Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

КОЧАНИ

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Сведокот на обвинителството, Теа Ѓорѓиева, денеска пред судот даде потресно сведоштво за кобната ноќ кога избувнал пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Според Ѓорѓиева откри дека пиротехничките средства не биле поставени од самиот почеток, туку дополнително, додека посетителите веќе биле внатре.„Јас снимав со телефонот и не го видов, после една минута забележав дека гори. Почетокот на пожарот е снимен на моето видео. Нормално, сите снимавме видеа во тие моменти… Бендот почна да пее, видовме дека почна да гори, но никој не го сфати сериозно тоа“, сведочеше Ѓорѓиева.Таа појасни дека огнот тргнал од горниот дел на објектот, од искрите на пиротехниката.„Сфатив дека се заглавувам во гужвата… Следниот момент се сеќавам дека бев меѓу излезната и влезната врата. Знам дека бев заглавена, бев легната на земја и беспомошна. Во тој момент се обраќав за помош“, раскажа сведокот.Ѓорѓиева посочи дека почувствувала чуден, кисел мирис, а зад себе слушала звуци налик на експлозии. Oд толпата ја извлекол член на обезбедувањето по име Стојанчо.Во вкрстеното испрашување, одбраната на обвинетите Дејан и Михаил Јованов се фокусираше на прашањето кој ја поставил пиротехниката. На прашањето дали таа се согласува дека обвинетите не ја поставиле пиротехниката, сведокот одговори потврдно, но не можеше да потврди кој точно го сторил тоа.На дополнително прашање дали доколку посетителите навреме ја сфателе сериозноста немало да настане толкава гужва и стампедо, сведокот кусо одговори:„Не знам“.

Македонија | пред 16 часа

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Обвинителката Ивана Алексова-Трајчева да продолжи да ги застапува предметите за полицајците во случајот „Пулс“, побараа дел од родителите на загинатите, но Советот на јавни обвинители се прогласи за ненадлежен да одлучува по вакво барање.Барањето доаѓа од дел од семејствата обединети во „Здружението на граѓани 16-ти март 2025“, кои сметаат дека Трајчева треба да биде вратена во предметите што веќе се во судска постапка, бидејќи, како што посочуваат, таа во детали ги познава случаите откако ја водеше истражната постапка.„Советот не е надлежен да ги преиспитува своите одлуки, а за истото да биде известен подносителот“, велат од Советот на јавни обвинители.Предметите поврзани со полициските службеници се водат во Специјализираното одделение за лица со полициски овластувања при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. По нејзиниот неизбор, Алексова-Трајчева ја продолжи работата во Основното јавно обвинителство Скопје, а надлежноста за евентуално нејзино повторно ангажирање во судска постапка ја има единствено државниот обвинител Ненад Савески, кој досега не ѝ дал такво овластување.Токму Савески не ја поддржа Трајчева ниту при гласањето за реизбор, иако, како што беше наведено, изразил пофални зборови за работата на обвинителите во ОЈО-ГОКК, образложувајќи дека треба да се остави простор и за други обвинители да напредуваат.Случајот „Пулс“ се однесува на пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 лица, а над 230 беа повредени. Во делот што се однесува на полицијата, обвинителството поднесе три обвиненија против вкупно 23 полициски службеници, меѓу кои и раководни лица од СВР Штип и ОВР Кочани.Според обвинението, дел од полицајците не презеле соодветни мерки за безбедност, дозволиле употреба на непријавена пиротехника и не реагирале на условите во објектот, што придонело за настанување на пожарот со катастрофални последици. Во друг дел од постапките, обвинети се и службеници кои, според наводите, изготвувале записници со неточни податоци и овозможиле прекршочни постапки да се водат против неактивно правно лице.Паралелно, во судска постапка се и 35 цивилни лица, за кои обвинителството смета дека имаат одговорност за трагедијата.Одлуката дали Трајчева повторно ќе се вклучи во застапувањето на овие предмети останува исклучиво во надлежност на државниот обвинител.

Македонија | пред 1 ден

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

„Здружението на граѓани 16ти Март 2025“ на социјалните мрежи реагираше во врска со барањето на одбраната на Дејан Јованов -Деко, првообвинетиот за пожарот во „Пулс“, кој е сопственик на т.н. дискотека, тој да оди во куќен притвор.„Како семејства на починатите млади лица, ова барање го доживуваме како навреда за нашата болка и понижување на споменот на нашите деца. Додека ние живееме со празни домови, со недопрени соби и со тишина што нè гуши секој ден, наместо одговорност гледаме упорни обиди за бегство од тежината на одговорноста.Особено загрижува фактот што олеснување на мерките веќе е дозволено кај поголем дел од обвинетите, што создава чувство дека оваа трагедија се минимизира и дека човечките животи стануваат споредна работа.Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови. Додека ние секој ден ја преживуваме истата ноќ, некој бара удобност. Дали воопшто се запрашавте – имаа ли нашите деца "олеснителни услови" додека умираа?Имаме доверба дека Јавното обвинителство и судот ќе постапат строго согласно закон и врз основа на докази, и дека нема да дозволат правдата да биде обесмислена со вакви барања.Затоа јавно и директно го прашуваме обвинетиот Дејан Јованов Деко:Со кое лице бараш олеснување на мерките, додека 63 семејства секој ден ја преживуваат истата загуба?Дали навистина сметаш дека твојата здравствена состојба е потешка од празнината што остана во нашите домови?Дали барем еднаш помисли на тие 63 животи кога го поднесуваше ова барање?Дали помисли на повеќе од 200 повредени, кои и денес се борат со последиците?Дали знаеш колку од нас, семејствата на починатите и преживеаните, сè уште живеат со трауми, болка, страв и неизвесност?Што им порачуваш на нашите семејства, на преживеаните, кои секој ден повторно и повторно ја преживуваат истата ноќ?Дали сметаш дека нашата болка е помала од твојата?Дали воопшто може и да ја споредиш?Што значи за тебе човечност, морал, совест и одговорност?Дали имаш храброст да застанеш пред родителите и семејствата на починатите млади лица и пред повредените, и да им погледнеш во очи?Ние не бараме пресуда на улица.Бараме правда во судница.И ќе ја бараме – сè додека не ја добиеме“, стои во објавата.

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Дејан Јованов‑Деко, првообвинет во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше пренесен од судницата со Брза помош поради влошена здравствена состојба за време на денешното рочиште во судот во „Идризово“, се наведува во информациите од судскиот процес.Според наводите на одбраната, тој неодамна бил подложен на сериозна операција на лумбалниот `рбет, а по нови компликации и втора хируршка интервенција, денеска бил донесен на судење во влошена состојба, по што неговата адвокатка побара замена на мерката притвор со куќен притвор.Адвокатката на одбраната истакнала дека здравствената состојба на обвинетиот е сериозна и дека притворот, според неа, не ја исполнува целта на мерка за обезбедување присуство, туку претставува казна пред судење, при што апелирала за итна реакција од судот.Од страна на судот било соопштено дека по пријавеното влошување била повикана Брза помош, по што на обвинетиот му бил даден медицински совет, а службите оцениле дека може да продолжи со следење на расправата, се наведува во изјавата на судијката.Јавно обвинителство на Република Северна Македонија соопштило дека ќе ги разгледа наводите и медицинската документација и дополнително ќе одлучи дали ќе се произнесе усно во судницата или писмено.Случајот „Пулс“ се однесува на трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, а постапката против обвинетите продолжува пред судот.

Македонија | пред 2 дена

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

„Пуштаа малолетници“ – потресно сведочење од рочиштето за „Пулс“

Сведокот Ана Захариева, која кобната вечер била гостинка во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште изјави дека во објектот имало голем број посетители, меѓу кои и малолетници, како и дека пиротехнички ефекти се користеле и на претходни настани.Таа во своето сведочење наведе дека во дискотеката одела речиси секој викенд уште од својата 17–18-годишна возраст, а вечерта на пожарот пристигнала околу полноќ. Според нејзините тврдења, непосредно пред избувнувањето на пожарот имало полициска интервенција поврзана со присуство на малолетни лица, но забавата не била прекината.Захариева посочи дека вториот излез од објектот бил затворен и дека пожарот се проширил во рок од неколку секунди. Таа истакна дека додека се обидувала да се упати кон излезот, плафонот веќе горел и во објектот немало организирана евакуација ниту лица кои ги насочувале присутните.Во метежот, како што наведе, била оттурната и заглавена под повеќе лица, по што изгубила свест. Подоцна била извлечена од полицајци. Таа додаде дека во пожарот се здобила со изгореници на левата рака, била оперирана и хоспитализирана 42 дена, по што најавила барање за отштета.Сведокот исто така изјави дека немало суштинска разлика во начинот на функционирање на објектот кога работел како дискотека и кога бил регистриран како кабаре, освен во работното време. Таа нагласи и дека и како малолетна влегувала во објектот, бидејќи, како што рече, „пуштаа малолетници, исто како и таа вечер“.

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко бара да излезе од затвор и да оди во куќен притвор, се жали дека здравјето му е „сериозно и алармантно влошено“

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште побара од судот притворот да му биде заменет со куќен притвор, повикувајќи се на сериозно и алармантно влошување на неговата здравствена состојба.Адвокатката Ивана Коцевска во судницата истакна дека мерката притвор не ја исполнува својата цел и дека, наместо средство за обезбедување присуство, во конкретниот случај претставува казна пред донесување пресуда. Таа посочи дека обвинетиот бил донесен на судење директно од болнички услови, со отворена рана по оперативен зафат.„Импровизирано третирање во затворски услови гарантира катастрофални последици поради несоодветните услови, особено кога неговото здравје континуирано се влошува“, изјави Коцевска, додавајќи дека „ова ги премина сите човечки граници на хуман третман“ и дека е неопходно притворот да биде заменет со куќен.Таа укажа и на, како што рече, селективна примена на мерката, нагласувајќи дека од вкупно 34 обвинети за истото дело, куќен притвор им бил определен само на двајца, и покрај тоа што, според одбраната, Јованов има најлоша здравствена состојба.Судијката Дијана Груевска Илиевски одговори дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот и дека, со негова согласност, поради итност бил опериран во петокот.„Таму сите лекари рекоа дека се потребни три дена мирување. Тие се поминати и затоа е денеска спроведен. Немаме такви сознанија од затворскиот лекар, а ние постапуваме по тоа“, изјави судијката.Од Јавното обвинителство соопштија дека ги разгледуваат наводите и дека по увид во документацијата ќе одлучат дали ќе се произнесат на крајот од расправата или дополнително писмено.

Македонија | пред 2 дена

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Во Основниот суд продолжи рочиштето за случајот поврзан со катастрофалниот пожар во кочанското диско „Пулс“, при што дојде до доцнење на спроводот од затворот во Куманово на еден од обвинетите.Во меѓувреме, во судницата се расправаше за психофизичката состојба на дел од сведоците кои претходно биле повлечени од обвинителството, додека одбраната инсистира тие повторно да бидат повикани да сведочат, и покрај наводи за повреди и трауми од настанот.Адвокатите на одбраната се спротивставија на повлекувањето на дел од сведоците, додека обвинителството посочи дека станува збор за лица со сериозни здравствени и психолошки последици.Судењето беше накратко прекинато со пауза поради недоаѓањето на спроводот, а присутните родители на жртвите изразија незадоволство од текот на постапката и побараа побрзо и поефикасно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryvrbhgu7dvfqoaKqkvLp

На 18 април во Штип: 41-от „Марш на ангелите“ во знак на сеќавање и правда

Граѓанското здружение „16-ти март 2025“ најави одржување на 41-от „Марш на ангелите“, кој овојпат за првпат ќе се одржи во Штип, како чин на сеќавање и барање правда за загинатите и повредените во трагичниот настан.Настанот е закажан за 18 април 2026 година (сабота) на плоштадот „Слобода“ во Штип, со собир во 15:50 часот и почеток на маршот во 16:05 часот.Организаторите повикуваат на мирно и достоинствено учество, со порака дека сеќавањето и барањето правда за „63-те ангели“ не смее да престане.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, преживеаните сведочеа за драматичните моменти на евакуација и хаосот што избувнал по активирањето на пиротехнички средства.Сведокот Мартин Димитров раскажа дека огнот започнал околу 2:30 часот по полноќ.„Ја фатив девојка ми и ја истуркав заедно со другарка ѝ. На масата остана една девојка, не сакаше да излезе, и јас и нејзиниот дечко ја фативме за раката. Се истуркавме до излезот, каде што се заглавивме малку, и ако подзадоцневме 8-12 секунди, немаше да излеземе. Надвор беше хаос и имаше многу луѓе. Додека бев на првата скала, се свртев назад и сѐ беше темно, почнаа да пукаат светилките“, рече Димитров.Според сведокот, починатиот фотограф Александар Ѓорѓиев се обидувал да го изгасне пожарот. Тој фрлал чаша со вода кон пламенот. Димитров посочи дека не видел противпожарни апарати или хидранти, освен стрелките за излез над единствената врата. Тој нагласи дека во спасувањето на присутните помагале и други лица, меѓу кои и обвинети во случајот.Сведокот потврди присуство на малолетници во дискотеката, а Анастасија Илиева појасни дека таа и четири другарки, од кои две малолетни, биле на местото на настанот.„Околу 2 часот почна настапот на групата ДНК, а половина час подоцна се вклучија пиротехничките средства. Мислевме дека е нешто мало, но потоа настана стампедо“, рече Илиева, додавајќи дека изгубила свест помеѓу вратата и тоалетот и била спасена преку дупка направена во ѕидот.Друг сведок наведе дека пожарот се проширил на целиот плафон за 30 секунди, предизвикувајќи хаос. Тој бил спасен од лице од обезбедувањето и од пожарникар, откако врз него паднала ПВЦ-врата заедно со седум други лица.Судењето за пожарот во „Пулс“, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува во фаза на доказна постапка пред судијката Дијана Груевска-Илиевски. На претходното рочиште, таткото на починатиот Александар Карадаковски сведочеше дека неговиот син бил назначен за управител на објектот „за да не пропадне лиценцата“, без да знае вистинските одговорности.Обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители, а процесот продолжува со сослушување на сведоци на предлог на Обвинителството.Пожарот во дискотеката „Пулс“ настана на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина од Општина Кочани, која изјави дека во 2022 година утврдила дека објектот работи под друго правно лице, но не извршила дополнителен надзор.Таа појасни дека во рамки на годишниот план за инспекциски надзор го контролирала кафе-барот „Класик“, при што било утврдено дека правниот субјект „Класик ДМ“ ДОО, на кој му бил одобрен елаборатот, веќе не функционира.И покрај сознанието дека деловните објекти работат под нов назив, инспекторката не спровела повторна контрола, оценувајќи дека станува збор за субјекти кои немаат значително влијание врз животната средина.Во своето сведочење таа истакна дека инспекциските надзори се вршат според годишни планови, врз основа на проценка на дејноста и влијанието врз животната средина, а нивното одобрување од страна на градоначалникот го оцени како административна процедура. За вонредни контроли, како што наведе, е потребен налог од градоначалникот или од општинскиот секретар.Инспекторката додаде дека досега не добила налози за контрола на кабаре-клубови, посочувајќи дека ваквите објекти најчесто поднесуваат елаборати поради бучава.На рочиштето сведочеа и преживеани од трагедијата, кои изјавија дека пожарот се проширил за околу 30 секунди, предизвикувајќи паника и стампедо кон единствениот излез. Според нивните искази, пожарот настанал по активирање пиротехнички средства.Пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16 март 2025 година, однесе 63 животи, а над 200 лица беа повредени. Судењето е во фаза на доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевски, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybpi79cdagdi32ZgkAKn

(Видео) Татко на загинатата Надица: Една година нема одговор – што крие системот?

Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“, обвини дека институциите повеќе од една година не даваат одговори за причините за смртта на жртвите, и покрај бројните барања и официјални дописи.„Побаравме јасен и недвосмислен одговор – дали биле извршени токсиколошки анализи, дали било испитувано присуство на цијаниди и што точно покажуваат анализите. Поминаа два месеци од барањето – одговор нема“, посочува Наунов.Тој вели дека институциите – од Обвинителството до Судска медицина – меѓусебно ја префрлаат одговорноста, додека семејствата остануваат без клучни информации.„ПМФ нè упатува кон ОЈО Кочани. ОЈО молчи. Судска медицина молчи“, наведува тој.Наунов потсетува на болниот процес по трагедијата, кога телата на загинатите биле однесени на обдукција во Скопје, со уверување дека ќе се утврди вистинската причина за смртта.„Чекавме четири дена. Четири дена во кои не можевме достоинствено да се простиме од нив. За што? За денес, повеќе од една година подоцна, сè уште да немаме целосен одговор“, наведува тој.Тој отвора серија прашања за постапката: дали се земени биолошки примероци, што точно е анализирано и дали воопшто постојат токсиколошки резултати.„Зошто се правеше обдукција ако не е завршена работата целосно? Кого штитите? Државата? Институциите?“, прашува Наунов.Според него, станува збор за „неприфатливо сокривање на информации“ и институционален молк кој ја продлабочува болката на семејствата.На крајот, семејствата поставуваат и рок за одговор.„Доколку во наредните три дена не добиеме јасен, писмен и сеопфатен одговор, ќе дојдеме пред Судска медицина и нема да си заминеме додека не ја добиеме вистината“, порачува Наунов.

Настани | пред 2 седмици

tekstilna-industrija

Стотина работници без работа: Фабрика во Кочани стави клуч на врата, бараат плати и К-15

Околу стотина работници од текстилната компанија „Артекс“ во Кочани останаа без работа, откако фирмата престанала со работа. Дел од вработените денеска излегоа на протест пред фабричките простории, барајќи одговор што ќе се случи со нивните работни места и со заостанатите примања.Работниците тврдат дека компанијата им должи две неисплатени плати и регрес за годишен одмор (К-15). Според нив, со денови им било ветувано дека платите ќе бидат исплатени, но наместо тоа на дел од вработените им биле врачени решенија за спогодбен прекин на работниот однос.Револтираните работници одбиле да ги потпишат документите и дел од нив ги искинале пред фабриката. Тие велат дека се загрижени за својата иднина и бараат институциите да се вклучат во решавањето на проблемот со неисплатените плати.Затворањето на фабриката е уште еден удар за текстилниот сектор во источниот дел на земјата. Според информации од терен, во изминатата година повеќе од десет текстилни фабрики во регионот на Штип, Кочани и Делчево ставиле клуч на врата, при што голем број работници останале без работа, а дел и без заостанатите плати.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Молкот за цијанидот и обдукциите на загинатите од Пулс ги вадат родителите повторно на кочанските улици

„40-ти Марш на ангелите“ ќе се одржи на 4 април 2026 година во 16:05 часот во Паркот на Револуцијата во Кочани, во организација на здружението „16 март“, формирано од дел од родителите на загинатите.Четириесетти пат, како што наведуваат, ќе чекорат заедно „со болка, со љубов и со непоколеблива решеност нашите ангели никогаш да не бидат заборавени“.„Една година бараме вистина. Една година бараме одговорност. Една година чекаме вистинска правда. И нема да застанеме“, стои во објавата.Од здружението порачуваат дека ќе продолжат да маршираат сè додека не се добие, како што велат, правдата што ја заслужуваат нивните деца.„Ќе чекориме сè додека не ја добиеме правдата што нашите деца ја заслужуваат. Ќе чекориме сè додека вистината не излезе целосно на виделина“, наведуваат родителите.На маршот ќе се говори и за, како што посочуваат, молкот на институциите по трагедијата, за одговорноста што сè уште се чека, како и за прашањата кои останале без одговор.„Ќе зборуваме за тишината што премногу долго трае и за вистинската причина за смртта на нашите најмили, за која семејствата сè уште очекуваат целосна и јасна вистина“, се наведува во повикот.Од здружението ги повикуваат сите родители, семејства, пријатели и граѓани да се приклучат на маршот.„Да одвоиме еден час за спомен, за поддршка и за заеднички глас дека Кочани нема да молчи и нема да запре додека не ја добие вистинската правда. Еден час за нашите ангели. Еден чекор поблиску до правдата“, порачуваат организаторите.

Македонија | пред 2 седмици

puls-35-1

Анксиозност, ПТСР и депресија - третина од повредените во пожарот во Кочани се соочуваат со сериозни психолошки последици

Психолошките последици кај преживеаните од трагичниот пожар во Кочани се сериозни и долгорочни, покажува најновото истражување на Универзитетската клиника за психијатрија, кое беше претставено на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија во Скопје.Истражувањето опфатило 50 лица кои биле повредени во пожарот и лекувани со PDL (Pulsed Dye Laser) за третман на лузни. Резултатите покажуваат дека кај една третина од испитаниците е присутна анксиозност, 27,5% покажуваат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6% се соочуваат со депресија.„Пожарот во клубот Пулс претставува масовна несреќа од човечки фактор, настан кој според литературата носи значително повисок психијатриски морбидитет од природните катастрофи“, истакна проф. д-р Славица Арсова, директорка на клиниката.Дури 72% од испитаниците пријавиле загуба на блиска личност, што се покажува како значаен фактор за појава на ПТСР. Истовремено, 96% го наведуваат семејството како главен извор на поддршка, што ја нагласува неговата клучна улога во процесот на опоравување.Истражувањето исто така покажува дека избегнувачките стратегии – како повлекување, емоционално дистанцирање и негирање – се поврзани со повисоки нивоа на психолошки нарушувања. Жените, според студијата, се особено ранлива група со повисоки показатели на анксиозност, депресија и ПТСР.„Избегнувањето на проблемот, емоционалното дистанцирање, самодистракцијата, негацијата, како и употребата на психоактивни супстанции и алкохол претставуваат ризични и неефикасни стратегии за справување со траумата“, предупреди проф. д-р Арсова.ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија најавува продолжување на систематското следење и научното истражување на психолошките последици од трагедијата во Кочани, со цел навремено препознавање, намалување на стигмата и обезбедување соодветна стручна поддршка за сите засегнати граѓани.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5sbql1dkvt9leU9lzpl

Убиство во близина на Виница: Ловочувар најден со прострелна рана, четири лица задржани во станица

Основното јавно обвинителство Кочани извршило увид на во блицина на Виница каде било пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.Според првичните информации, починатиот е идентификуван како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.Од Обвинителството информираат дека во тек се активности за обезбедување докази, при што се вршат претреси и вештачења на пронајдени траги со цел утврдување на сите околности поврзани со настанот.Во рамки на истрагата, задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од истата ловна група. Надлежните институции испитуваат дали тие биле инволвирани во пукањето.До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат административна одлука

Одлуката на Советот на јавни обвинители да не го продолжи мандатот на обвинителката која повеќе од половина година работеше на предметот „Пулс“ предизвика сериозна загриженост кај семејствата на жртвите, кои бараат континуитет и ефикасност во постапката за еден од најтешките случаи во државата.Родителите посочуваат дека станува збор за обвинителка која гонела функционери, застапувала високо-профилни случаи и покренала обвинителни предлози и обвинителен акт против полицајци и началници од МВР кои ги смета за одговорни.„Нејзиниот неизбор доаѓа токму по завршување на истрагата и покренување на постапките за еден од најтешките и најчувствителни случаи во јавноста“, наведуваат тие.Според нив, континуитетот во ваков случај не е формалност, туку клучен предуслов за ефикасна постапка.„Со промената на обвинителот, предметот преминува кај нов обвинител кој ќе треба од почеток да се запознае со теоријата на случајот, доказите и целокупната постапка. Ова носи реален ризик од дополнителни одложувања, пролонгирање на судските процеси и нарушување на континуитетот“, посочуваат родителите.Тие додаваат дека дел од рочиштата веќе се одложени, а најголем дел од предметите сè уште се во фаза на чекање.Случајот „Пулс“, поврзан со пожарот во кој загинаа 63 лица, според нив, бара максимална сериозност и одговорност од институциите.„Токму затоа, секоја промена што може да влијае врз текот и динамиката на постапката отвора сериозна загриженост“, наведуваат тие.Родителите истакнуваат дека обвинителката Трајчева веќе е целосно запознаена со предметот и дека нејзиното отстранување не е во интерес на правдата.„Советот на јавни обвинители се повикува на ‘правична застапеност’, додека на обвинителката Трајчева ѝ се ускратува да продолжи со предметот кој сама го водеше – ова отвора сериозно прашање: дали формата се става пред суштината — правдата?“, наведуваат тие.Во пораката до институциите, родителите упатуваат јасно барање.„Затоа, јасно и гласно бараме: обвинителката да биде вратена на случајот. Ова не е прашање на поединец. Ова е прашање на систем и одговорност. 63 изгубени животи не смеат да станат предмет на административни одлуки без последици“, порачуваат тие.Тие нагласуваат дека јавноста има право да бара постапката да продолжи без прекин, институциите да постапуваат независно и професионално и сите одговорни да бидат утврдени согласно закон.„Ова е момент кога институциите треба да покажат дека стојат на страната на правдата. Правдата не смее да биде доведена во прашање. Таа мора да се спроведе — до крај“, порачаа родителите на дел од загинатите во „Пулс“.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

На 28 март 2026 година во Кочани ќе се одржи 39-тиот „Марш на ангелите“, во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Собирањето е закажано во 15:50 часот во Паркот на Револуцијата во Кочани, а почетокот на маршот ќе биде во 16:05 часот.„Додека светот го поместува часовникот напред, додека деновите стануваат подолги и светлината трае повеќе, за нас времето стои.За некого ова е почеток на пролет, на движење, на живот, на планови. За нас — продолжение на тишината што не поминува. Надвор има повеќе светлина. Во нас — истата темнина. Но веруваме… дека оваа светлина нема да биде само во денот, туку и во вистината. Дека пролетта нема да донесе само топлина, туку и правда.Дека конечно ќе се симне мракот што веќе цела година демнее над Кочани. И токму затоа чекориме. Не затоа што ни е лесно, туку затоа што мораме.Секој чекор е болка што не престанува. Секој чекор е љубов што не исчезнува. Секој чекор е глас за оние што ги нема — а засекогаш се со нас. Ова е борба. За вистината. За правдата. И за никогаш да не се повтори.Бараме целосно расветлување на случајот и одговорност за системските пропусти кои дозволиле дискотеката да работи спротивно на безбедносните прописи.Трагедијата во „Пулс“ Кочани останува силна порака за потребата од строга примена на безбедносните стандарди во јавните објекти и одговорно постапување на институциите. Додека денот се продолжува, ние ја продолжуваме борбата. Додека времето оди напред, ние не дозволуваме споменот да застане.Да донесеме светлина таму каде што има темнина. Да донесеме правда таму каде што има тишина.Ќе чекориме заедно. Со болка. Со љубов. Со сеќавање што никогаш нема да згасне“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 седмици

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведокот Драги Илиевски истакна дека Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот, бидејќи се наоѓал во индустриска зона.Илиевски појасни дека дискотеката се наоѓала во зона Г2, наменета за лесна и незагадувачка индустрија, каде угостителска дејност од ваков тип не е дозволена.„Значи зоните не можат да се менуваат. Ме прашавте дали е направена пренамена, не е направена пренамена на тој објект, ниту пак може да се промени зоната и целиот тој локалитет е лесна и незагадувачка индустрија“ рече Илиевски.Сведокот посочи дека на 3 октомври 2012 година, Општина Кочани дала позитивно известување на барањето на Дејан Јованов од ДООЕЛ „Класик ДМ“ за користење на јавните паркиралишта во таа зона, но подоцна истото било повлечено откако дознале за вистинската намена на објектот.„По одредени сознанија дека ќе се отвора дискотека ние го имаме поништено ова известување. Таму наведуваме дека тие паркинзи се лесна и незагадувачка индустрија Г2, а не за дискотеки или барови што ќе се отвораат. Тоа е доставено до Дејан Јованов од ДООЕЛ „Класик ДМ“ - истакна сведокот.Дополнително, општинските власти се обраќале и до надлежните институции, вклучително до Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, со цел да се спречи отворањето на клубот.Илиевски истакна дека неговиот сектор нема надлежност за инспекциски надзор и не знае дали други институции презеле мерки по отворањето на објектот. На прашања од одбраната, тој потврди дека објектот бил изграден како индустриски и дека дозволите ги издава Министерството за внатрешни работи, додека мислењата за користење јавни паркиралишта ги дава Општината.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.За денеска Обвинителството има предложено тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од општина Кочани.Одбраната на обвинетите денеска ќе треба да се изјаснат дали го прифаќаат повлекувањето на дел од сведоците предложени од Обвинителството откако Обвинителството на минатото рочиште на сите обвинети за случајот „Пулс“ им го достави списокот со сведоци за кои предлага да бидат повлечени од постапката поради тоа што преку сведочењето на другите сведоци се утврдиле околностите.На минатото рочиште беше сослушан сведокот Живко Ставревски, помошник-генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој изјави дека до 2020 година не биле предвидувани редовни инспекциски надзори во општини во кои нема инспектори, а Кочани немало покриеност со инспектор за проверки и превенција.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.Судењето го води Диана Груевска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Судењето против девет полицајци обвинети во случајот „Пулс“ повторно се откажува. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го повика судот да го одложи рочиштето поради нерешениот статус на обвинителката Ивана Алексова Трајчева, која ги поднесе обвиненијата.Советот на јавни обвинители моментално заседава за избор на нов шеф на Обвинителството, Ненад Савески, а за слободната функција во ОЈО ГОКК се пријавени 10 кандидати, вклучително и Алексова Трајчева, автор на три обвиненија поврзани со пожарот во дискотеката.Претходното рочиште за обвинението против тројца полицајци, закажано на 18 март, исто така беше одложено по иста причина.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarygbpibifrp3cq37CXfW6

(Видео) Обвинетиот обезбедувач од „Пулс“: „Не сум монструм, спасив повеќе од 50 луѓе – не сум имал моќ да го спречам тоа што се случи“

Обезбедувачот Лазар Захариев, кој е меѓу обвинетите во случајот „Пулс“, во „Претрес со Ландов“ тврди дека не може да се смета за виновен за трагедијата, посочувајќи на, како што вели, долгогодишни системски пропусти и отсуство на можност да реагира.„Значи некој премолчувал дванаесет години на уште што не слушнавме какви аномалии имало, ја да се чувствувам за тоа што имам спасено педесет луѓе, а и не сум имал можност за јас тоа да го спречам“, изјави Захариев.На прашањето на новинарот Кристијан Ландов за улогата на сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов – Деко, Захариев рече:„Деко кога почна да гасне дискотеката го видов и после го видов, помагаше на некои луѓе и после го видев надвор како седеше на земјата од лева страна, не можеше да оди со свиена нога. Мислам дека имаше некоја повреда и се држеше за главата.“На директното прашање дали му е лут на сопственикот, тој одговори:„Не. Па да, он можда ја знаел за дали имало аномалии, или не имало. Тоа е тоа. Ако целиот систем дозволил да биде дотаму, некој на него му дозволил некој да има такви аномалии.“На прашањето дали сопственикот бил недопирлива фигура во Кочани, тој рече:„Не.“Говорејќи за чувството по трагедијата и обвиненијата, Захариев нагласи:„Не може да се ставам јас во ситуација да сум монструм што сум спасил повеќе од педесет луѓе, него затоа што сум ја последен во целиот ланец овај сега што се десил. Обезбедувањето е последната алка на системот во работење на некоја дискотека од дванаесет години. Значи некој премолчувал дванаесет години на уште што не слушнавме какви аномалии имало, ја се чувствувам за тоа што имам спасени педесет луѓе, а и не сум имал можност за тоа да го спречам. Во Кочани има луѓе и што го водат случајот, што се по допрен глас, можеле да спречат нешто. Не се спречиле. Јас како да го спречам? Со која моќ?“

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysuoboe38mdcg2LVC2UL

(Видео) Збогум на дивите тераси во кочанскиот трговски центар

Од вчера угостителите кои работат на катот во трговскиот центар – блок А во Кочани започнаа со отстранување на терасите поставени на јавна површина пред нивните локали, постапувајќи по договорот со локалната власт.Станува збор за обврска произлезена од договорот постигнат пред два месеца меѓу градоначалникот Владко Грозданов и сопствениците на угостителските објекти, со кој е предвидено сите времени градби што се третираат како бесправни да бидат отстранети на сопствен трошок.Со расчистувањето на просторот пред локалите, особено пред пицериите, треба повторно да се овозможи нормално движење на пешаците. Досега, според надлежните, граѓаните биле принудени да минуваат низ тесен премин широк околу метар и пол.Дел од угостителите најавија привремен прекин на работата поради безбедносни причини за време на демонтажата, додека други ќе продолжат да работат во внатрешноста на локалите, како и преку достава.Во иднина, сопствениците ќе можат повторно да побараат користење на јавна површина, но исклучиво под законски утврдени услови – со поставување подвижни тенди, чадори и опрема без оградување, при што просторот мора да остане отворен од три страни.Кафулињата на приземјето веќе ги отстранија застаклените делови што беа поставени на јавна површина, додека тендите ќе останат.Од општината најавуваат дека ваквите мерки ќе се применуваат и на други локации низ Кочани, со цел воведување ред и обезбедување слободен пристап до јавните површини.

Настани | пред 4 седмици

media-libraryfjco2idjqge74chIYwX

(Видео) Пациенти се изолираат во соба со влага - влеговме во кочанската болница...

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“, кочанската болница останува симбол на запоставен систем – со влага, распаднати ѕидови и услови кои отвораат сериозни прашања за безбедноста на пациентите.И покрај најавите за реновирање, досега нема ниту конкретен план како ќе се одвива реконструкцијата, ниту временска рамка. Сликата од терен покажува соби со влага, нефункционални тоалети и ходници во лоша состојба.Собата за изолација, каде според в.д. директорката Катерина Паниќ–Мирчовска се лекуваат пациенти со потешки инфекции, е една од најкритичните точки.„Ова е соба за изолација и овие соби се соби каде што лежат пациенти со потешки инфекции. Во последниот период поретко ги користевме. Кај нив треба реновирање“, изјави в.д. директорката на болницата, доктор Катерина Паниќ–Мирчовска во „Претрес со Ландов“.Лошата состојба не е изолиран случај – слична слика има и во ходниците. Сепак, раководството признава дека тие нема да бидат приоритет.„Баш ходниците нема да им дадеме приоритет, бидејќи како што ви споменав имаме и нови специјалисти. Одделот за гинекологија исто така треба да добие нова апаратура“, посочи Паниќ–Мирчовска.Прашањето што се наметнува е – колку е стара опремата со која се работи?На забелешката дали апаратурата во одделот за Гинекологија е „од дедо Ное“, директорката одговори дека не станува збор за толку стара опрема, но призна дека има потреба од модернизација.Во делот на Итната медицинска помош, според директорката, има одреден напредок. Болницата располага со 11 тимови и четири возила, од кои три се набавени во последната година – сите преку донации. Истовремено, иако има повеќе тимови кои работат во една смена, има само едно куферче со ампуларна терапија.Погледнете ја кочанската болница одвнатре:

Студио | пред 1 месец

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Морбиден случај во Кочанско: леш на жена пронајден покрај река

Човечки леш во фаза на распаѓање е пронајден денеска околу 10:40 часот во село Зрновци, на локација позната како „Ѓошевски орев“, во близина на Зрновска Река, информира Министерството за внатрешни работи.Од МВР наведуваат дека веднаш по пријавата се преземаат мерки за расчистување на случајот.Од Основното јавно обвинителство Кочани соопштија дека јавен обвинител извршил увид на местото на настанот, при што е утврдено дека станува збор за тело на почината жена.„До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта засега не се утврдени“, информираат од обвинителството.Надлежните институции продолжуваат со истражни дејствија за утврдување на идентитетот на жената, како и околностите под кои настанала смртта.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymm2emq8qcfpe3j3rZ1c

(Видео) „Супорт Кочани“ една година подоцна: Од иницијатива до столб на поддршка за погодените од трагедијата

Една година по трагедијата во Кочани, иницијативата „Супорт Кочани“ објави видео компилација од сите активности што ги реализираше во изминатиот период, помагајќи им на повредените и на семејствата на настраданите.Од првиот ден по несреќата, волонтерите работеа деноноќно за да одговорат на потребите на граѓаните. Организираа хуманитарни акции, собираа финансиски средства, креираа апликации за донации и изработија веб-страница преку која се координираше помошта. Дел од активностите беа насочени и кон здравствените установи, со донации за болницата, како и обезбедување креми и неопходни средства за третман на повредените.„20.03.2025 – На овој ден пред една година се роди иницијативата ‘Support Kocani’. Од идеја да се помогне, до организација која сè уште неуморно работи за подобро Кочани. Фала ви на сите кои на било кој начин помогнавте на засегнатите од трагедијата во Кочани. И на сите кои помогнавте ‘Support Kocani’ да опстои“, стои во нивната објава.Видео-компилацијата е потсетник за солидарноста која се мобилизираше по трагедијата, но и за континуираната борба на граѓанските иницијативи да ги ублажат последиците таму каде што институциите често доцнат или изостануваат.„Супорт Кочани“ денес претставува пример како од спонтан граѓански ангажман може да израсне организирана структура што носи конкретна помош и надеж.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања