Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Македонија ќе има најниски цени на горива во регионот, уверува Мицкоски кој направи споредба со пазарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со мерката за намалување на ДДВ од 18 на 10% Македонија се очекува да има најниски цени на горивата во регионот и без значителен раст на бензините. Тој најави цени: бензин 1,37–1,44 €/л и дизел 1,52–1,55 €/л, значително пониски од соседството. Поради тоа, има зголемен прилив на возачи од други земји и потрошувачката е повисока за околу 9% (150.000 л дневно), особено во погранични општини. Мерките важат две недели, со можност за продолжување.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените.

Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.

— реклама —

„Цената на бензините ќе се движи од 1,37 до 1,44 евра за литар, а дизелот од 1,52 до 1,55 евра за литар, што е убедливо најниска цена во регионот“, истакна Мицкоски.

Тој направи споредба со соседните земји, посочувајќи дека во Србија бензинот достигнува до 1,83 евра по литар, дизелот околу 1,8 евра, во Хрватска до 2 евра, додека во Грција и Албанија цените се околу 1,9 евра по литар.

— реклама —

Според премиерот, токму поради пониските цени во Македонија, забележан е зголемен притисок од граѓани од соседните земји кои доаѓаат да точат гориво, што ја зголемило потрошувачката за околу 9 проценти, односно дополнителни 150.000 литри дневно.

Најголем притисок, како што рече, има во пограничните општини како Дебар, Струга и Охрид на западната граница, како и Битола и Гевгелија на југ и Куманово на север.

Мицкоски нагласи дека Владата очекува стабилизација на цените, при што не се предвидува зголемување на бензините, а евентуалните корекции кај дизелот ќе бидат минимални.

„Со овие мерки директно од буџетот учествуваме во подобрување на стандардот на граѓаните“, изјави премиерот.

Тој додаде дека мерките ќе важат во наредните две недели, почнувајќи од понеделник, со можност да бидат продолжени доколку има потреба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynk0ojngs8lnf6UXKozz

Мицкоски тврди дека градоначалникот на СДСМ е против референдум за рудникот Луке, а СДСМ бара да се спроведе

Настани | пред 3 дена

— реклама —
tripunovski-vlada

(Видео) „Немаат кредибилитет да бараат оставки“, премиерот го брани министерот за земјоделие од интерпелацијата на СДСМ

Настани | пред 3 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

(Видео) Мицкоски одговори на тврдењата од СДСМ дека странски разузнавачи ги следат и им фабрикуваат афери

Македонија | пред 3 дена

media-libraryj8c1n0851nh07sd0Tya

(Видео) Мицкоски до Беџети: Невиноста се докажува во суд, не во политика

Настани | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања