Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Неизвесност се уставните измени за внесување на Бугарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarymu6ul7vl28072Q3VktU

Владата посветено работи на спроведување на Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија, со цел Македонија да нема незавршена „домашна работа“ надвор од политичкото прашање со Бугарија. Ова беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите што го одржаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

За имплементацијата на агендата номинирани се претставници од сите институции, со цел реформите да продолжат без застој и за време на локалните избори. Владата го смета процесот за клучен бидејќи е усогласен со европската регулатива, што треба да овозможи побрзо затворање на кластерите во преговорите.

— реклама —

Сепак, останува неизвесност за политичкиот дел – уставните измени. Премиерот Мицкоски повтори дека бара гаранции од Брисел и Софија дека тоа ќе биде последното условување на патот кон членството во Унијата.

„Потребна е малку поробустна акција од друг центар на моќ. Разговарав со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по неговата посета во Софија. Со право бараме гаранции по сè што направивме во минатото. Очекувам некаков тип на приближување со почетокот на следната година. Исто така, имав разговор со уште еден премиер од водечките земји на ЕУ, и од таму очекувам поробустна акција во насока на решавање на ова прашање“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања