Претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да одобри дополнителни три до пет дена за продолжување на примирјето со Иран, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата.
Според изворите, Трамп не прецизирал точен временски рок, но нагласил дека прекинот на огнот нема да биде на неопределено време. Ова доаѓа во период на засилени дипломатски напори и обиди да се постигне заеднички предлог меѓу Вашингтон и Техеран.
Во исто време, се наведува дека нова рунда преговори меѓу САД и Иран би можела да се одржи веќе во петок, со посредство на пакистански дипломати. Според информациите, постојат „позитивни сигнали“ во контактите со Иран, што отвора можност за брзо продолжување на мировните разговори во наредните денови.
Трамп претходно порача дека е отворен за дијалог, но дека американската војска ќе остане во состојба на готовност сè додека Иран не понуди „единствен и конкретен предлог“.