Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Цената на нафтата се искачи над 68 долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
nafta-696x465-1

Ценaте на нафтата на меѓународните пазари се искачи над 68 долари, одразувајќи ја загриженоста на инвеститорите пред новиот круг американско-ирански нуклеарни преговори што започнува во вторник во Женева. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по 68,41 долари, што е за 66 центи повеќе во однос на цената на затворање минатата недела, додека на американскиот пазар цената се зголеми за 65 центи и достигна 63,54 долари.

Преговорите во Женева се фокусирани на иранскиот нуклеарен програм, при што Техеран најавува подготвеност за компромис доколку САД ги укинат санкциите. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ќе се сретне со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, со посредство на Оман. Замениот директор за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи, Хамид Ганбари, истакна дека договорот би требало да донесе економски бенефит за двете страни, вклучувајќи заеднички интереси во гасните и нафтените полиња, инвестиции во рударството и набавка на авиони.

— реклама —

Иранската морнарица одржа во понеделник воена вежба во Теснецот Ормус, преку кој поминуваат околу 20 милиони барели нафта дневно, со цел да ја провери подготвеноста за „можни безбедносни и воени закани“, објави новинската агенција Тасним.

САД веќе испратија уште еден носач на авиони, USS Ford, кој би требало да пристигне на Блискиот Исток најрано кон крајот на неделата. Индија, од почетокот на месецот, заплени три танкери поврзани со Иран и го зајакна надзорот во поморската зона за да ја спречи незаконската трговија. Целта е да се спречи пренесување на нафта од брод на брод за прикривање на нејзиното потекло.

— реклама —

Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот на нафта од кошницата на нејзините членки во петокот беше поевтин за 1,44 долари и чинеше 66,62 долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата може нагло да пораснат

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Горивата поевтинуваат од следната недела

Свет | пред 4 дена

media-library09o1eklg7bkm3q1oVO8

Нагло пораснаа светските цени на шеќерот и растителните масла

Свет | пред 2 седмици

media-libraryafoptkjj5er13JfmFms

Владата најавува засилена борба против сивата економија и мониторинг на цените

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања