Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВЛАДА

28032022_PVRSM_Kovacevski_sostanok-vo-Sofija_6

Ковачевски и премиерите на земјите од ЈИЕ членки на НАТО на состанок во Софија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го започна учеството на Состанокот на шефови на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО.Во фокусот на состанокот, чиј организатор и домаќин е претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков, се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската воена инвазија на Украина.Премиерите на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Република Бугарија Кирил Петков, на Република Романија Николае Чука и на Република Црна Гора Здравко Кривокапиќ ќе разговараат за координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа.

Македонија | пред 4 години

24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_2

Ковачевски: Сите НАТО сојузници делуваме обединето, делиме исти вредности и политики

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на вонредниот НАТО Самит кој се одржа во Брисел, ги потврди ставовите на земјата за поддршка на воената криза во Украина, како и целосната усогласеност на надворешната политика со политиката на Сојузот и неговите земји членки кои делат исти вредности.„Од особена важност е што во време на воена криза од вакви размери сите држави сојузници делуваат обединето и ја даваат својата поддршка на земја која го брани своето право на територијален интегритет и суверенитет. Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со Европската Унија. Ги донесовме сите одлуки усогласени со земјите членки на НАТО и на ЕУ, со цел да се обидеме да ја одвратиме Русија од воената агресија врз Украина, а како држава покажавме подготвеност и донесовме одлуки и за идентификување на капацитетите и обезбедување на сите материјални средства согласно нашите можности, коишто се потребни за прифаќање на евентуалните бегалци од Украина“, изјави премиерот Ковачевски, во интервју за МИА.Во однос на безбедносната состојба на Република Северна Македонија, премиерот Ковачевски истакна дека земјата е во стабилна ситуација, благодарение на правилно донесените стратешки одлуки.„Процесот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата беше долг и макотрпен, но сега, во време на воена криза од вакви размери, гледаме колку е значајно да се биде земја чијашто безбедност се гарантира од страна на најголемиот безбедносен и одбранбен сојуз во светот. Северна Македонија е дел од мисиите на Сојузот, како и од вежбите кои тој редовно ги спроведува“, потенцираше Ковачевски, потврдувајќи ја стабилната безбедносна состојба на земјата.Во однос на барањата за затворање на небото над Украина, тој изјави дека ставот на Сојузот е дека тоа би значело отпочнување на воен конфликт помеѓу НАТО и Русија, кој би прераснал во војна од невидени размери, поради што одлуката и на НАТО и на другите земји, коишто се веќе дел, но и оние коишто се на пат кон влез во Европската Унија, останува со економски санкции и други невоени средства за санкции да се одврати Русија од понатамошни воени дејствија.На вонредниот Самит беа разменети мислења и за следните чекори и одлуки кои ќе се донесуваат во следниот период, во насока на оформување на иднината на Алијансата и нејзиното зајакнување, како и во насока на процесот во врска со Самитот во Мадрид кој е планирано да се одржи во јуни.

Македонија | пред 4 години

pari-za-izjava

Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март

За повеќе од 330 илјади пензионери мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош која со истата сума ќе биде вклучена и во април и мај.Тоа се дополнителни 3.000 денари само за овие три месеци кои се надоврзуваат на најголемите зголемувања на пензиите досега според усогласувањето од 2,9% во јануари годинава кога пензионерите имаа зголемување од најмалку 460 денари.Со ова усогласување, со интервентната финансиска помош, како и со новиот модел за континуиран раст на пензиите, кој ќе започне да се применува со септемвриската пензија, пензионерите оваа година ќе имаат вкупно годишно зголемување во 2022 година од над 10.000 денари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.Мартовски пензии преку мрежата на банкомати ќе бидат достапни од 29.03.2022 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги исплаќаат во четири групи според висината на пензијата, и тоа:- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).Финансиската поддршка, како и зголемувањето на пензиите според новата методологија, ќе бидат исплатени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со што се потврдува неговата стабилност како резултат на добрите економски политики на Владата и на успешното менаџирање на Фондот и креираните резерви.Сето ова Владата го оствари без да ги зголеми стапките за пензиски придонеси, односно без дополнително оптоварување на бизнисот и низ отворен дијалог со сите засегнати страни со што се постигна одржливо решение за континуиран раст на пензиите, а со тоа и на животниот стандард и квалитетот на живот на пензионерите.

Македонија | пред 4 години

nikolovski

Николовски од Белград: Република Србија за Северна Македонија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење

Денеска во Белград, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со потрeтседателот на Владата на Република Србија и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ. На состанокот е договорено во следните седум до десет дена Република Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење.„Во рамки на инструментите што ги овозможува иницијативата „Отворен Балкан“, со потпретседателот на Владата на Република Србија, Недимовиќ, договоривме во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу економските партнери помеѓу двете земји. Сите договори на нашите економски партнери од сите стопански комори ќе бидат реализирани. За договорените количини ќе биде испратено и писмо од претседателот на Владата на РСМ до премиерката на Р.Србија“, изјави министерот НиколовскиВо изјавата министерот Николовски порача граѓаните да бидат смирени, Северна Македонија ќе има доволно количини од овие стратешки култури.Николовски додаде дека максимално се работи и на изнаоѓање на алтернативни пазари за македонските производи.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања