Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Цената на нафтата скокна по пораката на Трамп кон Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryak65dshvd2eq8YGYCaM

Цените на нафтата нагло пораснаа поради зголемена неизвесност околу снабдувањето, особено преку Ормутскиот теснец. Во Лондон барелот достигна 119,10 долари, а во САД 104,81 долари, при што растот се поврзува со ризици за транспортот низ Персискиот Залив. Вашингтон, преку пораки од Трамп, побара Европа сама да го обезбедува снабдувањето, додека Иран ја заострува контролата и ограничува транзит за бродови поврзани со САД/Израел. ЕК предупреди на долготрајни нарушувања, а мерките го одржуваат „ризичниот додаток“ во цената; кошничката на ОПЕК е 117,12 долари.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, откако изјавите од Вашингтон ја зголемија неизвесноста околу снабдувањето со енергенси, особено преку Ормутскиот теснец.

На лондонскиот пазар барел нафта се тргуваше по цена од 119,10 долари, што е зголемување од 6,32 долари во однос на претходното затворање, додека на американскиот пазар цената порасна за 1,93 долари и достигна 104,81 долари. Разликата во растот на цените се поврзува со пораките од САД и ризиците за транспортот на нафта преку Персискиот Залив.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на европските земји дека треба сами да обезбедат снабдување со енергенси, вклучително и преку директно дејствување во Ормутскиот теснец.

„САД повеќе нема да ви помагаат, како што ни вие не ни помогнавте нам“, напиша Трамп.

— реклама —

Пораките од Вашингтон доаѓаат во услови кога Иран воспостави контрола врз Ормутскиот теснец, ограничувајќи го транзитот за бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници, додека останатите земји мораат да координираат со иранската морнарица.

Во меѓувреме, дел од европските земји воведоа ограничувања за американската воена логистика. Шпанија забрани прелети на американски воени авиони, а слични потези повлекоа и Франција и Италија. И Обединетото Кралство беше мета на критики од Трамп поради, како што наведе, недоволна поддршка.

Европската комисија ги предупреди земјите членки да се подготват за долготрајни нарушувања во снабдувањето, особено со авионско гориво и дизел, што дополнително влијаеше врз растот на цените на нафтата и дериватите.

Паралелно, Европската Унија воведе санкции за увоз на руска нафта, со исклучок за одредени земји членки.

Иран, пак, најавува дополнително заострување на контролата врз Ормутскиот теснец. Според информации од иранските власти, парламентот усвоил предлог за воведување безбедносни и финансиски правила за пловидба, вклучително и наплата на надоместоци во иранска валута.

„Транзитот ќе биде забранет за бродови поврзани со САД и Израел, а за земјите кои воведоа санкции се предвидуваат ограничувања“, изјави Мојтаба Зареи.

Аналитичарите предупредуваат дека ваквите мерки ќе го задржат таканаречениот „ризичен додаток“ во цената на нафтата, бидејќи секое ограничување на пловидбата низ теснецот директно влијае врз глобалното снабдување и трошоците за транспорт.

Дополнителни пресметки на Организација на земји извознички на нафта покажуваат дека цената на нафтената кошничка на земјите членки изнесувала 117,12 долари по барел, што укажува на континуиран притисок врз пазарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања