Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

БУГАРИЈА

MFA_8353

Бугарија е перципирана како најголем непријател – дали тоа го сакате?, вели ексминистерот Димитров

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров упати остра порака до Бугарија од Делфи форумот, оценувајќи дека стратегијата на Софија довела до „најлоши односи меѓу двете земји што некогаш сме ги имале“.Реагирајќи на провокација од бугарски претставник од публиката дека Македонија нема друг избор освен да го прифати компромисот од 2022 година, Димитров возврати дека „нема компромис, туку пакет кој не донесе решение“.„Прашањето не е решено. Бугарија на сите анкети кај нас е најголем непријател. Дали навистина тоа го сакате? Знаете што рекол Черчил – колку и да мислите дека ви е добра стратегијата, не е лошо одвреме-навреме да си ги погледнете резултатите. А резултатите од вашата стратегија се тажни“, изјави Димитров.Тој нагласи дека вистински компромис подразбира незадоволство кај двете страни, а не ситуација во која „едната страна е еуфорична и слави“.Дебатата се отвори откако грчката професорка Марилена Копа повика Грција поактивно да се вклучи како медијатор во надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека Атина не прави доволно за поддршка на Македонија на европскиот пат.Ова предизвика реакција од бугарски претставник, кој тврдеше дека прашањето е затворено и дека Македонија треба да ги исполни преземените обврски.Димитров, говорејќи на панелот за безбедноста во источното соседство на Европа, оцени дека процесот на проширување на Европската Унија има сериозен проблем со кредибилитетот.„Ние сме кандидат од 2005 година, а денес не сме поблиску од тогаш. Процесот беше маргинализиран, а сега повторно е актуелен поради Украина и безбедносниот контекст“, рече тој.Тој додаде дека Европа има интерес да ја интегрира Украина, но прашањето е дали ќе успее да ги исполни очекувањата, нагласувајќи дека земјите од регионот можат да придонесат со своето искуство во управување со долгиот и неизвесен процес.Делфи форумот важи за една од најголемите меѓународни конференции во Европа, со учество на илјадници претставници од политиката, бизнисот, академската заедница и медиумите.

Македонија | пред 7 часа

media-libraryr3oakqihoh0a9FL3APf

Лефков: Новата власт во Бугарија може да донесе стабилност во регионот

Миле Лефков, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс, каде се осврна на темата за новата влада на источниот сосед на Македонија. Тој вели дека изборите на една суверена држава, според него се секогаш внатрешно прашање на таа држава, и  ја честиташе победата на новата влада во Бугарија. Како што вели Лефков, конечно има стабилна Влада кај источниот сосед на земјава. Тој кажа дека  патот кон ЕУ не треба да зависи од билатерални спорови, туку од тоа дали земјата ги исполнува реформите, за што кажа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ неуморно работи на истите.„Значајно е да имаме ден стабилен сосед, којшто ќе може да преземе одговорност за своите постапки, затоа што вистинскиот пат кон ЕУ, и тоа сме го кажале, не е преку процесот на билатерални проблеми, туку преку преку процесот на исполнување на реформи кои што се задолжителни од ЕУ и конечно ќе имаме еден стабилен партнер којшто ќе треба да ја преземе одговорноста и да одговара за блокирањето на целиот регион“, вели Лефков.Тој кажа дека владите во современиот свет имаат одговорност кон своите гласачи и населението, но и дека имаат одговорност кон регионот во кој се наоѓаат.,,Бугарија и бугарската Влада, ќе може сега да изберат пат дали ќе значи стабилност во регионот, дали ќе ја продолжи соработката со Република Македонија, на оние полиња на кои што треба да ја продолжи една влада којашто работи и за своите граѓани и за регионот. Притоа мислиме на порвзувањето, на заедничката соработка на многу различни полиња, наместо она со кое што до сега се среќававме  тоа се блокади,предизвикување на проблеми“, истакна Лефков.Според него, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи солидно во насока на исполнување на реформската агенда и сите реформи кои се наложени од европскиот пат.,,Бугарската Влада знае дека има солиден партнер во македонската Влада, се надеваме дека и тие ќе бидат на нивото на задачата и нема да влеземе во еден процес на дополнително блокирање. Она што е најважно, е тоа дека европските стандарди, европските критериуми се за доброто на народот,  за доброто на сите. Затоа што, на крајот на денот секој граѓанин има корист од поквалитетно управување со јавни финансии, секој има корист од реформа во јавната администрација. Сите граѓани имаат корист од владеење на правото и реформи во судството и сметам дека нашиот источен сосед, како земја членка на ЕУ, со новата Влада треба да ги препознае овие вредности и да работиме на подобрување на поврзаноста, инфрасттруктурата и на сите други полиња на кои што можеме да соработуваме“, заклучи Лефков.

Македонија | пред 2 дена

siljanovska-radev-1

Дали политичката промена во Софија ќе донесе промена во односот кон Скопје

Коалицијата „Прогресивна Бугарија“ предводена од Румен Радев победи на парламентарните избори и обезбедува мнозинство во новиот состав на бугарскиот парламент. Резултатот повторно го отвора прашањето каков ќе биде односот на Софија кон Скопје во наредниот период.Според поранешниот македонски амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев, суштински промени во бугарскиот пристап кон Македонија не се очекуваат, без разлика која политичка опција е на власт. Тој оценува дека бугарските политички фактори остануваат обединети околу клучните позиции поврзани со македонското прашање.„Ниту еден бугарски политичар не може да излезе од таа матрица кога станува збор за Македонија“, вели Ѓорчев, посочувајќи дека во Софија постои континуитет во ставовите околу идентитетските и историските прашања.Тој додава дека, за разлика од Бугарија, во Македонија недостасува политичко единство околу националните позиции во однос на овие прашања, што, според него, ја отежнува преговарачката позиција на земјата.Победата на Радев, според анализите, не се очекува да донесе радикален пресврт во билатералните односи, туку повеќе продолжување на веќе воспоставените позиции, со фокус на европската рамка, но и на заштита на бугарските национални интереси.

Македонија | пред 2 дена

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: „Прогресивна Бугарија“ оствари убедлива победа

Поранешниот претседател на Бугарија , Румен Радев им се заблагодари на граѓаните за поддршката на „Прогресивна Бугарија“, оценувајќи дека изборниот резултат претставува победа на надежта, слободата и моралот.Во своето обраќање, Радев упати благодарност до граѓаните во земјата и дијаспората, како и до својот тим и сите кои, како што наведе, со години стојат зад него. Тој се заблагодари и на изборните комисии и институциите, посебно на Министерството за внатрешни работи, за нивниот ангажман во спроведувањето на изборниот процес и спречувањето на изборни нерегуларности.Радев посочи дека излезноста била висока и дека апатијата е надмината, но нагласи дека недовербата во политиката сè уште е присутна. Според него, резултатот е прв чекор кон обновување на општествениот договор.Тој оцени дека „Прогресивна Бугарија“ остварила убедлива победа, додавајќи дека граѓаните ги отфрлиле, како што рече, ароганцијата и манипулациите на старите политички структури.Радев најави дека дополнителни коментари ќе следуваат по објавувањето на конечните изборни резултати.

Балкан | пред 2 дена

media-library2b9jsevuo03q4b14Enr

Радев по првите резултати: Подготвени сме за стабилна влада

Лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев, по објавувањето на првичните резултати од излезните анкети изјави дека неговата формација е подготвена да работи на формирање стабилна влада и да избегне нов изборен циклус.„Ние сме подготвени на различни варијанти, за да има Бугарија редовна и стабилна влада. Ќе направиме сè што е можно да не дозволиме повторно избори. Тоа е погубно за Бугарија, значи да преминуваме од криза во криза, а ние треба сериозно да работиме за да излеземе од нив“, изјави Радев.Тој додаде дека неговата партија не очекувала да биде прва според анкетите, но дека поддршката од теренот била јасен сигнал за расположението кај граѓаните.„Мојата ‘социологија’ беа полните сали и плоштади низ целата земја. Тоа беше нормално и закономерно. Очекувањата и надежите се големи, а тоа значи и голема одговорност“, рече Радев.На прашањето за можни коалициски партнери, тој посочи дека се надева на соработка со коалицијата ПП–ДБ, особено во делот на реформите во правосудството.Во меѓувреме, Антон Кутев, кој исто така ја коментираше победата на „Прогресивна Бугарија“, изјави дека целта на движењето не е само учество во власта, туку суштински промени.„Ние не се појавивме за да бидеме на власт, туку за да ја промениме Бугарија. Сакаме да најдеме партнер со кој ќе составиме влада и ќе направиме промени во судскиот систем“, изјави Кутев.Тој додаде дека според него, нема попогоден кандидат за премиер од самиот Румен Радев.

Свет | пред 3 дена

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Прогресивна Бугарија“ на Радев убедливо води на изборите во Бугарија

Предвремените парламентарни избори во Бугарија донесоа убедлива победа за партијата „Прогресивна Бугарија“, предводена од Румен Радев, покажуваат првичните резултати од излезните анкети објавени по затворањето на избирачките места.Според анкетата на агенцијата „Мерка“, спроведена во 19 часот и презентирана на Бугарското национално радио, „Прогресивна Бугарија“ освоила 38,7 отсто од гласовите. На второто место е ГЕРБ-СДС со 14,8 проценти, додека трета е коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ со 13,1 процент.Во парламентот, според овие резултати, би влегле уште „ДПС – Нов почеток“ со 9,2 отсто, „Преродба“ со 5,3 проценти и „БСП – Обединета левица“ со 4 проценти.Слични резултати покажува и истражувањето на „Маркет линкс“, според кое „Прогресивна Бугарија“ добила 38,9 проценти, ГЕРБ-СДС 15,4 отсто, а ПП-ДБ 13,6 проценти. Излезноста до 19 часот била 47,2 проценти.Според проекциите за распределба на мандати, „Прогресивна Бугарија“ би имала 110 пратеници, ГЕРБ-СДС 44, ПП-ДБ 39, „ДПС – Нов почеток“ 21, „Преродба“ 14 и „БСП – Обединета левица“ 12 мандати.И анкетата на „Алфа Рисрч“ потврдува водство на Радевата партија со 37,5 проценти, пред ГЕРБ-СДС со 16,2 и ПП-ДБ со 14,3 проценти.Лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев, изјави дека очекувале победа, но нагласи дека ќе ги почека конечните резултати, како и гласовите од странство.„Ќе направиме сè што е можно за да избегнеме нови избори“, изјави Радев, алудирајќи на можноста за формирање стабилна влада.

Свет | пред 3 дена

media-library826d9qin8ibj2zFEK4l

(Видео) Благо сум разочаран што само 250 македонски Бугари, ќе гласаат на тамошните избори, кога Радев вели дека има повеќе од 200.000 лица

Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочараност од нискиот одзив на македонските Бугари на парламентарните избори во Бугарија, посочувајќи дека интересот за гласање е значително помал од очекуваниот.„Благо разочаран сум поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учествуваат на овие избори, од оние, според Радев, повеќе од 200.000. Очекував излезеноста да биде поголема“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека очекува граѓаните на Бугарија да изберат влада со јасна европска ориентација и добрососедски пристап.„Очекувам граѓаните на Бугарија да изберат премиер кој е европски ориентиран, односно претседател на Владата кој ќе е добрососедски ориентиран и наместо билатералните прашања ќе се посвети на промотор на копенхашките критериуми“, рече премиерот.Изјавата доаѓа во период кога Македонија е блокирана во процесот на пристапување во Европската Унија поради спорот со Бугарија, која бара внесување на Бугарите во Уставот. Македонската Влада изразува сомнеж дека ваквите услови би можеле да претставуваат основа за нови блокади во иднина, па без гаранции одбива уставни измени.

Македонија | пред 3 дена

1-5

Од 3.504 декларирани бугарски државјани во Македонија, само 210 се пријавени за гласање за тамошните избори

Од вкупно 3.504 декларирани Бугари во Македонија, за гласање на претстојните парламентарни избори во Бугарија се пријавиле само 210 лица.Најмногу пријавени има во Струмица – 62, потоа во Охрид 56, Прилеп 52, Скопје 29 и Битола 11 гласачи. Пријавувањето е можно и директно на избирачките места, но досегашните бројки покажуваат слаб интерес.Овој податок доаѓа во момент кога Бугарија ги одржува осмите парламентарни избори во последните пет години, а политичката нестабилност и честите изборни циклуси очигледно влијаат и врз гласачите надвор од земјата.Дополнително, во 2022 година за гласање биле пријавени 461 лице, што значи дека интересот сега е речиси преполовен.Додека во Бугарија се очекуваат резултатите од уште еден неизвесен изборен циклус, бројките од Македонија испраќаат јасна порака за слаб интерес и дистанца од политичките процеси во соседството.

Свет | пред 3 дена

media-library2b9jsevuo03q4b14Enr

Радев е фаворит во Бугарија, му предвидуваат победа на денешните избори кои се осми во пет години

Бугарија денес гласа на осмите парламентарни избори во последните пет години, а главното внимание е насочено кон очекувањата за исходот, каде фаворит според анкетите е коалицијата предводена од поранешниот претседател Румен Радев.Според предизборните прогнози, неговата новоформирана групација „Прогресивна Бугарија“ би можела да освои околу 35 проценти од гласовите, благодарение на кампањата фокусирана на борба против корупцијата и демонтажа на, како што го нарекува, „олигархискиот модел на управување“.На второто место се очекува да заврши партијата ГЕРБ на Бојко Борисов со околу 20 проценти поддршка, додека либералната коалиција ПП-ДБ се позиционира веднаш зад нив.Изборите се одржуваат во сенка на долготрајна политичка криза која трае од 2021 година, кога масовните антикорупциски протести доведоа до пад на владата на Борисов. Ниската доверба во институциите се одрази и врз излезноста, која на претходните избори падна на 39 проценти, но аналитичарите очекуваат зголемена мобилизација на гласачите овојпат.Радев, кој поднесе оставка од претседателската функција за да учествува на изборите, се позиционира како алтернатива на „старите политички структури“, ветувајќи дека нема да коалицира со ГЕРБ и дека ќе се бори за апсолутно мнозинство во парламентот.Во меѓувреме, полицијата ги засили активностите против купување гласови, при што во последните недели се запленети повеќе од еден милион евра и се приведени стотици лица, вклучително и локални функционери.Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот, а исходот од овие избори се очекува да даде насока за идната политичка стабилност на земјата.

Свет | пред 3 дена

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Осмите избори од 2021: Бугарија повторно на гласање

Во Бугарија утрово во 7 часот по локално време беа отворени избирачките места за осмите предвремени парламентарни избори од 2021 година наваму.Право на глас имаат повеќе од 6,5 милиони граѓани, иако конечниот број ќе биде утврден по завршувањето на изборниот ден.Гласањето се одвива на вкупно 11.995 избирачки места, меѓу кои и мобилни гласачки кутии за лица со попреченост, како и на 493 избирачки места во 55 држави низ светот.Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот, со можност гласањето да се продолжи до 21 часот таму каде што ќе има редици и гласачи кои се затекнати на местата.Во изборната трка учествуваат 4.786 кандидати кои се борат за 240 пратенички места во 52-то свикување на Народното собрание. На изборите настапуваат 14 партии, 10 коалиции и еден независен кандидат.

Свет | пред 3 дена

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Бугарија утре на осми избори за пет години – крај или нова криза?

Бугарија утре ќе излезе на осми парламентарни избори во последните пет години, во обид да стави крај на хроничната политичка нестабилност која ја потресува земјата.Според последните анкети, во водство е новата партија „Напредна Бугарија“, предводена од поранешниот претседател Румен Радев, кој поднесе оставка пред истекот на мандатот за да влезе во трката за власт. Неговата партија ужива поддршка од околу 33 проценти, што го прави клучен фактор во идниот парламент, кој се очекува повторно да биде фрагментиран.Изборите доаѓаат по пет години политичка криза во која ниту една влада не успеа да го заврши целиот мандат. Земјата постојано функционираше со технички влади, нестабилни коалиции и краткотрајни политички сојузи, кои често се распаѓаа поради скандали.Паралелно, довербата кај граѓаните значително опадна, а излезноста на изборите е во континуиран пад.И покрај институционалната нестабилност, Бугарија во истиот период направи значајни чекори кон Европската унија, вклучително и влез во Шенген-зоната и усвојување на еврото, често и без функционална влада или усвоен буџет.Последниот политички колапс беше предизвикан од масовни протести кон крајот на 2025 година, најголеми во последните децении, кои започнаа поради спорен буџет, но прераснаа во поширок бунт против политичкиот систем.Во фокусот на јавниот гнев беа лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, како и контроверзниот бизнисмен и политичар Дељан Пеевски, кој е под санкции од САД и Обединетото Кралство поради корупција.Во меѓувреме, националистичката партија „Преродба“ продолжува да ја зголемува поддршката, додека традиционалните политички блокови се обидуваат да се прегрупираат.Подемот на Радев отвори и споредби со унгарскиот премиер Виктор Орбан, особено поради неговите ставови против воената помош за Украина и критиките кон Европската унија.Иако неговата партија води, аналитичарите не очекуваат апсолутно мнозинство, што значи дека Бугарија повторно може да влезе во период на сложени коалициски преговори и потенцијална нова политичка неизвесност.Исходот од изборите ќе има значење не само за внатрешната политика, туку и за Европската унија, која внимателно ја следи состојбата поради ризикот од дополнителна нестабилност во регионот.

Свет | пред 4 дена

media-library826d9qin8ibj2zFEK4l

Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека одлуката на Комитетот за човекови права при Обединетите нации, со која се утврдува дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување, тешко дека ќе има суштинско влијание врз официјална Софија без посилен меѓународен притисок.„Јас не очекувам дека ќе има ефект врз политиката кај нашиот источен сосед, освен ако не се вклучи силна, робусна акција од Брисел“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека, според него, Македонија во изминатиот период добива сè повеќе меѓународна потврда за своите позиции, но оти тоа не значи автоматска промена на ставовите на Бугарија.Премиерот упати и критики кон, како што ги нарече, политики на „меко ткиво“ во минатото кои ги воделе СДСМ, оценувајќи дека тие придонеле за, како што рече, отстапки во однос на македонскиот идентитет.„Секој што верува дека со промена на Уставот или со отстапки ќе се решат проблемите – се лаже. Тоа е или неразбирање на политиката или свесно оттурнување на националните интереси“, истакна Мицкоски.Според него, без јасен и координиран став од Европската унија, не може да се очекува промена во односите, иако ваквите одлуки, како што рече, ја зајакнуваат позицијата на земјава на меѓународната сцена.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykhurjm5hhqso5TzRHuv

Бугарски европратеник: Секоја промена на европскиот консензус дава право на Софија за вето врз членството на Македонија во ЕУ

Бугарскиот европратеник Илија Лазаров, член на ГЕРБ и сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија, изјави дека секоја промена во европскиот консензус во однос на Договорот со Бугарија ќе ѝ даде на Софија право да стави вето на членството на Македонија во Европската Унија.Лазаров остро го критикуваше известувачот во Европскиот парламент, Томас Вајц, оценувајќи дека тој дејствува под диктат на лидерите на македонската опозиција, Христијан Мицкоски и Тимчо Муцунски.„Вајц се преправа дека е независен, но всушност ја исполнува волјата на Скопје за пропагандна бучава“, изјави Лазаров.Причина за реакцијата на Лазаров е иницијативата на Вајц да се амандира вториот протокол кон Договорот со Бугарија, дел од преговарачката рамка на ЕУ. Лазаров потенцира дека „францускиот предлог“ е одобрен од сите 27 земји-членки, ратификуван од тогашната влада на Македонија и не е предмет на ревизија.„Секоја промена на европскиот консензус автоматски ќе ѝ даде на Бугарија право да става вето. Нашата позиција е јасна и координирана – претседателот, Советот на министри, Министерството за надворешни работи, парламентарните партии и сите 17 европратеници се согласни во тоа“, додаде Лазаров.Тој ја спореди македонската иницијатива со недозволено однесување во клуб: „Не можете да влегувате, да кршите прозорци и да клоцате маси и столчиња, а да се обидувате да ја наметнете својата волја“. Лазаров упати сериозни сомнежи и кон еврокомесарката за проширување Марта Кос и потенцијално влијание на поранешните југословенски служби.Лазаров предупреди дека протоколот ѝ овозможува на Софија долгорочна структурна моќ и дека иницијативите на Вајц би можеле да создадат преседан за ревизија на условите за пристапување на земјите-кандидати. Според него, Македонија ризикува да ја изгуби моменталната динамика во преговорите со ЕУ, ако не ги исполнува обврските предвидени во протоколот и не го финализира „Патоказот за функционирање на демократските институции“.Иако Лазаров остро ја критикуваше улогата на Вајц, тој нагласи дека поддржува европската перспектива на земјата: „Сакам оваа земја да стане членка на ЕУ, бидејќи тоа ќе доведе до нешто добро“.Ситуацијата ја отсликува комплексната динамика помеѓу македонските политички поделби, надворешните притисоци од Софија и административните одложувања, кои заедно го одложуваат процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv35if9121n24aADsRSb

(Видео) Маж со мантија и крст „се фрли“ пред автомобилот на министерката за надворешни работи на Бугарија, извикуваше клетви и навреди

Извесен Атанас Стефанов, познат по своите појавувања на јавни места облечен во свештеничка облека и со крст, направил драма пред Министерството за надворешни работи во Софија.Тој застанал пред службеното возило на министерката за надворешни работи Надежда Нејнски, која во тој момент ја напуштала институцијата, по што на висок глас започнал да извикува клетви и навреди кон неа.Според видеоснимка објавена на социјалните мрежи, возилото сепак успеало да се оддалечи, додека обезбедувањето направило обид да го оттурне мажот.Од Софиската света митрополија претходно соопштија дека Стефанов не е дел од свештенството, ниту има дозвола да носи свештеничка облека и крст.Во изминатиот период, Стефанов беше инволвиран и во други инциденти. Пред неколку дена, заедно со група лица, влегол во партиска канцеларија и се однесувал агресивно кон присутните.Минатата година, тој се фрли пред колоната возила на украинскиот претседател Володимир Зеленски во центарот на Софија, извикувајќи навредливи пароли, по што беше приведен од полицијата.Дополнително, претходно учествувал и во инцидент со поранешниот бугарски премиер Кирил Петков и членови на неговата партија, при што повторно се однесувал агресивно.Случајот повторно ја отвори дебатата за ваквите појави во јавниот простор и реакцијата на институциите.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран ја предупреди Бугарија: Не дозволувајте САД да ги користат аеродромите

Министерството за надворешни работи на Бугарија потврди дека минатиот месец Иран ја предупредил земјата да не дозволува на САД да ги користат нејзините аеродроми за авиони кои учествуваат во воени операции во Иран.Информацијата стана јавна откако пратеникот Станислав Балабанов од партијата „Постои таков народ“ објави нота од 18 март, во која иранската влада протестира против присуството на американски воени танкери стационирани на аеродромот „Васил Левски“. Во нотата се наведува дека Иран „го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, безбедност и национални интереси во согласност со меѓународното право“.Автентичноста на нотата ја потврди заменик-министерот за надворешни работи, Марин Рајков. Тој истакна дека „Бугарија не е во војна“ и дека „ниту еден борбен авион не ја користи Бугарија за учество во воени операции“. Рајков додаде дека земјата продолжува да одржува нормални дипломатски односи со Иран.

Свет | пред 3 седмици

media-library826d9qin8ibj2zFEK4l

Додека не бидат гарантирани правата на Македонците во Бугарија, нема да мрднеме ни милиметар, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше на обвинувањата од опозицијата за евроинтеграциите, оценувајќи дека станува збор за веќе позната реторика и политики што, според него, го загрозуваат македонскиот идентитет.„Тоа е позната реторика. Сега што да коментирам кога веќе сум ја коментирал многу пати во минатото? Начинот на којшто СДСМ ги гледа евроинтегративните процеси, а тоа е исклучиво распродавање на македонскиот национален идентитет, удар врз ткивото“, изјави Мицкоски.Тој ја критикуваше политиката на опозицијата, нарекувајќи ја штетна за државните интереси.„Тоа се, би рекол, мекотелни политики. Тие се мекото ткиво на македонскиот идентитет и на тој начин ја загрозуваат целата онаа стратегија којашто ние како влада ја градиме“, изјави Мицкоски.Премиерот додаде дека ваквите ставови се поздравувани надвор од земјата, особено од, како што рече, политички кругови во Бугарија.„За жал, следбениците на 'живковизмот' во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија коишто сè уште се активни како луѓето од опозицијата СДСМ“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека Владата нема да прави отстапки без јасни гаранции.„Сите во светот треба да знаат, и македонските граѓани, дека таа работа без ВМРО-ДПМНЕ не иде. И таа работа без ВМРО-ДПМНЕ не бива. А ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во било каква авантура сè додека нема јасен крај и сè додека не бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед“, изјави Мицкоски.Премиерот потенцираше дека позицијата на Владата останува непроменета.„Нема да се поместиме нити милиметар. Ќе чекаме. Ако не, ние ќе го пренесеме тоа на тие коишто нас ќе нè следат. Ако и тие не успеат, и тие што нив ќе ги следат“, изјави Мицкоски.Во заклучок, тој испрати порака дека, според него, сегашната опозиција нема политичка иднина.„Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван, а овие мекотелни политичари коишто се дел од мекото ткиво на македонскиот идентитет, јас сум убеден дека после следните парламентарни избори ќе заминат во историја и никогаш повеќе нема да ни се повторат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarye2o9aatduh3s3vjBW0s

Бугарија влегува во воената индустрија на Украина со 10-годишен договор: ќе произведуваат дронови

Володимир Зеленски објави дека Украина и Бугарија потпишале десетгодишен одбранбен договор со кој ќе започне заедничко производство на дронови и друго оружје.Договорот беше постигнат за време на посетата на привремениот бугарски премиер Андреј Ѓуров на Киев, при што двете земји се договориле да ја продлабочат соработката во воената индустрија.Според Зеленски, станува збор за системско партнерство кое ќе овозможи производство на различни видови оружје, вклучително и беспилотни летала, на територијата на двете држави. Тој нагласи дека долгорочниот карактер на договорот ќе овозможи стабилна и технолошки напредна соработка во време кога дроновите стануваат клучен елемент во современото војување.Бугарија, како членка на НАТО и Европската Унија, има развиена одбранбена индустрија, особено во производство на муниција и оружје од советски тип, што директно одговара на потребите на украинската армија. Во последните години, оваа индустрија бележи значителен раст токму поради војната во Украина.Бугарскиот премиер Ѓуров оцени дека договорот не е само формалност, туку „конкретна обврска за зајакнување на евроатлантската безбедност“, што дополнително ја позиционира Бугарија како важен фактор во снабдувањето и развојот на воени капацитети во регионот.Покрај воената соработка, двете земји работат и на енергетски проекти, вклучително и таканаречениот „вертикален гасен коридор“, кој треба да ја поврзе Грција со земјите од југоисточна Европа.Договорот со Бугарија доаѓа во момент кога Украина паралелно склучува и други безбедносни и одбранбени партнерства, но токму соработката со Софија се издвојува како клучна поради индустрискиот капацитет и геостратешката позиција на земјата.

Свет | пред 3 седмици

goveda

Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Шест волови од Македонија ја преминале границата со Бугарија во близина на селото Ѓуешево и предизвикале проблем кај тамошните власти.Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во случајот. Не се знае дали овие шест волови се дел од оние говеда кои шетаат слободно во областа на Крива Паланка предизвикувајќи голема напрегнатост меѓу населението и сопственици, а маедонските надлежни власти уште не можат да го решат проблемот.Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката го пријавила случајот во општината. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за сточарство.Регионалната комисија за контрола на храната, граничните и општинските власти ќе одлучат што да се прави со нив.

Македонија | пред 3 седмици

1-5

„Да не дозволиме на политичари од нашиот источен сосед, коишто припаѓаат на минатиот век, да водат кампања на ова прашање“, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање во врска со амандманите во извештајот на Томас Вајц за Македонија, и апелираше да не се дозволи ова прашање да се користи како алатка во предизборната кампања во Бугарија.„Со господинот Вајц случајно бевме во истиот воздухоплов којшто се обраќаше на линија Брисел-Виена. Инаку имавме состанок и се што се случуваше јас го антиципирав на тој состанок и му предочив на Вајц дека ќе се случува.Целта е да бидеме влечени во предизборната кампања во Бугарија на оваа тема. Затоа ве молам да не дозволиме да дадеме алиби на политичари од нашиот источен сосед, коишто припаѓаат на минатиот век, да водат кампања на ова прашање. Едноставно замолувам да го игнорираме сето тоа, а ние како влада разговараме со нашите пријатели во Брисел, се разбира, аргументираме, се бориме, така што во овој момент, ќе повторам, не би сакал да бидеме алатка во рацете на политичари во Бугарија, коишто припаѓаат на минатиот век, а не гледаат кон идината“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 седмици

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Аларм во Софија: Вајц повторно работи за Македонија

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже каков е правниот статус на вториот протокол потпишан меѓу Бугарија и Македонија е обид нашата држава да почне преговори со ЕУ без да го исполни условот од Преговарачката рамка – Бугарите да влезат во Уставот.„Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, поднесе предлог за амандман на својот последен извештај, со кој го доведува во прашање вториот протокол кон Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, кој самата ЕУ го посочи како дел од Преговорната рамка. Со амандманот 108, Вајц предлага текстот на идната резолуција да биде напишан така што Европскиот парламент ‘ја повикува правната служба на Советот итно да ги разјасни сите двосмислености во врска со правниот статус на вториот билатерален протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји во врска со процесот на пристапување’“.Текст што звучи безопасно сам по себе, но зошто е пречка? Протоколот експлицитно наведува дека следната меѓувладина конференција, која ја завршува фазата на отворање преговори, ќе се одржи дури откако Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во својот устав. Протоколот беше усвоен во рамките на Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, одржан во Софија на 17 јули 2022 година.Целта на овој текст е да се започнат преговори за пристапување на Северна Македонија без Скопјe да ги исполни своите обврски и пред Бугарите да бидат вклучени во нивниот основен закон. Не може, а да не предизвика загриженост тоа што барањето на Томас Вајц целосно одговара на политиката на северно македонскиот премиер, како и на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, коментира во анализата БГНЕС.Медиумот притоа потсетува дека минатата година, поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која е поврзана со поранешниот премиер Никола Груевски, покрена постапка за оспорување на вториот протокол.„Нејзината жалба беше прифатена на разгледување од страна на Уставниот суд на Северна Македонија во краток рок. Поповска тврди дека протоколот е во спротивност со Уставот, има неточна правна форма и влијае на прашања поврзани со идентитетот. Сепак, судот не се изјасни за него ни половина година подоцна. Тука се поставува разумното прашање дали известувачот на ЕП сака правната служба на Советот да донесе одлука наместо Уставниот суд во Скопје, така што евентуалната поволна оценка во корист на Северна Македонија би се претставила како ‘европска’ одлука, а не како обид на земја-кандидат да ги заобиколи условите“, пишува БГНЕС.БГНЕС, исто така, потсетува на ставовите на Македонија во врска со процесот на подготовка на минатогодишниот извештај за Северна Македонија, повторно напишан од Томас Вајц, од кој стана јасно дека македонскиот премиер однапред имал доверливи внатрешни информации во реално време за текстовите во документот. Во својот извештај оваа година, Вајц го повторува својот повик „за зајакнување на способноста на ЕУ да дејствува преку воведување делумно гласање со квалификувано мнозинство во областите поврзани со процесот на пристапување, вклучително и со укинување на барањето за едногласност во средните фази од процесот на проширување за одлуки за отворање и затворање на поединечни преговарачки групи и поглавја…“Но, она што многу ги иритира во Софија е амандманот 214, во кој известувачот ја нагласува „обврската на сите земји-членки на Советот на Европа, вклучувајќи ги земјите-членки на ЕУ, како и земјите-кандидатки и потенцијални кандидатки, брзо да ги спроведат преостанатите пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП)“, додавајќи дека сите законски измени мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди, препораките на Венецијанската комисија и Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ).„Загриженоста на Вајц за спроведувањето на пресудите на ЕКЧП е пофална, но ваквите формулации немаат место во документ чија единствена функција е да ја утврди подготвеноста на Скопје да биде дел од демократските европски држави. На сите им е јасно дека иако земјите-членки не се експлицитно споменати, текстот на Предлогот 214 јасно се однесува на Бугарија и групата случаи на ОМО ‘Илинден’ во ЕСЧП. Неприфатливо е известувач на Европскиот парламент да наметнува обврски на земја-членка или да ја оценува во рамките на извештај за земја-кандидат. Овие текстови се целосно во согласност со реториката на Скопје, со која Вајц ги доведува во прашање веќе договорените елементи на преговарачката рамка, а од друга страна, Северна Македонија не ги почитува препораките на Венецијанската комисија и ЕКРИ“, коментира БГНЕС.Според медиумот, обидот да се заобиколи едногласноста при донесувањето одлуки во врска со процесот на преговори со земја-кандидат, која со години одбива да се придржува до Преговарачката рамка усвоена од неа, е целосно неприфатлив.„Кога Томас Вајц го подготвуваше минатогодишниот извештај за Северна Македонија, ниту еден претставник на Бугарија во европските институции не презеде одговорност за вклучување на формулацијата ‘македонски идентитет и јазик’ во неговата конечна верзија во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), за што Европскиот парламент нема надлежност да се изјаснува. Требаше да се гласа на пленарна седница за текстовите излобирани од Скопје да бидат отстранети од резолуцијата. Овој пат, согласувањето со опцијата за ‘компромис’ или целосното повлекување од амандманите отвора врата за непредвидливи и неконтролирани последици, смета БГНЕС.Затоа, медиумот ги повикува бугарските европратеници да не станат соучесници во напорите на Скопје да не ги исполни своите меѓународни обврски „и да ги префрли последиците од сопствената неспособност врз Софија“. Изборната кампања во Бугарија не ги ослободува бугарските европратеници од политичка одговорност, пишува БГНЕС.

Македонија | пред 4 седмици

media-library8k57rt0t2oq15hNKvgU

(Видео) Пожар од Бугарија се приближува кон општина Ново Село

Пожар од Република Бугарија се движи кон територијата на Република Македонија, или поточно, кон територијата на општина Ново Село на планината Огражден.Сакам да ги известам граѓаните дека ја следиме состојбата од моментот на појавување на овој пожар и ги преземаме сите неопходни мерки за заштита и спречување истиот да навлезе на наша територија.Пожарот е во борови култури, а во минатото таквите пожари покажаа дека знаат да бидат едни од најопасните пожари.Покрај овој пожар, сакам да ја известам јавноста дека во текот на денешниот ден, на планината Огражден над село Двориште имавме уште еден пожар.Таму нашите екипи на ЈП "Македонски Шуми" заедно со ТППЕ Берово и граѓаните од село Двориште, со заеднички напори го изгаснаа овој пожар во самиот негов зародиш.Со овој пост сакам да упатам јавна благодарност до сите оние граѓани кои несебично, оставајќи ги своите обврски го изгаснаа пожарот и спречија поголема катастрофа.Остануваме заеднички, посветено и деноноќно да ја следиме состојбата во однос на пожарите на територијата на целата наша држава“, објави директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.

Македонија | пред 1 месец

media-library9pkshdkkqt4i5Rhg0VY

„Очекувам земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед“, Мицкоски со реакција за црниот печат на адвокатот Менкиноски

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси.На денешната прес-конференција, премиерот Хирстијан Мицкоски изјави дека е запознает со она што се случува и дека телефонски разговарал со Менкиноски.Јавно го осудувам тоа, тоа е лоша порака и лоша порака за самата ЕУ, и очекувам дел од земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед, бидејќи нема да биде прв пат нашиот источен сосед да ги крши човековите права, тоа веќе го направи неколку пати до сега откако не ги примени пресудите од судот за човекови права во Стразбур. Сега гледате како се ограничува елементарното човеково право да се движи човек од едната на другата страна на границата. Не зборуваме за човек кој е криминалец, туку за зборуваме за чесен граѓанин, којшто единствен грев му е тоа затоа што ги застапува правата на Македонците од другата страна на границата пред Судот за човекови права во Стразбур. Тоа е единствениот грев и заради тоа добива црн печат. Навистина, бескрупулозно и заслужува целосна осуда. Тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку Европската Унија не излезе со осуда на ваквото однесување.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygforfvvb1bpu9OUaW7Y

Муцунски разочаран од Бугарија: ЕУ членка му забрани влез на адвокат кој ги брани правата на Македонците

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изрази сериозна загриженост по одлуката на бугарските власти да му изречат десетгодишна забрана за влез во Бугарија на адвокатот Тони Менкиновски.Муцунски посочи дека Министерството внимателно ќе ги разгледа сите аспекти на случајот и ќе одлучи кои дипломатски механизми ќе бидат преземени.„За мене од институционална гледна точка е да ги видам сите аспекти за тоа каква информација добил. Многу сум загрижен од ова што примарно го гледам, бидејќи сум негативно изненаден како земја членка на ЕУ се однесува кон наш граѓанин, кој имал единствена цел да штити права на наши граѓани пред европски институции. Со други наши соседи сме имале вакви состојби и сме реагирале по дипломатски пат. Мерката и механизмот кои ќе ги преземеме ќе се одлучат во рамки на Министерството за надворешни работи“, изјави Муцунски.Тој додаде дека е длабоко разочаран од постапката на земја членка на Европската Унија.„Факт е дека се случува санкционирање на човек кој си ја вршел својата работа. Тој е адвокат. Не сакам да верувам дека Европската Унија ќе застане на страната на вакви ретроградни дејствија и механизми кои доаѓаат од нашиот сосед. Моја обврска како министер е да го кажам ставот на државата, но и да најдеме начин како да ги заштитиме правата на Менкиновски“, рече Муцунски.Претходно адвокатот Тони Менкиновски соопшти дека официјалните власти во Софија му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од десет години.Тој оцени дека одлуката е скандалозна и претставува директен притисок врз неговата адвокатска работа, додавајќи дека забраната е обид за негово замолчување поради улогата што ја има како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrikvisido9ld3PXfRkd

Јас би се чувствувал засрамено да седам на маса со Бугарија, ако тие му забраниле влез на адвокатот кој ги брани Македонците таму, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на информацијата дека адвокатот Тони Менкиноски добил забрана за влез во Бугарија во траење од десет години, оценувајќи дека доколку тоа се потврди, станува збор за сериозен удар врз демократските принципи.„Доколку е точно, тоа е уште еден срам за демократијата кај нашиот источен сосед. Тоа е поголем срам за сите оние кои не веруваат во вистинските намери на политичарите кај нашиот источен сосед. Јас би се чувствувал засрамено да сум човек кој седи на иста маса и треба да споделува исти вредности со политичарите кај источниот сосед. Тука мислам на земјите членки на Европската Унија кои треба да реагираат, ако ова е така“, изјави Мицкоски.Претходно адвокатот Тони Менкиноски информираше дека официјалните власти во Софија му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од десет години. Тој ја оцени одлуката како скандалозна и како директен притисок врз неговата адвокатска работа.Менкиноски кажа дека забраната претставува обид за замолчување поради неговата улога како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Македонија | пред 1 месец

bugarija

Бугарија бара податоци за засолништата: проверка на бункерите и подготвеноста по зголемени регионални тензии

Бугарските власти започнаа со прибирање информации за бројот и состојбата на засолништата од бомби, поради растечки безбедносни тензии во регионот, пишува српски „Телеграф“. Во таа насока, регионалниот управител на Варна побарал преглед на капацитетите и техничката исправност на засолништата на територијата на регионот, со цел да се добие појасна слика за нивната употребливост во евентуална вонредна состојба.Според наводите во текстот, низ државата постојат повеќе објекти што историски биле наменети за заштита на населението, но клучното прашање е во каква состојба се денес. Како пример се посочува подземен бункер во софискиот округ Лозенец, за кој се наведува дека последен пат бил користен за време на Втората светска војна, а со години е запуштен.Во описот на објектот се споменуваат коридори со ознаки кон различни простории, како и остатоци од канализациски и вентилациски системи. Се наведува дека просторот е обемен, со два влеза и повеќе простории што личат на менза, санитарии и работни простории, додека доминантни се долгите ходници.Градоначалникот на округот, Константин Павлов, ја нагласува неизвесноста околу реалната функционалност на ваквите објекти, иако оценува дека би можеле да примат неколку стотини луѓе – но дека прашањата за вентилација и осветлување би морале да се решат пред евентуална употреба. Во истиот контекст се споменува и идеја бункерот во иднина да се пренамени во културен простор.Како најголемо засолниште од ваков тип во земјата, стручњаци го посочуваат метрото во Софија, со над 50 километри тунели. Според изјавата на директорот на Метрополитен, во случај на вонредна состојба би се користеле не само пероните, туку и тунелите, при што капацитетот би зависел и од конкретните потреби на луѓето што би се згрижувале.Се наведува и пример од Благоевград, каде еден од бункерите се наоѓа под станбена зграда и е изграден во 1960-тите. Новинар кој живее над објектот тврди дека со години никој не влегол во него и дека останал заклучен, иако во минатото бил предмет на одредени адаптации и опремување.Според податоци што се цитираат во текстот, во Бугарија има 247 засолништа во состојба што овозможува употреба. Од нив, 18 се оценети како технички добри и подготвени за итна употреба, додека 229 се во задоволителна состојба и би можеле да се доведат во подготвеност во рок од една недела.Во истиот контекст се споменуваат и потези поврзани со противвоздушна и противракетна заштита во регионот, при што се наведува дека грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас соопштил за преместување на една батерија „Патриот“ на северот на Грција, со цел да се зајакне одбраната што покрива и дел од бугарската територија. Дополнително, се споменува и распоредување на два авиона Ф-16 на северен грчки аеродром и испраќање високи офицери во оперативниот центар на бугарските вооружени сили во Софија, како мерки што, според изјавите, се преземаат по барање на бугарската страна.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања