Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Премиерот против зголемување на платите на судиите: „И сегашните би им ги намалил“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryhvacng72okancOgBmnI

Владата работи на усогласување на законите со Реформската агенда и Планот за раст на ЕУ, но нема да ги прифати сите препораки од Брисел. Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите порача дека нема да се дозволи либерализација на цената на струјата, бидејќи тоа би значело драстично поскапување за граѓаните во следните години.

Како особено спорно тој го наведе и барањето за зголемување на платите на судиите и обвинителите, за што според пресметките би биле потребни околу 100 милиони долари годишно – двојно повеќе од сегашните трошоци. „Тие и сега имаат превисоки плати, а довербата кај граѓаните е само 2%. Лично и сегашните плати би им ги намалил,“ изјави Мицкоски.

— реклама —

Владата најави компаративна анализа на платите во пет земји членки на ЕУ (меѓу кои Германија и Хрватска), по што ќе се утврди конечниот став. Слична постапка ќе се применува и за други закони – сите предлози најпрво ќе се праќаат во Европската комисија, а дури потоа во Собранието, за да се избегне нивно повторно менување.

ЕУ во своите документи бара Македонија да го зголеми буџетот за судството и обвинителството на најмалку 0,8% од БДП, бидејќи сегашното издвојување (околу 0,3%) е далеку под законскиот минимум. Според Брисел, зголеменото финансирање е предуслов за независност и функционалност на правосудството.

— реклама —

Освен правосудството, Мицкоски најави и други „црвени линии“ кон Брисел – нема да се менува даночната политика, а измените на Кривичниот законик во делот за злоупотреба на службена положба ќе се разгледуваат преку компаративни анализи.

И покрај резервите, вицепремиерот за европски прашања Орхан Муртезани остана оптимист дека до крајот на годината Македонија може да биде лидер во регионот по исполнување на Реформската агенда, иако моменталната реализација е околу 40%.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче: Мицкоски отворено ја застапува тезата неговите министри да може да имаат бугарски пасоши

Македонија | пред 26 минути

— реклама —
media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Ќе има нови мерки за нафтената криза

Македонија | пред 48 минути

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања