Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

10 час.
media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Убиство во Росоман: син со нож ја заклал сопствената мајка

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Ратко Грков, од Итната медицинска помош во Кавадарци, кој бил на местото на повик во Росоман.– Нашата екипа беше повикана и на лице место констатиравме убод со нож во вратот. Од повредата, жената починала на самото место, појасни Грков за МИА.Засега нема повеќе детали за случајот. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Македонија | пред 10 часа

10 час.
media-libraryh908ta9fo2s11J9XufQ

„Новите Страјкери блескаат, но касарната Петровец нема вода 35 години“, велат од Независниот синдикат на професионални војници

Независниот синдикат на професионални војници реагира по презентацијата на новите лесно оклопни возила „Stryker“ во касарната Петровец, предупредувајќи дека зад блескавите машини се крие долготрајен проблем – касарната нема исправна вода цели 35 години. Според синдикатот, додека државниот врв се фотографира пред возилата, припадниците на Армијата се принудени да купуваат или да носат вода од дома, со што се загрозува нивното здравје и достоинство.„На 25.03.2026 година во касарната Петровец беа презентирани новите лесно оклопни возила “Stryker”.  Пристигнати се 17 возила од вкупно 42 нарачани во вредност од 210 милиони долари .Во Петровец беше скоро целиот државен врв, претседателот на владата, потпретседателот на владата , министерот за одбрана, заменик-министер за одбрана , државниот секретар во МО, советник од МО, ВД амбасадорот на САД во Република Македонија ,пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, началникот на генералштаб и уште 4 генерали.На сликата можеме да видиме каде сите се сликани пред три возила Страјкери во вредност од 15 милиони долари, но главната поента е дека зад тие возила е главната кујна на касарната Петровец каде што нема исправна вода цели 35 години, односно водата не е за пиење и не е ниту хемиски ниту биолошки исправна.Прашањето е: Дали „пак” сите незнаат дека ова е реалната состојба во касарната , а посебно сега после оваа реакција треба да очекуваме како министерот за одбрана ќе се правда дека еве имаме нови одвоени средства за поправка на објектите и санација на постоечките ..... итн итн.Ако зад нив стојат три возила кои чинат 15 милиони долари, ги прашувам колку чини здравјето на припадниците на Армијата и колку чинат неколку метри цевки за да се поврзат со најблискиот водовод.Македонската јавност треба да знае во какви катастрофални услови работат и живеат припадниците на Армијата. Само за информација за сите гости кои присуствуваа на оваа презентација , најблиското село од каде може касарната да се приклучи на чист водовод е 300 метри од касарната Петровец, а тоа е селото Миладиновци.Како потсетување дека уште пред 7 години друг синдикат од Армијата апелирал и тврдел дека ситуацијата е катастрофална, објекти и цели касарни без вода и струја е синдикатот кој на 31.05.2019 година дал соопштение за јавноста (прилог ).И тогаш тоа раководство се правдало по ист рецепт  дека се издвоени  средства за санација и реконструкција на објектите , и тогаш е кажано ЛАГА како што се кажува денес, и нема да се смени ништо како што не е сменето 35 години , а дури и 50 години.Најолем буџет во Армијата ...но само за железо и оружје, за евтин и лесен ПР кој го гледаме секојдневно за правдање на потрошените милиони на граѓаните на Република Македонија. Што е променето во Армијата од 1991, од 2001, од 2019.... само нови слики и нов ПР !А припадниците на Армијата пак секој ден ќе си купуваат вода или ќе си носат од дома за да преживеат на работното место , достоинствено од нивните недостоинствени плати.Неспособноста не е веќе непозната , таа денес има име и презиме“, вели Александар Насковски, претседател на Независен синдикат на професионални војници СО Скопје.

Македонија | пред 10 часа

10 час.
media-libraryntsjntei4a7ncD2NTb6

Арсовска, Глигоров и Витина изгубија спор за клевета против Ландов: Граѓанскиот суд изрече пресуда

Граѓанскиот суд ја одби тужбата на ексградоначалничката на Скопје Данела Арсовска, секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров и советничката Ирена Витина против новинарот и уредник на “Скопје1”, Кристијан Ландов. Судијата Кристијан Митревски ги одби тужбените барања како неосновани.Тројцата покренаа тужба за утврдување на одговорност за јавно поставено прашање и пренесен став за работењето и функционирањето на Град Скопје.„Добро утро. Од судската постапка во Граѓански суд каде Арсовска, Витина и Глигоров ме гонеа за клевета излегувам со чист образ. Судијата Кристијан Митревски ја одби тужбата и тужбените барања како неосновани.Ова беше класичен обид за замолчување на новинар. Наместо одговори, добив тужба. Наместо аргументи, притисок. Судот овојпат покажа дека таквите обиди не поминуваат. Денешната одлука покажува дека институциите можат да направат јасна разлика меѓу критика и клевета”, напиша Ландов по пресудата.Предметот се судеше повеќе од година, а тужбата беше покрената додека тие беа носители на јавни функции. Предметот беше следен од ЗНМ и Коалицијата за правично судење

Македонија | пред 10 часа

10 час.
media-library7maneei568jibu53hty

Сони повторно ги зголемува цените: PS5 Pro ќе чини неверојатни 900 долари

Поради недостиг на меморија и складишен простор, поскапеа сите видови на потрошувачка технологија, вклучувајќи и конзоли.Недостигот на меморија и складишен простор, како и скоковите на цените кои почнаа да ги погодуваат PC компонентите кон крајот на минатата година, постепено се префрлија на сите видови потрошувачка технологија. Некои производи исчезнаа, залихите се исцрпени или одложени, додека други поминаа низ повеќе рунди на поскапување.Компанијата Sony ја зголемува цената на PlayStation 5 конзолите во САД само осум месеци по последното поскапување:Digital Edition (без читач на дискови) од 500 на 600 долариОсновниот PS5 со оптички драјв од 550 на 650 долариPS5 Pro од 750 на неверојатни 900 долариСони, Мајкрософт и Нинтендо во текот на 2025 година најавија едно или повеќе поскапувања за своите конзоли, иако тие главно беа предизвикани од тарифите на администрацијата на Трамп за увезена стока, а не од недостиг на компоненти. Намалувањата на цените на играчките конзоли станаа поретки во текот на 2010-тите, што конзолите како PS5, кои се постари од пет години, ги прави историски скапи во споредба со постарите конзоли во иста фаза од нивниот животен век.RAM и flash мемориски чипови се дефицитарни првенствено поради побарувачката од AI дата центри – производителите на меморија префрлија поголем дел од производството на типови меморија кои се користат во AI акцелератори, како што е Nvidia H200, оставајќи помалку залихи за потрошувачкиот пазар.Малку е веројатно дека ситуацијата ќе се поправи наскоро, освен ако не дојде до голема промена во побарувачката од страна на AI индустријата. Производители како компанијата Kioxia изјавија дека нивните капацитети веќе се распродадени до крајот на 2026 година.Сложеноста на производството на чипови значи дека се потребни месеци или години за да се зголеми производниот капацитет, а производителите можат да бидат бавни во тоа затоа што не сакаат да завршат со вишок меморија кој не можат да го продаваат ако се променат условите на пазарот.

Магазин | пред 10 часа

10 час.
Screenshot-2025-09-16-at-10.56.57

Повеќе возила изгореа во Мостар, во кругот на поранешната касарна Конaк

Ноќеска повеќе возила изгореа во дворот на Средното економско училиште во мостарската населба Конaк. Според достапните информации, нема повредени лица.Од Оперативниот центар на МВР на Херцеговачко-неретванскиот кантон потврдија дека пожарот избувнал околу 3:30 часот наутро и зафатил повеќе возила.Од Професионалната противпожарна единица Мостар посочија дека на терен биле шест пожарникари со две возила, кои интервенирале и успешно го изгаснале пожарот.Пожарот во Мостар го оштети повеќе автомобили во кругот на поранешната касарна Конaк, а брзата интервенција на пожарникарите спречи поголеми штети.Иако сè уште нема официјални информации за висината на материјалната штета, на фотографиите објавени на социјалните мрежи од ПВЈ Мостар се гледа дека возилата се значително оштетени.

Свет | пред 10 часа

11 час
afganistan

Нов судир на границата: Авганистан и Пакистан разменија оган

Авганистан и Пакистан размениле жесток оган в неделата, при што во Авганистан била убиена најмалку една личност, а повредени 16, главно жени и деца, соопшти денеска заменикот портпарол на Кабулската талибанска администрација, Хамдулах Фитрат.Обновувањето на судирот во граничниот дел на двете земји се случил во момент кога во Пакистан се одржал состанок на делегации на регионални сили, кои разговарале за деескалација на војната во Иран и на Блискиот Исток, со најава дека Исламабад би можел да биде, како посредник, домаќин на преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, пренесува Ројтерс.Службениците за безбедност од Пакистан соопштиле дека таа земја само одговорила на силно гранатирање од Авганистан и дека не биле гаѓани никакви цивилни локации.Најжестоки борби меѓу Пакистан и Авганистан во последните неколку години избиле минатиот месец, со големи човечки загуби од двете страни.Кабул порано соопштил дека во март повеќе од 400 луѓе биле убиени во пакистански воздушен напад на центар за рехабилитација од дрога во тој град, пред соседните земји да ја прекинат борбата.Пакистан ги одби тврдењата на талибанците за напад на рехабилитацискиот центар, наведувајќи дека „прецизно ги целел воените објекти и инфраструктурата за поддршка на терористите“. Пауза во судирите била најавена за Рамазански Бајрам, а до обновување на судирите дошло вчера, неколку дена откако биле најавени привремени паузи во борбите.Исламабад ги обвинува авганистанските талибани дека кријат и поддржуваат исламистички милитанти кои изведуваат напади во рамки на Пакистан, што Кабул го негира, наведувајќи дека милитантите се внатрешен проблем на Пакистан.

Свет | пред 11 час

11 час
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Членот на новиот ЦО на СДС и Филипче, Стојан Коциров кој воедно е и поранешен претседател на младите во Струмица на СДС, е нов директор на струмичката фирма.Станува збор за фирма која до пред само некоја година лично Вице Заев управувал со неа. Истата фирма, била и добитник на голем број тендери во Струмица кога Заев бил градоначалник, но и низ цела Македонија, кога Заев бил премиер. Сара Инженеринг ДОО Струмица е меѓу должниците на Управата за јавни приходи за нецелосно исплатени даноци, како и меѓу фирмите кои добивале кредити од Еуростандард пред банката да биде затворена со стечај.Заев се уште го води СДС и го контролира Филипче. Го мести за претседател, му мести ПР, му мести луѓе за членови на ИО и ЦО, и неговите луѓе кои се блиски соработници на Филипче, ги става директори на фирми блиски до неговото семејство“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 11 час

11 час
media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

ДПМНЕ без збор одобри одбележување на јубилеј посветен на контроверзниот Милаим Фејзиу со што уште еднаш докажа дека коленичи и капитулира пред коалициониот партнер ВРЕДИ. Се работи за фигура поврзана со иницијативата за албанскиот референдум од 1992 година, прв претседател на Сенатот на Тетовскиот универзитет и учесник на трибината во 2021 година за формирање на партијата „Република Илирида“, која се залага за федерализација на државата, велат од Левица.„Во јавноста, Фејзиу е препознатлив и по изјавата „Тоа се наши деца“, дадена во 2001 година кога поранешни припадници на ОНА од тетовското Кале отворија оган врз безбедносните сили.Одлуката да се одбележи јубилејот на Милаим Фејзиу отвора сериозно прашање за критериумите според кои државата селектира личности достојни за институционално чествување. Во ситуација кога самиот предлог минува „без збор“, се создава впечаток на политичка инерција или (како и секогаш) задоволување на коалициските апетити, наместо аргументирана дебата. Таквиот пристап не само што ја девалвира процедурата, туку го релативизира значењето на јавниот консензус во однос на историски чувствителни фигури и секако на националните темели на државата!Контроверзноста на Фејзиу не произлегува од маргинални или споредни аспекти на неговото делување, туку од директна поврзаност со политички проекти и изјави што длабоко ја поларизираат јавноста. Во тој контекст, неговото институционално чествување може да се чита како нормализација на агенди што се перципираат како спротивни на унитарниот карактер на државата и нејзино федерализирање.Особено проблематично е што паралелно се одбиваат други предлози со образложенија за „непотребно отворање на Пандорината кутија“, додека во истиот пакет се прифаќа фигура која токму тоа го прави – отвора длабоки, нерешени политички и етнички тензии. Овој двоен стандард укажува на недоследност во примената на критериумите и на селективна чувствителност кон историските контроверзии.Во поширок контекст, ваквите одлуки ризикуваат да ја компромитираат симболичката функција на државните чествувања. Чисто за споредба други планирани јубилеи за чествување се и оние на Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, Петре Андреевски, Никола Бадев, Ристо Шишков…И наместо тие да служат како точки на заедничко сеќавање и кохезија, тие можат да станат извори на нови поделби. Оттука, прашањето не е само дали Фејзиу е „достоен“ за одбележување, туку дали државата е подготвена долгорочно да ги сноси последиците од попуштање на коалициските партнери и на избори што секако се политички“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 11 час

11 час
media-libraryjb405orejuhg6CkhuJc

(Фото) По 18 години пронајден автомобилот на Пол Вокер од вториот дел на „Fast & Furious“

Легендарниот Nissan Skyline R34 GT-R кој го возеше Пол Вокер во филмот „2 Fast 2 Furious“ повторно е пронајден по речиси две децении.Автомобилот бил 18 години скриен од очите на јавноста, а целиот период бил сокриен во дневната соба на една куќа во Норвешка, каде сопственикот го чувал како вид експонат.Години наназад, овој Nissan бил надвор од радарот на колекционерите, па дури се верувало дека е изгубен. Се покажало дека приватниот сопственик го чувал како „свет предмет“, паркиран меѓу мебелот.Компанијата ChromeCars успеала да го пронајде и откупи дури по пет години преговори, по цена која се проценува на повеќе милиони евра.Станува збор за главниот автомобил од филмот, еден од вкупно шест користени примероци, и веројатно единствениот кој останал целосно сочуван во оригинална состојба. Поради тоа има огромно значење за историјата на франшизата „The Fast and the Furious“ и за автомобилската култура воопшто, пренесува австралискиот портал 7news.Автентичноста на возилото ја потврдил експертот Крег Либерман, кој учествувал во создавањето на автомобилите за раните филмови од серијалот.Да потсетиме, актерот Пол Вокер загина на 30 ноември 2013 година, на 40-годишна возраст, додека со пријателите и финансискиот советник Роџер Родас тој ден, попладне, се возел со Porsche во местото Санта Кларита, во Јужна Калифорнија.Роџер, кој бил возач, изгубил контрола над автомобилот, кој потоа удрил во електричен столб, по што автомобилот експлодирал.

Магазин | пред 11 час

11 час
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да се претстават како жртва, стратегијата им станува попровидна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Можат да бидат иронични за анкетите но не можат да ја сменат реалноста па затоа повторно глумат жртва.Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пи-ар пораки на Башановиќ не можат да го сокријат фактот дека Филипче се наоѓа далеку од врвот на довербата кај граѓаните, ниту дека СДС е под 5% доверба.Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски останува стабилна, и тоа не е поради кампањи туку поради перцепцијата кај граѓаните дека Владата работи и има резултати.Граѓаните можат да направат разлика.СДС има само фасада позади која стојат истите структури, истите луѓе и истите лоши пракси и не можат да ја избришат колективната меморија за периодите на економска нестабилност, двоцифрена инфлација и одлуките кои директно ги засегнаа националните интереси.Особено кога станува збор за Филипче, чиј профил останува обременет со скандали кои не може да се покријат со ниту еден пи-ар.Кризата во која се наоѓаат не е резултат на никакви напади, како што стои во нивните соопштенија, туку на одамна изгубениот кредибилитет на Филипче и на членови од највисокото раководство. Тоа што се сведени на неколку проценти доверба е поради длабоко разочарување кај граѓаните.СДС е против СДС, а тоа што измислуваат дека некој води црна кампања против нив е доказ дека се во паника. Не постои кампања што може да уништи кредибилна партија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 11 час

11 час
market-pari

СДСМ: Паричник анкета

Додека цените на храната, сметките, горивото растат постојано, платите на македонските граѓани остануваат најниски во Европа и недоволни за достоинствен живот, велат од СДСМ.„Постои една анкета која власта не може да ја манипулира, не може да ја нарача и не може да ја сокрие.Тоа е „паричник анкетата“.Кога граѓаните ќе го отворат својот паричник, кога ќе погледнат во својот џеб колку пари имат. Е тоа е вистинската анкета за „рејтингот“ на власта.Реалноста е во џебот на секој граѓанин и таа реалност е сурова. Нема поголема вистина за рејтингот од празниот паричник од празниот џеб.Граѓаните немаат пари и едвај врзвуваат крај со крај.Секое семејство, секој работник, секој млад човек ја знае оваа вистина преку сопствениот паричник.Нема поголема анкета од оваа.Нема леб, но затоа има игри!Македонија повторно горда“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 11 час

11 час
si-dziping2

Кина иницира дијалог со Тајван преку опозицискиот лидер

Кинескиот претседател Си Џинпинг го покани лидерот на опозициската партија Куоминтанг на Тајван да ја посети Кина следниот месец, објави Блумберг. Ова е прво вакво патување на сегашниот претседател на партијата од 2016 година, што во дипломатските кругови се толкува како потенцијален сигнал за ублажување на тензиите во односите меѓу Пекинг и Тајпеј.Поканата наводно му била лично упатена на претседателот на Куоминтанг Ченг Ли-вонг, кој се залага за поблиски врски со континентална Кина во своите јавни настапи. Тој треба да ја посети покраината Џангсу, како и Шангај и Пекинг, со делегација од 7 до 12 април.Дипломатската иницијатива доаѓа во чувствително време, во сенка на зголемените контакти меѓу Тајван и САД. Причината за дополнителните тензии е неодамнешната посета на американски сенатори на Тајван, на што Пекинг остро се спротивстави, нагласувајќи дека не ги прифаќа официјалните контакти на Тајпеј со странски влади.

Свет | пред 11 час

11 час
nbrm-narodna-banka

Седница на Советот на Народната банка: Стабилна макроекономска состојба и потреба од внимателно следење на светските ризици

Советот на Народната банка на својата редовна седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени за тековната макроекономска состојба во земјата.Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Имено, од почетокот на 2026 година, годишната стапка на инфлација следи надолна патека и во февруари се сведе на 2,9%, во согласност со очекувањата, при посилно забавување на цените кај базичната компонента. Сепак, поради воените случувања и прекинот во снабдувањето со енергенти од земјите од Заливот, очекувањата за дел од увозните цени, пред сѐ за цените на нафтата, се ревидирани поизразено во нагорна насока во однос на октомвриските проекции, што претставува нагорен ризик за инфлацијата во следниот период. Досега се покажа дека домашната економија е главно отпорна на неизвесното и променливо надворешно окружување и во 2025 година забележа забрзан економски раст, што се должи на домашната инвестициска активност, но и на солидниот извоз, а остварувањата се во согласност со проекциите. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2026 година засега не се доволни за попрецизни согледувања, имајќи ги предвид само јануарските податоци за индустријата и за прометот во трговијата, коишто засега бележат послаби остварувања на годишна основа. Девизните резерви бележат раст од почетокот годината и се одржуваат на соодветното ниво. Во однос на монетарниот сегмент, растот на депозитите и кредитите, заклучно со февруари, е солиден и е умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.Советот оцени дека макроекономската состојба засега е стабилна и во согласност со последните проекции, но Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на надворешното окружување и на потенцијалните ризици од светските и регионалните настани, заради одржување на макроекономската стабилност.

Македонија | пред 11 час

11 час
media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Прв увоз по два месеца: Руски танкер со нафта пристигна во близина на Куба

Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ со околу 650.000 барели сурова нафта од типот „Урал“ влезе во ексклузивната економска зона на Куба, што би можело да претставува прв увоз на руска нафта во оваа земја во последните два месеца.Рускиот танкер кој транспортира сурова нафта е детектиран во зоната на Куба, според податоците за следење на движењето на бродови, што укажува на можен нов енергетски товар кон карипската држава.Танкерот „Анатолиј Колодкин“, кој испловил од Приморск натоварен со околу 650.000 барели сурова нафта од типот „Урал“, наскоро би можел да биде истоварен во кубанското пристаниште Матанзас, доколку не го промени својот тек, покажуваат податоците од службите за следење на бродови, пренесува Ројтерс.Соединетите Американски Држави дозволиле рускиот танкер да се приближи до Куба, а американската крајбрежна стража не добила наредба да го пресретне бродот, иако располага со пловни објекти способни за таква операција во регионот. Со тоа е избегната можна директна конфронтација со Русија во близина на американскиот брег.

Свет | пред 11 час

11 час
w_55031023

Калас „влезе во спор“ со Израел: „Се кршат верските слободи“

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас синоќа го осуди „кршењето на верските слободи“ откако израелската полиција го спречи латинскиот патријарх на Ерусалим да служи миса на христијанскиот празник Цветници во Црквата на Светиот Гроб.„Одлуката на израелската полиција да му забрани на латинскиот патријарх на Ерусалим да влезе во Црквата на Светиот Гроб на Цветници претставува кршење на верските слободи и долгогодишните заштити што ги опкружуваат светите места“, истакна Калас во објава на социјалната мрежа Икс.Како што наведе, слободата на вероисповед во Ерусалим мора да биде целосно загарантирана, без исклучок, за сите религии.„Мултирелигискиот карактер на Ерусалим мора да биде заштитен“, нагласи Калас.Израелската полиција вчера наутро го спречи латинскиот патријарх на Ерусалим, кардиналот Пјербатиста Пицабала, како и отец Франческо Јелпо, поглавар на Кустодијата на Светата земја – францисканска провинција задолжена за чување на христијанските свети места – да пристигнат до Црквата на Светиот Гроб во Стариот град на Ерусалим, каде требало да служат миса по повод празникот Цветници, соопштија Патријаршијата и Францисканската кустодија на Светата земја.Според соопштението, двајцата највисоки католички свештеници во регионот „биле запрени на патот, додека се движеле приватно и без какви било обележја на поворка или церемонијален чин, и биле принудени да се вратат“.

Свет | пред 11 час

11 час
plata-evra

Работниците добија по две и пол плати: Познат бренд прогласи банкрот

Откако познатиот производител на рамки за очила Menrad пред една година прогласи банкрот и отпушти 100 работници, пристигна вест дека окружниот суд им исплатил на поранешните вработени вкупно околу еден милион евра од социјалниот план.Тоа во просек изнесува околу 2,5 месечни плати по работник.Стечајниот управник Флоријан Цистлер изјави за германските медиуми дека ова е најголемата можна сума што успеале да ја обезбедат. Тоа е постигнато благодарение на успешната продажба на имотот и правата на брендот во изминатите месеци, пренесува Феникс магазин.Компанијата Menrad е основана уште во 1896 година во Швебиш Гминд. Со децении биле лидери во производството и дистрибуцијата на рамки за очила, соработувајќи со гиганти како Jaguar, Joop и Pepe Jeans.Сепак, кон крајот на март 2025 година компанијата прогласи несолвентност. Финансиската дупка била преголема, а работењето станало загубарско до тој степен што платите повеќе не можеле да се исплаќаат од тековните приходи. Бидејќи инвеститорите не покажале интерес за преземање на целиот погон, сите 100 работници во седиштето на компанијата добиле откази.Иако седиштето во Швебиш Гминд е затворено, брендовите не исчезнаа. Данската Design Eyewear Group ги презеде правата на марките Jaguar, Menrad и Joop.Преземени се и 10 работници од теренската продажба, па тие продолжуваат да работат кај новите сопственици.Одделот за дизајн на производи и маркетинг во Минхен остана поштеден од затворање и продолжува со работа.

Свет | пред 11 час

11 час
media-librarykqs3urdbnug1dF2vSeQ

Комунална хигиена започна со миење на скопските улици и булевари

 ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел - одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците.Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири сада за одлагање отпад лоцирани на улицата Невена Георгиева-Дуња, во скопската општина Кисела Вода. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови.Во текот на 2025-та година биле запалени вкупно 27 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, додека само од почетокот на годинава се опожарени 11 контејнери.

Скопје | пред 11 час

11 час
media-libraryv2n47u6bki0g29Og27B

Попова Шапка најстудена утринава, температурите под нулата во повеќе градови

Утринава најниска минимална температура е измерена на Попова Шапка, каде живата на термометарот се спушти до -3 степени Целзиусови. Под нулата е и во Маврови Анови со -2, додека -1 степен е измерен во Битола и Претор.На нула степени утрово се Тетово, Прилеп, Охрид и Крушево, додека нешто повисоки температури се регистрирани во источните делови од земјата. Во Берово се измерени 2 степени, во Крива Паланка и Виница 4, а во Куманово 5 степени.Во Штип, Велес и Струмица утринската температура достигна 6 степени, додека во Скопје-Петровец, Демир Капија и Кавадарци се измерени 7 степени. Најтопло утрово е во Скопје-Зајчев Рид со 8 и во Гевгелија со 9 степени.Снежната покривка е присутна само на Попова Шапка, каде во 8 часот се измерени 59 сантиметри снег.Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.Во Скопје, исто така, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 15 степени.

Македонија | пред 11 час

12 час.
media-libraryos1s0f8ek7u6dyRCPd6

Германски индустриски гигант пресече: „Овде го запираме производството, не уништува евтиниот увоз“

Германскиот гигант Thyssenkrupp Steel повторно планира привремено да го запре производството на електротехнички челик во погонот во Франција поради бран на евтин увоз од Азија.Производството во челичарницата во Изберг во Франција треба да биде запрено од јуни до септември, соопшти германската компанија.Прекинот ќе опфати околу 600 вработени, кои во тој период ќе добиваат поддршка од француската влада.Од јануари, погонот во Изберг работи со само половина од капацитетот.„Запирањето на работата е неопходно за да се стабилизира бизнисот во услови на континуиран пад на нарачките“, изјави директорот на подружницата Thyssenkrupp Electrical Steel, Анџело Ди Мартино.„Не уништува увезениот челик“, додаде Ди Мартино, појаснувајќи дека цените на увезениот челик во одредени случаи се значително пониски од трошоците за производство во Европската унија.„Итно ни се потребни ефикасни трговски заштитни мерки за да воспоставиме рамноправни конкурентски услови за стратешки важен производ“, порача првиот човек на француската подружница на Thyssenkrupp.Компанијата е во „конструктивен дијалог“ со Европската комисија и се надева на брзо воведување на вакви мерки.Thyssenkrupp Electrical Steel произведува специјални видови челик за енергетскиот сектор.Зрнестиот електротехнички челик се користи за пренос на електрична енергија, а широко се применува и во трансформатори во трафостаници, како и во ветерни турбини.Во Европа во моментов го произведуваат само две компании, наведуваат од Thyssenkrupp, додавајќи дека увозот во ЕУ од 2022 година е тројно зголемен и сега сочинува повеќе од половина од европскиот пазар.„Таквиот тренд доведе до драстичен пад на нарачките и многу слаба искористеност на европските производствени капацитети“, соопштија од компанијата.Thyssenkrupp има челичарница и во германскиот Гелзенкирхен која исто така вработува околу 600 работници.И погонот во Изберг и оној во Гелзенкирхен накратко го прекинаа производството веќе кон крајот на минатата година, на неколку недели.Германската челичарница засега треба да продолжи со работа.Според пазарните анализи, побарувачката за зрнест електротехнички челик би требало да се зголеми тројно до 2050 година, наведува агенцијата dpa.

Свет | пред 12 часа

12 час.
media-librarys4a3ip6hpeg28cnPcu2

БМВ и Мерцедес добијаа битка на суд – нема забрана за бензинците по 2030 година!

Германскиот Сојузен врховен суд ги отфрли тужбите на организацијата DUH против компаниите БМВ и Мерцедес, со кои се бараше забрана за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување по октомври 2030 година.Судот ги потврди одлуките на пониските инстанци, со што практично се затвора правниот пат за овие тужби во сегашниот облик. Организацијата DUH најави дека ја разгледува можноста за обраќање до Сојузниот уставен суд, но исходот е неизвесен.Volkswagen не беше цел на DUH, но се соочи со многу слична правна постапка покрената од „Greenpeace“. Тој случај заврши во 2023 година кога беше пресудено дека судовите немаат овластувања да наметнуваат забрани за мотори со внатрешно согорување построги од сојузниот рок кој предвидува 2035 година.Правната постапка, покрената во 2021 година, се темелеше на повикување на тужителите на општото право на лична слобода од германскиот Устав. Тие тврдеа дека БМВ и Мерцедес, трошејќи преголем дел од преостанатиот национален CO2 буџет, го ограничуваат просторот за идни политички одлуки. Според нив, тоа би довело до неизбежно воведување на порадикални мерки за намалување на емисиите во иднина, со што би се загрозиле нивните слободи.Аргументот не беше без основа, бидејќи директно се потпираше на пресудата на Уставниот суд од 2021 година, со која беше утврдено дека тогашниот закон за заштита на климата префрла несразмерен товар за намалување на емисиите врз идните генерации. Сепак, Сојузниот уставен суд останува единствената преостаната опција за продолжување на постапката.Засега, судот не го прифати ваквото толкување. Претседавачкиот судија наведе дека тужителите не се лично оштетени од постапките на компаниите, нагласувајќи дека концептот на CO2 буџет се однесува на државата во целина, а не на поединечни сектори или компании. Двете компании во текот на процесот тврдеа дека законодавецот, а не судот, е надлежен за утврдување на климатските обврски за економијата, што судот во голема мера и го потврди.Одлуката јасно ги раздвојува обврските на државата и приватните компании во областа на климатската политика. Пресудата на Уставниот суд од 2021 година ја обврза државата да го заостри законодавството, но сега е потврдено дека таа логика не може да се прошири на приватните компании преку граѓански тужби. БМВ и Мерцедес ги почитуваат важечките ЕУ стандарди за емисии на CO2, а судот заклучи дека тоа е максимумот што може да се бара по судски пат.

Свет | пред 12 часа

12 час.
media-libraryupafq31d8b10eXa303R

Трамп: Можно е да ја „земеме нафтата“ во Иран и да го преземеме островот Харг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД разгледуваат можност да ја преземат иранската нафта, вклучително и клучниот енергетски пункт – островот Харг.„Да бидам искрен, најмногу би сакал да ја земеме нафтата во Иран. Можеби ќе го земеме островот Харг, можеби нема. Имаме многу опции“, изјави Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“.Тој посочи дека евентуална таква операција би значела и подолго присуство на американските сили во регионот, додавајќи дека, според него, иранската одбрана на островот е слаба и дека САД би можеле „многу лесно“ да го освојат.Островот Харг, кој се наоѓа во Персиски Залив, е едно од главните извозни јадра на иранската нафта.Трамп истакна и дека индиректните преговори меѓу САД и Иран, кои се водат преку посредници од Пакистан, напредуваат и дека договор може да биде постигнат „прилично брзо“.Во исто време, американскиот претседател оцени дека веќе има „де факто промена на режимот“ во Иран, тврдејќи дека водечките структури се „десеткувани и уништени“.„Имаме работа со сосема нова група луѓе. Тоа го сметам за промена на режим“, изјави Трамп.Сепак, тој додаде дека исходот од преговорите останува неизвесен.„Мислам дека ќе постигнеме договор, но можно е и да не постигнеме. Со Иран никогаш не знаете“, порача Трамп.

Свет | пред 12 часа

12 час.
SeKXr-

Илјадници морнари заглавени во Персискиот Залив: „Не сакаме да умреме“

Илјадници морнари се заглавени во Персиски Залив поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, а дел од нив работат за само 16 долари дневно без можност да се вратат дома.Според Меѓународна федерација на транспортни работници, телефонските линии за помош се преплавени со повици и пораки од екипажи кои бараат итна евакуација, храна, вода и медицинска помош.„Не сакаме да умреме. Помогнете ни да излеземе од тука“, стои во една од пораките испратени од морнар кој се наоѓа во зона на напади.Податоците на Меѓународна поморска организација покажуваат дека околу 20.000 морнари се заглавени во регионот, додека најмалку осум лица загинале во инциденти од почетокот на конфликтот.Областа околу Ормускиот теснец е прогласена за воена зона, што теоретски им дава на морнарите право на репатријација и повисоки примања. Сепак, многумина, особено оние без соодветни договори, не можат да ги остварат тие права.Морнарите сведочат дека се принудени да продолжат со работа и претовар на стока, иако се наоѓаат во опасна зона. Дел од нив тврдат дека компаниите ги игнорираат нивните барања за заминување, повикувајќи се на недостиг од летови или логистички пречки.Дополнителен проблем се и ниските плати. Според синдикалните податоци, голем број морнари работат за минимални надоместоци, што ги принудува да останат на бродовите и покрај ризикот по живот.Организациите за заштита на морнарите предупредуваат дека ситуацијата е критична и дека без итна реакција, бројот на жртви и хуманитарната криза на море може дополнително да се продлабочи.

Свет | пред 12 часа

12 час.
media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Австралија ги преполови акцизите за гориво за да го ублажи ценовниот удар

Австралија ќе ги преполови акцизите на горивото како дел од мерките за ублажување на растечките трошоци за домаќинствата, соопшти владата.Според најавите, данокот на горивото ќе биде намален за 26,3 центи по литар бензин, а мерката ќе важи до крајот на јуни.Премиерот Ентони Албаниз изјави дека целта е директно да им се помогне на граѓаните во услови на растечки цени.„Го преполовуваме данокот на горивото за три месеци за да ви заштедиме пари при точење. Конфликтите во странство ги зголемуваат цените дома, а знаеме дека Австралијците го чувствуваат притисокот“, порача Албаниз.Паралелно со оваа мерка, австралиските држави Викторија и Тасманија воведоа привремен бесплатен јавен превоз, со цел да ги охрабрат граѓаните да го намалат користењето на автомобили поради високите цени на горивото.

Свет | пред 12 часа

12 час.
vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Македонија | пред 12 часа

12 час.
policija-policisko-vozilo

Се бараат најстроги казни за тепачите на полицајци пред дискотека во Карпош: Нападите мора да запрат

Македонски полициски синдикат најостро ги осуди нападите врз полициски службеници и алармира дека трендот на насилство кон припадниците на полицијата мора итно да запре.Од синдикатот информираат дека во континуитет работат на документирање и профилирање на сите напади врз полицајци при извршување на службените задачи, со цел да се идентификуваат евентуални системски слабости и да се подобри нивната заштита.Повод за реакцијата е настанот од 28 март, кога околу 03:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две лица – 31-годишник од Ресен и 34-годишен турски државјанин, кои пред угостителски објект во Скопје најпрво ги попречиле, а потоа и физички нападнале полицајците, нанесувајќи им тешки телесни повреди.Синдикатот изразува целосна поддршка за Министерство за внатрешни работи во понатамошната постапка и бара целосно расчистување на случајот.Оттаму потенцираат дека секој напад врз полициски службеник претставува индиректен напад врз државата и институциите, нагласувајќи дека лицата кои се грижат за безбедноста, редот и мирот не смеат да бидат изложени на вакви ризици.Синдикатот бара правосудните органи да постапуваат по итна и брза постапка во вакви случаи, како и да се заостри казнената политика, со цел превенција и елиминирање на нападите врз полицајците.Воедно, најавуваат дека ќе иницираат измени на Кривичниот законик преку Собранието, а во наредниот период ќе продолжат и со организирање панел-дебати посветени на кривично-правната и прекршочната заштита на вработените во безбедносните институции.„Никогаш нема да дозволиме сторителите на физички и вербален напад врз полициските службеници да поминат без одговорност и соодветна казна“, порачаа од Македонскиот полициски синдикат.

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања