Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

БУГАРИЈА

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски: Не случајно владата што ја предводев не постигна договор со Бугарија, ниту прифати „заедничка историја“ и заеднички чествувања

Од секогаш сум тврдел дека македонското прашање може да се затвори само тогаш кога ќе е во корист на Македонија и на македонскиот народ и само тоа ќе донесе траен мир и стабилност на Балканот, наспроти аспирациите на некои соседи. И се додека тоа не се случи, не само што ќе стои отворено, туку ќе предизвикува многу меѓудржавни проблеми, инциденти меѓу сензибилизираното население и многу други непосакувани ситуации, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Неслучајно, колку и да го посакувавме тоа за да немаме пречки на патот кон ЕУ, долго време владата која ја предводев не постигна договор со Република Бугарија за текстот на договорот за пријателство ниту пак прифати заеднички чествувања кои и тогаш ни ги бараа.Намерите и стапиците беа така очигледни што секој што барем малку разбира политика и историја можеше да ги види. Уште повеќе кога како и секоја сериозна влада ќе извршеше консултации со научните работници од сверата на историјата.Актуелната власт лекоумно и брзоплето влезе во авантира на потпишување на договорот со Бугарија за само два месеци по нивното доаѓање на власт. Последиците ги гледаме денес и допрва ќе ги гледаме. Тогаш важно беше да се покаже некаков наводен брз успех и да се каже дека ние сме биле виновни за се, а не бил проблемот кај Бугарија и нивните несоодветни барања и условувања.Владата која ја предводев се спротистави на вметнување на фразата “заедничка историја”. Беше јасно дека имајќи ја силата на членка на ЕУ, Бугарија тоа ќе го користи македонската историја да се прикаже за бугарска а македонските револуционери за бугарски и тоа ние да го прифатиме. Од тој договор произлегуваат денешните проблеми и новите барања и условувања на соседна Бугарија со промена на уставот, чествувањата итн, од кој пак произлегуваат непосакувани инциденти, негативна енергија и дополнителни влошувања на меѓудржавните односи.Кога прашањето за овој дговор и неговиот текст кој веќе беше испратен на гласање во парламентот го дискутиравме на седница на извршниот комитет во партијата, се сеќавам дека таму кажав дека најголем (иако не и единствен) проблем во договорот е заедничката историска комисија, бидејќи нашите сили се асиметрични имајќи во предвид дека тие се, а ние не сме членка на ЕУ а сакаме да бидеме, и дека таа комисија ќе се претвори во клучен инквизаторски инструмент за уцена со наводен научен параван кој нема да има никаква врска со историската наука туку ќе биде политички инструмент на нашиот источен сосед за остварување на своите вековни цели, македнската историја, јазик, идентитет и нација да добијат бугарски карактер.Професорот по историја д-р Никола Жежов дава многу јасен, концизен, конкретен и прецизен приказ на ова прашање, и ова кратко интервју од околу 25 минути вреди да се погледне. Патем, по информацијата добиена по неофицијални канали, тој е прв на листата од тројца Македонски професори – историчари на неформалниот список добиен во македонската влада по смената на власта и потпишувањето на договорот во 2017 година од страна на Бугарија со барање: “ставете кого сакате во македонскиот дел од историската комисија, само не овие тројца историчари”.Најинтересно е што СДСМ дури и во овој состав потпишувањето на тој договор со Бугарија, како и со подеднакво катастрофалниот договор кој всушност исто така беше класична капитулација со Република Грција ги смета за огромен и неверојатен нивен успех, а нас од тоа време сеуште не портретираат како некакви кочничари на добрососедските односи и кон членството во НАТО и ЕУ.За крај два цитати од ова интервју на професорот Никола Жежов:“Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.“…историската комисија и нејзината работа веќе е ирелевантна и непотребна. Всушност, генезата и изворот на сите овие проблеми, што денеска ги имаме, е тој фамозен Договор потпишан на 1 август 2017 година. Таа несреќена придавка за нас Македонците за „задничка историја“ е генератор на сите проблеми, што ги имаме сега. Македонските и бугарските историчари не можат да најдат никаква заедничка точка за задничко чествување на Гоце Делчев”“, вели Груевски.

Коментари | пред 3 години

19022021_ME-Bekteshi_EU-ambasador-Gir_pres_2

Гир: Ова беа тешки неколку недели за Македонија и Бугарија

Се надевам и секако очекувам дека ова ќе биде можност за двете земји да ја одбележат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, можност за дијалог и зголемено меѓусебно разбирање и почит, смета амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир.Тој во вчерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма, околу најавите за тоа дали ќе има тензии, инциденти и несакани случувања на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, рече дека ова биле тешки неколку недели, но дури и во тој период, значајно е дека имало постојани контакти меѓу Северна Македонија и Бугарија.„Добрососедските односи се во интерес на сите. Видовме контакти на ниво на премиери, министри за надворешни работи и за внатрешни работи. Тоа е духот кој треба да се негува во ова одбележување“,рече Гир.

Македонија | пред 3 години

mirjana-najchevska-678x381-1

Најчевска: Како смее во ситуација на очигледен конфликт, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија?

Како смее во ситуација на очигледен конфликт меѓу Македонија и Бугарија, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија, прашува професорката Мирјана Најчевска.„Некој ептен се подигрува со нашата држава.И не, Бугарите не се и никогаш не биле дел од државнотворноста на Македонија.Напротив.На секој начин се обидувале да ја попречат, а денес се обидуваат да ја уништат.И не знам со кој памет македонските власти не се побуниле против поставувањето на Бугарин како известител за напредокот на Македонија во ЕУ пристапниот процес“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

20230127003919

Бугарскиот амбасадор за случајот со Пендиков: „Се чека вистинската истрага од обвинителството и потоа се чека судот“

„Гледам дека обвинителството еволуирало и сега се зборува дека се уште се нејасни мотивите на делото. Се чека вистинската истрага од обвинителството и потоа се чека судот“, изјави синоќа во телевизиско гостување Ангел Ангелов, бугарскиот амбасадор во Скопје, кој е повлечен од Софија по нападот над секретарот на „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.Ангелов смета дека Христијан не бил наркодилер и дека крајот на декември лани поднел барање за добивање бугарско државјанство, кон кое е приложено уверение за криминално досие издадено од судот во Охрид, дека не му е судено.Во моментов Кристијан е стабилен по операцијата, рече Ангелов, но долго време нема да може да консумира цврста храна.Моето враќање во РСМ ќе биде оценето од надлежните институции во Бугарија. Мора да се врати довербата што беше изгубена, додаде амбасадорот.

Македонија | пред 3 години

inbound8956081321223400445

(ФОТО) Граѓаните се организираа, на 4 февруари ќе се блокира патот до Скопје

Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.На социјалните мрежи објавен е повик граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово - Скопје со цел нивно спречување.„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани - ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.Вчера бугарска фондација на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје. 

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-24-at-09.15.40

Јакимовски: Мојот став е јасен, ниту на Радев, ниту на било кого на 4-ти февруари да не им се дозволи влез во Македонија

Јас како граѓанин на оваа држава, не можам да не бидам вознемирен, и не можам да чувствувам среќа кога се приближувам кон ЕУ, зошто ми се заканува дивеење на Бугарите во Македонија., рече лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во Само Вистина.„Тие сега почнуваат да дивеат, а тек ние кога ќе ги внесеме во Уставот, а тек ние кога ќе треба да се приближуваме кон ЕУ, и нови уцени кога ќе ни поставуваат,што ќе биде. За што ми е тој Европски пат, ако треба Бугарите да ми дивеат, како што тие и сами викаат, како од 1941-ва до 1944-та година. И нормално е стравот, кај нас, овде, затоа што имаме многу лошо искуство, и лоши спомени од тој временски период.Јас да сум на местото на нашето раководство, вклучувајќи го и претседателот Радев, нема да му дозволам да дојде на 4-ти февруари, од безбедносни причини. И треба да знаат дека нареден пат кога ќе сакаат да дојдат во Македонија, претходно тие мора да си го поправат говорот. Како што тие често нас не упатуваат за говор на омраза. Дури повикуваат обвинител да имаат за таа работа. Па дури гледам некои од нашите овде и размислуваат за таа работа. Па дајте, ставете го Бугарин нека биде обвинителот. Ако имале 1942-ра, ’43-та, ’44-та година овде бугарски обвинител, сега ќе ставиме за да апсиме Македонци, за тоа што треба да им го кажеме на Бугарите. Мојот став е јасен. И ние тоа јавно ќе го побараме. Ниту на Радев, ниту на било кого на 4-ти февруари, поради безбедносни причини да не им се дозволи влез во Македонија“, вели Јакимовски.

Македонија | пред 3 години

327545387_845456956563190_4503918055200983621_n

Бугарска фондација со насоки до Бугарите за како да дојдат да го слават Гоце Делчев во Скопје

Фондацијата Македонија на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје.„За организацијата што Фондацијата „Македонија“ ја прави за поклонување на гробот на Гоце Делчев:- поаѓање од Софија со автомобил во 7:30 часот по бугарско време;- собирање на сите на паркингот Скопско Кале - 11:30 часот по локално време (12:30 часот по бугарско време);- групно движење до гробот на Гоце Делчев, положување цвеќе и венци - тивко, смирено, без провокации и одговарање на провокации;- вратете се кај автомобилите и возете назад.За оваа организација писмено и однапред ќе го известиме Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија!Бараме сите вклучени во нашата организација да ги почитуваат овие барања!Бараме полицијата во Скопје и Северна Македонија да помогне во зачувувањето на редот и мирот.Ги молиме сите Бугари од РСМ и сите Бугари кои патуваат да се приклучат на оваа организација и да не попуштаат на провокации!Еден ден општата прослава на Гоце Делчев, меѓу Бугарите и Македонците, на гробот на Гоце Делчев ќе биде мирна и без полиција“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

omo-1024x526-1-696x358-1

ОМО Илинден Пирин: За тепан Бугарин во Охрид се крена Бугарија, а Македонија молчи за сомнежот за убиство на Македонецот во Софија

Македонците од ОМО Илинден Пирин сметаат дека има двојни стандарди. Тие велат дека македонски спортист почина во Софија под сомнение за убиство и никој не реагира цела недела, а кога Бугарин беше претепан во Македонија двете земји беа обврзани да го судат случајот и да му доделат највисоки државни почести.Двојни стандарди !Која е разликата во третманот на Македонците во Бугарија и Бугарите во Македонија?Во Софија, македонски спортист почина под сомнение за убиство - никој не реагира цела недела. една недела подоцна тој беше речено дека починал од срцев удар.на Во Македонија Бугарин бил претепан во сè уште нејасни околности (домашни, криминални или дискриминаторски) - две земји се обврзани не само да го осудат случајот, туку и да му доделат највисоки државни почести.За него се грижат два здравствени системи, го преместил државниот авион на Бугарија, го посетуваат двајца министри за надворешни работи во болницата, неговото прашање влегува во бугарскиот Парламент, во највисоките кругови на Европската Унија, во изјавите на македонските земји, во медиуми на двете земји.Сè повеќе се наметнува впечаток дека додека Бугарите во Македонија имаат две земји - Македонците во Бугарија немаат ниту една, реагираат од ОМО Илинден Пирин.

Коментари | пред 3 години

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Агелер: Од критична важност е да се смират разговорите меѓу Македонија и Бугарија

Амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер вечерва нагласи дека од критична важност е да се смират разговорите меѓу Македонија и Бугарија и лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално. Таа потенцираше дека не смета оти ескалацијата на дијалогот треба да го запре или одложи напредокот на земјава кон Европската Унија.„Луѓето во државата секој ден можат да ги видат тие конфликти, и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират, лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално, за тоа кој е патот напред, во врска со некои од овие проблеми кои ги видовме помеѓу различни индивидуи и заедници. Тоа е од критична важност. Но, дали тоа треба да го запре, или дури и да го одложи напредокот кон ЕУ? Не мислам дека треба“ – истакна амбасадорката на САД во интервју за ТВ „Телма“.Таа го поздрави чекорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој отиде во Софија и разговараше со тамошното Министерство за надворешни работи и со други лидери, за тоа како да се поддржат малцинските заедници овде во Македонија и како двете држави да постигнат напредок во надминувањето на било какви точки на притисок помеѓу двете влади, за да можат луѓето од оваа земја да го продолжат напредокот во нивните европски аспирации.

Македонија | пред 3 години

20221030224327

Бугарски медиум: „Повеќе гости, отколку домаќини на отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград“

Солидно странско присуство го одбележа отворањето на скандалозниот приватен македонски клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, тврди бугарски 24 Часа со наслов „Повеќе гости, отколку домаќини на отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград“ по вчерашниот настан.„Групата од Северна Македонија беше најбројна. Значајно беше присуството на генералниот секретар на претседателот Стево Пендаровски - Миле Бошњаковски, кој одби да зборува на отворањето и само се заблагодари за поканата. Пристигнаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Миткоски и лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев со неколку пратеници, како и група од Демократскиот сојуз и историчари. Меѓу гостите имало и група која се претставувала како Македонци од Албанија со нивниот заменик, како и група од Грција на чело со отец Никодин.Мештаните, самоидентификувани како Македонци, не беа повеќе од 50 луѓе“, тврди 24 Часа.Изданието тврди дека ОМО „Илинден“ воопшто немало намера да покаже што имало во клубот и таму да го организира официјалниот дел.„Од звучниците се слушаа гласни патриотски песни и маршеви. Со тоа беа осуетени плановите на активистите на ОМО „Илинден“ прославата да се одржи на отворено, а официјалниот дел требаше да се помине во тесната просторија“, тврди 24 Часа.Бошњаковски рекол за бугарските медиуми дека се познава со дел од домаќините на клубот бидејќи биле на средба со претседателот Стево Пендаровски.Внимание предизвика и изјавата на Мицкоски дека Македонците почнале да вадат бугарски пасоши дури откако Бугарија станала членка на ЕУ, а не и претходно.

Македонија | пред 3 години

bugarija-MNR

МНР повторно испрати вербална нота до Бугарија: Релевантните политички и институционални фактори да се оградат и да ги осудат ваквите провокации

По повод изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Вазражадане“, г-дин Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија.„Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи“, велат од МНР.

Македонија | пред 3 години

ss_3

„За Бугарија провокација е вистината дека во неа живее и македонски народ, жална работа“, вели Стојков

Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин реагира откако советниците во Благоевград остро се спротивствија на отворањето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, кое требаше да се случи на 30 месецов.Тој вели дека за Бугарија провокација е постоењето на македонскиот народ. Вели дека неразбирливо е како тоа Општината Благоевград носи одлука за забрана на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, а не ги информира основачите. Додава дека тоа е демократијата во Бугарија.„Наместо да ги информираат подносителите на барањето, Македонското меѓународно движење за човекови права, основачи на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, општинарите на Благоевград шират вести низ медиумите. Така Македонците во Бугарија преку македонските медиуми дознаваат дека Општина Благоевград е против клубот и против „македонизмот“. Луѓе во општината кои, ако самите не се Македонци, тогаш секако имаат роднини и пријатели кои се со македонски идентитет и самосвест, од страв или злоба излегуваат со такви апсурдни ставови против еден културен клуб. За нив провокација е клуб кој носи обединувачко и смирувачко име на голем поет. За Бугарија провокација е вистината дека во неа живее и македонски народ. Жална работа“, напиша Стојков на својот Фејсбук-профил.

Коментари | пред 3 години

evrovizija

Црна Гора и Бугарија се откажаа од учеството на Евровизија

Црна Гора го откажа учеството на Евровизија следната година. Причина се расположливите ресурси и трошоците на јавниот сервис.„ Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија, се соочивме и со незаинтересираност од спонзорите, па решивме постојните ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековните и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи што повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории“, соопшти црногорскиот јавен сервис.Според некои медиуми, иста одлука донела и Бугарската национална телевизија – БНТ. Како причини се наведуваат финансиските тешкотии и политичките неизвесности во Бугарија. Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија.

Магазин | пред 3 години

dfasdfasdf

(ВИДЕО) По палењето, се моча на вратите од бугарскиот клуб во Битола: „Кога зградата на клубот ќе се претвори во тоалет“

На социјалните медиуми се појави видео од лице кое уринира пред вратите на бугарскиот културен клуб “Ванчо Михајлов” во Битола. На снимката се гледа како мажот уринира и по прозорците, а во описот на објавувачот стои: „Кога зградата на клубот Ванчо Михаилов ќе се претвори во тоалет“. Снимката од 23 секунди наиде на поддршка од Македонци, но и остри реакции од Бугарите.Засега нема реакции од официјалните претставници на клубот.Клубот претходно беше опожарен од страна на македонскиот пејач Ламбе Алабаковски што предизвика низа бурни реакции во јавноста, најголем дел од нив како поддршка за стореното, меѓутоа на Алабаковски му беше определен притвор кој подоцна беше укинат.Отварањето на бугарскиот клуб со вакво име предизвика низа полемики во јавноста за тоа дали и кој требало да даде дозвола за основање на ова здружение, по што по предлог на Министерството за правда се формираше посебно тело кое во иднина пред да биде формирано некое здружение ќе проценува дали предложеното име е прифатливо.

Македонија | пред 3 години

1-5

ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации.„ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на Референдум.Референдумското прашање, кое е усвоенп по долги консултации со експертите, коалиционите партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани, ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.Ако во владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат Референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност.ВМРО-ДПМНЕ отпочнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој е корен на сите негации.ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање на 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и раководството, по што очекуваме собранието да ја одобри иницијативата, по што ќе почнат да течат роковите за собирање на 150.000 потписи, со цел организирање на Референдум.Референдумското прашање, кое е усвоенп по долги консултации со експертите, коалиционите партнери и телата на партијата ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?Овој договор е корен на сите проблеми, и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја.Антимакедонската СДС, доколку верува дека договорот е добар, нека излезе и нека го брани, ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување. Референдумот ќе биде задолжителен, и потоа антимакедонската СДС нема да има основ да бега.Ако во владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат Референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на излезност“, се вели во сооопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-11-26-at-17.11.04

Почнуваат нови распити на роднините на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Портпаролката на главната обвинителка на Бугарија, Сијка Милева, изјави дека е прекината предистражната постапка за несреќата на македонскиот автобус во која изгореа 46 лица. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Милева за БНТ рекла дека причина за тоа е бидејќи бугарските обвинители побарале од своите колеги во Северна Македонија уште распити. Милева рече дека досегашната истрага установила нови факти поврзани со тоа што се случило за време на трагичната ноќ.Ноќта на 23 ноември 2021 година автобусот изгоре целосно, но не од четирите туби со бензин што ги превезувал македонскиот шофер. Тие не се причина за тоа затоа што тие останале недопрени. Заштитната ограда ја затворила вратата пред која патниците се собрале и очајно се обидувале да излезат од автобусот што горел.Милева рече дека за неа тоа е една огромна трагедија, која ќе остане во сеќавање. Ова е случај без преседан и единствен во историјата. Увидот на местото на несреќата траеше повеќе од 24 часа, започна во темнина, рано изутрината на денот на инцидентот и заврши ноќта. Шестмина истражители и тројца обвинители работеа на случајот, а за само 10 дена беше завршено собирањето на доказите, коментираше Милева и рече дека е преседан Обвинителството да ги врати телата на загинатите со авион.– Сите пронајдени предмети беа вратени, а секој од предметите беше запечатен посебно. Беа направени 45 аутопсии. Од сите беше земен биолошки материјал, од којшто беше извлечен ДНК профилот. Со барање за правна помош до судските власти во Република Северна Македонија, беа идентификувани и наследниците на жртвите, од кои беше земена и ДНК – дополни Милева.Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија рече дека во моментов предистражната постапка е запрена бидејќи е изготвена втора молба за правна помош до македонските истражители. Според неа, на распит треба да бидат повикани преживеани во несреќата и блиски на загинатите.– Сите треба да бидат запознаени со нивните права и обврски според бугарскиот кривичен процес и дали сакаат да им бидат предадени материјали од истрагата, како и да бидат и информирани за текот на кривичната постапка – рече таа.За оваа кривична постапка во Бугарија се испитани околу 30 сведоци, меѓу кои шоферот на македонскиот автобус, преживеаните патници, како и очевидци. Сега, според Милева, е на ред обвинителството на Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

Angel-Dzambaski

Провокациите од Бугарија не запираат: Ние сме еден народ разделен со вештачка граница

Европратенкот од Бугарија Ангел Џамбаски испрати нова провокација кон македонскиот народ, овојпат по повод 126 години од раѓањето на водачот на историското ВМРО, Иван Ванчо Михајлов.„Легендарниот водач на ВМРО, го водеше во пресвртните години по смртта на Тодор Александров. Времиња на предавства, тешкотии и поделби и во организацијата и во бугарското општество.Денеска лагата владее кај Вардар.Лага која Иван Михаилов ја разоткрива илјадници пати во своето творење. Неговото име сè уште буди страв кај предавниците и србоманците во Северна Македонија, па се плука по се што е можно, а неговите зборови се извадени од контекст и ставени во служба на лагата на македонизмот.Доброто е што има написи, интервјуа и книги во кои јасно гледаме како се дефинира Иван Михаилов, што мисли за населението во Македонија и како младите треба да се доживуваат себеси. Со народот од Деве Баир ние сме еден народ разделен со вештачка граница.Нашата борба за единство продолжува. Исто како што ни ветија големите водачи на ВМРО.Поклон кон животот и делото на Иван Михаилов!“, напиша Џамбаски од бугарското ВМРО на социјалните мрежи славејќи го името на Ванчо Михајлов.

Македонија | пред 3 години

ucebnici

На брза лента: Ќе се менува историјата во учебниците за петто и шесто одделение, откриени измените

Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Северна МакедонијаЗаедничката комисија ги разгледа и анализира учебниците по историја за 5-ти клас на Република Бугарија и учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија и констатира извесни недостатоци односно можности за подобрување. Со оглед на тоа, се препорачува избегнување на:- неосновани историографски сугестии за античката историја,- недостатоци во историската географија при користење на картите коишто не соодветствуваат со конкретното историско време и контекст,- фактографски непрецизности.Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија:1. Вклучување на поширокиот регионален контекст, особено на териториите на запад од древна Тракија, ќе ги претстави посодржински историските процеси и ќе создаде побогата слика за културно-историското наследство во регионот.2. Заради поголема терминолошка прецизност поими како „денешни бугарски земји“, или „територијата на современа Бугарија“, може да бидат посоодветни за употреба во контекст на античката историја, наместо само изразот „бугарски земји“.3. Предлагаме повнимателно датирање на појавата на тракиската култура во антиката.4. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (на пример Дарданците).5. Историските карти треба да се користат согласно со историскиот контекст и поставените методски цели.Препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во Република Северна Македонија:1. Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот.2. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам.3. Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Северна Македонија се неосновани.4. Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку соодветствуваат на конкретен временски период.5. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (како на пример, Пајонците, Дарданците, Мигдонците).

Македонија | пред 3 години

Sv-Kliment-Ohridski-scaled-900x676

Кои се и што се: Историската комисија одлучи и за Св. Наум, Цар Самоил, Св. Климент Охридски

Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈМисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република Северна Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св. Кирил и Методиј.Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и во засилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата. За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Северна Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања.СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИДелото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици, меѓу кои се истакнува личноста на Св. Климент (околу 830-916). По Великоморавската мисија Св. Климент е прифатен во средновековната бугарска држава. Околу 886 г. е испратен од кнез Борис-Михаил во областа Кутмичевица, каде што како просветител и творец ги положува основите на Охридската книжевна школа. Околу 893 г. по наредба на бугарскиот царСимеон е ракоположен за Велички епископ. Неговата проповед и богослужба се од големо значење за распространувањето и утврдувањето на христијанската писменост и култура. Преку преводите на богослужбена литература и химнографските творби што ги создал, како и благодарение на неговата учителска дејност, се подготвени многубројни ученици. Тоа го прави една од најважните личности за културата на денешните Република Северна Македонија и Република Бугарија.Сето тоа им дава основа на двете држави да го негуваат споменот за делото на Св. Климент преку заедничко одбележување при соодветни поводи.СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИДелото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици. Меѓу нив, Св. Наум (околу 830-910) учествувал во Великоморавската мисија, од каде што по смртта на Св. Методиј и прогонувањето на неговите ученици, тој пристигнал во средновековна Бугарија. Тој е еден од основоположниците на Плисковско-Преславската книжевна школа. Околу 893 г. е испратен од цар Симеон во Охрид, каде што ја продолжува просветителската дејност на Св. Климент во Охридската книжевна школа и гради манастир на брегот на Охридското езеро, којшто денес го носи неговото име. По неговата смрт, култот на Св. Наум се утврдува на териториите на денешните држави Република Северна Македонија, Република Бугарија и соседните земји. Подоцна неговиот култ се распространува и кај дел од муслиманското население.Просветителското дело и придонесот на Св. Наум за развојот на писменоста и културата на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, им даваат основа на двете земји да го негуваат споменот за неговото дело, преку заедничко одбележување при соодветни годишнини и јубилеи.ЦАР САМОИЛЦар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави Република Северна Македонија и Република Бугарија.Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство.

Македонија | пред 3 години

22052020_VRSM_Delegacija_polozhuvanje_buket_24-Maj_Sv.Kiril-i-Metodij-1

Ќе се менуваат учебници, има договор за св. Кирил и Методиј - ова се решенијата на историската комисија

Во изјава за медиуми на копретседателот на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев кажа детали за усвоените решенија на Комисијата за заеднички чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за 6 одделение во Македонија и 5 клас Бугарија.Постигнат договор за Цар Самуил и Светите браќа Кирил и Методи со кој ќе се менуваат и македонските и бугарските учебници.Ѓорѓиев открива дека заедно со Бугарија ќе се чествуваат овие славни личности. Сепак посочува дека овие препораки на комисијата не се задолжителни за Владата туку останува самата Влада да одлучи.Препораки има и за антиката која не смее да се романтизира, вели Ѓорѓиев и истата повеќе нема да се претставува од модерно гледиште на национални држави.

Македонија | пред 3 години

299377799_5553400938016086_2814319179589361660_n

Приведен возачот на автобусот кој се преврте во Бугарија

Возачот на српскиот автобус, кој синоќа имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, доби 24 часа притвор, соопшти бугарската полиција.МВР соопшти дека причината била или човечка грешка или технички проблем.Возачот на автобусот бил негативен на алкохол и дрога.Сообраќајната несреќа најверојатно е предизвикана од човечка грешка, соопштија од обвинителството на прес-конференцијата.Истражителите сметаат дека возачот на автобусот поради некоја причина изгубил концентрација, поради што автобусот излетал од патот и завршил во канал. Во автобусот имало 38 деца, 10 возрасни и еден возач. Патниците успеале да излезат од превртеното возило низ прозорците кои морале да ги скршат.Како што јавува БТА, по несреќата што се случи синоќа на автопатот Тракија, во болница се задржани 12 деца и двајца возрасни.Амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ за ТВ Прва изјави дека се повредени десет деца, а еден возрасен e со сериозни повреди на долните екстремитети.

пред 3 години

837B12BA-F55D-49D7-92D1-2DBEC2EBB217

Сведоштво: Јас два пати по четири години лежев во бугарските затвори за македонските права во Бугарија, а сега македонската држава ќе ги впише Бугарите во Уставот

Јас два пати по четири години лежев во бугарските затвори за македонските права во Бугарија, а сега македонската држава ќе ги впише Бугарите во Уставот, а никаде нема да биде заведено македонското малцинство таму, реагираше Стојан Ѓоргиев, почесен претседател на ОМО „Илинден-Пирин“ од Софија кој присуствуваше на денешната 51. Семакедонска средба во битолското село Трново.„Ја осудивме Бугарија во Стразбур 14 пати зашто не ги признава нашите права и пак не не` регистрира. Политиката на Бугарија кон Македонците е многу лоша, сакаат да ги бугаризираат Македонците. Гоце Делев, Даме Груев, Јане Сандански се бореле против бугарските врховисти кои сакале Македонија да ја припојат кон Бугарија, а сега во Битола направија клуб ‘Иван Михајлов’, најголемиот убиец на Македонците. Тодор Александров и Ванчо Михајлов не ги почитуваме. Ние Јане Сандански си го знаеме, Гоце Делчев, тоа е Македонија за нас“, рече Ѓоргиев.

Македонија | пред 3 години

andrej-kovacev1

Прва провокација од Бугарија за „Илинден“, европратеникот Ковачев го прогласи за бугарски празник

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од ГЕРБ, го прогласи Илинден за бугарски Велигден. Ваквите антимакедонски ставови на Ковачев не се реткост, а провокациите се постојани. Тој сподели фотографија на која на бугарски е испишан натпис.„Илинден, мајко, Илинден - за Бугарите Велигден. Да се ​​потсетиме заедно!“, напиша Ковачев.Веќе општопознато е дека Бугарија и бугарските политичари имаат проблем кога е во прашање македонската историја. Овие прашања се решаваат преку историскаста комисија, а јавноста има впечаток дека Бугарите сакаат да присвојат се што е македонско од историјата.

Актуелно | пред 3 години

1-5

Бугарско-македонскиот клуб: Овие „актери“ треба да бидат заменети од луѓе кои нѐ поврзуваат, а не нѐ разделуваат

Клубот за бугарско-македонско пријателство го поздравува напредокот во подобрување на односите меѓу Бугарија и Македонија постигнат со прифаќањето на европскиот предлог од двете земjи. Ги поздравуваме нашите две влади и два парламента за пројавената политичка смелост, како и усилбите на Франција и Европската унија за постигнатото решение. Јасно осознаваме дека ова е само почеток на еден сложен и повеќедимензионален процес кој треба да добие општествена поддршка во двете држави.Ние во КБМП сме убедени дека тоа може да биде постигнато само со активна и сесрдна размена на сите нивоа меѓу двете општества и остварувањето на заеднички цели со потенцијалот и усилбите на сите заинтересирани страни-бизнис, невладин сектор, академски институции, граѓанското општество. Нѐ чека многу работа за создавање услови нашите односи да не бидат развивани само на високо политичко ниво, а да се започне позитивен разговор меѓу сите учесници во општествата и во двете држави. Само така можеме да го надминеме меѓусебното непознавање, кое дозволува за „херои“ на нашите односи да бидат претставувани само оние, кои всадуваат страв и омраза меѓу нас. Овие „актери“ треба да бидат заменети од луѓе кои нѐ поврзуваат, а не нѐ разделуваат од луѓето кои градат мостови, врски и разбирање, а не всеваат омраза и реваншизам.

Македонија | пред 3 години

zaharieva-bickosvki

Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, историјата е во преговарачката рамка, вели Захариева

Пратеничката на ГЕРБ, Екатерина Захариева посочи дека со потпишувањето на протоколот, историските прашања се дел од преговарачката рамка, заедно со санкционирањето на говорот на омраза и другите бугарски барања. Според неа, најважно е што, Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик и истиот го нарекува „официјален јазик според Уставот“. Нејзиниот коментар е даден за бугарскиот медиум „БНТ“.„Важно е да се каже дека со ова одобрение не го признаваме македонскиот јазик, туку продолжуваме да ја користиме формулата воведена од 1999 година, официјален јазик според уставот на државата. Дополнително, нашите барања за прекин на говорот на омраза, зајакнување на билатералната соработка и спроведување на одлуките на историската комисија, вклучување на Бугарите во уставот на РСМ, стануваат дел од преговарачката рамка“, посочи Захариева.Таа бара, како што вели, „да се смират страстите во Македонија“.„Се надевам дека малку ќе се смират страстите во Република Северна Македонија. Не малку, туку многу треба да се смират. Видовме што се случува таму, видовме голема тензија, видовме не само антибугарско , антиевропска, анти-НАТО реторика.Се вратија од реториката од пред 30 години. Не се чини дека сакаат да бидат членки на ЕУ, иако тоа беа протести организирани од партија која е во опозиција. Малку и помага и на Бугарија, која отсекогаш велеше дека треба да се реформираат дури и за да започнат преговори, бидејќи ќе биде штетно за РСМ и за ЕУ ​​ако не направат адекватна проценка на минатото и не почнат да гледаат напред, ако не се демократизираат“, рече Захариева.За македонскиот јазик, Захариева уште еднаш посочи: „Тој има разлики, но е напишан '45 година, на основа на бугарскиот дијалект.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања