Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

5 мин.
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху побарал средба со кралот на Јордан, сите покани се одбиени

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повеќепати се обидела да организира средба со кралот на Јордан, Абдула II, но тие барања биле одбиени, јави израелскиот јавен емитер Кан, повикувајќи се на анонимни јордански официјални лица.Еден од обидите за договор бил пред избувнувањето на актуелниот конфликт со Иран.Јорданските официјални лица наведоа дека кралот нема да ја разгледува средбата додека џамијата Ал Акса во Стариот град на Ерусалим е затворена поради закана од ирански ракети.Кан јавува дека Јорданците од Израел побарале да се позанимава со насилството на доселениците, да ги ублажи ограничувањата за муслиманските верници на Храмовната гора, да потпише нов договор за вода, да овозможи испорака на поголема помош во Газа и да одговори на прашањето за иднината на Палестинците.Според изворите, одговорите на Израел не ги задоволиле јорданските власти.Израел се обидувал да испрати сигнал до Белата куќа дека Ерусалим одржува срдачни односи со Аман, уште еден сојузник на САД.

Свет | пред 5 минути

7 мин.
media-libraryn0pvomiehrko8sI6NpT

Голема кражба: Украдени 12 тони KitKat на пат кон Полска

Познатиот прехранбен гигант Nestlé денеска излезе со официјално соопштение во кое потврдува необичен и голем инцидент. Имено, дури 12 тони производи од брендот KitKat биле украдени додека се транспортирале од фабриката во Централна Италија кон Полска.Компанијата веднаш ги известила надлежните органи и во моментов тесно соработува со локалната полиција и транспортните партнери за да се открие како дошло до кражбата и каде завршила пратката.Од Nestlé упатија смирувачка порака до јавноста, нагласувајќи дека овој инцидент не ја загрозува безбедноста на потрошувачите, бидејќи украдената стока е надвор од официјалните канали на продажба. Исто така, се додава дека пазарот нема да почувствува недостиг, бидејќи синџирот на снабдување продолжува да функционира без пречки.Истрагата е во тек, а повеќе детали се очекуваат по завршување на првичните полициски дејствија.

Магазин | пред 7 минути

13 мин.
media-libraryduqh1ueqldhi7LkZm94

(Видео) Нова серија на Нетфликс за нуклеарна катастрофа: Вистинска приказна за трагедијата со цезиум-137 во Бразил

Ако ги сакате мини-сериите засновани на вистински настани, новата Netflix серија Radioactive Emergency може навистина да ве заинтересира.Оваа бразилска драма носи потресна приказна за една од најшокантните катастрофи во модерната историја на земјата – радиолошката несреќа што се случи во Гојања во 1987 година.Станува збор за еден од најтешките нуклеарни инциденти кој се случи среде урбана средина. Серијата го става во прв план обичниот човек, нивните секојдневни животи и одлуки кои, без нивно знаење, го предизвикале ланецот на настани со катастрофални последици.Сè започнало кога од напуштен медицински апарат биле отстранети делови кои содржеле радиоактивен цезиум-137. Не знаејќи колку е опасен, луѓето доаѓале во директен контакт со материјалот, фасцинирани од неговиот необичен сјај. Брзо се појавиле првите симптоми – мачнина, повраќање и слабост, но на почетокот погрешно биле интерпретирани, што довело до доцнење во откривањето на вистинската причина.Тек по неколку дена било потврдено дека станува збор за сериозна радијациска контаминација. Последиците биле разорни: четири лица починале за кратко време, додека повеќе од 1600 луѓе биле директно погодени. Контаминирани биле домови, предмети и цели делови од градот, а настанале и огромни количини радиоактивен отпад кој морал трајно да се отстрани. Покрај здравствените последици, жителите со години живееле со стигма, страв и социјална изолација.Во центарот на приказната, покрај семејните трагедии, се наоѓа и млад физичар кој се обидува да разбере што всушност се случува. Неговото пребарување за одговори се претвора во трка со времето – мора да го идентификува изворот на радијацијата, да го запре нејзиното ширење и да спречи уште поголеми последици.Серијата Radioactive Emergency наишла на главно многу добри реакции од публиката и критиката. Особено е пофалена поради реалистичната атмосфера, убедливата техничка изведба и силниот фокус на човечките судбини. На IMDb моментално има оценка 7,7 од 10.

Магазин | пред 13 минути

27 мин.
inflacija

Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто

Инфлацијата во Германија краткотрајно забави под целните два отсто годишно, и земјата едвај почнува да се стабилизира по брановите инфлација предизвикани од рускиот напад врз Украина. Сега, новата војна повторно ги зголемува цените.Мартовската инфлација, поради поскапувањето на енергенсите од американско-израелскиот напад врз Иран, скокна на 2,7 отсто, по падот на 1,9 отсто во февруари, соопшти Дестатис. Ова е највисоко ниво од 2,9 отсто забележани во јануари 2024 година.Особено остро, а првпат од декември 2023 година, поскапеле енергенсите – 7,2 отсто во меѓугодишно споредување. Услугите поскапеле 3,2 отсто, а храната, чијашто цена всушност не се смири од претходниот инфлаторен бран, за 0,9 отсто.Бундесбанката уште порано процени дека поради последиците од војната врз пазарот на нафта и гас, инфлацијата на краток рок ќе ја надмине границата од три отсто.Економските институти пред американско-израелскиот напад врз Иран прогнозираа стапка на инфлација малку над два отсто. Сепак, веќе во првата половина од годината, инфлацијата, според последната проценка на Институтот за макроекономска политика, ќе скокне над 2,5 отсто.„Ова е само почеток, бидејќи поскапувањето на енергенсите во наредните месеци ќе се вградува во синџирот на создавање вредност,“ предупреди главниот економист на Комерцбанка, Јерг Кремер, по објавувањето на мартовските бројки.Бранот на инфлација предизвикан од инвазијата на Украина се смири дури минатата година, а врвот беше 6,9 отсто во 2022 година. Година подоцна, инфлацијата сè уште беше високи 5,9 отсто.Според податоците на Федералната канцеларија за земјоделство и прехрана, храната во Германија од 2021 до 2025 година поскапела за скоро една третина – 32 отсто.

Свет | пред 27 минути

35 мин.
media-library64j0l9i1hgqn8WTU0Q2

Поранешна хрватска премиерка за Вучиќ: Нема тој што да бара во Хрватска

Поранешната премиерка на Хрватска, Јадранка Косор, на социјалните мрежи напиша дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нема што да бара во Хрватска.„Браво за откажувањето на Вучиќ. Нема тој што да бара во Хрватска. За жал, тој беше почитуван гостин во Дубровник пред две години иако неговите ставови за Хрватска, агресијата, Домовинската војна, беа исти и во 1995, 2024 и 2026 година“, напиша таа на мрежата X.Претходно хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, изјави дека не е возможнo доаѓање на претседателот на Србија во Хрватска и дека поради тоа одлучил да го откаже состанокот на Процесот Брдо-Бриони.

Свет | пред 35 минути

43 мин.
media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Денеска премиерот, Христјан Мицкоски, се обрати на настан организиран од „Mathias Corvinus Collegium“, потенцирајќи ја важноста на лидерството, визијата и храброста во време на сериозни европски и глобални предизвици.„Истакнав дека силните држави се градат врз јасни политики, стабилни институции и доследна заштита на националните интереси.Унгарија претставува пример за држава која со јасна визија и силно лидерство успева да обезбеди економски развој, стабилност и зачувување на идентитетот. Премиерот Орбан како лидер има храброст да носи одлуки во интерес на својата држава и придонесува за стабилноста на регионот и Европа.Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба, заеднички вредности и конкретна соработка. Двете земји градат стратешки сојуз насочен кон економски развој, политичка поддршка и заедничко справување со предизвиците на современото време.Благодарност за поддршката што Македонија ја добива од Унгарија, која е искрена, континуирана и од исклучително значење за натамошното продлабочување на билатералните односи“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 43 минути

51 мин.
media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Вчера (29.03.2026), во временскиот период од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе Републичка акциска контрола во патниот сообраќај за возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.При акциската контрола изречени се 41 мерка за движење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и една мерка во населено место.Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член-297а од Кривичниот законик, поради тоа што управувал моторно возило во спротивна насока на автопат.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Почитувањето на ограничувањата на брзината е една од најважните мерки за спречување на сообраќајни незгоди и за заштита на животот и здравјето на граѓаните.Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за безбеден сообраќај на патиштата.

Македонија | пред 51 минута

56 мин.
puls-35-1

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Психолошките последици кај преживеаните од трагичниот пожар во Кочани се сериозни и долгорочни, покажува најновото истражување на Универзитетската клиника за психијатрија, кое беше претставено на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија во Скопје.Истражувањето опфатило 50 лица кои биле повредени во пожарот и лекувани со PDL (Pulsed Dye Laser) за третман на лузни. Резултатите покажуваат дека кај една третина од испитаниците е присутна анксиозност, 27,5% покажуваат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6% се соочуваат со депресија.„Пожарот во клубот Пулс претставува масовна несреќа од човечки фактор, настан кој според литературата носи значително повисок психијатриски морбидитет од природните катастрофи“, истакна проф. д-р Славица Арсова, директорка на клиниката.Дури 72% од испитаниците пријавиле загуба на блиска личност, што се покажува како значаен фактор за појава на ПТСР. Истовремено, 96% го наведуваат семејството како главен извор на поддршка, што ја нагласува неговата клучна улога во процесот на опоравување.Истражувањето исто така покажува дека избегнувачките стратегии – како повлекување, емоционално дистанцирање и негирање – се поврзани со повисоки нивоа на психолошки нарушувања. Жените, според студијата, се особено ранлива група со повисоки показатели на анксиозност, депресија и ПТСР.„Избегнувањето на проблемот, емоционалното дистанцирање, самодистракцијата, негацијата, како и употребата на психоактивни супстанции и алкохол претставуваат ризични и неефикасни стратегии за справување со траумата“, предупреди проф. д-р Арсова.ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија најавува продолжување на систематското следење и научното истражување на психолошките последици од трагедијата во Кочани, со цел навремено препознавање, намалување на стигмата и обезбедување соодветна стручна поддршка за сите засегнати граѓани.

Македонија | пред 56 минути

1 час
osmani

Османи: Околу 250 илјади граѓани имаат бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ

Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи во статус напишан на албански и англиски јазик и објавен на Фејсбук, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за поткопување на процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија, наведувајќи три главни причини кои, според него, го одржуваат овој курс стабилен. Но, и објави тврдење дека околу 250 илјади македонски граѓани поседуваат бугарски  пасош.„Постојат три причини кои дејствуваат истовремено и го прават овој курс стабилен“, објави Османи.Според него, првата причина е поврзана со надворешното влијание.„Оваа влада е формирана со поддршка на европска политичка елита скептична кон ЕУ, позната како канал на руско влијание во рамките на Унијата. Оваа поддршка нема за цел да ја забрза интеграцијата, туку да ја ослабне и релативизира на Балканот“, нагласува тој.Како втор фактор, Османи го спомена недостатокот на внатрешна политичка противтежа.„Албанскиот фактор историски бил гаранција за евроатлантската ориентација. Денес, со заробена и бестежинска репрезентативност како ВЛЕН, оваа противтежа недостасува. За првпат, нема вистински отпор кон овој курс“, посочува Османи.Во меѓувреме, третата причина е поврзана со однесувањето на електоратот.„Околу 250 илјади граѓани добија бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ. Тие ги имаат придобивките, без да бидат заинтересирани за трошоците за реформите. Кога електоратот ќе го добие „морковот“, тој не бара „стап“, смета екс-министерот.Како заклучок, Османи оценува дека сегашната ситуација не е случајна.„Во оваа комбинација – притисок однадвор, вакуум одвнатре и недостаток на притисок од долу – блокадата на интеграцијата не е случајна. Тоа е резултат на нова политичка рамнотежа“, заклучува поранешниот шеф на македонската дипломатија.

Македонија | пред 1 час

1 час
media-library6c9alqtkejnd2iw4kRp

Пасошот важи, но не и за авиокомпанијата: случај што ја збуни јавноста

Британка предизвика расправа на интернет откако, како што тврди, неправедно ѝ било забрането качување на лет поради вообичаена грешка поврзана со пасошот.Шарлот Тондри требало да лета со „Рајанер“ од Бирмингем за Даблин, но била запрена на излезот за качување, каде што ѝ било кажано дека нејзиниот пасош не е важечки.Иако на документот пишува дека важи до октомври 2026 година, персоналот на авиокомпанијата ѝ рекол дека пасошот не може да биде прифатен бидејќи е издаден во јануари 2016 година, па го надминал ограничувањето од 10 години кое важи за патување во многу европски земји. Шарлот била убедена дека нејзиниот пасош сè уште е важечки и објаснила дека ѝ биле пренесени дополнителни девет месеци од претходниот документ, што пред Брегзит била вообичаена практика.Таа навела дека неодамна без проблем патувала во неколку европски градови, меѓу кои Берлин, Париз и Амстердам, користејќи го истиот пасош. И покрај тоа, била симната од летот за Даблин откако персоналот проценил дека документот е истечен според важечките правила.Шарлот, која е од Стафордшир, раскажала дека првично ја прифатила одлуката мислејќи дека тоа правило важи и за Ирска. Меѓутоа, откако го споделила своето искуство на интернет, други корисници ја предупредиле дека Ирска не е дел од Шенген-зоната и дека има сопствени правила за влез, што значи дека правилото за 10 години не се применува на ист начин.Нејзиното видео било прегледано 258.000 пати, а корисниците на социјалните мрежи се поделиле. Некои тврделе дека таа не ги разбира правилата, додека други ја критикувале постапката на авиокомпанијата.

Магазин | пред 1 час

1 час
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германија и Сирија се договорија: 80 проценти од бегалците ќе бидат вратени

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека 80 отсто од повеќе од 900.000 сириски државјани во Германија треба да се вратат во својата татковина во наредните три години.На конференција за медиуми со привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шара во Берлин, Мерц рече дека се договориле дека во долг рок, во наредните три години, 80 отсто од Сиријците треба да се вратат во својата татковина.„Тоа беше и желба на претседателот на Сирија. Тие Сириjци кои сакаат да останат во Германија и кои се добро интегрирани, ќе можат да останат во Германија“, изјави Мерц.Германија беше едно од главните прибежишта за сириските бегалци кои бегаа од граѓанската војна.Повеќе од 900.000 од нив пристигнаа во Германија за време на владеењето на соборениот сириски претседател Башар ал-Асад.

Свет | пред 1 час

2 час.
noz-ubistvo-napad

Додека спиела, влегол и ја прободел со кујнски нож во вратот - се бара притвор за синот од Росоман кој си ја уби мајка си

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.„Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, информираат од ОЈО.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Во објава на социјалните мрежи, министерот Александар Николоски истакна дека денешниот бизнис форум во Будимпешта е значаен чекор за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Унгарија. Тој посочи дека новите деловни можности, инвестиции и воспоставената авиолинија Скопје – Будимпешта ќе ја зајакнат билатералната соработка на сите нивоа.„Денеска заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот Бесар Дурмиши и претставници на институции од економскиот ресор на Владата како и компании од Македонија присуствувавме на бизнис форумот што се одржува во Будимпешта. Форумот има за цел зајакнување на економската соработка и нови бизнис можности за нашите компании.Македонија и Унгарија бележат одлични економски и пријателски односи, денешниот форум само ќе поттикне директна комуникација и поврзување меѓу институциите од двете земји и компаниите, ќе отвори нови можности за инвестиции, трговија и заеднички проекти.Економските врски, претставуваат клучна алка во зајакнувањето на севкупните билатерални односи меѓу двете земји и во таа насока остануваме силно посветени на создавање поволна деловна клима, услови за нови инвестиции и развој на долгорочни партнерства.Воспоставување на новата авиолинија Скопје - Будимпешта која започна да оперира од денеска и која е дел од пакетот на нови линии отворени преку финансиската поддршка на Владата и Министерството за транспорт, дополнително ќе ја зајакне соработката во економијата, образованието, туризмот и полесна комуникација меѓу двата народи.Со Унгарија бележиме традиционално пријателство кое претставува силна основа и значаен поттик за натамошно зголемување на билатералната соработка на сите нивоа“, вели Николоски.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Претседателот на ФИФА се огласи по прашањето за Иран: „Нема план Б, Ц или Д“

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави дека репрезентацијата на Иран ќе учествува на Мундијалот.Инфантино нагласи дека Иран безусловно ќе учествува на турнирот, истакнувајќи ги спортските заслуги на тимот.„Сакам да играат, ќе играат на Светското првенство. Нема план Б, Ц или Д. Само план А, а тоа е нивното учество“, рече Инфантино.Неговата изјава доаѓа откако Доналд Трамп претходно изјави дека ќе гарантира безбедност за иранските играчи.Официјални лица од Иранскиот фудбалски сојуз исто така нагласиле дека Светското првенство е можност, а не нешто што треба да се бојкотира.Мундијалот е на програмата од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада.Иран ќе игра во групата Г со Белгија, Египет и Нов Зеланд.

Спорт | пред 2 часа

2 час.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-33-7000PM

Македонскиот пасош се искачи на 37. место на „Хенли Паспорт Индекс“

Македонскиот пасош забележа значителен напредок на глобалната листа, покажуваат најновите податоци на Хенли пасош индексот (Henley Passport Index).Од 2008 до 2026 година, Македонија се искачи од 55. на 37. место, со можност за влез без виза во 126 држави.Интересно е што во 2014 година Македонија достигна 36. место, што е најдобриот резултат досега, но наредната година следеше пад на 46. позиција.На врвот на листата останува Сингапур, чиј пасош овозможува патување без виза во 192 земји. Од балканските земји пред Македонија се Црна Гора, Србија и Хрватска.Податоците од Хенли индексот, кој ја мери слободата на патување на граѓаните преку бројот на земји во кои можат да патуваат без виза, покажуваат дека во последните повеќе од една деценија е остварен значителен напредок. Ова е постигнато и покрај фактот што Македонија не е членка на Европската Унија ниту на Шенген зоната.Овој резултат ја отсликува зголемената мобилност на македонските граѓани и подобрените меѓународни односи кои овозможуваат полесен пристап до странски дестинации.

Магазин | пред 2 часа

2 час.
media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Мајката на починатата Ивана, и баба на Катја, на денешното рочиште во Кривичниот суд против Стојанче Јовановски обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, сведочеше пред судот и целата јавност за тортурата. Љубица Стојановска, во својство на сведок кажа како Стојанче ги оставил жртвите на среде автопат во еден часот по полноќ, моментите кога малата Катја кажувала како била заклучувана дома додека тој бил во теретана, но и за моментот кога ја турнал Ивана по скалите на Клиниката за дигестивна хирургија во јануари. Стојановска раскажуваше за настан во август 2025 година, кога Ивана имала модринки и црвенило на вратот.„Ми се јави мајката на Мартин Саздов, другар на Стојанче, ми рече дека Ивана била нападната од сопругот и некако успеала да излезе од станот. Таа ме советуваше да пријавам во полиција. Ми кажаа дека не знаеле каде е сега Ивана. Јас се јавив во полициска станица Карпош и кажав дека мојата ќерка е нападната од нејзиниот сопруг и не знам каде е сега. Им ја кажав адресата и им го дадов телефонскиот број на Ивана. Полицијата ми кажа да дојдам во полициска станица. Отидов заедно со внуката Катја. Во меѓувреме полицијата стапила во контакт со Ивана и ѝ кажале да дојде со станицата. Се сретнавме таму и тогаш ги видов модринките и црвениото на вратот и отоците од што ја стегал на вратот“, раскажа мајката која посочи дека Ивана не се вратила во полициска станица да го потпише записникот од страв.За сведокот Мартин Саздов, мајката на Ивана рече дека е другар на Стојанче од Пожарна. Потоа раскажа за ситуација кога Стојанче ги извадил од автомобил Ивана и Катја среде автопат.„Ивана го згрешила вклучувањето на патот, па се скарале, Стојанче ги извркал од колата Ивана и Катја среде автопат, ја удирал, ја клоцал. Катја потоа ми призна дека и неа ја удрил. Ги оставил и си заминал. Ивана побарала од свекрвата да ја земе, а таа и кажала дека ја боли стомак и дека не може, а одбил и свекорот. Синот беше на одмор, па се јавила кај Мартин Саздов кој отишол да ги земе од автопат“, додаде мајката на Ивана.Дури и Катја, според сведоштвото, раскажувала што се случило на автопатот.„За случката рече: тато не избрка од кола на автопат и ја удираше мама со клоци, мама беше легната, ја шутираше. Дури и нејзе ја удрил, ама како, колку, не знам. Мартин Саздов ми рече дека Стојанче му рекол дека двете ги натепал“, додаде мајката.Раскажа и како Стојанче ја турнал Ивана по скалите во болница, а таа таму била хоспитализирана оти имала хематом во амдоменот, кој го добила од удар.„Кога бев на посета, дознав дека Стојанче ја бутнал по скали. Сестрата нѐ внесе во соба со Ивана, дојде полицика, и им кажа дека Стојанче дошол, излегле пред лифтовите на платото од одделот, се расправале, сакал да и ги земе телефоните за да види со кого комуницирала. Катја рече ‘тато ја бутна мама по скали’. Болничар ја кренал Ивана и веднаш организирале компјутерска томографија на глава. Сестрите ја згрожиле Катја, а таа им рекла ‘Јадев ѓевречиња вчера, тато ме заклучи во станот и отиде да вежба’“, раскажа мајката на Ивана.Малата Катја освен што раскажувала, според сведоштвото, и покажувала како Ивана се бранела од Стојанче: „Катја клекнуваше, ги ставаше рацете на лице и кажуваше дека Ивана така клеклувала кога Стојанче ја тепал“.

Македонија | пред 2 часа

2 час.
media-library24colmlqgvg12yM5T9g

Вучиќ до Милановиќ: Мене таму не ми е место, секогаш сакав да одам во Јасеновац

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на изјавите на хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, кој рече дека не е возможнo доаѓање на претседателот на Србија во Хрватска и дека поради тоа одлучил да го откаже состанокот на Процесот Брдо-Бриони.„Ја поддржувам одлуката на Зоран Милановиќ да го откаже собирот Брдо-Бриони, мене таму не ми е место. Секогаш сакав како претседател на Србија да одам и да положам цвеќе во Јасеновац и тоа ми беше неспоредливо поважно, а на Бриони можам професионално да одам, да ја слушнам и другата страна, да разговарам, затоа што никогаш не сум бегал од дијалог“, рече Вучиќ.На хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не му се допаднале изјавите на претседателот на Србија, поради што, како што соопшти, одлучил да го откаже самитот Брдо-Бриони, кој требаше да се одржи во мај.„Политичките изјави и постапки на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кои ги гледаме во последните денови и недели се во целосна спротивност со целта на Процесот Брдо-Бриони, го нарушуваат меѓудржавниот однос и го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот на југоисточна Европа. Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, смета дека во такви околности не постојат услови и не е возможно доаѓање на претседателот на Република Србија во Република Хрватска“, се наведува во соопштението од кабинетот на Милановиќ.Хрватскиот претседател соопшти дека за тоа ги известил шефовите на држави и дека следниот самит ќе се одржи кога ќе се создадат соодветни услови.Во соопштението на Милановиќ не се наведени конкретно кои изјави на српскиот претседател му пречеле.

Свет | пред 2 часа

2 час.
putin

Се огласи Кремљ за разговорот меѓу Путин и Вучиќ: „Српскиот претседател ја даде својата проценка за ситуацијата на Балканот“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на Русија, Владимир Путин, разговарале, за ситуацијата на Балканот и го истакнале фундаменталното значење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за решавање на прашањето за Косово и Метохија, соопшти Кремљ.„Српскиот претседател ја даде својата проценка за ситуацијата на Балканот. Двете страни го истакнаа фундаменталното значење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за решавање на прашањето за Косово, како и потребата за обезбедување на правата на Република Српска во рамките на Босна и Херцеговина согласно Дејтонскиот договор“, се наведува во соопштението.Во телефонскиот разговор, кој, како што се наведува, бил инициран од српската страна, двајцата лидери разговарале и за актуелните прашања на руско-српското стратешко партнерство, вклучувајќи соработка во енергетскиот, нафтено-гасниот и нуклеарниот сектор, како и за подготовките за претстојниот априлски состанок на Руско-српскиот меѓувладин комитет за трговија, економска и научно-техничка соработка.Се наведува и дека Вучиќ изразил благодарност за продолжувањето на стабилните испораки на руски гас, кои се од клучно значење за одржување на енергетската сигурност на земјата.Темата на разговорот, додаваат, била и ситуацијата околу Украина и тековната ескалација на судирите со големи размери на Блискиот исток.Истакнуваат дека е договорено да се продолжат контактите.

Свет | пред 2 часа

3 час.
media-librarycl110j678ql5ce0jFtP

„Секоја чест, новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски“, вели Мојсоска

Во објава на социјалните мрежи, Јована Мојсоска од Левица реагираше на одлуките на Советот на јавни обвинители, оценувајќи ги како директно следење на интересите на Владата и на Мицкоски. Според нејзиното објавување, се случиле низа контроверзни постапки кои сериозно ја загрозуваат независноста на обвинителската служба.„Да ги резимираме одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител:•Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ноќ;•Ја отфрлија претставката на Ленче Ристоска против Мицкоски и застанаа во одбрана на премиерот;• Државниот обвинител Савески за нов шеф на Вишото ЈО ја предложи обвинителката Јасмина Костеска ЗДРАВЕСКА, за која се слушаше како Мијалков и Јанкуловска го договараат нејзиниот избор. Здравеска е сопруга на вмровскиот кадар Вецко Здравески кој беше дел од Комисијата за лустрација и осомничен во случајот "Моќник" со Антонио Милошоски. Минатата година токму власта на Мицкоски го избра Вецко Здравески за член на Комисијата за заштита од дискриминација.•Ја укина суспензијата за вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, кој се откажа од гонење во случајот против Латас и кој го укина куќниот притвор на функционерот од ДУИ Беким НЕЗИРИ за упадот во М-НАВ.•Савески за свој заменик ја назначи Анита Топалова Исајловска која бараше да падне случајот "Талир" за незаконското финансирање на ВМРО.Секоја чест, новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски“, вели Мојсоска.

Коментари | пред 3 часа

3 час.
media-libraryqbd85h9aats996SD0PH

(Видео) Шокантна снимка: Војници преминуваат граница на скии

Израел објави снимки за кои тврди дека прикажуваат негови војници како на скии преминуваат од Сирија во јужен Либан.Објавувањето следува по најавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху за проширување на израелската инвазија на тој регион со цел дополнително проширување на, како што рече, „постоечките безбедносни тампон-зони“.Снимката, направена со опрема за ноќно гледање, прикажува војници како се движат по терен покриен со снег.Израелскиот премиер претходно изјави дека на војската ѝ наредил да ги засили нападите врз милитантната група Хезболах, која е поддржана од Иран.„Елиминиравме илјадници терористи од Хезболах, а над сè, ја отстранивме огромната закана од 150.000 проектили и ракети кои беа насочени кон уништување на израелските градови“, изјави тогаш Нетанјаху.

Свет | пред 3 часа

3 час.
media-libraryhn50bb8bm5db4gZPepF

(Видео) Дива депонија среде Аеродром, жителите бараат итна реакција од инспекциите

Жители на скопската населба Аеродром алармираат за сериозен еколошки проблем на улицата „Вангел Тодоровски“ бр. 2, каде, како што велат, се создава дива депонија.„Во срцето на центарот на стар Аеродром, ул. „Вангел Тодоровски“ бр. 2, карши месарница „Гарче“, се создава депонија, ова е полошо од Дрисла. Се молат инспекциите да преземат нешто, да ги задолжат сопствениците на бараките да го исчистат просторот, а уште и кровот на бараките е искршен и е од азбестни плочи. Градежната компанија што ја гради зградата целиот шут секојдневно го фрла одозгора врз бараката, не може од прашина да се дише. Ве молиме инспекциите кои се надлежни да преземат нешто конкретно“, стои во објавата.

Скопје | пред 3 часа

3 час.
media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси, велат од опозициската СДСМ.„Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните.Додека граѓаните на Унгарија го избираат европскиот пат Мицкоски ја турка Македонија во спротивна насока – кон изолација, неизвесност и назадување кое сака да трае со децении.Мицкоски ги продава македонските национални интереси а денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски.Какави други договори се прават зад затворени врати?Што ќе се случи со 40% од медиумите во Македонија кога ќе падне Орбан, кои ги контролира ВМРО?Што ќе биде со бизнисите на Орбан во Македонија, во енергетиката и телекомуникациите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 часа

3 час.
media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Адвокатката на семејството на Ивана и Катја, Неда Чаловска, денеска по првото судско рочиште истакна дека самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид. Семејството на Ивана денеска се приклучи кон кривичен прогон на Стојанче Јовановски и достави отштетно побарување.„Денеска обвинетиот најпрво призна вина за двете кривични дела, но потоа ја повлече, а за третото кривично дело, кое е наведување и помагање на самоубиство. Во нашиот правосуден систем и по информација од обвинителството за првпат се води, во другите држави не е толку чудно да жртви на континуирано семејно насилство коишто се самоубивале, сторителите, односно нивните интимни партнери или нивните сопрузи, бидат гонети и осудени конкретно за овие кривични дела. Така што, очекуваме во целост да биде прифатено обвинението како оштетени заради тоа што во поширока смисла, во меѓународниот аспект, самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид“, изјави Чаловска.

Македонија | пред 3 часа

3 час.
65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

НАТО пресретна балистички проектил од Иран во турскиот воздушен простор

Балистички проектил, за кој е утврдено дека е лансиран од Иран и дека влегол во турскиот воздушен простор, бил неутрализиран од воздушни и противракетни сили на НАТО распоредени во источниот Медитеран, соопшти турското Министерство за одбрана.Во соопштението се наведува дека сите неопходни мерки се преземаат решително и без одлагање против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на Турција.„Балистичкото средство, за кое е утврдено дека е лансирано од Иран и дека влегло во турскиот воздушен простор, беше неутрализирано од страна на воздушни и противракетни одбранбени сили на НАТО распоредени во источниот Медитеран. Сите потребни мерки се преземаат решително и без двоумење против каква било закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја, а сите случувања во регионот внимателно се следат, со приоритет на нашата национална безбедност“, се наведува во соопштението.Инаку, Турција предупреди дека би можела да покрене воена интервенција во северен Ирак, слична на нејзините операции во Сирија, доколку курдските милитанти се вклучат во копнените борби во рамки на Иран, наведуваат турски извори.Предупредувањето се однесува првенствено на борците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) и нејзиниот ирански огранок, Партијата за слободен живот на Курдистан (ПЈАК), во случај да учествуваат во операции во западен Иран, наводно со поддршка од Израел.

Свет | пред 3 часа

4 час.
media-librarya3kl1k7bnu3p9FRlhjz

(Видео) Се појави видео од скопјанецот кој со „БМВ“ удри во возач на тротинет, па го натепа

Минатата недела триесет и двегодишен скопјанец беше уапсен откако со автомобил удрил во лице кое управувало тротинет, а сега искочи и видео од нападот.На видеото се гледа како возачот на тротинет лежи на среде улицата, додека над него стои возачот на „БМВ“. Во позадина се слуша гласно викање и вознемирени реакции од присутните.Според информациите, на 26 март 2026 година околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, А.С.(32) од Скопје, управувајќи патничко возило „БМВ“, удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје. По судирот, осомничениот излегол од возилото и физички го нападнал другото лице.Подоцна, во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода и го привеле во Полициската станица Кисела Вода.Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ согласно член 386 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања