Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АГЕЛЕР

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-18-9110PM

Проштална порака на Агелер до граѓаните на Македонија

Пред три години, како десетта амбасадорка на Соединетите Американски Држави, пристигнав во Скопје, во оваа убава земја, порача Анџела П. Агелер во својата проштална порака. Таа истакна дека тогаш, а и денес, чувствува длабока чест и понизност поради можноста да ја претставува својата земја во Македонија.Агелер потсети дека на почетокот на својот мандат изразила силна вера во храброста и издржливоста на граѓаните на Македонија, вера која, како што нагласи, во изминатите три години постојано се потврдувала, обновувала и зајакнувала. Таа додаде дека верувала оти токму тогаш е вистинскиот момент да се направи суштинска разлика – во јакнењето на економскиот раст, енергетската независност, судскиот интегритет, образованието, културната отпорност и европската интеграција. Во дел од тие области, како што наведе, заедничката работа донела конкретен напредок, додека во други останува уште многу да се направи.Говорејќи за одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија во 2025 година, Агелер нагласи дека партнерството меѓу двете земји трае повеќе од три децении и претставува пример за сила, компромис и трпелива решителност. Според неа, изминатите три години покажале конкретни и опипливи резултати од вистинското пријателство и конструктивното партнерство.Таа како примери ги наведе реалните планови за исполнување на обврските во рамките на НАТО, набавката на современи тактички возила и нивното учество во големи мултинационални воени вежби, како и напредокот на најголемиот инфраструктурен проект во земјата, кој треба да ги отвори стратешките коридори 8 и 10 и да придонесе за поголема регионална безбедност и трговија. Агелер истакна и дека партнерството значи јавно соочување со корупцијата и криминалните структури, поддршка на судските реформи и санкционирање на оние кои со години ја злоупотребувале довербата на граѓаните.Во пораката таа нагласи дека соработката опфаќала и создавање можности во заедници каде надежта била ослабена, поттикнување реален економски раст, развој на енергетски и инфраструктурни проекти, како и соработка во области како технологијата, здравството, транспортот, безбедноста, образованието и заштитата на животната средина. Посебно ја истакна и грижата за културното наследство, кое, според неа, претставува светско богатство.Агелер оцени дека во текот на трите години, соработката меѓу двете земји прераснала во вистинско и длабоко пријателство со граѓаните низ целата држава. Таа се потсети на посетите на училишта, цркви, судови, домови, фарми и винарии, како и на отворените и искрени разговори за прашања од заедничко значење, дури и кога не постоело целосно согласување. Граѓаните, како што наведе, со неа ги споделувале своите соништа, визии, разочарувања, но и тагата по загубените најблиски.„Постои нешто магично во оваа земја – нејзината убавина, историја, традиции и култури, но и нејзините противречности, издржливоста и хуморот на луѓето и во најтешките моменти“, порача Агелер, додавајќи дека ја напушта Македонија со чувство на длабока благодарност за добрината, дарежливоста и силата на нејзините граѓани.На крајот, таа порача дека Соединетите Американски Држави секогаш ќе стојат покрај Македонија, поддржувајќи ја визијата за посилна, попросперитетна, побезбедна и целосно интегрирана евроатлантска држава. „Ова е ваша земја и секој од вас заслужува таа да биде земјата за која сонува. По три години, сè уште ја носам истата силна вера во храброста и силата на нејзините луѓе“, порача Агелер, завршувајќи со охрабрување граѓаните да бидат здрави, храбри и силни.

Македонија | пред 2 месеци

540681964_1190004969833007_8869005780719172655_n

Американската амбасадорка Агелер го посети градилиштето на Kоридорот 8: „Новите автопати ќе ја зајакнат трговијата и интеграцијата“

Американската амбасада во Македонија соопшти дека амбасадорката Ангела Агелер го посетила градилиштето на делницата Тетово–Гостивар од Kоридорот 8, за да се запознае одблиску со работите што ги изведува компанијата „Бехтел-Енка“ на Kоридорите 8 и 10.Во објавата се истакнува дека новите автопатски правци не се важни само за граѓаните на Македонија, туку претставуваат и стратешки транспортни мрежи на НАТО, со кои ќе се зајакне регионалната трговија и поврзаност.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-03-13-at-13.52.11

Агелер не коментира зошто министерот за труд Лимани не доби виза, Мицкоски смета дека е непристојно да ја надсинхронизира

Во врска со одбиеното барање за виза на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, амбасадорката Агенла Агелер упати одговор да се бара кај самиот апликант, посочувајќи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту еден апликант.„Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави и затоа не можам да коментирам какви било прашања за виза за ниту еден поединец. Би ве упатила кај министерот да ви каже за тоа што се случило, но, исто така, ќе кажам дека секој апликант за американска виза, процесот за добивање на американска виза му се објаснува на поединецот, а доколку има нешто дополнително, тоа е исто така објаснето, рече Агелер.Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани му е одбиено барањето од САД за американска виза, а при тоа се повика на објаснување од страна на амбасадорката Анџела Агелер.„Сега би било многу непристојно, јас нејзината екселенција - амбасадорката Ангела Агелер да ја надсинхронизирам. Тоа што е поврзано со процедурите на издавање виза на американската администрација таа многу фино ви објасни“, рече Мицкоски.Изминатите денови опозициските СДСМ и Алијанса за Албанците соопштија дека на Лимани му било одбиено барањето за американска виза. Министерот, наводно, требало да присуствува на конференција на Обединетите нации.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-19-8560PM

Агелер очекува да се почитува законот при разрешување на членови од Судскиот совет и Коцевски

Американската амбасадорка Анџела Агелер се воздржи од коментар за потезите на Владата да го разрешат републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, но порача дека го следат процесот. Порача дека мора да се следи правната процедура.„Немам коментар. Го следиме процесот. Моето разбирање е дека правната процедура е во тек и од блиску го следиме процесот“, рече Агелер.Во однос на Судскиот совет, посочи дека очекува следење на правните процедури и при интерпелацијата на членовите на Судскиот совет, која е во тек.„Очигледно со години посочуваме во однос на Судскиот совет, но и за други аспекти на правосудниот систем, постојат законски процедури и според моите сознанија тој процес е во тек и одблиску ги следиме состојбите и сакаме да видиме дека законот се почитува, одговори Агелер.

Македонија | пред 1 година

grubi-ageler

Агелер фрли ракавица: Ако доказите за Груби и Беџети се достапни за САД, тогаш се и за македонските институции и судство

Политичари и судија на „црна листа”, македонските институции спијатВчера одекна веста дека екс вицепремиерот и човек од доверба на Ахмети, Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети, се ставени на американската ,,црна листа”.Причина е политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата, соопшти на прес-конференција американската абасадорка,Анџела Агелер.На Груби и Беџети, како и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, а во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции.@Дополнителни санкции исто така се разгледуваат во Вашингтон. Согласно американските закони, ние мора да назначиме поединци за кои е докажано дека учествувале во значителна и штетна корупција, без разлика на нивните улоги, минати или сегашни. Се вели дека „Правдата е слепа“, бидејќи мора да биде непристрасна и објективна кон сите, без разлика на нивната политичка партија, пол, етничка припадност или позиција”, рече Агелер.Таа посочи дека црната листа ќе се проширува и со други имиња кои не се само политичари. Како што кажа, американскиот Стејт департмент нема да ги достави доказите против Артан Груби и Енвер Беџети на македонските власти, поради строгите правила во САД за почитување на приватноста. Но, им фрли ракавица на македонските институции и судство, ако доказите за Груби и Беџети се лесно достапни за САД, тогаш се и за македонските институции и судството кои треба да постапат.,,Ние сме обврзани согласно закон да ги назначиме и да ги санкционираме тие индивидуи за кои имаме силни докази за криминал и корупција. Што ќе се случува понатаму, зависи од спроведувањето на законот и судството во оваа земја. Но, би кажала дека доколку ние ги собереме тие докази, можат и тие”, изјави Агелер.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-18-9110PM

Агелер откако Груби е на „црна листа“: Политичко мешање во судството не може и нема да се толерира

Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира, напиша во официјален статус амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, по објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на на Стејт департментот.Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок, истакна амбасадорката Агелер.

Коментари | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-18-9110PM

Динамична е „црната листа“, се разгледуваат имиња и од Македонија, посочува американсата амбасадорка

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, посочи дека во Вашингон постојано се разгледуваат имиња од Македонија кои можат да се најдат на т.н. „црна листа“ поради корупција.Агелер посочува: „Листата е динамична, додека зборуваме се зголемува бројот на имиња кои се проверуваат и секогаш има место за нови имиња“.

Македонија | пред 1 година

IMG_6604

Министерот Муцунски на средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата се разговараше за претстојното Генерално собрание на ООН, евроинтеграциите на Северна Македонија и важноста од забрзување на процесот, што би придонело за економски развој, подобрување на владеењето на правото и борба против корупцијата.Министерот Муцунски ја изрази благодарноста за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократскиот развој на државата. Разменети беа мислења за билатералните односи и можностите за нивно зајакнување во рамки на Стратешкиот дијалог.На средбата беше реафирмирано силното сојузништво во НАТО и заедничката определба за одбрана на демократските вредности, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-18-6770PM

НовАсном ја осуди изјавата на Агелер: Нема право да ни кажува дали треба да ги подржиме двата предавнички договора

,,НовАсном најостро ја осудува изјавата на американската амбасадорка Г-ѓа Агелер дадена во мегафонот на Стејт Департментот, Радио Слободна Европа, за неможноста на раскинување на меѓународниот Преспански и Бугарски договор. Ја потсетуваме Амбасадорката Агелер дека САД во 2002 и 2019 година самоинцијативно истапија од два меѓународни договори, Анти-Балистички Догвор и Договрот за лимитирање на ракетите од среден дострел, што го имаа склучено со бившиот Советски Сојуз и неговиот наследник Русија Со самоиницијативното истапување од овие два стратешки договори, САД ја влошија безбедносната состојба на Европскиот континент и воопшто во светот.Амбасадорката Агелер нема никакво морално, етичко ниту пак било какво право, нас Македонците да ни кажува дали треба да ги подржиме двата предавнички договора, Преспанскиот и Бугарскиот. Ја потсетуваме амбсадорката Агелер дека со овие два предавнички договора, дискриминацијата која владее во Грција и Бугарија врз Македонците против нашата воља се внесе во нашата држава. За жал, САД јасно се става на страната на кршењето на основното човеково право на Македонецот, да си ја именува својата држава како што сака и јасно се става на страната на дискриминаторската политика против македонците и истата не наидува на никакви симпатии кај нашиот народ.Ние македонците нема никогаш да ги прифатиме двата дискриминаторско предавнички договри Бугарскиот и Преспанскиот се додека не си го вратиме нашето свето име Република Македонија Враќањето на името Републике Македонија ние Македонците ќе го постигнеме без разлика дали САД тоа го подржува или не и прашање е на време, кога тоа ќе го оствариме. Во тој контекст, наша врвна национална Македонска безалтернативна цел е враќање на името на нашата држава.Ја советуваме амбасадорката Агелер дека потребно е САД да се стават на страната на правдата, слободата и основното човеково право на македонецот да си ја именува својата мила тактковина Република Македонија. Тоа е најдобар начин, Македонскиот народ, во вас да гледа, искрен и сакан пријател, амбасадорке.”, изјавија од НовАсном.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-20-6060PM

Агелер: Нема одново преговарање на Преспа, се собираат поени со тоа кој што кажал, но важно е да се почитуваат договорите

Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но тоа беше меѓународен договор, со кој тогашната влада и многу во меѓународната заедница се согласија. Ние секако бевме дел од тој процес и ние аплаудиравме. Тоа е нешто што и помогна на Северна Македонија, сега да влезе во НАТО, и доби многу можности за да напредува во Европската Унија, вели мериканската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа.„Бевме многу задоволни што новиот премиер и неговите министри кажаа “Северна“ во заклетвата.Тоа е од клучна важност и е фундаментален дел од Договорот. Сега многу внимателно ќе следиме како се почитува. Но како што веќе кажав и кажавме дека со почитување на Договорот од Преспа, што е клучно, и секако има начин, и приоритетот за нас во Скопје, во Американската амбасада и за Вашингтон, е да се премине на многу од тие многу важни приоритети за кои треба да се зборува оваа земја. Чувствувам дека има одредено количество на одвлекување на вниманието и собирање поени од тоа кој и што и кога кажал. Но важно е да се почитуваат меѓународните договори, за кои премиерот кажа дека ќе го стори и да одиме напред и да ги имаме многу важните разговори“, додава таа.Агелер посочува и: „Тие договори се направени. Нема одново преговарање на Преспа, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ. Тоа е многу јасно. Има разлика, како што знаеме во мојата земја, меѓу тоа што се кажало во кампањите, што се кажало низ години, а што сега за да се оди напред. И силно се надеваме дека е направен прогрес, дека тие стари употреби или терминологии може да се остават на страна, и дека соседите, сеедно кој, почнувајќи од Северна Македонија ќе може да имаат важни разговори од кои сите инволвирани ќе имаат корист. Се надеваме дека тоа ќе го видиме“.

Македонија | пред 1 година

448954525_1001918517980066_3446002381081976987_n

Меџити и објаснувал на Агелер како Македонија нема да се гуши во загаден воздух, а го затвориле и прашањето дека тие се легитимен партнер во Владата

Изет Меџити, заменик на претседателот на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, оствари средба со Нејзината Екселенција, Амбасадорот на САД во РС Македонија, г-ѓа Ангела Агелер.„На средбата ги истакнав клучните приоритети и стратешки определби на новата влада. Ја уверив Амбасадорката дека како владеачко мнозинство, остануваме и понатаму максимално посветени на продлабочување на меѓусебните односи со нашиот најголем стратешки партнер и силен сојузник – Соединетите Американски Држави.Ја уверив Амбасадорката, нејзината екселенција Ангела Агелер, дека за нас евроатлантската определба и полноправното членство во Европската Унија остануваат врвен приоритет.Како прв Заменик на Претседателот на Владата, на средбата изразив искрена благодарност за поддршката и безрезервната помош која САД во континуитет ја пружаат во насока на реформирање ена институциите и зацврстување на демократските капацитети и демократскиот амбиент во нашата држава. Заеднички се согласивме дека се потребни резултати во борбата против политичката корупција која е навлезена длабоку во порите на многу институции. Испораката на правдата мора да биде неселективна и согласно највисоките стандарди на владеење на правото. За да се случи ова, потребни се реформи во правосудниот систем и Владата е решителна оваа борба да ја спроведе до крај.Заедно се согласивме дека за прашањето на политичкиот легитимитет на новата Влада е затворено прашање. Периодот пред нас ќе биде искористен за спроведување на успешна транзиција и консолидирање на институциите во државата. Во овој процес е од исклучително значење поддршката на меѓународните партнери, пред се на Соединетите Американски Држави.Како Министер за животна средина и просторно планирање, ја информирав Амбасадорката за клучните приоритети на Министерството кое го предводам во насока на безкомпромисната борба со загадувачите на амбиенталниот воздух, согласно највисоките европски стандарди и во рамки на планот за чист воздух.Заеднички ќе се посветиме на градење на обновливи извори на енергија кои што ќе обезбедат повисоки еколошки стандарди. Истакнав дека, како млада држава, имаме потреба од добри искуства и споделување и размена на знаења во оваа насока. Од Амбасадорката побарав помош во нашите напори за подобрување на државните политики во насока на здравата животна средина.На крај, уште еднаш го уверив нашиот стратешки партнер дека високо ги цениме сите досегашни инвестиции од САД, како економски, така и во насока на подигање на капацитетот на институциите и општествениот демократски развој.Остануваме сигурен гарантор дека Република Северна Македонија ќе остане на стратешкиот курс“, објави Меџити.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-19-6230PM

Агелер со честитки за новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

Анџела Агелер, американската амбасадорка во земјава, на социјалната мрежа Х упати честитки за формирањето на новата Влада.,,Честитки за формирањето на новата влада. Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот развој, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат", напиша Агелер.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-19-8560PM

Агелер: Нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата

Нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата, изјави Анџела Агелер, американска амбасадорка.„ВМРО-ДПМНЕ го избра партнерот – Вреди, која е исто така коалиција, исто како и Европскиот фронт предводен од ДУИ. Сум имала разговори за ова со низа функционери на ДУИ и други и нема законска обврска за тоа со кој ќе стапите во коалиција. Партијата што победи на изборите ја имаше можноста и избра да создаде коалиција со малцински групи во земјата. Тоа е од исклучителна важност зашто она што двете наши земји ги прави толку богати е диверзитетот, различните етнички групи и заедници и она што тие го носат за нашите демократии. Оттука, задоволна сум што владата е составена од различни групи и нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата. Знам дека има прашање на закон наспроти легитимитет, но факт е дека ВМРО-ДПМНЕ избра партнери од различни заедници во земјата и тоа е нивно право. Избраа тоа да го направат и ќе видиме како ова партнерство ќе функционира.“, вели Агелер.На 29 мај, лидерот на ДУИ Али Ахмети, во името на коалицијата Европски фронт, повика на битка за почитување на духот на Охридскиот договор и почитување на правото на застапување од оние кои имаат легитимитет во заедницата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-15-at-11.38.51

Агелер укажа дека знае за притисоци врз судии: Тоа е нешто што мора да престане!

Амбасадорката Анџела Агелер алармираше да се почитува независноста на судиите за кои рече: „треба да бидат слепи на политичките влијанија и јавните мислења“. Таа посочи дека американски уставен суд, смета дека Уставот не е напишан во песок за да се измие со секој бран од нови судии, кои се под влијание на политички бранови.„Притисокот кој е ставен на судиите во овие судови може да биде огромен, ние како граѓани инсистираме тие притисоци да бидат елиминирани, а нашите судии секогаш да бидат независни без разлика на нивните лични мислења. Од аспект на престојните избори, судската независност е од суштинско значење како и секогаш досега, само независни судии, може да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат правата, судиите мора да делуваат објективно и правично“, кажа Агелер.Посочи дека има чуено за притисоци врз судиите и судската власт.„Притисоци врз судксата власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат ослободени за да го практикуваат правото. Граѓаните го бараат тоа“, додаде таа.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

Тешко дека било каде во светот претседател на партија преговара за изградба на пат, вели Хајредини

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, денеска повторно со критики кон постапките и изјавите на владините претставници, со особен акцент на изјавите на претставници на владејачката коалициска партија ДУИ.- Тешко дека било каде во светот постои друг случај, претседателот на една од повеќе мали партии, за изградба на пат, да преговара со еден министер за сообраќај на друга соседна држава - напиша Хајредини на неговиот Фејсбук профил.

Коментари | пред 2 години

mihajlo-manevski-ageler

Маневски до Агелер: Со кој образ се залагате за бугарското малцинство во Македонија, а не се грижите за над 200.000 македонци во Бугарија

Поранешниот министер Михајло Маневски преку објава на социјалните мрежи и се обрати на американската амбасадорка Анџела Агелер.„USA AMBASADORANGELA AGELERАмбасадорката АНГЕЛА АГЕЛЕР не советува да го заборавиме минатото и да гледаме во иднината!?Дали случајно г-ѓа АГЕЛЕР заборава дека тие што ни го рушат минатото, ни ја рушат иднината. Тие остануваат неказнети од политички, а не од правни причини.На Македонија и го сменија името. И го рушат македонскиот национален идентитет, со отворена националност и културна агресија.Македонија ги имаше исполнето сите критериуми во 2008 и 2009 година, подобро и од Бугарија и од Романија, беше рамо до рамо со Хрватска, но додека тие отидоа во ЕУ, Македонија ја оставија да чека пред вратите на ЕУ.Само на Македонија, како на експериментално црно глувче и поставија билатерални историски прашања во преговарачката рамка, како на ниту една друга земја, спротивно на Копенхагенските критериуми. Бугарија ни стави ВЕТО, без никаков основ и остана неказнета.Зошто амбасадорката Анегела Агелер не е загрижена за грубото кршење на човековите права на македонците во Бугарија.Таа НЕ ОДГОВОРИ на прашањето зошто Бугарија од 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права од Стразбур не спровела ниту една пресуда! Пресудите се донесени против Бугарија за грубо кршење на правата на Македонците, кои немаат никакви права. Го немаат и елементарното човеково право на здружување и изразување на јазичниот, културниот и националниот идентитет.И што сега, со кој образ се залагате и барате да се измени Уставот и бугарското малцинство во Македонија кое е помалку од 3.500 граѓани да влезе во Уставот, а не се грижите за над 200.000 македонци во Бугарија, кои немаат никакви права.Тоа ли е правда? Тоа ли е почитување на човековите права гарантирани со многу меѓународни прописи и Европската конвенција за основните човекови права и слободи.Тоа ли е "реалниот" извештај на Стејт департментот за човековите права во светот? Дали тој извештај има нагласена политичка димензија, а не заложба за реално остварување на човековите права? Дали тој извештај е во функција на човековото слободно живеење и изразување на својот идентитет. Да беше поинаку, досега за повеќе од 15 години ќе се реализираше барем една Пресуда на ЕСЧП од Стразбур, а не е реализирана ниту една.Екселенцијо Агелер,Повторно многу грешите. Кога еднаш ќе настапите без закани и барем со елементарно почитување на македонскиот народ“, вели Маневски.

Коментари | пред 2 години

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Маневски до Агелер: Треба да му се извините на македонскиот народ, до кога ќе го омаловажувате и навредувате

Поранешниот министер Михајло Маневски, преку социјалните мрежи и се обрати на амбасадорката Анџела Агелер.„Го ставивте Орце Камчев на специјална листа на Министерството за финансии на САД, поради тоа што го разоткри и се затвори КИМИНАЛНОТО СЈО, на вашата "KEJTI".Тоа СЈО спроведуваше криминална агенда и беше ли Ваш инструмент за политичка пресметка со поедини членови од опозицијата во Македонија?Неосновано и срамно е тоа што наведувате дека со неговите активности на корупција се загрозувал на Западен Балкан!!?? Дури лажно му калемите и својство на "СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ", а тој никогаш немал такво својство..Го запишавте на некаква листа на вашето МФ најуспешниот бизнисмен на Македонија.Толку ли ве погоди растурањето на тоа криминално СЈО?.Амбасадорке АГЕЛЕР,Треба да му се извините на македонскиот народ. Зошто ги штитите вистинските криминалци?Знаете кој зеде 7 милиони евра за спречување на втор мобилен оператор во Македонија што го утврди американски Окружен суд? Тие не ги ставате на никаква ЦРНА ЛИСТА? Зошто ги штитите?Треба ли да знаете дека во Македонија живеат МАКЕДОНЦИ, а не "северномакедонци". Зошто за г-дин Јордан Камчев наведувате дека е северномакедонец? Jordan Kamcev "nasionality Nort Мacedoniа"?До кога ќе го омаловажувате и навредувате македонскиот народ?“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

ahmeti

Ахмети ќе оди кај Агелер за објаснување за одлуката за Мерко

Демократската унија за интеграција веќе три мандати го кандира Рамиз Мерко за градоначалник на Струга, кој од вчера е на црната листа на САД. Во ДУИ се шокирани од одлуката на Стејт департментот, но велат дека ќе ја анализираат во наредните денови, пишува порталот Лидери.мк.Високи извори од ДУИ за порталот велат дека во наредните денови се очекува средба на претседателот на партијата Али Ахмети со американскиот амбасадор или заменик амбасадор во Скопје. По тој состанок Ахмети ќе одлучи дали ќе бара оставка од Мерко од функцијата градоначалник и нови избори во Струга или не, велат од ДУИ за порталот Лидери.мк.Според изворите од ДУИ, ако Ахмети побара оставка од Мерко, а овој одбие, постои можност и официјално да биде исклучен од партијата. „Во тој случај Мерко може да го продолжи мандатот како непартиски градоначалник“, велат од ДУИ, појаснувајќи дека немаат правен механизам да го принудат Мерко да поднесе оставка, доколку не го направи тоа доброволно.Вчера и амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер за прогласувањето за непожелна личност за САД на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од  Стејт департментот, поради корупција, рече дека „народот на Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери и систем којшто ќе ги смета за одговорни“.

Македонија | пред 2 години

najcevska-ageler-696x364-1

Најчевска: Амбасадорката дефинитивно ги прекрши сите правила на дипломатско однесување

Амбасадорката дефинитивно ги прекрши сите правила на дипломатско однесување, вели професорката Мирјана Најчевска.„Прво, стана адвокат на приватна фирма што е во конфликт со функцијата која ја има.Второ, ги девалвира институциите во земјата домаќин (Јавен обвинител, суд, Уставен суд, Собрание, комисија за заштита од корупција).Трето се промовира како експерт во домашното законодавство. Што дефинитивно не е.Четврто, пред само две недели даде сосема поинаква изјава (која е во рамките на дипломатските узуси) што сега потполно ја згази.Петто, отворено поддржува конкретна политичка партија во државата.Незапамтен дилетантизам.Изгледа, каква држава домаќин такви амбасадори“, додава Најчевска.

Коментари | пред 2 години

hajredini-ageler-696x392-1

Хајредини до Агелер: Толку ли е тешко да прашате во судот во Њујорк кои се политичарите од Македонија кои примиле милиони евра мито од Дојче Телеком?

Џевдет Хајредни преку социјалните мрежи и постави прашање на американската анбасадорка Агелер во врска со случајот со Дојче Телеком.„После интервјуто на тв. АЛСАТЕдно прашање до амбасадорката на САД, госпоѓа Анџела Агелер:Толку ли е тешко во окружниот суд на Њујорк да прашате кои се политичарите, високи државни функционери на Македонија, на кои директорите на Дојче Телеком и Маѓар Телеком, им исплатиле повеќе милиони евра мито, за што судот и ги осудил?“, вели Хајредини.

Коментари | пред 3 години

joci-ageler-696x392-1

На кого више му е гајле за ,,црни листи” на америте, прашање на време е кога по улициве ќе почнат да се веат руски знамиња, вели Јоци

Постојат повеќе листи согласно кои различни лица можеби се истражуваат во различни контексти во однос на корупцијата и сите тие лица се истражуваат за да може да се донесат соодветни санкции. Сепак информациите треба да дојдат од Вашингтон, изјави амбасадорката на САД, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои имиња ќе се најдат на „црната листа“.Јорданка Ивановска Јоци преку социјалните мрежи порача дека веќе на никого не му е грижа дали ќе се најде на оваа црна листа.„На кого више му е гајле за ,,црни листи” на америте.Оваа вест во 2023 му доаѓа ко виц!Ја исцицаа крвта на Македонија оние со кои америве се сликаат 20 години и ги оставаат да докрадат, но три дена лиферуваат соопштенија за некакви ,,листи”. Па досега десет листи направија и никому ништо.Нека се почуди Агелер уште малку зошто Путин и Русија за македонскиов народ за пет години пораснаа во величенствена фигура и земја.Можеби, затоа што ни САД веќе не е тоа што беше. Прашање на време е кога по улициве ќе почнат да се веат руски знамиња“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

izjava-zaev.Still268

Боки 13 одново ѝ пиша на Агелер: Се соочувам со закани и уцени од засегнати во операцијата „Бумеранг“

По 15 дена од првото писмо, Бојан Јовановски-Боки 13 испратил второ писмо до американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер. Во него освен за тортурата врз него, пишува и за криминалци кои се на слобода. Јовановски-Боки 13 упатува и замолница до амбасадорката за посета во затворот „Идризово“, а поради кривично-правниот процес „Бумеранг“ за кој најави дека ќе го започне преку доставување на видео и аудио снимки, пораки и транскрипти до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Писмото доставено до медиумите, а упатено до американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер, го пренесуваме во целост:„Јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, медиумски работник, јавна личност и активист, осуден на казна затвор за случајот во јавноста познат како “Рекет”, аналогно на претходно известување кое го испратив до вас во кое ве известив за актуелните случувања и испратив барања и замолница до вас, со ова ново известување до вас имам за цел изворно да ве запознаам и информирам за сите новонастанати состојби во врска со мојот случај и тортурата пропратена со незаконити дејствија, нечовечно однесување и постапување од страна на надлежните органи, која се врши над мене во непроменет континуитет но со зголемен интензитет. Со оглед на мојата здравствена состојба за која ви ги испратив во прилог на претходното известување сите медицински докази во смисла на комплетна медицинска документација со која се потврдува мојата животно загрозувачка состојба, а сето тоа доведено во корелација со моето барање за прекин на издржување на казна затвор согласно законска одредба од Законот за издрзување на санкциите, ве информирам дека сеуште не е постапено по моето истакнато барање до Основниот кривичен суд Скопје, односно се уште нема одлука во жалбената постапка по првостепеното решение ПК бр. 18/22 за кое изразив сериозен и основан сомнеж дека решението е антидатирано и фалсификувано (за основаноста на сомнежите ќе зборувам пред надлежен орган кога ќе бидам повикан и спроведен). Второстепена постапка по жалба повторно се води пред Основниот кривичен суд Скопје пред Кривичниот совет на истиот суд и во текот на жалбената постапка, од страна на одбраната доставени се дополненија на жалба со нови докази кои одат во поткрепа на основаноста на барањето за прекин, доставени се– Отпусно писмо од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ СКОПЈЕ од 17.02.2023 година– Специјалистички извештај од конзилијарен преглед од 16.02.2023 година– 11 потврди од Итната медицинска служба – Скопје– Специјалистички извештај од контролен преглед од 01.03.2023 година од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ СкопјеВе информирам дека барање за прекин е истакнато и до директорот на Управата за извршување на санкции на ден 01.02.2023 година и дека и од овој орган како суверен во својата одлука сеуште нема одлука по барањето.Судот, односно претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, поради своите лоши намери и негативната тенденција кон мене изразени и видливи преку првостепеното решение ПК бр.18/22 со кое барањето за прекин го одби како неосновано, решение кое е под сомневање за сторен фалсификат и антидатирање, ги девалвираше и ја наруши кредибилноста на докторите специјалисти и субспецијалисти кои се докажани врвни стручњаци во областа, дел од терцијарното ниво на здравствена заштита како највисоко ниво од државниот здравствен систем и ги погази нивните издадени категорични и стручни препораки за моето понатамошно лекување, како единствени компетентни за оценка на мојата здравствена состојба. Воедно, важно за напомена дека единствен законски услов кој треба да биде исполнет за уважување на поставеното барање согласно чл. 224 ст.2 од Законот за извршување на санкциите е мислење од здравствен работник, а во конкретниот случај има повеќе мислења кои со сигурност укажуваат на мојата животно загрозувачка состојба и дека лекувањето не може и не смее да продолжи во пенални услови, бидејќи може да настанат компликации кои може да завршат со смртоносни последици по мојот живот, сето ова сега и потврдено на лице место во реално време и простор во затворската установа од 11 доктори од Итната медицинска служба Скопје. Исто така важно за напомена е фактот дека на осудени лица им се овозможувал институтот прекин и за помали дијагнози и интензитет на болеста.Од сето наведено, а во смисла на фактот дека барањето за прекин на издржување на казна е постапка од итен карактер ве информирам дека постапката е започната на ден 14.11.2022 година и веќе скоро 4 месеци нема одлука по барањето, а согласно закон и донесување на судски одлуки во разумен рок, дотолку повеќе што во овој случај се работи за одлука од итен карактер, во правна законска смисла е недозволиво постапката да трае скоро четири (4) месеци, што единствено упатува на негативна тенденција од страна на судот, селективно и незаконито постапување, со кое нешто неспорно ми се нарушуваат загарантираните законски права и загарантираните човекови права согласно Устав, во смисла на загрозување на мојот живот и здравје и крајно поигрување со човечки живот, дотолку повеќе што од доказите неспорно ќе увидите дека е констатирано и утврдено на лице место во реално време и простор во затворот од 11 доктори опишано во писмени потврди со потпис од секој доктор од Итната медицинска служба која доаѓаше секој ден во затворот откако ме вратија во затворот, дека не постојат услови и начин за мое лекување, третман и примена на хигиено-диететски режим во затворската установи и во пенални услови, иако како што веќе напоменав ми беше препорачано задолжително лекување во домашни услови од страна на стручен конзилиум од надлежните клиники и во отпусното писмо од клиниката, сето опишано во медицински конзилијарни стручни мислења кои ви ги испратив во претходното известување. Сеуште сметам дека и јас сум рамноправен граѓанин на оваа држава и дека и за мене важат истите права и можности како и за сите други граѓани на државата, особено важно, сметам дека и за мене важи начелото на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет загарантиран со Уставот на Р.С.Македонија и единствено барам законито постапување и правда.Оттука во прилог на ова известување, ви ги испраќам сите погреспоменати документи-докази кои се доставени до надлежните органи, со цел да се запознаете со содржината а воедно и неспорно ќе можете да ја утврдите веродостојноста на моите тврдења и да ја увидите тортурата која се спроведува врз мене како поединец од цел еден организиран систем кој постапува од позиција реална моќ и влијание.Воедно во ова известување, ве информирам дека од моја страна како што веќе беше и најавено иницирана е кривично- правна операција со кодно име “Бумеранг” пред ОЈО за ГОКК Скопје и во рамки на истото е оформен предмет од страна на јавниот обвинител Ислам Абази, па во тоа име до вас испраќам барање и неприкосновена замолница за помош од ваша страна и во најкус можен рок да ме посетите вие лично или делегирано лице од ваша страна во КПУ ИДРИЗОВО, бидејќи се соочувам со сериозни закани, уцени, негативни дејствија и појави од страна на поединци кои се директно засегнати од целата оваа актуелна состојба, а истите се со реална моќ и влијание. Во име на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата земја, во име на заштита на моите основни човекови права, а сето во рамки на вашите надлежности ве молам да постапите по ова известување и по мојата изразена замолница до вас и да ме посетите во најкус можен рок.Она што би сакал да го издвојам за крај во ова известување до вас е следново: За жал во нашата држава правото е заменето со неправото, криминалните девијантни појави од високите структури се покриени со наклонетоста и спрегата со правораздаваците кои што наместо да се борат со криминалот учествуваат во истиот и вистинските криминалци се на слобода и имаат активно учество во општата заедница која ја со нивното влијание и диктат ја прават несигурна заедница каде системот е целосно девастиран и ставен во функција на поединци-моќници за остварување на нивни лични цели и интереси, а поединците како во овој случај, јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13, сме жртви на таквиот систем и осудени со нарачани незаконити судски пресуди, бидејќи, јас во свое лично име, говорам гласно, го користам правото на јавно информирање на негативните појави и состојби, ги барам моите законски права и можности и подготвен сум до крај да се борам против вистинските сторители на кривични дела кои мораат да бидат соодветно санкционирани, токму заради доброто на сега разрушената општа заедница во нашата држава.Во име на сето наведено Ве молам за разбирање, помош и заштита од ваша страна, бидејќи сум апсолутно загрозен.Доколку се јави потреба од ваша страна за дополнителни информации и прашања во врска со моето известување кон вас, можете да ги контактирате моите бранители м-р. Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје“.  

Македонија | пред 3 години

arsim_zekoli

Зеколи со прашања до Агелер: Дали најавите за санкции и црни листи се дел од шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување на опозицијата?

Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи на Твитер поставува четири прашања до Американската Амбасада во Македонија во врска со функционерот на ФБИ кој ја водеше истрагата за руските врски на Доналд Трамп за на крајот да излезе дека тој самиот имал врски со руски линкови на Путин.„Прашања до Американската Амбасада во Северна Македонија.1.Дали Македонија е засегната од шпиунско – коруптивната шема на ФБИ Агентот МекГонигал која ги потресува САД и Албанија?2.Дали мрежата на влијание од МекГонигал преку Еди Рама ги опфаќа и Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Зоран Заев, Арбен Таравари како блиски до Рама?3.Дали тековните напори за “зајакнување на коалицијата” е дел од истата шема ФБИ виа Рама?4.Дали најавите за санкции и црни листи се дел од шемата на ФБИ и Еди Рама за уценување / дефамација на опозицијата според моделот употребен од ФБИ и Рама против Сали Бериша?“, стои во објавата на Твитер.https://twitter.com/ArsZek/status/1620238183463260160?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1620238183463260160%7Ctwgr%5E8d2f8be50c570e53c4af22dc111641d40b6b9fa2%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakedonskivesnik.com%2FD0B7D0B5D0BAD0BED0BBD0B8-D181D0BE-D0BFD180D0B0D188D0B0D19AD0B0-D0B4D0BE-D0B0D0B3D0B5D0BBD0B5D180-D0B4D0B0D0BBD0B8-D0BDD0B0D198D0B0D0B2%2F 

Коментари | пред 3 години

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Агелер: Од критична важност е да се смират разговорите меѓу Македонија и Бугарија

Амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер вечерва нагласи дека од критична важност е да се смират разговорите меѓу Македонија и Бугарија и лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално. Таа потенцираше дека не смета оти ескалацијата на дијалогот треба да го запре или одложи напредокот на земјава кон Европската Унија.„Луѓето во државата секој ден можат да ги видат тие конфликти, и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират, лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално, за тоа кој е патот напред, во врска со некои од овие проблеми кои ги видовме помеѓу различни индивидуи и заедници. Тоа е од критична важност. Но, дали тоа треба да го запре, или дури и да го одложи напредокот кон ЕУ? Не мислам дека треба“ – истакна амбасадорката на САД во интервју за ТВ „Телма“.Таа го поздрави чекорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој отиде во Софија и разговараше со тамошното Министерство за надворешни работи и со други лидери, за тоа како да се поддржат малцинските заедници овде во Македонија и како двете држави да постигнат напредок во надминувањето на било какви точки на притисок помеѓу двете влади, за да можат луѓето од оваа земја да го продолжат напредокот во нивните европски аспирации.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања