Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОБРАЗОВАНИЕ

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Шангајска листа или „Шиндлерова“? Полесно е да се смени законот отколку да се спроведе

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и поранешна министерка за образование Рената Дескоска остро реагираше во јавноста по повод расправата за новиот Закон за високо образование, оценувајќи дека тезите оти актуелниот закон од 2018 година е виновен што ниту еден македонски универзитет не е меѓу првите 1.000 на Шангајската листа, се неосновани.Дескоска посочува дека ниту во периодот на важност на законот од 2018 година, ниту во времето на претходниот закон, универзитетите од земјава не биле рангирани на Шангајската листа. Таа прави јасна разлика меѓу два концепта – стимулирање преку финансиска поддршка за објавување во индексирани списанија, како што предвидува актуелниот закон, и пристапот на условување и принуда преку задолжителни критериуми за избор во звање, каков што содржи новиот предлог.Според неа, особено проблематичен е условот за задолжителен h-индекс при избор во звање, бидејќи станува збор за параметар што не зависи исклучиво од кандидатот, туку од тоа колку неговите трудови ќе бидат цитирани од други автори. „Ако се пропишуваат услови, тие мора да бидат остварливи и во надлежност на кандидатот“, наведува Дескоска.Таа предупредува и на можен непотизам, трансфер на кадар без реална конкуренција меѓу универзитетите, како и на продолжување на мандатите на ректорите и деканите со можност за повеќекратен избор. Според неа, наместо унапредување на квалитетот, се отвора простор за концентрација на моќ и нарушување на автономијата на универзитетите.Дескоска го споредува актуелниот процес со носењето на Законот за високо образование во 2018 година, кој, како што истакнува, бил резултат на долготраен и инклузивен процес во кој учествувале претставници на универзитетите, професорски и студентски пленуми, синдикати и експерти. Таа нагласува дека проблемот не е во текстот на законот, туку во неговата недоследна примена и отсуството на надзор од страна на Министерството за образование и наука.„И овој пат се оди по полесниот пат – да се смени законот, наместо да се применува“, оценува Дескоска, додавајќи дека предлогот содржи одредби што не се во склад со декларираната цел за подобрување на квалитетот на високото образование.

Коментари | пред 1 месец

media-library39s2fci7gs6916JrQIB

„За мене ова е насилство врз децата, а не само перење мозок“, Најчевска реагираше оти основци беа на промоција на детски молитвеник

Професорката Мирјана Најчевска остро реагира по информациите за промоција на детски молитвеник од авторката Наталија Дикова, реализирана во соработка со ООУ „Сандо Масев“ во Струмица, а издаден со благослов на митрополитот Струмички г. Наум. Во објава на социјалните мрежи, Најчевска оценува дека станува збор за „насилство врз децата“, додавајќи дека ваквите активности, според неа, не претставуваат само „перење мозок“, туку и ограничување на различните можности, задушување на креативното размислување и наметнување еднозначност.„За мене ова е насилство врз децата. Не е само перење мозок, туку е затворање на различни можности, убивање на креативно размислување, детерминирање на еднозначност“, напиша Најчевска.Таа го цигира Законот за основно боразование: „Забрана на партиско и верско организирање и дејствување во основно училиште Член 9. Во основното училиште се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја“.Потоа побара разрешување на директорот на училиштето.„Директорот на ова училиште треба веднаш да биде разрешен заедно со сите наставници кои биле вклучени во било кој дел од активноста“, додаде таа.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryaa7qd2dasa5ba8xpyJE

Николова: Формална меритократија, суштинска политичка контрола врз универзитетите

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на собраниската седница за пратенички прашања остро го критикуваше Предлог-законот за високо образование, оценувајќи дека зад декларативните заложби за квалитет и европски стандарди се крие „централизиран и политизиран модел на управување со универзитетите“.Таа упати две прашања до министерката за образование Весна Јаневска, кои се однесуваат на примената на библиометрискиот Х-индекс и базата „Веб оф сајенс“ како критериуми за напредување, како и на, според неа, системското ограничување на автономијата на универзитетите.Николова предупреди дека сведувањето на научната вредност на бројки и цитираност може да доведе до дискриминација на општествените и хуманистичките науки, особено во мала јазична средина како македонската. Според неа, Х-индексот не го мери квалитетот, туку цитираноста, што ги става младите истражувачи во нерамноправна позиција и создава формална објективност што може лесно да се злоупотреби преку затворени академски кругови и меѓусебни цитирања.Таа укажа и на, како што рече, правен парадокс – построги критериуми за реизбор во звање редовен професор отколку за самиот избор, што, според неа, ја нарушува правната сигурност и ја прави академската кариера неизвесна.Во однос на непотизмот, Николова оцени дека законот не содржи реални механизми за негово спречување, туку создава услови во кои формално строгите критериуми може да станат параван за фаворизирање на „исти луѓе и исти фамилии“, на штета на талентираните млади истражувачи.Вториот сегмент од нејзиното обраќање беше насочен кон автономијата. Таа посочи дека одредби со кои Владата дава мислење на статутот на универзитетите, предлага членови во Националниот совет, одлучува за бројот на студенти и има влијание врз финансиското работење, кумулативно претставуваат ограничување на уставно загарантираната самостојност.Николова наведе дека со предложените решенија извршната власт добива влијание врз клучните академски стандарди, изборот во звања, управувањето со имотот и дури врз опстанокот на институциите, што, според неа, ја сведува автономијата на „автономија колку што дозволува Владата“.„Како ќе гарантирате дека примената на Х-индексот и ‘Веб оф сајенс’ нема да доведе до дискриминација на цели научни области и млади истражувачи? И како ја усогласувате уставната автономија со одредбите што ѝ даваат на извршната власт контрола врз статутот, кадрите, финансиите и опстанокот на универзитетот?“, праша Николова од собраниската говорница.

Македонија | пред 1 месец

media-library7ibb6uog342kcAgazPS

Јаневска: Финансирањето на научни проекти веќе нема да биде проблем, важно е научниците и професорите да сакаат да творат

Првиот том на Македонскиот етимолошки речник е дело од огромно значење за македонскиот јазик, литературата и науката. Целиот проект за прв ваков речник е доказ дека кога државата вложува во наука, а научните работници со посветеност истражуваат и создаваат нови вредности, тогаш имаме значајни и трајни резултати, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на промоцијата на Речникот којшто е еден од научно-истражувачките проекти што беа финансирани во 2025 од буџетски средства. Негов автор е професор д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.Јаневска нагласи дека Министерството за образование и наука има полна поддршка од Владата да ги зголемува вложувањата во научни истражувања. Лани со 374 милиони денари беа финансирани 40 научно-истражувачки проекти на државните универзитети и факултети, на научните институти и на МАНУ, а во наредниот период ќе се вложуваат уште повеќе пари во науката и истражувањата.Минатата година буџетот за наука беше речиси двојно поголем од 2024 и изнесуваше 680 милиони денари, а оваа година се обезбедени 773 милиони денари. „Македонија мора да се сврти кон науката ако сакаме да направиме исчекор од досегашниот тек на работите во сите сфери. Премногу долго сме заробени во инерција, навики и модели што не носат напредок. Светот, па и регионот, одат напред со брзи чекори, а ние не смееме да си дозволиме само да ги гледаме“, укажа министерката Јаневска.Финансирањето на издржани научни проекти веќе нема да биде проблем. Заедно со новите закони за високо образование, за научно-истражувачка дејност и за квалитет во високото образование ќе се создаде добра основа за развој на науката и истражувањата и важно е само научниците и професорите да сакаат да творат.

Македонија | пред 1 месец

279065916_559153508901051_5164875049892922028_n

Платата во образование доцни, реагира лидерот на СОНК

Лидерот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков, објави дека платите на вработените во јавниот сектор образование сеуште не се исплатени иако е 17 феврурари и законскиот рок е пробиен.Тој вели дека изработката на списоците од Министерството за образование била навремена и дека од Министерството за финансии добил информација дека наскоро ќе има исплата.„Платата во образование доцни. Според извори блиски до СОНК, МОН благовремено ги доставил списоците до МФ, но од објективни причини во ова министерство се доцни. Но, како што не уверуваат од таму, денес ќе има плата?!“, објави Неделков на социјалните мрежи.

Македонија | пред 1 месец

media-library5487dfr48am82vA0KCS

„Ако Македонија сака квалитет, ќе мора знаењето да е критериум, а не партиската книшка“, алармира иселена професорка критикувајќи го новиот закон

Како Македонка која живее и работи во Финска, во рамки на University of the Arts Helsinki, Виолета Симјановска јавно реагира на предложениот Закон за високо образование, оценувајќи дека системот во Македонија има потреба од суштински промени, а не од засилена централизација.Симјановска, која во 2013 година докторирала на Културен менаџмент и културни политики, посочува дека нејзиниот обид професионалното искуство и меѓународните контакти да ги пренесе во Македонија завршил со разочарување. Наместо разговор за научни трудови, визија и компетенции, како што тврди, комуникацијата со тогашното раководство на Факултетот за драмски уметности се свела на прашања за партиска припадност и „врски“ во институциите.Нејзината реакција во целост:„Како Македонка која живее и работи во Финска, во високообразовна институција – University of the Arts Helsinki, чувствувам одговорност да придонесам во дебатата за новиот Закон за високо образование во Македонија.Прво, затоа што сакам да направам нешто добро за мојата земја. И второ, затоа што верувам дека одредени аномалии во системот мора храбро да се именуваат и коригираат. Мојата лична приказна е доказ дека нешто суштинско треба да се промени.Во 2013 година докторирав на Културен менаџмент и културни политики. Пред тоа имав долгогодишно професионално искуство во полето на изведувачките уметности. Природно, дојде момент кога почувствував дека моето знаење, искуство и меѓународни контакти треба да ги пренесам на помладите генерации во Македонија.Стапив во контакт со деканот на ФДУ, но од тој разговор излегов длабоко разочарана. Воопшто не се зборуваше за моите квалификации, научни трудови, визија, професионално искуство или меѓународни мрежи. Наместо тоа, разговорот се сведе на партиска книшка и на тоа дека треба да „фатам врски“ во Министерството за финансии. Тоа беше одлучувачкиот момент да си ја пробам среќата надвор од Македонија.На отворен меѓународен конкурс бев избрана и добив огромна професионална одговорност. Последните шест години сум лидер на целиот оддел за Arts Management на Sibelius Academy. Не поради партиска припадност. Не поради „врски“. Туку поради квалификации, визија и докажана експертиза.Овој личен пример не го споделувам од суета, туку како аргумент: ако системот во Македонија навистина сака квалитет, мора да создаде услови каде што знаењето и компетентноста се единствениот критериум.Во предложениот текст на законот, (170тина страни!!!) улогата на Владата и Министерството е доминантна , од одобрување на докторски студии, до рокови за уписи. Во европски контекст, вакви решенија се исклучок, не правило.Да го земеме повторно примерот на Финска.Tука, универзитетите се автономни правни субјекти. Државата поставува стратегиски цели и обезбедува финансирање преку договори за резултати, но не одлучува колку докторанти ќе се запишат, ниту кога ќе се отвори конкурс. Академската заедница самостојно управува со своите програми, вработувања и истражувачки приоритети. Тоа е модел заснован на доверба и одговорност, не на микроменаџмент со можност за влијание од политичките елити.Особено е значајно прашањето на интердисциплинарноста. Универзитети како Aalto University се создадени токму врз принципот на спојување на технологија, бизнис и уметност. Студент може да комбинира различни области, да премине од една во друга, да гради сопствен академски профил. Изборот на матура не е доживотна пресуда.Во Финска не постои „вонредно студирање“ во формата што ја знаеме кај нас. Постојат флексибилни патеки, но стандардите за квалитет се исти за сите.Ако зборуваме за квалитет и меѓународна конкурентност, мора да зборуваме и за импакт фактор. Доколку сакаме академската заедница во Македонија да објавува во списанија индексирани во бази како Web of Science, треба да сме реални: тоа е скап процес. Објавување на еден труд во списание со висок impact factor често чини околу 2.000 евра (понекогаш и повеќе). Без сериозно инвестирање во истражување, инфраструктура и меѓународна соработка, барањата за „импакт“ остануваат празна декларација.Дополнително, ако сакаме интернационална видливост, мора да си поставиме неколку прашања:Колку студиски програми во Македонија се на англиски јазик, во јавниот сектор?Дали е направена проценка на капацитетите на професорскиот кадар во однос на академски англиски?Како ќе привлечеме странски студенти ако наставата е претежно затворена во локален контекст?Сè ова, во комбинација со засилената централизација, остава впечаток на автократски пристап кон образованието, концентрирање на моќта во едно место, намалување на автономијата и зголемување на административната контрола.Ако сакаме модерно и европско високо образование, во Макдонија, потребен ни е закон што ќе ја зајакне автономијата, ќе го стави знаењето над политиката и ќе инвестира во истражувања и вистински квалитет.Во спротивно, ќе продолжиме да ги испраќаме најподготвените кадри надвор , и ќе се прашуваме зошто си заминуваат. А доминантионт дискурс ќе продолжи во насока на партиска послушност и припадност, далеку од европски те стандарди на високо образование.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryrqbi8f4341gj3gNJdlI

Факултетот за физичко образование ќе добие нов објект во Скопје

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје ќе добие нов објект во дворот каде што се наоѓа постојната зграда, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска.Според Јаневска, станува збор за модерен простор кој ќе ги обезбеди сите неопходни услови за квалитетно изведување на наставната и научната дејност, на задоволство и на вработените и на студентите.Таа информира дека веќе е објавена постапката за изработка на проектната документација, по што ќе следува и постапка за избор на изведувач на градежните работи.За планираната инвестиција денеска се разговарало со професорите кои го сочинуваат Наставно-научниот совет на факултетот. Министерката порача дека реализацијата на овој проект е дел од заложбата за унапредување на високото образование и подобрување на условите за студирање и научноистражувачка работа.„Тоа што го ветуваме, тоа и го реализираме“, истакна Јаневска.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryopp6j16cgu649Cxn1R6

Студентите нека не се надеваат на бесплатно високо образование

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека во моментов не постојат услови за позитивен одговор на барањата за бесплатно високо образование, посочувајќи дека станува збор за сериозна финансиска и системска тема која не може да се решава без стабилна основа.„Да работеше повеќе минатата власт, ќе можеше да дискутираме и на таа тема. Кога ќе дојде време и кога оваа држава ќе може тоа да го издржи, ќе дискутираме и на таа тема“, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за можноста државата да воведе целосно бесплатно високо образование.Таа нагласи дека Владата во моментов е фокусирана на стабилизирање и унапредување на образовниот систем, подобрување на условите во образовните институции и обезбедување одржливи решенија, а не на популистички мерки кои би можеле да го оптоварат буџетот.Изјавата доаѓа во период кога дел од студентските организации повторно ја актуелизираат темата за бесплатно студирање, барајќи системско решение и поголема државна поддршка за младите.

Македонија | пред 1 месец

media-library7b62glv6c0mh84HMOeX

Нови закони за високо образование: Повеќе квалитет, повеќе истражувањa, предност за најдобрите студенти

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од која се очекува да обезбеди поквалитетна академска едукација и да ја поттикне научно –истражувачката дејност во државата.Денес на прес конференција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ги презентираше поважните аспекти на новите закони за високо образование, за квалитет во високото образование и науката и за научно – истражувачка дејност, од кои, првите два се веќе објавени на ЕНЕР системот и достапни за коментари и сугестии од јавноста.„Споделувам убава вест за студентите кои со стипендија од државата студираат на најдобрите 100 светски универзитети или пак студираат во Македонија и се добитници на Инженерски прстен или се прогласени за најдобри студенти на универзитетот - тие ќе имаат предност при вработувањето на државните универзитети, како наставно – научен кадар. Ова е една од новините во Законот за високо образование“, рече Јаневска.Нагласи дека утврден е нов начин на финансирање на високообразовните установи. Предвидена е развојна компонента и исклучителна компонента за успешност, односно повеќе пари за оние универзитети кои ќе се потрудат да исполнат одредени повисоки критериуми. Ова, како што рече министерката, ќе ја стимулира конкуренцијата, а конкуренцијата носи квалитет.„Ги зајакнуваме критериумите за напредување во звања на факултетите. Секој кој ќе аплицира за избор во звање – доцент, вонреден или редовен професор, отсега зависно од звањето ќе има обврска до изборот да изработи и објави од 6 до 7 научни трудови, од кои 3 до 4 треба да бидат објавени во списание со импакт фактор од базите Web of science или Scopus. Ова е важно, затоа што светската статистика вели дека за еден универзитет да се најде меѓу најдобрите 1000 на Шангајската ранг листа, треба годишно да објавува најмалку 1200 трудови во списанија со импакт фактор. Нашите универзитети годишно објавуваат помеѓу 300 и 500 трудови и тоа мора да го промениме“, порача министерката.Информираше дека за професорите кои се затекнати при избор во звања, ќе има олеснувања на постапката, како и дека новиот закон предвидува еден професор да може доживотно да остане во исто звање доколку ги исполнува условите за тоа звање при секој нареден избор. Еднаш избрани редовни професори во иднина, по усвојување на законот, ќе имаат реизбор по 7 години. Оние кои се веќе се избрани во редовни професори, нема да бидат опфатени со овој закон, а академската заедница станува единствена на целата територија. Мандатот на ректорите ќе биде 4 години, наместо сегашните 3, а се менува и моделот за избор на ректор.Законот предвидува да се воведат и стручни студии од прв, втор и трет циклус со проодност кон академски студии, како и кратки стручни програми за стекнување на специјалистички знаења. За поттикнување на транспарентноста на работата на државните универзитети, се активираат одборите за доверба со јавноста и советите на универзитетите, кои во минатото не функционираа. Националниот совет за високо образование и наука пак, добива повеќе обврски.„Платите повеќе не се предмет на дискусија. Зголемени се за 14% минатата година, а зголемен е и буџетот за поддршка на научно – истражувачката дејност од 380 милиони денари во 2024 година, на 773 милиони денари оваа година. Повеќе од двојно“, рече Јаневска.Паралелно со Законот за високо образование, кој како рече Јаневска, неопходно е да седонесе заради тоа што актуелниот од 2018 создаде повеќе проблеми отколку што реши, се носи и нов Закон за квалитет во високото образование и научно истражувачката дејност, со кој се предвидува реорганизација и заживување на улогата на Агенцијата за квалитет, која во изминатите 5 години постоење, вршеше само акредитација на студиски програми, но не и евалуација.„Новина е наместо два одбори за акредитација и за евалуација, законот предвидува еден Совет кој ќе работи со стручни комисии. Дефинирање на постапките за евалуација, самоевалуација, акредитација, надзор над работата на високообразовните установи и научно – истражувачките субјекти и така натаму. Анализиравме структури на ваков тип институции во други земји и цениме дека новата организациска поставеност на АКВО ќе даде подобри резултати“, додаде министерката.Третиот е Законот за научно – истражувачка дејност, кој предвидува типови на научниустанови, доделување на средства за научно – истражувачки проекти, финансирање на научни институти и центри за извонредност, јасно дефинирање на постапки за избор во научни звања на истражувачите и слично.„Законот е во тесна корелација со другите два и оттука, очекувам Собранието одеднаш да ги усвои сите, се разбира по претходно доставување на најдобрите текстови што ќе произлезат од јавната дебата што како Влада ја започнавме во понеделникот. Дебати ќе се одржат и на сите јавни високообразовни установи, а се надевам и на квалитетна дискусија во Собранието“, додаде министерката.Изразувајќи благодарност до сите кои без било каков надомест учествуваа во изработката на новата законска регулатива, Јаневска посочи дека особено Националното координативно тело за реформи во високото образование и научно истражувачката дејност одлично ја заврши првата задача заради која и беше формирано од страна на Владата и се покажа како добар начин на работа од која никој не е исклучен и сечие мислење е важно.

Македонија | пред 1 месец

media-library0mri9njlb756b15oNl2

Заменик-министерот за образование, Алиу, си поднесе оставка

Заменик министерот за образование Љулзим Алиу на ФБ соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата.Алиу ја поднел оставката до премиерот Христијан Мицкоски, а одлуката е од негова лична и професионална проценка.„Почитуван Претседател на Владата, со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата заменик министер во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истражувачко-научна работа, како и посветеност кон семејството“, напиша Алиу.На Владата ѝ посака успеси во работата и се заблагодари за укажаната доверба и можноста да ја извршува оваа одговорна должност.Љулзим Алиу доѓа од коалицијата ВРЕДИ, поточно тој е кадар на партијата Алтернатива.Во редицата заблагодарување ја спомена и партијата, потоа нејзиниот актуелен претседател Беким Али, како и претходните партиски лидери Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

(Вознемирувачка снимка) Деца од Сарај разменија боксови и клоци пред училиште, други гледаа и снимаа

Тепачка меѓу ученици во скопско Сарај е прикажана во видео кое последните денови интензивно се споделува на социјалните мрежи и предизвикува реакции во јавноста.На снимката се гледа како група ученици, неофицијално, од централното основно училиште „Дитурија“ физички се пресметуваат во училишниот двор со боксови и клоци, додека други деца стојат настрана и го набљудуваат инцидентот.Во видеото јасно се забележува дека дел од присутните ученици не се обидуваат да ја спречат тепачката, туку пасивно ја следат, а некои од нив и ја снимаат со мобилни телефони. Сцените отворија прашања за безбедноста во училиштата и улогата на возрасните во вакви ситуации.Засега нема официјални информации кога точно е направена снимката.Редакцијата на „Скопје1“ побара официјален став и информации од Министерството за внатрешни работи, од каде посочија дека полицијата веќе постапува.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryj3q8c2hbucfk7y2PjNu

Нејасна причина за масовните стомачни тегоби во училиштето во Влае: болни се и ученици кои не јаделе училишна храна

По појавата на стомачни тегоби кај десетици ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае, институциите и понатаму ги утврдуваат причините за случајот кој предизвика вознемиреност кај родителите и јавноста. Пет деца се задржани на болничко лекување, а повеќе се пратени дома со симптоми како болки во стомак, повраќање, дијареа и покачена температура.Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, изјави дека сите примени ученици имале идентични симптоми кои упатуваат на сомнеж за труење со храна. Но првичните епидемиолошки анкети на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажале дека седум од пријавените деца воопшто не консумирале храна од училишната кујна, што го комплицира утврдувањето на причинителот.Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, нагласи дека резултатите од земените мостри ќе бидат готови утре, бидејќи за анализите потребни се најмалку 48 часа. Земени се примероци од:– храна (мусли, млеко, мусака со месо, кроасан)– вода од неколку чешми– брисеви од училници и кујнатаДополнително, ИЈЗ побара материјали од Детската клиника за да се утврди дали станува збор за вирус, бактерија, паразит или друг причинител.По затворањето на кујната во „Димо Хаџи Димов“, инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на 27 ноември извршија вонредни проверки во девет други основни училишта во општина Карпош, каде снабдувач е истата фирма – „Ванила Фуд“.Според АХВ, централниот магацин на компанијата се наоѓа токму во просториите на „Димо Хаџи Димов“, од каде се снабдуваат сите училишни кујни.Ова е втор случај годинава во Карпош со сомнеж за труење со храна во училиште, што упатува на системски пропусти во контролата – на што укажува и меѓународната организација ФАО, која одамна го нотирала проблемот со недоволната инспекциска покриеност и слабиот мониторинг на храна во македонските училишта.Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукаровски, апелираше да не се шири паника и да се почекаат официјалните резултати од ИЈЗ.„И јас деновиве имам стомачни тегоби“, изјави тој, обидувајќи се да ја смири јавноста.По добивањето на анализите од ИЈЗ ќе стане јасно дали станува збор за труење со храна, вирусна инфекција или друг тип на контаминација. Во меѓувреме, кујната останува затворена, а инспекциските служби продолжуваат со надзор во сите училишта каде што „Ванила Фуд“ е снабдувач.

Македонија | пред 4 месеци

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Инспекции во основното училиште во Влае по сомнеж за труење: денес резултатите, родителите сведочат за тешки симптоми

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека првичните сознанија за причините поради кои десетици ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае добија стомачни тегоби, повраќање и симптоми слични на труење ќе бидат познати денес. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, потврди дека целата вечер се вршат лабораториски анализи на земените примероци од храна, вода, работни површини и од вработените во училишната кујна.Случајот предизвика огромна загриженост меѓу родителите, особено по сведоштвата дека дел од децата имале сериозни симптоми и барале итна медицинска помош. Еден родител за редакцијата опиша драматична ноќ:„Цела ноќ беше со повраќање на секои десет минути, со тешки болки и дехидрација. Состојбата беше страшна“, сведочи еден од родителите.Во меѓувреме, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори училишната кујна како потенцијален извор на зараза. Директорот Кирил Лазов информира дека е наредено вонредно чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како и вонредни здравствени прегледи на сите вработени. „Ќе мора да се почекаат официјалните резултати“, изјави тој.Од Детската клиника соопштија дека двајца ученици се задржани на болничко лекување, а повеќе од десетина побарале медицинска помош. Директорот Реџеп Мемеди вели дека децата имале изразени стомачни тегоби и повраќање, но нивната состојба е стабилна.Меѓу учениците кои биле затруени бил и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски, кој по два дена лекување е пуштен на домашна нега.Училиштето вчера беше со значително намалена присутност – многу родители ги земаа своите деца веднаш по дознавањето на информациите.ИЈЗ, АХВ и ДСЗИ продолжуваат со координирани проверки. Првичните резултати се очекуваат денес.

Македонија | пред 4 месеци

uciliste-skolo-deca-ucenici-4

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ по масовно труење на ученици, меѓу нив и помладиот син на премиерот

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако поголем број ученици се пожалиле на силни стомачни болки. Инспекторатот веднаш нареди вонредно чистење, здравствени прегледи за вработените и земање мостри од работните површини, со цел да се утврди точниот извор на заразата.Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, потврди дека кујната е затворена како потенцијален извор и дека е издадено решение за забрана за работа. Со него се наложува вонредна дезинфекција, дезинсекција, дератизација и спроведување здравствено-хигиенски мерки од овластена институција.Меѓу затруените деца е и помладиот син на премиерот Христијан Мицкоски – Антониј. Според информациите објавени од „Нетпрес“, детето било меѓу хоспитализираните, но по укажаната медицинска помош е пуштено на домашно лекување.Портпаролката на Владата, Душица Митева, ја потврди информацијата и упати желби за брзо закрепнување до сите ученици погодени од труењето.„Им посакуваме на сите деца што побрзо оздравување и безбедно враќање во училиштето“, изјави Митева.Инспекциските служби продолжуваат со проверки, а резултатите од земените мостри треба да потврдат дали навистина кујната е изворот на труењето.

Македонија | пред 4 месеци

media-library5r8p21nm9d036JNHYpt

Во Тетово одржана панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка“ – наставниците се срцето на образованието

Во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука, денеска во Тетово се одржа третата панел-дискусија под наслов „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“.Настанот ја отвори темата за тоа како се менувал образовниот систем низ генерациите, што денес значи успех, и која е улогата на наставникот во време кога технологијата може да објасни сè, но не секогаш да инспирира.Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, нагласи дека магијата на наставничката професија е во човечноста, допирот и разбирањето, кои ниту еден уред не може да ги замени. „Во минатото учењето беше трпеливо запишување и помнење, а денес тоа е анализа, селекција и создавање нови идеи. Но и тогаш и сега, вистинската магија ја создава наставникот, кој љубопитноста ја претвора во знаење“, рече министерката, додавајќи дека учителот не носи наметка, но создава магија – магијата на учењето што ја менува иднината.Милка Тримчевска, директорка на Биро за развој на образованието, истакна дека секој ученички успех започнува со наставникот, а Бирото е тука да ја поддржи таа магија преку континуирана обука и менторство.На панелот учествуваа и Даниела Апостоловска од ООУ „Братство – Миѓени“, Сихана Каба Касами од ООУ „Кирил и Методиј“ и Салих Мислими, професор во ОСМУ „Никола Штејн“ – Тетово. Тие преку лични искуства направија паралела меѓу времето кога учењето се одвивало со книги и денешното време на дигитализација, заклучувајќи дека технологијата може да помогне, но само човекот може да инспирира.Панел-дискусијата потсети дека вистинската магија на образованието не е во брзината на пристап до информација, туку во разбирањето и примената на знаењето. Наставниците, и покрај сите промени, остануваат срцето на системот што ја претвора љубопитноста во мудрост, а „петката“ во нешто многу повеќе од бројка.Кампањата „Магијата е во знаењето“ има за цел да ги афирмира наставниците како креатори на промени и двигатели на општествениот напредок, потсетувајќи дека секое знаење започнува со искра инспирација.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0cqc72l4i2qo6bDp0Cd

Јаневска: Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот

На денешната панел-дискусија во Прилеп, дел од кампањата „Магијата е во знаењето“, од различни перспективи се зборуваше за суштината на наставничката професија и за тоа што навистина значи да се биде добар учител.Наставник што верува во секое дете, што станува глас на охрабрување, водич низ секојдневието и сојузник во учењето, токму такви примери беа во фокусот на денешната панел - дискусија што се одржа во Прилеп, во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја спроведува Министерството за образование и наука.Панел-дискусијата со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“ собра наставници, стручни лица, родители и претставници на академската заедница, кои од различни перспективи зборуваа за суштината на наставничката професија и за тоа што навистина значи да се биде добар учител.Во своето обраќање, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ја нагласи исклучителната улога на наставниците не само како пренесувачи на знаење, туку и како личности што со својата посветеност, емпатија и личен пример оставаат неизбришлива трага во животите на младите.„Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот. Кога едно дете ќе почувствува дека некој со внимание го гледа, го слуша и верува во неговиот потенцијал, тогаш се случува вистинска промена. Нашата мисија е да го зајакнеме системот кој ги препознава и цени наставниците, а преку оваа кампања, сакаме не само да ја потврдиме нивната важност, туку и да го вратиме достоинството на професијата што ја гради иднината“, истакна Јаневска.Министерката потенцираше дека со потпишувањето на спогодбата со СОНК, Владата обезбеди гаранција за континуиран годишен раст на платите на наставниците, кој ќе биде реален и ќе зависи од степенот на инфлација. Додаде и дека овозможен е кариерен развој на наставниците и стручните соработници преку повиците за напредување во звања ментор и советник не само во основните, туку за прв пат годинава и во средните училишта.Проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, рече дека добриот наставник е оној кој пред сѐ умее да слуша, да разбере и да создаде врска со секое дете, а дури потоа да предава.Наставниците и стручните лица од основните и средните училишта во Прилеп говореа за секојдневните предизвици во работата, но и за моментите кои им се показател дека нивниот труд прави разлика. Родителите истакнаа дека вистинскиот наставник е оној што детето го гледа како сојузник, а училиштето како средина што го поддржува и инспирира детето.Денешната панел-дискусија е дел од националната кампања „Магијата е во знаењето“, во чии рамки се реализираат низа активности, од јавни настани и тематски собири, до едукативни видеа, интерактивни работилници и вклучување на широк круг чинители од образовниот и општествениот живот.Преку овие активности, се настојува да се создаде поширока општествена поддршка и разбирање за значењето на наставничката улога. Фокусот е ставен на тоа наставниците да добијат поголема видливост, почит и поддршка, како луѓе кои секојдневно вложуваат знаење, труд и посветеност во воспитувањето и образованието на новите генерации и кои претставуваат двигатели на напредокот на секое општество.(ПР)

Македонија | пред 5 месеци

media-librarydb9fvduj2846f4kj7JB

Во Прилеп продолжува кампањата на МОН - „Магијата е во знаењето“

По првиот панел во Скопје, одржан на 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука продолжува со активностите во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја нагласува клучната улога на наставниците во образовниот процес и нивното влијание врз развојот на учениците.Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“, ќе се одржи во Прилеп на 26 октомври (недела), со почеток во 11 часот, во кино „Мис Стон“ во склоп на Домот на културата „Марко Цепенков“.Панелот ќе може да се следи и во живо на следниот линк:Во дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, како и наставници и стручни лица од основните и средните училишта во Прилеп, а свои искуства ќе споделат и родители.Преку ваквите настани, Министерството за образование и наука ја продолжува мисијата за истакнување на клучната улога на наставниците во обликувањето на иднината на децата и градењето знаење што трае. Истовремено, ја промовира магијата што се случува во училниците, каде што знаењето се пренесува низ заемна доверба, разбирање и поддршка – затоа што магијата е токму во

Македонија | пред 5 месеци

media-librarye8qn7jgdmocp1tTiGZm

(Фото) Српска фолк-пејачка се најде во учебник по македонски јазик за седмо одделение во Македонија

Познатата српска фолк-пејачка Снежана Ѓуришиќ се најде како пример во учебник по македонски јазик за седмо одделение. На 228 страница, во лекцијата посветена на „Штетни информации“, нејзиниот изглед е искористен за илустрација пред учениците.Во делот се прикажани фотографии на Ѓуришиќ со и без филтри, со објаснување дека „познатата пејачка е покажана како изгледа без филтри со цел да се наштети и да се види колку е остарена и колку се разликува нејзиниот изглед од приватниот“.Учебникот содржи и QR-код што води до српскиот портал „Република“, каде што е објавена веста под наслов „Правото лице на Снежана Ѓуришиќ...“.Родител кој наидол на оваа лекција вели дека бил шокиран од пристапот, прашувајќи се како е можно ваков пример да се користи за ученици. Учебникот е одобрен во август 2025 година. Издавач е „Тримакс“, автор е Лилјана Јовановска, а покрај тоа има и неколку рецензенти, уредник и лектор.

Македонија | пред 6 месеци

zgradi-kampus-knigi

Што добиваме со трошењето народни пари: Факултети недоградени, книги во влага - милионски загуби во високото образование

Државниот завод за ревизија алармира за сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции во високото образование и проекти на Министерството за образование и наука. Најновиот извештај открива дека изградбата на новите објекти за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е сè уште неизвесна, иако започнала пред речиси десет години.Недовршени факултети со милионски вложувањаВо периодот од 2016 до 2019 година за овие два проекти се исплатени речиси 2,92 милиони евра. Но, ревизорите утврдиле дека напредокот е минимален и дека објектите остануваат недовршени. Според нивните процени, за комплетирање на изградбата ќе бидат потребни дополнителни 21,95 милиони евра и уште три години работа.Овие бројки отвораат прашања за ефикасноста на управувањето со капиталните инвестиции во образованието, особено бидејќи станува збор за факултети од големо значење за спортските науки и информатичката технологија.„500 книги“ – проект кој завршил во магацинСериозни недостатоци ревизорите утврдиле и во управувањето со проектот „Превод на 500 стручни и научни книги и учебници“ од реномирани универзитети во САД, Англија, Франција и Германија. За овој проект, спроведуван од 2012 до 2021 година, Министерството исплатило над 13,25 милиони евра.Наместо да бидат распределени до универзитетите и другите државни органи, книгите со години се чуваат во магацин во Гостивар, без целосна евиденција за прием и издавање, и без извршен редовен попис.Ревизорите констатирале и несоодветни услови за складирање – влага и температурни промени предизвикале оштетувања на дел од изданијата. Така, значителен дел од јавните средства вложени во проектот не ја исполниле првичната цел – обезбедување современа литература за унапредување на наставниот процес.Аларм за системски слабостиСо најновите наоди, Државниот завод за ревизија уште еднаш предупредува дека слабата контрола и недоволната транспарентност при управувањето со јавните ресурси водат кон финансиски ризици и губење на функционалната вредност на проектите.Ревизорите препорачуваат итни мерки за обезбедување на континуирано финансирање и правилна распределба на средствата, како и заштита на веќе вложените јавни пари.

Македонија | пред 6 месеци

venko

Филипче: Инвестициите во образованието се клучни, секое дете мора да има еднаква шанса

„Вложувањето во образованието е најважната инвестиција која не трпи импровизации“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на почетокот на новата учебна година. Тој нагласи дека во времето на владата предводена од СДСМ бил ставен силен фокус на изградба и реконструкција на училишта, како и на зголемувањето на наставничките плати.„Изградивме и реконструиравме над 80 училишта. Направивме значајна инвестиција во платите на наставниците – зголемување од над 50%, нешто што сега сериозно недостасува“, рече Филипче.Како пример го посочи училиштето „Киро Глигоров“ во Скопје, каде што денеска присуствуваше на настан заедно со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. „Герасимовски покажа дека знае да менаџира – неколку години по ред за сите првоодделенци има униформи и бесплатни ранци, а од следната година ќе има и бесплатен оброк“, додаде тој.Филипче истакна дека и во програмата за претстојните локални избори СДСМ ќе даде приоритет на обезбедувањето квалитетна настава и поддршка за учениците и родителите. „Програмата се темели на тоа да се обезбеди квалитетна настава, безбедни улици за децата и сè што може да се направи на локално ниво за поддршка на семејствата,“ нагласи тој.На сите ученици, родители и наставници, Филипче им посака успешна и мирна учебна година исполнета со нови знаења, радост и трпение

Скопје | пред 6 месеци

detska-klinika

Настава и за децата на Детската клиника – од септември почнува образовна поддршка за тешко болни ученици

Од септември, учениците кои се на долг болнички третман на Клиниката за детски болести во Скопје, вклучително и децата со малигни заболувања, ќе добијат можност да следат формално основно образование. Министерството за образование и наука веќе започна со обуки на наставници за работа со овие деца, а наставата ќе се организира и за оние кои се лекуваат дома.„Децата со канцер, покрај лекување во болница, се рехабилитираат во домашни услови. Наставникот определен за детето може да го посети во домот, доколку има услови и доколку дозволи здравствената состојба на детето, или онлајн да го совладуваат потребниот материјал. Покрај тоа што тие нема да ја изгубат годината, тие ќе бидат и мотивирани. Дали во клиника, дали во домашни услови или во центар за рехабилитација, наставата ќе се одвива, а со тоа и социјализацијата на овие деца“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.Истовремено, ќе се направи анализа дали и колку ученици повредени во пожарот во Кочани ќе имаат потреба од ваков вид настава во домашни услови.Со измените во законската и подзаконската регулатива, училиштата каде што се запишани болните деца се должни да ги вклучат во наставата – преку директно онлајн предавање, индивидуална или асинхрона настава, со користење на дигитални алатки. Целта е децата да немаат прекин во образованието и полесно да се вратат во училиштата по завршување на лекувањето.Во моментот на Клиниката за детски болести се лекуваат околу 20 деца, а нивното лекување трае до две години, од кои најмалку шест месеци во болнички услови.

Македонија | пред 7 месеци

sveditelstvo

Од следната учебна година нема да има хартиени сведителстава за основците и средношколците

Учениците од основното и средното образование од учебната 2025/2026 година ќе добиваат свидетелства исклучиво во електронска форма, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Иако можноста за дигитални документи постои и оваа година, Министерството реши новината целосно да се примени од есен.Промената нема да значи дополнителен трошок за родителите или училиштата, бидејќи системите на училиштата и високото образование се веќе поврзани, а податоците за успехот на учениците ќе бидат директно достапни за средните училишта и факултетите.„И сега е-дневникот овозможува печатење електронски свидетелства. За учениците од прво до деветто не е потребно секое свидетелство, освен она од деветто одделение за запишување во средно. Средните училишта потоа ги бараат и останатите свидетелства – кои ќе можат да ги повлечат електронски, без да се ангажираат учениците и родителите“, објасни Јаневска.И факултетите, според неа, ќе имаат пристап до електронските документи за потребите на уписот, без потреба од физички копии.За учениците кои ќе се запишуваат на странски факултети, ќе биде потребно да поседуваат хартиена копија од свидетелството од деветто одделение и дипломата од четврта година. За таа цел, училиштата ќе можат да обезбедат печатен примерок.„Ако е потребно, училиштата може да потрошат 500 денари за топ хартија и да издадат потврда за успешно завршена учебна година“, додаде Јаневска.Сепак, таа признава дека дигиталната неписменост, особено во руралните средини, претставува пречка за целосна транзиција кон електронско водење документи. Токму затоа, иако дигитализацијата ќе стане стандард, физички свидетелства ќе останат достапни за оние на кои им се неопходни.Министерката очекува дека веќе од следната година, 80 до 90 проценти од свидетелствата ќе бидат издавани исклучиво во електронска форма.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-4600PM

Втор уписен рок со над 16.000 слободни места за средношколци – најголем интерес за стручно образование

Полуматурантите кои не се запишаа во средно образование во првиот јунски рок ќе имаат втора можност да го сторат тоа на 30 јуни, кога започнува второто електронско пријавување за упис во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Министерството за образование и наука, на располагање има вкупно 16.034 слободни места во јавните средни училишта низ државата.Од вкупниот број, 10.758 места се застава на македонски јазик, 4.781 на албански, 474 на турски и 21 место на српски наставен јазик. Се нудат 3.727 места во гимназиско образование и 12.307 во стручно, што ја потврдува тенденцијата за зголемен интерес за стручното образование.Документацијата за упис ќе се доставува на 1 јули, а конечните ранг-листи со примени ученици ќе бидат објавени на 2 јули до 12 часот. Таму каде што ќе има повеќе пријавени ученици со исти поени од слободните места, ќе се организира квалификациско тестирање на 4 јули.Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелираше за реално оценување на учениците и истакна дека новите законски измени предвидуваат наставничките совети повеќе да немаат можност за менување на оценки. Таа посочи дека успехот „со сите петки“ станал практика која го поткопува квалитетот на образованието.Учениците кои нема да се запишат ниту во јунскиот рок ќе имаат последна шанса во август, кога електронското пријавување ќе се спроведе на 21 август, а конечните ранг-листи ќе бидат објавени следниот ден, на 22 август.

Македонија | пред 9 месеци

8

Јаневска: Следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем е воведување на вештачката интелигенција

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија. Внимателно планираме и преку стратешки пристап постепено ќе ја имплементираме оваа технолошка иновација во начинот на учење, спроведување на наставата и генерално во развојот на човечките ресурси.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на Меѓународниот самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.„Препознаваме дека вештачката интелигенција не треба да го замени човечкиот фактор во образованието, туку да го дополни и унапреди, создавајќи услови за персонализирано учење кое ќе одговори на индивидуалните потреби на секој ученик, студент и наставник. Оваа технологија треба да ни овозможи да создадеме образовна средина каде што секој поединец може да го развие својот потенцијал до максимум, независно од неговите почетни способности или социо-економски услови“, рече Јаневска.Министерката посочи дека воведувањето на вештачката интелигенција во основното образование е првиот и најкритичен чекор. Децата прво треба да стекнат основно разбирање што е вештачката интелигенција, како функционира, каде се среќава во секојдневието и дека треба да се фокусираат на нејзиниот етички пристап.„Учениците мора да научат да бидат критички кон информациите кои ги добиваат од ВИ системите. Треба да бидат свесни дека вештачката интелигенција може да прави грешки и да има пристрасности и затоа податоците и изворите мора да споредуваат. Во таа насока, улогата на наставникот е клучна и тој треба да ги води учениците низ процесот на критичко размислување и етичка употреба на оваа технологија“, нагласи Јаневска.Информираше дека работна група на Министерството за образование и наука со професори од факултети по информатика, работи на подоготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието. Министерството за образование и наука во изминатиот период интензивно работеше на дигитализација на образовната сфера.Јаневска информираше дека најголем дел од услугите кои ги нуди образовниот систем, како запишување на ученици во основно и средно училиште, нострификација на дипломи стекнати во странство, доделување на ученички и студентски стипендии, сместување во ученички и студентски домови и аплицирање на конкурси од областа на науката се дигитализаирани. Воспоставен е систем за учење на далечина, а етапно се воведуваат и дигитални интерактивни учебници. Училиштата се опремуваат со современа ИТ опрема за безбеден интернет и креативна настава, а наставниците посетуваат обуки за да одговорат на дигиталните предизвици.Меѓународниот самит за образовни технологии се организира по шести пат. Оваа година над 100 учесници - креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални техничко – технолошки компании и технолошки паркови се фокусираат на обликување на иднината на образованието преку примена на вештачката интелигенција. На повеќе од 50 сесии на кои се дискутира за трансформативната моќ на дигиталните иновации во образованието и се разменуваат искуства поврзани со креирање стратегии за интегрирање на технологијата во образовните системи.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_4387

Нема одмор за вработените во МОН: По шест години за првпат ќе има учебници за сите ученици

Ова лето вработените во Министерството за образование нема да користат годишни одмор. Ги чека работа за да заврши печатење на учебници, уписи во средно образование.МОН се става на располагање на директорите, на наставниците и на високото образование, доколку има потреба да излезе министерството во пресрет и да реши некој проблем.Учебници за сите ученици во основно и средно образование ќе има на 1 септември, ветува министерката за образование Весна Јаневска. Таа најави дека поради промена на наставните програми комплет нови учебници ќе има за седмо одделение во основното образование, како и нови учебници за прва година за средно гимназиско образование.„Секое училиште, според Закон, треба да формира комисија, која ќе ги провери учебниците, кои учениците од претходната година ги враќаат, а треба да продолжат за следната година, односно да бидат дадени на некој друг ученик”, рече Јаневска на прес-конференција.Минатата година биле пријавени 6.000 оштетени учебници, а досега се пријавени дури 18.000 оштетени учебници.За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска.Оваа година на 1 ви септември ќе има учебници и за странски јазици од 1 во до 9 то одделение.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања