Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Стотина работници без работа: Фабрика во Кочани стави клуч на врата, бараат плати и К-15

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
tekstilna-industrija

Околу стотина работници од текстилната компанија „Артекс“ во Кочани останаа без работа, откако фирмата престанала со работа. Дел од вработените денеска излегоа на протест пред фабричките простории, барајќи одговор што ќе се случи со нивните работни места и со заостанатите примања.

Работниците тврдат дека компанијата им должи две неисплатени плати и регрес за годишен одмор (К-15). Според нив, со денови им било ветувано дека платите ќе бидат исплатени, но наместо тоа на дел од вработените им биле врачени решенија за спогодбен прекин на работниот однос.

— реклама —

Револтираните работници одбиле да ги потпишат документите и дел од нив ги искинале пред фабриката. Тие велат дека се загрижени за својата иднина и бараат институциите да се вклучат во решавањето на проблемот со неисплатените плати.

Затворањето на фабриката е уште еден удар за текстилниот сектор во источниот дел на земјата. Според информации од терен, во изминатата година повеќе од десет текстилни фабрики во регионот на Штип, Кочани и Делчево ставиле клуч на врата, при што голем број работници останале без работа, а дел и без заостанатите плати.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања