Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
puls-35-1

Истражување на Универзитетската клиника за психијатрија на 50 преживеани од пожарот во Кочани (лекувани со PDL за лузни) покажува сериозни психолошки последици: анксиозност кај околу една третина, ПТСР кај 27,5% и депресија кај 21,6%. Дури 72% пријавиле загуба на блиска личност, што е силно поврзано со ПТСР, додека 96% го наведуваат семејството како главна поддршка. Избегнувачките стратегии и употребата на алкохол/супстанции се ризични, а жените се поранлива група. Клиниката најави продолжено следење и поддршка.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Психолошките последици кај преживеаните од трагичниот пожар во Кочани се сериозни и долгорочни, покажува најновото истражување на Универзитетската клиника за психијатрија, кое беше претставено на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија во Скопје.

Истражувањето опфатило 50 лица кои биле повредени во пожарот и лекувани со PDL (Pulsed Dye Laser) за третман на лузни. Резултатите покажуваат дека кај една третина од испитаниците е присутна анксиозност, 27,5% покажуваат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6% се соочуваат со депресија.

— реклама —

„Пожарот во клубот Пулс претставува масовна несреќа од човечки фактор, настан кој според литературата носи значително повисок психијатриски морбидитет од природните катастрофи“, истакна проф. д-р Славица Арсова, директорка на клиниката.

Дури 72% од испитаниците пријавиле загуба на блиска личност, што се покажува како значаен фактор за појава на ПТСР. Истовремено, 96% го наведуваат семејството како главен извор на поддршка, што ја нагласува неговата клучна улога во процесот на опоравување.

— реклама —

Истражувањето исто така покажува дека избегнувачките стратегии – како повлекување, емоционално дистанцирање и негирање – се поврзани со повисоки нивоа на психолошки нарушувања. Жените, според студијата, се особено ранлива група со повисоки показатели на анксиозност, депресија и ПТСР.

„Избегнувањето на проблемот, емоционалното дистанцирање, самодистракцијата, негацијата, како и употребата на психоактивни супстанции и алкохол претставуваат ризични и неефикасни стратегии за справување со траумата“, предупреди проф. д-р Арсова.

ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија најавува продолжување на систематското следење и научното истражување на психолошките последици од трагедијата во Кочани, со цел навремено препознавање, намалување на стигмата и обезбедување соодветна стручна поддршка за сите засегнати граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања