Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Агелер: Од критична важност е да се смират разговорите меѓу Македонија и Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер вечерва нагласи дека од критична важност е да се смират разговорите меѓу Македонија и Бугарија и лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално. Таа потенцираше дека не смета оти ескалацијата на дијалогот треба да го запре или одложи напредокот на земјава кон Европската Унија.

„Луѓето во државата секој ден можат да ги видат тие конфликти, и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират, лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално, за тоа кој е патот напред, во врска со некои од овие проблеми кои ги видовме помеѓу различни индивидуи и заедници. Тоа е од критична важност. Но, дали тоа треба да го запре, или дури и да го одложи напредокот кон ЕУ? Не мислам дека треба“ – истакна амбасадорката на САД во интервју за ТВ „Телма“.

— реклама —

Таа го поздрави чекорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој отиде во Софија и разговараше со тамошното Министерство за надворешни работи и со други лидери, за тоа како да се поддржат малцинските заедници овде во Македонија и како двете држави да постигнат напредок во надминувањето на било какви точки на притисок помеѓу двете влади, за да можат луѓето од оваа земја да го продолжат напредокот во нивните европски аспирации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybd6bmdtu70ns2WTH6zO

Полицијата со едукативни акции против насилство на спортски натпревари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydtsn33v95grbeFOmGQz

Мицкоски: Прва европска држава сме со вакво ниво на дијалог со САД

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Спорт | пред 3 седмици

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања