Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВЛАДА

media-library03rcveni3uvv2kdWlan

Продолжува разрешувањето на државниот обвинител Коцевски, Владата му предложи на Собранието да го тргне од функцијата

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната редовна 134. владина седница ја соопшти најновата одлука: Владата го усвои предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител, со што се продолжува постапката која, поради законските ограничувања, беше привремено стопирана за време на изборниот период.Митева нагласи дека причините за иницијативата се јавно познати и повеќепати образложени од страна на Владата – доследно, транспарентно и во интерес на институционалниот интегритет. „Нашата цел останува јасна: јакнење на правната држава и обезбедување непречено функционирање на органите во служба на граѓаните“, рече таа.Според член 88 став 1 од Законот за јавно обвинителство, а по претходно добиено мислење од Советот на јавни обвинители, Владата му предлага на Собранието Коцевски да биде разрешен поради „крупни професионални грешки“ во раководењето со обвинителството, кои, како што се наведува, довеле до нарушување на ефикасноста и функционалноста на институцијата.Во образложението се наведуваат следните прекршувања:– неовластено изнесување информации и податоци за судски предмети, со што била повредена обврската за тајност на постапката;– нарушување на угледот на Јавното обвинителство и личниот углед, преку непостапување согласно обврските утврдени со Уставот, законите и меѓународните договори;– нарушување на функционалноста и интегритетот на институцијата, што, согласно член 27 став 1 од Законот за јавно обвинителство, претставува одговорност на јавниот обвинител како раководител на органот;– повреда на должноста за чување на угледот на функцијата, предвидена во член 82 став 1 од Законот.„Имајќи ги предвид сите утврдени повреди, Владата му предлага на Собранието да го разреши јавниот обвинител Љупчо Коцевски“, изјави Митева.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv8s5tehpfptl2XOTjMo

(Видео) Филипче најави петиција: Не за мигранти, Македонија не смее да стане периферија на Европа!

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ја најави првата сериозна граѓанска иницијатива против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата.Филипче истакна дека е време да се крене гласот на народот и најави покренување онлајн петиција како прв чекор за спречување на, како што го нарече, антидржавното и антинационално однесување на Владата.„Мора да кажеме одлучно не. Ги повикувам граѓаните да нè поддржат да нè подржат и да ни помогнат да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на т.н. патриотска влада на ВМРО ДПМНЕ“, порача Филипче, прашувајќи дали цената за кредитот од 6 милијарди евра е токму прифаќање мигранти во Македонија, одлука што, според него, ќе ја плаќаат генерации во децениите што следат.Тој нагласи дека Македонија не смее да дозволи да стане периферија на Европа и предупреди дека доколку Владата го игнорира ова предупредување, ќе следат уште посилни чекори во интерес на заштита на државата, безбедноста и иднината на македонските граѓани.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2uutiju59obg1h6g36V

(Видео) Филипче повикува на мобилизација против носењето мигранти: Нема да дозволиме, гледаме насилства, силувања од нив по други земји!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека Владата планира да прима мигранти во Македонија, по договорот со Велика Британија.Тој алармира дека не смее да се дозволи влез на мигрантите и најави „силна мобилизација во секој град, во секое село“. Потоа посочи: „нема да дозволиме да дојдат мигранти тука по ниту една цена, не сакаме да сме мека на мигранти, а гледаме што прават низ другите земји... насилства, протести, силувања, болести кои се донесени а се искоренети многу одамна“.„Ќе го мобилизираме секој еден! Ќе следи силна мобилизација. Ние сакаме развој, да сме дел од ЕУ, не да сме мека на мигранти. Во следниот период, ќе го објавиме и политичкиот тим на СДСМ. Во оваа ситуација, секој граѓанин треба да направи сѐ што може“, рече Филипче.Тој најави и побрутални чекори.„Помогнете да ја зачуваме нашата татковина, помогнете да ја зачуваме иднината на Македонија. Прво ќе покренеме онлајн иницијатива. Потоа ќе следат други чекори. Дали ќе чекаме да остварат овие сценарија, дали ќе ја загрозиме иднината на граѓаните, дали британските медиуми лажат, дали СДСМ лаже“, праша Филипче.Досега само во британските медиуми се пласирше веста дека Македонија ќе биде дестинација за мигранти, за кои Британија ќе и плаќа на нашата држава. Владата негираше дека ќе се примаат мигранти.

Македонија | пред 3 месеци

mickoski

Владата со детали за здравствената состојба на Мицкоски, откако не се појави на настан

По информациите дека премиерот го откажал своето присуство на денешниот македонско-српски бизнис форум, од Владата појаснуваат дека станува збор за кратка здравствена пауза предизвикана од сезонски фактори.„Поради кратко нарушување на општата кондиција предизвикано од сезонски фактори што повремено се појавуваат овој период, премиерот беше поттикнат да направи кратка здравствена пауза. Не претставува состојба за загриженост, но претпазливиот институционален пристап на здравствените работници наложи одложување на планираниот настан со цел побрзо опоравување“, соопштија од Владата.Оттаму додаваат дека премиерот е во добра општа состојба и наскоро ќе се врати на редовните активности.

Македонија | пред 3 месеци

media-library9q3igu1tb4e86Rtm9Wj

Мицкоски најави: Имињата на новите министри од ВЛЕН ќе бидат финализирани до утре

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека имињата на новите министри од редовите на коалицијата ВЛЕН ќе бидат финализирани до утре, а предлогот ќе биде доставен до Собранието во текот на оваа недела.„До утре сите прашања ќе бидат финализирани. Очекувам оваа недела да ги доставам предлозите до Парламентот. Кога сè ќе биде официјално, јавноста ќе биде информирана“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhjj5u5j30m031uhfjtd

(Видео) Потписот на Трамп означи крај на блокадата на владата на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го потппиша законт кој го означи крајот на најдолгата блокада на владата на САД. Претставничкиот дом на Конгресот изгласа повторно активирање на прекинатата помош за храна, исплата на стотици илјади федерални работници и обновување на системот за контрола на воздушниот сообраќај, со што.Гласањето во Претставничкиот домДомот, под контрола на републиканците, го усвои пакетот со 222 гласа „за“ и 209 „против“. Поддршката од Трамп во голема мера ја одржа неговата партија обединета, и покрај силното противење на демократите кои се револтирани затоа што 43-дневната блокада, иницирана од нивните колеги во Сенатот, не успеа да донесе договор за продолжување на федералните субвенции за здравствено осигурување.Со потписот на Трамп на законот, кој Сенатот го одобри претходно оваа недела, федералните работници ќе се вратат на своите работни места веќе од четврток, иако не е јасно колку брзо ќе се обноват сите владини услуги и операции.Финансирањето на владата со ова ќе се продолжи привремено до 30 јануари, додека државниот долг на САД, кој моментално изнесува 38 билиони долари, ќе продолжи да расте за околу 1,8 билиони долари годишно.

Свет | пред 4 месеци

media-librarye5rr6edbo4dpaGGM1tK

Нема договор со ВЛЕН за наследникот на Филипче да го замени Меџити во Владата, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го познава Беким Сали, но дека нема никаков договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ за кадровски промени во Владата.„Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ – нема такво нешто,“ изјави Мицкоски.Изјавата на премиерот следи откако на прес-конференција портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, откако Меџити реши да ја преземе градоначалничката функција во Чаир.Сали беше министер за здравство од 2022 до 2023 година, кога на таа позиција го наследи Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

kocoska

Владата со еврообврзница од 950 милиони евра ќе го финансира јавниот долг за 2026 година

Владата го усвои предлог – буџетот за 2026 година кој ќе биде испратен во Собранието. Планот е да се приберат повеќе пари од даноци и придонеси, да се зајакне фискалната дисциплина. Издвоени се повеќе пари за плати, за пензии за социјални трансфери.,,Со Буџетот се обезбедува редовна исплата на плати и пензии, како и континуирана социјална заштита. Средствата за социјални трансфери се проектирани на 206,3 милијарди денари, што е раст за 6,7 проценти. Платите изнесуваат 52,6 милијарди денари, или 7 проценти повеќе во однос на оваа година, во кое е опфатено зголемување на платите со порастот на минималната плата. Транзициските трошоци уплати во вториот пензиски столб изнесуваат 19,6 милијарди денари, со раст од 22,5 проценти“, вели министерката Гордана Димитриеска Кочоска.Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра. Тоа е она коешто најмногу му тежи на буџетот, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Нагласи дека ќе се прави комбинација помеѓу странското и домашното задолжување, за, како што рече, да не ги оптоваруваме банките во земјава и да можат повеќе да го финансираат приватниот сектор.,, Има 200 милиони евра дополнителни обврски кон странство, односно долгови од претходно што треба да ги вратиме. Од таа причина, финансирањето е предвидено да оди со евро обврзница од 950 милиони евра. Можеби тој износ ќе се зголеми затоа што се предвидени уште 350 милиони евра дополнително странско задолжување и уште 400 милиони евра на домашниот пазар, рече министерката.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarym5f78jp7t3kg5MzpdIJ

(Видео) Закани кон македонските власти, преку хакираната страница на скопската автобуска страница

Веб-страницата на скопската меѓуградска автобуска станица (sas.com.mk) беше хакирана од поединец или група што се претставува под името „Аргонс“, а на неа е поставено видео со заканувачка порака упатена кон македонските власти.На местото на редовната содржина на страницата се појавува видео на платформата Vimeo, објавено на 13 октомври, во кое се слуша глас на англиски јазик што најавува „сајбер армагедон“.„Мислевте дека можете да не искористите за да ги уништите своите противници со нашите методи. Но никогаш не плативте. Тоа што е договорено, договорено е. Наскоро ќе видите дека не можете да се зае*авате со нас. Не плативте за она што го нарачавте со пари – сега ќе платите со болка. Судниот ден се приближува. Сајбер армагедон ќе се истури врз вас“, се наведува во пораката.Според датумот на објавата на Vimeo, видеото е поставено уште на 13 октомври, што значи дека пораката најверојатно стои на хакнатата веб-страница веќе два дена. Засега нема официјално соопштение ниту од управата на автобуската станица, ниту од надлежните државни органи.Не е познато дали групата „Аргонс“ претходно имала слични акции, ниту дали зад нападот стои политичка или криминална мотивација.Интернет-страницата и понатаму е нефункционална.

Македонија | пред 5 месеци

makron-3

На Макрон, господарот на часовниците, сега му истекува времето: Што е следно за Франција?

По осум години на власт, позицијата на претседателот Емануел Макрон е под зголемен притисок, бидејќи политичката криза во Франција се продлабочува.Макрон, кој претходно се нарекуваше себеси „maître des horloges“, господар на часовникот, повеќе нема контрола врз времето како порано, објавува Би-Би-Си.По трет пат за една година, неговиот премиер поднесе оставка, а анкетите покажуваат дека речиси три четвртини од гласачите веруваат дека претседателот треба да го стори истото.Доколу денес би се одржале претседателски избори во Франција, кандидатите на екстремната десница би имале голема предност во првиот круг, особено на Националниот сојуз, Марин Ле Пен, покажува најновото истражување на компанијата Толуна Харис Интерактив.Долгогодишниот сојузник Едуар Филип, кој беше прв премиер на Макрон од 2017 до 2020 година, го повика да назначи технички премиер и да распише претседателски избори на „уреден начин“.Но, Макрон е многу посклоен кон распуштање на парламентот отколку кон оставка.Како Макрон стигна до тука?Премиерот Себастијан Лекорну ја објави својата оставка во понеделникот, по само 26 дена на функцијата. Неколку часа подоцна, тој објави дека го прифатил барањето на Макрон да остане уште 48 часа за да одржи финални разговори со политичките партии „заради стабилноста на земјата“.Сè се врти околу францускиот долгГлавниот предизвик со кој се соочија Лекорну и неговите двајца претходници беше како да се справат со огромниот национален долг на Франција и да ги надминат идеолошките поделби меѓу центристичките партии што би можеле да ја формираат владата.На почетокот на оваа година, јавниот долг изнесуваше 3,4 трилиони евра, или речиси 114 проценти од БДП, трет најголем во еврозоната по Грција и Италија. Се предвидува дека буџетскиот дефицит на Франција ќе достигне 5,4 проценти од БДП оваа година.Мишел Барние и Франсоа Бајру издржаа само три и девет месеци, соодветно, пред да бидат соборени со гласања за доверба, бидејќи се обидуваа да се справат со дефицитот со буџети за штедење.Лекорни дури и не успеа да го презентира буџетскиот план. Критиките се слеваа од сите страни штом го претстави својот кабинет во неделата попладне, а до понеделник наутро одлучи дека неговата позиција е неодржлива.Сите партии ги имаат предвид следните претседателски избори во 2027 година, а се подготвуваат и за можноста за предвремени парламентарни избори во случај Макрон повторно да го распушти парламентот.Кои се клучните фигури во оваа криза?Лидерите кои со месеци повикуваат на оставка од Макрон се од крајната десница и радикалната левица.Марин Ле Пен и нејзиниот млад сопартиец во крајно десничарското Национално собрание, Жордан Бардела, се подготвени за избори и ја одбија поканата на Лекорну за разговор.Жан-Лук Меланшон од радикалната левица „Франција Непобедлива“ (LFI) водеше кампања за импичмент на Макрон, иако тоа изгледа малку веројатно. Тој е поддржан од Зелените.Оливие Форе и неговите социјалисти беа сојузници на радикалната левица за време на последните избори, но разговараа со Лекорну под услов тој да формира левичарска влада.Потоа е Габриел Атал, кој ја предводи центристичката партија Ренесанса на Макрон, но рече дека повеќе не ги разбира одлуките на претседателот.А од централнодесничарскиот е Бруно Ретаило, чии републиканци беа дел од таканаречената „сокле комуна“ (заедничка платформа) со центристите.Дали Макрон стигна до крајот на патот?Откако неговиот трет премиер за една година ја објави својата оставка, Макрон отиде на долга прошетка покрај реката Сена, со мобилниот телефон на увото.Дали тоа беше игра за камерите? Можеби, но беше симболично за осамената природа на неговата позиција, бидејќи се соочува со некои од најтешките избори на неговото претседателствување, а некои од неговите поранешни сојузници се чини дека го напуштаат.Претседателот е свесен за политичките предизвици што претстојат веќе некое време и не е од оние што се откажуваат без борба или уште еден обид да ја стабилизираат Франција. Чувството дека времето истекува за господарот на часовниците незапирливо се шири меѓу јавноста.Четири опции за Макрон и ниту една од нив не изгледа добро1. Ако Лекорну успее да ги убеди центристичките партии да формираат некаков вид влада, тогаш Макрон ќе може да назначи нов премиер, кој и да е тој. Лекорну навести дека не сака да ја прифати работата, иако тоа не е дефинитивно не. Знаците не се добри. Кога поднесе оставка во понеделник, Лекорни рече:„Бев подготвен за компромис, но сите партии сакаа другата страна да ги усвои нивните програми во целост“.Франција мора да донесе некаков буџет за 2026 година за да се ослободи од својот национален долг, а фракциите го знаат тоа.2. Доколку Лекорну не успее да го стори тоа, Елисејската палата посочи дека Макрон ќе „преземе одговорност“. Тоа веројатно би значело нови парламентарни избори, што би значело лоши вести за неговите центристички сојузници и социјалистите, но особено би било од корист за крајно десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен. Изборите би требало да се одржат најдоцна 40 дена по распуштањето на парламентот - што би значело гласање во ноември.3. Претседателството на Макрон завршува за 18 месеци, но тој се соочува со растечки повици да се повлече. Тој постојано ги отфрлаше предвремените претседателски избори, но тоа не е исклучено. Поранешниот министер на Макрон, Бенџамин Хадад, тврди дека неговата оставка нема да има смисла бидејќи следниот претседател ќе се соочи со истиот проблем.4. Дури и без договор за влада, партиите би можеле да ги остават настрана своите разлики во парламентот и да постигнат компромис за ограничен буџет. Но, француската политика не е позната по својата култура на компромис.

Свет | пред 5 месеци

media-librarymm73dc19pvgr0kQ2Zb7

Лажни се мејловите и пасвордите кои кружат на интернет од државни институции, лажна е заканата за голем сајбер напад, вели Андоновски

До повеќе медиуми во земјава беше испратена електронска порака со заканувачка содржина, во која се најавуваше „голем сајбер напад“ за време на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 што се одржа во Скопје. Во пораката бил наведен и список со наводни е-маил адреси и лозинки од државни институции и физички лица.Од Министерството за дигитална трансформација за „Скопје1“ велат дека заедно со засегнатите институции направиле детална анализа на содржината. Резултатите покажале дека огромен дел од наведените адреси биле лажни, со погрешно наведени имиња, домени и податоци кои требало да создадат впечаток на автентичност. Само помалку од 2% од објавените адреси потекнувале од стари, одамна затворени инциденти собрани од различни извори.„Со внимание го следиме целиот процес. Министерството за внатрешни работи презема мерки за справување со настанот, кој има и кривично-правна позадина“, стои во соопштението.Според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, станува збор за политички мотивирана сајбер закана чија цел била да се создаде страв и недоверба кај вработените во јавната администрација и кај граѓаните.„Оваа кампања користеше лаги, манипулации и измислици со цел да се наруши довербата во Владата и Министерството за дигитална трансформација, токму во период кога се одржуваше голем регионален настан“, изјави Андоновски, додавајќи дека за време на Самитот не бил забележан ниту еден безбедносен проблем на системите под надлежност на Министерството.Како дополнителна мерка, Владата на предлог на Министерството усвоила Информација за зајакнување на политиките за лозинки на службените е-маил адреси во сите институции. Со тоа, секоја институција е задолжена да воведе високо ниво на безбедност при креирање лозинки, доколку тоа досега не било направено.Воедно, Министерството најави сет обуки за унапредување на сајбер безбедноста во јавниот сектор, со цел превенција и поголема подготвеност во случај на реални сајбер напади во иднина.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygjkk3vu7f4kteUCv0nw

Османи: Во Чаир има општонароден отпор кон Мицкоски, по изборите ќе преговараме за заедничко владеење

Кандидатот за градпначалник на Чаир, Бујар Османи, самиот најави преговори за влез на ДУИ во Влада, иако власта е децидна дека за нив нема место на „Илинденска“. Османи го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека испраќал пораки преку посредници, а друго зборел во јавност, но и дека Албанците имале општонароден отпор кон него.„Веднаш по изборите, победниците кај Албанците ќе седнат да преговараат, никој нема да ги земе. Ќе седнеме да преогвараме за заедничко владеење, за да се откочат преговорите со ЕУ...“, рече Османи.Тој посочи дека гледал фрустрации кај Албанците, нагласувајќи дека Мицкоски им допира по нервите.„Ја слушнав изјавата на владините претставници кои рекоа дека нема да има парламентарни избори. Тоа е знак на страв и паника, обид да се плашат луѓето со 'еве остануваме во Влада, ќе имате проблеми ако не гласате за нас'. Премиерот знае дека соодносот е 3:1, ги правем анкетите. Меѓутоа тоа што ми пречи е што премиерот продолжува да дава двојни пораки, едни за јавност, други преку посредници. Со порака до нас, дека по изборите треба Владата да се реконфигурира. Ние враќаме и јавно и преку посредниците дека ја поминува црвената линија. Нема поголема навреда од тоа да му кажете на албанскиот народ 'едни ќе земам, други ќе оставам'. Не знам дали тоа го прави свесно или не е свесен кој нерв го допира кај Албанците. Таква навреда дека премиерот ќе земе некои Албанци, ќе извади некои Албанци, има допрено до сржта на достинството. Јас ја гледам фрустрацијата. Во Чаир има општонароден отпор кон него“, рече Бујар Османи.„Сме му кажале дека веднаш по изборите, победниците кај Албанците ќе седнат и ќе преговараат, никој нема да ги земе. Ова не е ничија држава и Влада, за некој да ги земе, а некој да ги извади Албанците“, додаде тојк

Македонија | пред 6 месеци

media-librarymu6ul7vl28072Q3VktU

Неизвесност се уставните измени за внесување на Бугарите

Владата посветено работи на спроведување на Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија, со цел Македонија да нема незавршена „домашна работа“ надвор од политичкото прашање со Бугарија. Ова беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите што го одржаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.За имплементацијата на агендата номинирани се претставници од сите институции, со цел реформите да продолжат без застој и за време на локалните избори. Владата го смета процесот за клучен бидејќи е усогласен со европската регулатива, што треба да овозможи побрзо затворање на кластерите во преговорите.Сепак, останува неизвесност за политичкиот дел – уставните измени. Премиерот Мицкоски повтори дека бара гаранции од Брисел и Софија дека тоа ќе биде последното условување на патот кон членството во Унијата.„Потребна е малку поробустна акција од друг центар на моќ. Разговарав со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по неговата посета во Софија. Со право бараме гаранции по сè што направивме во минатото. Очекувам некаков тип на приближување со почетокот на следната година. Исто така, имав разговор со уште еден премиер од водечките земји на ЕУ, и од таму очекувам поробустна акција во насока на решавање на ова прашање“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryhvacng72okancOgBmnI

Премиерот против зголемување на платите на судиите: „И сегашните би им ги намалил“

Владата работи на усогласување на законите со Реформската агенда и Планот за раст на ЕУ, но нема да ги прифати сите препораки од Брисел. Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите порача дека нема да се дозволи либерализација на цената на струјата, бидејќи тоа би значело драстично поскапување за граѓаните во следните години.Како особено спорно тој го наведе и барањето за зголемување на платите на судиите и обвинителите, за што според пресметките би биле потребни околу 100 милиони долари годишно – двојно повеќе од сегашните трошоци. „Тие и сега имаат превисоки плати, а довербата кај граѓаните е само 2%. Лично и сегашните плати би им ги намалил,“ изјави Мицкоски.Владата најави компаративна анализа на платите во пет земји членки на ЕУ (меѓу кои Германија и Хрватска), по што ќе се утврди конечниот став. Слична постапка ќе се применува и за други закони – сите предлози најпрво ќе се праќаат во Европската комисија, а дури потоа во Собранието, за да се избегне нивно повторно менување.ЕУ во своите документи бара Македонија да го зголеми буџетот за судството и обвинителството на најмалку 0,8% од БДП, бидејќи сегашното издвојување (околу 0,3%) е далеку под законскиот минимум. Според Брисел, зголеменото финансирање е предуслов за независност и функционалност на правосудството.Освен правосудството, Мицкоски најави и други „црвени линии“ кон Брисел – нема да се менува даночната политика, а измените на Кривичниот законик во делот за злоупотреба на службена положба ќе се разгледуваат преку компаративни анализи.И покрај резервите, вицепремиерот за европски прашања Орхан Муртезани остана оптимист дека до крајот на годината Македонија може да биде лидер во регионот по исполнување на Реформската агенда, иако моменталната реализација е околу 40%.

Македонија | пред 6 месеци

mickoski-9-vlada

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

„СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации“, велат од Владата и додаваат: Фактите се едноставни и непобитни, ова е првпат во историјата на нашата држава да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се подобри животната средина. Што се однесува до исплатата на учесниците за оваа мерка која е наведена како 6.2 во оперативниот план и е наменета за заштита од пожари, апсолутно нема никаква поврзаност помеѓу распишувањето на локалните избори и исплатата на средствата, од причина што средствата се обезбедени и не станува збор за никакво вонредно плаќање! За лицата кои се вклучени во оваа мерка ве информираме дека беа ангажирани на 08.08.2025 година, документацијата (извештајот за редовност) за исплата од страна на организаторот е веќе во тек и ќе биде испратена до центрите за вработување по што ќе следи и исплатата. За разлика од СДС, ние работиме отчетно и транспарентно. Нашата работа продолжува да биде фокусирана на интересот на граѓаните, додека тие се заглавени во манипулации и измислици. Ние сме тука да носиме конкретни решенија, додека опозицијата ќе продолжи да лаже и да се обидува да го наруши јавниот мир со невистинити приказни. Не им дозволуваме да ја кријат вистината, а сите обиди за политички саботажи нема да ја засенат посветеноста на оваа Влада да работи за подобар живот за сите граѓани затоа што факти не се рушат со лага.

Македонија | пред 6 месеци

Mickoski-Carina

Шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини - ова се очекувањата на премиерот пред локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, изјави дека во претстојната кампања за локалните избори очекува опозицијата да настапи со шпекулации и невистини, но нагласи дека владејачката партија има конкретни резултати да им ги претстави на граѓаните.„Очекувам кампања во која ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи. Ние имаме со што да излеземе пред граѓаните – што сме направиле во изминативе четири години во општините и во изминативе 15 месеци во Владата. Ете тоа би било на кратко“, рече Мицкоски од партиската говорница.

Македонија | пред 6 месеци

aleksandar-nikoloski

Министерот Николоски: Раст на БДП од 3,4% – градежништвото и транспортот главни двигатели на економијата

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека македонската економија во вториот квартал од годинава бележи раст на бруто домашниот производ од 3,4 проценти.„Особено ми е драго што секторите градежништво, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија,“ напиша Николоски.Податоците покажуваат дека секторот градежништво пораснал за 7,3 проценти, што е посилен раст од првиот квартал кога изнесувал 7,1 проценти. Секторот транспорт и складирање, пак, бележи раст од 6,0 проценти.Министерот најави уште поголема динамика во третиот квартал, поради засилената активност во изградба на патишта, инвестиции во железничка инфраструктура и локални проекти. „Растот ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт. Ја градиме Македонија“, порача Николоски.

Свет | пред 6 месеци

mickoski-za-dui

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа.„Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата, започнувајќи од платата за месец август. Во периодот којшто следи Министерството за социјална политика, демографија и млади прави би рекол историски чекор во таа насока, но не е само зголемувањето на платите коешто треба да биде 20тина%, туку станува збор и за услови коишто ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава.“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

vlada

Мицкоски најави реконструкција на Владата, ќе се менуваат министри

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека веднаш по локалните избори ќе следи реконструкција на Владата и отворање на партијата за нови кадри, со цел да се обезбеди „повеќе динамика и поголем капацитет“ за реформите.„И затоа веднаш после овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување и поголема динамика на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали. Тоа не значи дека луѓето кои ќе бидат заменети биле лоши или немарни, но на Владата секогаш ѝ треба подинамичен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме“, рече Мицкоски.Тој додаде дека Македонија е на „патот на промените и заедничките успеси“ и дека резултатите веќе се гледаат во макроекономските показатели. „Имаме зголемен извоз, зголемен БДП, раздвижена економија, раст на стопанството, а времето на реално чувствување на овие резултати кај реалниот човек доаѓа“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„Не сум човек кој ги гледа работите од дистанца, и затоа промените во Владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор“, додаде тој.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-12.09.26

(Видео) Мицкоски за неговите градоначалници: Четири години работа без афери, со чесен образ пред граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ изјави дека локалните власти предводени од градоначалници на партијата успеале да се справат со сериозни предизвици, иако најголемиот дел од мандатот го поминале без поддршка од централната власт.„Поминавме низ еден тежок период, ги вадевме општините од бездна. Од овие четири години, три години градоначалниците имаа Влада која немаше слух, а имаше приоритети кои не беа локалните проблеми. Градоначалниците решаваа проблеми, минувавме низ сè без помош од Влада“, рече Мицкоски.Тој додаде дека најголемата вредност на овие четири години е фактот што, според него, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту една афера зад себе.„Четири години подоцна можам да кажам дека одговоривте на дадената доверба, го задржавте вашиот образ. Највредната работа е што немате ниту една афера зад себе, ниту еден криминален случај, ништо што би донело срам кон партијата и граѓаните“, истакна Мицкоски.Тој рече дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ останале луѓе врз кои граѓаните можеле да се потпрат.

пред 7 месеци

kazandol

Арбитражниот суд ја ослободи Македонија од обврска од 115 милиони евра за Казандол

Арбитражниот трибунал на 21 јули 2025 година ги отфрли сите тужбени барања во случајот „Казандол“, со што државата избегна да плати 115 милиони евра од буџетот.-На денешната седница на Владата, на предлог на Координативното тело за следење на арбитражни постапки беше усвоена информацијата со која се утврдува дека во целост се одбиени тужбените барања против државата во случајот познат како КАЗАНДОЛ и со тоа е направена заштеда на буџетските средства на граѓаните во вкупен износ од 115.000.000 евра. Арбитражниот трибунал донесе пресуда на 21 јули 2025 година со која утврди дека неосновани се сите тужбени барања и истите ги одби во целост.

Македонија | пред 7 месеци

uciliste-skolo-3

Ранци, тетратки, фломастери, моливи....сѐ за училиште по намалени цени!

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти.Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ќе важи од денес 15 август до 15 септември.Трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, додека во трговија на мало за најмалку 15 проценти.Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани.Исто така трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето, потоа пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата, треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%.Апелираме да не се прават обиди за изигрување на одлуката, бидејќи Државната пазарна инспекција ќе следи на терен дали истата се почитува. Во спротивно ќе следуваат санкции, бидејќи секоја одлука донесена во интерес на граѓаните мора да се применува.Со ова не само што цените на училишниот прибор драстично ќе се намалат, туку и според одредени анализи, трошоците на илјадници семејства што имаат ученици би се преполовил на половина.Владата е насочена кон носење на конкретни мерки кои значат подобрување на животниот стандард и економската состојба.

Македонија | пред 7 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Илинден е жив идентитет и обврска за иднината

„Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност, жива вистина за Македонија која живее“, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 Август – Илинден. Тој подвлече дека овој ден не е само историски спомен, туку постојан потсетник на стремежот за слобода, правда и државна самостојност.„На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за достоинство. Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека Илинден е и обврска – особено за институциите, кои мора да работат чесно и одговорно.Тој посочи дека Владата е свесна за довербата што граѓаните ѝ ја дале и за обврската таа да се оправда со резултати.„Ќе ја направиме Македонија држава на можности – праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции на страната на граѓаните“, рече Мицкоски, додавајќи дека оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро – и ќе покаже.Во пораката премиерот подвлече дека Илинден обединува и повикува на надминување на поделбите: „Да извлечеме сила од историјата и да ја претвориме во иднина. Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност.“

Македонија | пред 7 месеци

Foto-1-1

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Советот на амбасадори

Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Советот на амбасадори, предводени од претседателката, амбасадорката Александра Наќева Ружин. На средбата присуствуваа и амбасадорите: Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Иљаз Сабриу, Тихомир Илиевски и Ивица Боцевски.Тие изразија подготвеност за соработка и поддршка на институцијата Претседател, преку утврдувањето на надворешно-политичките приоритети, независни и стручни анализи, јавни дебати, совети и консултации за меѓународните прашања.Беа детектирани потенцијалните области за меѓусебна соработка и понудени идеи, предлози и иницијативи, коишто би придонеле за зајакнување на надворешно-политичките капацитети на државата.Со цел унапредување на македонската дипломатија, соговорниците ја потенцираа важноста од именување на кариерни амбасадори како прв избор, истакнувајќи го значењето на нивното искуство за соодветно и достоинствено претставување на земјава во светот.Претседателката ги поздрави амбициите на Амбасадорите за поттикнување на професионален дијалог за прашања од национален интерес и изрази подготвеност за натамошна комуникација. Укажувајќи дека првата слика за државата е најбитна, Сиљановска-Давкова посочи дека искуството и потенцијалот што го имаат членовите на Советот може да претставува драгоцена помош во носењето на одредени одлуки.На средбата таа ги реафирмираше заложбите за правична застапеност на жените во дипломатијата и придобивките од формирање на Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност.Соговорниците разменија мислења за македонската надворешна политика, односите со соседите, за Преспанскиот договор и членството на државата во меѓународните организации.

Македонија | пред 8 месеци

Нема фотографија

Владата донесе одлука за промена на таблиците на службените возила и одлука за отворање на конзулат во Корча

„Владата на денешната 97 седница донесе одлука сите државни институции да ги променат регистарските таблици на службените возила со новите таблици со боја најдоцна до 15 септември 2025 година. Оваа одлука е во насока на уште едно реализирано ветување пред граѓаните со цел поголема отчетност, транспарентност и ставање крај на злоупотребите кои со биле пракса во минатото.Дополнително, Владата на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија донесе одлука за отворање на генерален конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион. Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски.Владата продолжува со конкретни мерки и политики кои имаат за цел да ја потврдат вистинската грижа за подобрување на стандардот и враќање на довербата на граѓаните во институциите“, велат од Владата.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања