нема фајде“, рече Мицкоски.Ова доаѓа откако вчера од изутрина Арсовска одеше низ Чаир за да лоцира дивоградби, па снимаше во живо, за да го нарече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу - принцезата на дивоградбите.

Македонија | пред 10 месеци

filipce-51

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата, вели Филипче за заемот од Обединетото кралство

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека Владата не смее да се задолжи кај Обвинетото кралство, без да и соопшти детали на јавноста. Тој посочи дека задолжувањето од 6 милијарди евра се сума на пари поголема од нашиот буџет.„Сметам дека јавноста за жал, ниту политичките субјекти, за ваков договор за заем, немаат доволно детали. Сметам дека Владата треба да излезе со детали, бидејќи ваква рамка, за волкав заем, немаме потпишано со ниту една институција, ниту една Влада. Станува збор за огромни суми на пари, камати кои не знаеме колкави се, а ќе ги враќаат неколку генерации“, рече Филипче.За договорот за стратешко парнтерство со Обединетото кралство, праша, дали Владата се согласила во иднина да се разговара за во Македонија да се сместуваат мигранти. Притоа, посочи дека договорот за стратешко партнерство има поддршка од СДСМ.„На 'ABC news' имаше информација дека откако Албанија одбила, лидерите на Косово, Северна Македонија кажале дека не се согласуваат за кампови за мигранти, но се отворени за тоа да се разговара. Упатувам прашање, дали се спремни со Велика Британија да разговараат за сместување имигранти во нашата земја?“, рече Филипче.

пред 10 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Ќе биде ли Османи гонет за продажба на македонскиот идентитет?

Откако го обвинуваше Бујар Османи за велепредавство и продавање на македонскиот идентитет, премиерот Христијан Мицкоски одговорина новинарско прашање, дали ќе покрене случај против ексминистерот за надворешни работи. Тој кажа дека тоа им го препуша на обвинителите.„Ако некој презема, треба да преземе Обвинителството. Тука јас не би имал што да додадам. Тоа е независен орган. Нив треба да ги прашате дали се прекршени закони, Уставот..“, рече Мицкоски.Во низа наврати, Мицкоски го обвинуваше Османи дека прегоаварајќи со земјите од соседството и ЕУ, тој го продавал македонскиот идентитет, прифаќајќи неповолни условувања за Македонија, кои треба да се „платат“ за за се чекори по европскиот пат.

Македонија | пред 10 месеци

mkd-eu-makedonija-eu-nato

И на нас ни е од почеток јасно дека нема начин како да се избегнат уставните измени, но тие да бидат последен билатерален услов, вели Муртезани

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, за пораките испратени од Европската Унија, вели дека им е јасно дека нема начин како да се избегнат уставните измени и вметнувањето на Бугарите.Тој вели: „Наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов. Нема проблем ако сите земји членки имаат дополнителни барања, но да бидат за европски стандарди, а не да содржат билатерални прашања.„Нашето инсистирање не е на еден предлог, туку да нема билатеризирање на преговорите. За да се случат разговорите, мора да градиме меѓусебна доверба со Бугарија и да веруваме во ЕУ“, рече Муртезани.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања