Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Очекувам земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед“, Мицкоски со реакција за црниот печат на адвокатот Менкиноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library9pkshdkkqt4i5Rhg0VY

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси.

— реклама —

На денешната прес-конференција, премиерот Хирстијан Мицкоски изјави дека е запознает со она што се случува и дека телефонски разговарал со Менкиноски.

— реклама —

Јавно го осудувам тоа, тоа е лоша порака и лоша порака за самата ЕУ, и очекувам дел од земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед, бидејќи нема да биде прв пат нашиот источен сосед да ги крши човековите права, тоа веќе го направи неколку пати до сега откако не ги примени пресудите од судот за човекови права во Стразбур. Сега гледате како се ограничува елементарното човеково право да се движи човек од едната на другата страна на границата. Не зборуваме за човек кој е криминалец, туку за зборуваме за чесен граѓанин, којшто единствен грев му е тоа затоа што ги застапува правата на Македонците од другата страна на границата пред Судот за човекови права во Стразбур. Тоа е единствениот грев и заради тоа добива црн печат. Навистина, бескрупулозно и заслужува целосна осуда. Тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку Европската Унија не излезе со осуда на ваквото однесување.

— реклама —
media-library68n00hqju0imbimAU8g

Менкиноски: Ми се оспорува слободата на движење и правото за правична постапка

Адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права и кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси.Образложение нема и она што е апсурдно бидејќи Македонија и Бугарија се членки на НАТО и ако јас сум ја загрозил националната безбедност на Бугарија по аналогија сум ја загрозил и нашата национална безбедност бидејќи сме сојузници. Претпоставувам дека нема официјален допис ниту до македонските власти ниту до кој било дека сум ставен на црната листа на Бугарија, изјави Менкиноски во Тема на денот на Сител ТВ.Адвокатот изјави дека добил телефонски повик од премиерот, дека имал комуникација и со министерот за надворешни работи и со претседателот на Адвокатската комора. Менкиноски рече дека бил искомунициран и од претседателот на француската Адвокатска комора за застапување, од нивниот Оддел за застапување и од Израелска адвокатска куќа кои сакаат овој процес да го изведат пред меѓународните институции.Овде не е само Совет на Европа, овде се во прашање и тела на Обединети нации кои се грижат и имаат фокус на адвокатите и судиите и дали врз нив се врши притисок и заплашување. Причината е што сега мислам дека е почетокот на мај Комитетот на министри, 46 членки на Советот на Европа ќе расправаат во врска со непочитувањето или неимплементирањето на одлуката на Европскиот суд за човекови права за Бугарија. Бугарија е во паника бидејќи може да се донесе одлука за исклучување на Бугарија од Совет на Европа поради непочитување на столбот, на главниот столб, а тоа е Судот (ЕСЧП) во Стразбур, рече адвокатот Менкиноски.Според него, постојат повеќе механизми за оспорување на оваа одлука и тоа пред Советот на Европа и Обединетите нации, а информирани се и Хјуман рајс воч и Амнести интернешнл. Менкиноски очекува силна реакција од ОН. Тој денеска се обратил исто така и до сите адвокатско конзуларни претставништва во Македонија.Како адвокат ми се оспорува слободата на движење и правото за правична постапка, рече тој.Адвокатот Менкиноски рече дека го очекувал овој чекор и упати јавен апел до претседателката да ги одликува со орден за храброст претставниците на ОМО Илинден Пирин

Македонија | пред 2 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 15 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања