Иранската национална гарда денеска во Ормускиот теснец запрела трговски брод „MSC Francesca“ на кој пловат четворица црногорски морнари. Ова го потврди црногорскиот министер за поморство Филип Радуловиќ, јавува Anadolu.
Во објава на социјалната мрежа X, министерот навел дека од бродот е потврдено оти црногорските морнари, како и останатите членови на екипажот, се во добро здравје и безбедни.
Радуловиќ изјавил и дека во тек се преговори меѓу бродската компанија и иранската страна, како и дека надлежните државни органи се во постојан контакт со екипажот.
„На нашите морнари и нивните семејства им даваме целосна поддршка. Ќе направиме сè што е во наша моќ за позитивен исход на оваа ситуација и за безбедноста на нашите морнари“, порача Радуловиќ.
Според достапните информации, иранските сили и претходно запленувале бродови во Ормускиот теснец. Во еден случај биле задржани два контејнерски брода само неколку часа по продолжувањето на примирјето од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Иранската револуционерна гарда тогаш соопштила дека бродовите биле задржани поради наводно кршење на правилата за пловидба и загрозување на поморската безбедност.