Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Предност за студенти од топ 100 универзитетите, повеќе пари но и отченост - Законот за високо образование оди во Собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Македонија
media-librarykqepb3kk5l0g6v4wpb3

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека долгогодишни „експерименти“ во образованието, особено по законските решенија од 2018, довеле до намалени критериуми, послаба научна продукција и пад на квалитетот, без соодветна евалуација. Најави нов пристап и нов закон за високо образование: предност при вработување на државните универзитети за стипендисти од топ 100 универзитети, нов модел на финансирање со поголеми вложувања и отчетност, и поддршка за наука за задржување на младите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека македонското образование со години било предмет на „експерименти“, кои оставиле сериозни последици врз квалитетот, особено во високото образование.

„Долго време се правеа експерименти со образованието, а тоа е фундаментот врз кој се гради секое општество. Кога се прават погрешни чекори, последиците ги чувствуваат генерации“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека законските решенија од 2018 година довеле до намалени критериуми, помала научна продукција и пад на квалитетот.

— реклама —

Тој нагласи дека, според Владата, не била спроведена ниту соодветна евалуација на состојбите, ниту биле детектирани слабостите, поради што најави поинаков пристап во реформите.

„Како Влада нема да дозволиме уште една изгубена деценија зад нас. Напредокот се гради со партнерство, а не со наметнување“, рече премиерот.

— реклама —

Мицкоски најави дека новиот закон за високо образование ќе донесе конкретни новини, меѓу кои и предност при вработување на државните универзитети за студентите кои студирале на некој од најдобрите 100 универзитети во светот со државни стипендии.

Дополнително, се воведува нов модел на финансирање на високообразовните институции, со зголемени вложувања, но и со засилена отчетност.

Паралелно, Владата најавува и поддршка за научната дејност, со цел универзитетите повторно да се позиционираат како центри на иновации.

Според премиерот, измените на законот биле подготвувани преку широка дебата, а целта е создавање систем кој ќе ги задржи младите во земјата и ќе го подобри квалитетот на образованието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynk0ojngs8lnf6UXKozz

Мицкоски тврди дека градоначалникот на СДСМ е против референдум за рудникот Луке, а СДСМ бара да се спроведе

Настани | пред 3 дена

— реклама —
tripunovski-vlada

(Видео) „Немаат кредибилитет да бараат оставки“, премиерот го брани министерот за земјоделие од интерпелацијата на СДСМ

Настани | пред 3 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

(Видео) Мицкоски одговори на тврдењата од СДСМ дека странски разузнавачи ги следат и им фабрикуваат афери

Македонија | пред 3 дена

media-libraryj8c1n0851nh07sd0Tya

(Видео) Мицкоски до Беџети: Невиноста се докажува во суд, не во политика

Настани | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања